Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

2 posters

Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by defo Пон Апр 18 2016, 20:17

Добро само мене, не ме бендисува насловот или на сите вас. Зарем ЕУ уште планира да се занимава со договори и преговори, млатење  празна слама....Зарем до сега не увидоа какви се тековите, зар и тие немаат храброст да си признаат себе си дека Грујо ги прееба и тоа домаќински, и пак ќе седнат на маса на сфаќам. Што очекуваат од него, само може да ги преебе и да не спружи на избори.....
Европската комисија (ЕК) тукушто потврди дека комесарот Јоханес Хан во петок во Виена ќе се сретне со четворицата претседатели – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. На средбата ќе присуствуаат и тројцата европски пратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

“Делегацијата на ЕУ испрати покана во име на тројцата пратеници за состанок, заедно со комесарот Хан, со лидерите политичките партии во земјата кој ќе се одржи на 22 април во петок во Виена.

Цел на средбата е да се разговара за начините за решавање на кризата и да се обезбеди понатамошната примена на договорот од Пржино и реформските приоритети”, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Според досегашните информации, ЕК не е подготвена да се откаже од договорот од Пржино иако оваа спогодба помеѓу четворицата лидери е практично мртва со оглед на бројните доцнења во примената.

И особено по последната акција на претседателот Иванов и неговото помилување на лица за кои допрва треба да се води истрага. Со тоа се доведува во прашање постоењото на Специјалното јавно обвинителство кое е креирано според одредбите на договорот од Пржино.



Според портпарол на ЕК, Хан е во постојан контакт со сите четворица лидери.

Извор Нова Тв
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by трендафил Пон Апр 18 2016, 20:40

Не знам за што има да преговараат лидерите на четирите партии кога за кусо време ќе имаме избори. Дали Заев ќе им се извини на сите за безобразните лаги за наводни фантомски гласачи кои ги има само во неговиот ум.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Гостин Вто Апр 19 2016, 10:17

трендафил напиша:Не знам за што има да преговараат лидерите на четирите партии кога за кусо време ќе имаме избори. Дали Заев ќе им се извини на сите за безобразните лаги за наводни фантомски гласачи кои ги има само во неговиот ум.

Доста бре лажеш.

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино 2emfrcy


Последната промена е направена од luxor на Вто Апр 19 2016, 12:09. Мислењето е променето 1 пати

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Гостин Вто Апр 19 2016, 10:28

Нови барања од граѓаните.

„Македонија на нозе, режимот на колена“

Од #Протестирам поставија четири нови барања: Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО, да се формира специјално судско одделение, преодна влада и во преговорите да се вклучат граѓанските организации

http://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B7%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0/a-19197289

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Гостин Вто Апр 19 2016, 19:45

ЕУ до Иванов: Помилувањето – ризик за евро-интеграцијата

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино 53e8b618-ab8d-4972-8afa-a8b1d9f4f025-777x371

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија попладнево се среќаваат со претседателот Ѓорге Иванов. Нивната порака до Иванов ја пренесе Аиво Орав, шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, преку Твитер пред еден час:

„ЕУ амбасадорите на средба со претседателот Иванов: Помилувањето ги поткопува отчетноста и владеењето на правото. Каква ќе биде иднина за земјата и за нејзините евроатлански интеграции?“, напиша Орав на Твитер.

Засега не се знае колку ќе трае средбата ниту пак дали ќе има соопштение. Но европската порака до Иванов, пренесена од Орав, јасно става на знаење дека ЕУ не се согласува со акцијата на помилувањето и смета дека овој чин ја загрозува евро-атлантската иднина на земјата.

Комесарот Хан пред два дена порача дека овој чин на претседателот ги доведува во опасност и изборите закажани за 5 јуни.

Според извори на НОВА, ЕУ амбасадорите дипломатски ќе му порачаат на Иванов да ја повлече својата одлука за да може во Виена во петок да се врати во живот договорот од Пржино.

http://novatv.mk/eu-do-ivanov-pomiluvaneto-rizik-za-evro-intergratsijata/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by defo Вто Апр 19 2016, 20:23

Како и да е....не треба да има преговори нема цел, со некои луѓе едноставно не се преговара. Е сега ќе видиме петок сабота шо ќе биде......

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by defo Вто Апр 19 2016, 20:32

Протести пред Владата па пред ЕУ центарот
-Целосно ги поддржувам барањата на Протестирам, пред се запирање на аболицијата и оставка од Иванов, поддршка за СЈО и формирање на Специјален суд бидејќи овој е под контрола на власта. Преговорите во Виена се само продолжување на агонијата и нема да донесе никаква разврска, нема причина после 100ти пат да се преговара со врхушката на ВМРО, вели Васко, учесник во протестите.
Е стварно е доста!!!!

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Гостин Сре Апр 20 2016, 18:25

Браво за опозицијата.

ОБНОВЕНО Заев: Иванов да ја повлече аболицијата, Собранието да ги одложи изборите, па одиме во Виена (ВИДЕО)

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Zaev2(22)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска соопшти дека ако не се исполнат два услова СДСМ нема да оди на средбата во Виена што ја организира еврокомесарот Јоханес Хан в петок со цел да се најде решение за излез од политичката криза.

- Ја почитуваме иницијатива на европратениците и на комесарот Хан за средба за договорот од Пржино во Виена. За СДСМ да учествува во Виена неопходно е да се исполнат два услова. Прво, Иванов да ги повлече сите одлуки за аболиција што ги донесе и второ, да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за распишување избори на 5 јуни затоа што нема услови за тоа - рече Заев.

На средбата се поканети лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и тројцата европратеници Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел, како и амбасадорите на Еу и на САД во земјава, Аиво Орав и Џес Бејли.

Претходно, само ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе оди на средбата во Виена, која ако се случи се очекува да трае долго.

Во продолжение целото обраќање на Заев на денешната прес конференција:

Македонија е на нозе. Граѓаните од цела Македонија, без разлика на политичка, национална или верска припадност, заедно го кренаа својот глас во име на демократијата и слободата. Излегоа, и продолжуваат. И секој ден се се побројни. Секој ден се порешени: дека ќе се борат за својата татковина, ќе се борат против криминалот и злоупотребите, ќе се борат за правда, за слобода, за еднаквост. Ќе се борат за себе, за своите деца и родители, ќе се борат за своите внуци и нашата зедничка иднина.

СДСМ, коалицијата и потписниците на Платформата за демократска Македонија ги делиме истите вредности и определби со граѓаните коишто протестираат и јасно и гласно го изразуват незадоволството од режимот на Груевски.

Воедно пoрачувам, ја почитуваме иницијативата на европратениците и комесарот Хан за средба на лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино во Виена. За СДСМ да учествува на средбата во Виена, неопходно е да се исполнат два преудслови:

1. Иванов да ги повлече сите срамни одлуки за помилување што ги донесе по нарачка на Никола Груевски, спротивно на Уставот и законите.

2. Да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за одржување на избори на 5-ти јуни поради неисполнети клучни услови за регуларни, слободни, фер, и кредибилни избори.

Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски и ВМРО-ДПМНЕ во координирана акција го погребаа Договорот од Пржино.

Ги срушија сите принципи на коишто почиваше организирање фер и демократски избори, одговорност за сторениот криминал, преодна влада.

Заради ваквото нивно однесување СДСМ не може да се врати на преговарачка маса како ништо да не се случило. За преговарачкиот процес да стане возможен ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже дека договореното ќе го почитува.

Во Македонија мора да има и ќе има регуларни, фер и слободни избори со прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата.

За враќање на довербата во правото и правната држава мора да се обезбеди нормално функционирање и целосна поддршка на работа на независната институција Специјално јавно обвинителство.

СДСМ, сите слободоумни граѓани и цела демократска Македонија заедно ја продолжуваат битката за враќање на слободата и демократијата, за враќање на уставниот поредок.

Или Груевски или Македонија.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by defo Сре Апр 20 2016, 21:53

Се слагам 100%, нема што да се преговара

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by трендафил Чет Апр 21 2016, 14:46

Дали во преговорите ќе се вклучи Граѓанското движење за одбрана на Македонија или Протестирам е потполно сеедно. Затоа што мислењето на првото е идентично со тоа на Груевски, а на второто со тоа на Заев. Претпоставувам дека под граѓански организации ги подразбирате само тие од платниот список на Сорос. За разлика од Протестирам и од вас според анкетите огромно мнозинство од граѓаните смета дека СЈО е партијско обвинителство. Која опција има повеќе поддржувачи може да се види само на избори. Заев во последното интервју за турска Анадолија има изјавено дека 35 до 36 кривични пријави на СДСМ пропаднале поради аболицијата на Иванов. Што би рекле некој криминално прислушкува, разговорите ги монтира и потоа ги дава на свите обвинители за да ги малтретираат политичките противници. Не тврдам дека мнозинството го мисли ова, но без избори не можеме да знаеме кој е мнозинство.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by трендафил Чет Апр 21 2016, 14:53

luxor напиша:
трендафил напиша:Не знам за што има да преговараат лидерите на четирите партии кога за кусо време ќе имаме избори. Дали Заев ќе им се извини на сите за безобразните лаги за наводни фантомски гласачи кои ги има само во неговиот ум.

Доста бре лажеш.

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино 2emfrcy
Никој не спори дека министерот Оливер Спасовски не го потпишал документот, но неспорно е дека тоа пред истото да го направи техничкиот заменик Чавков го имаат направено одговорните во стручните служби на МВР, односно тие што ја извршиле проверката. Тоа што Оливер не го потпишал документот е само партизација на МВР односно спроведување на агендата на СДСМ да нема избори и покрај тоа што тие ги бараа, беа договорени за 24 април, па на ваше барање одложени за 5ти јуни. Ако Спасовски не е способен да потпише еден изготвен документ од стручнуите служби, зошто прифатил да биде министер.
Ќе го проширам моето прашање. Дали по губењето на изборите со резултат што го предвидуваат анкетите, односно ист резултат со изборите поради кои сакате да ја урнисате државата ќе имате доблест да се извините.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Гостин Чет Апр 21 2016, 17:58

Shto posle propagjanjeto na pregovorite vo Viena...Eve nekolku najavi...Crna lista za Grujoshesku i familijata...Otide imotot i parite skrieni niz EU i SAD...

ЕУ ЌЕ ПРЕЗЕМА СЕРИОЗНИ АКЦИИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА КРИЗА

Еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници Ричард Ховит, Едвард Кукан и и Иво Вајгл преку писмено соопштение изразија жалење поради неодржувањето на лидерската средба којашто беше закажана за утре во Виена. Поради отсуство на било каков прогрес, ние ќе мораме да констатираме понатамошни акции за да се реализираат јасните барања на Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент, се вели во соопштението на пратениците.Ви го пренесуваме во целост.

“Како ЕУ комесар и медијатори на Европскиот парламент, жалиме дека лидерската средба планирана за 22 април во Виена не може да се одржи. Целта на оваа средба беше да и се помогне на земјата да најде пат напред во примената на договорот од Пржино со учество на сите потписници на договорот.

Постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои ги нарушуваат договорот, мораат без одлагање да бидат решени. Тоа се однесува пред се на неодамнешната амнестија на претседателот и чекорите што итно треба да се направат за подготовка на кредибилни избори кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

Ние остануваме цврсто определени и стоиме на располагање за да им дадеме помош на партиите. Сепак, подвлекуваме дела одговорноста за демократски напредок и прогрес на евро-атланскиот пат лежи кај партиите во име на граѓаните на нивната сопствена земја. Сега е на нив ред да реализираат и да го дефинираат патот кој води напред.

Постојано повторуваме дека нарушувањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко жалиме поради ретроградните чекори кои ја туркаа земјата вон нејзините аспирации кон влез во Европската унија.

Поради отсуство на било каков прогрес, ние ќе мораме да констатираме понатамошни акции за да се реализираат јасните барања на Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент.

Исто така ги примаме на знаење изјавите и акциите на граѓанското општество во земјата и ја даваме нашата целосна поддршка за сите мирни напори за да се обезбеди плурализам и слобода на мислење, централни вредноси на сите европски демократии”.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Гостин Чет Апр 21 2016, 18:06

Eve koi spored Dojche vele kje bidat konkretnite akcii...Shto mislish Trendafile...Kako vashite brakja uchkite Alji i Tachi, inaku verni do grob, kje reagiraat na ova??? Kako kje im objasnat na glasachite deka zaradi poddrshkata na kriminalot na pastirot tie se se podaleku od EU i NATO??? Ushte kolku kje bide nivnata "do grob" vernost??? Ili kje gledaat da si gi spasat sopstvenite glavi i kje se svrtat protiv vas??? Tachi vojvoda i Alji komita, vashi brakja vo raznebituvanjeto na makedonskata drzhava i nacija kje ve prodadat pobrgu otkolku shto vie mozhete i da pomislite...Posebno koga se pod zakana i na megjunarodnata politika, no i na nivnite dovcherashni soborci...

ЕУ подготвува санкции против македонски политичари и одземање на препораката

Санкции за водечки политичари и одземање на препораката за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа се следните чекори на ЕУ по откажувањето на преговорите во Виена, дознава Дојче веле од свои извори во Брисел.

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино 0,,16301369_303,00

Во Брисел сериозно се размислува за воведување санкции против водечки македонски политичари, потврдија за Дојче Веле извори во Европската Унија. Планот е подготвен и најверојатно постапката која ќе предвидува серија мерки против поединци, но и кон државата наскоро ќе влезе во процедура преку Европската Комисија.
ЕУ политичар кој инсистираше на анонимност попладнево за ДВ потврди дека откако претседателот Ѓорге Иванов прогласи амнестија и се откажаа разговорите во Виена, тоа е следниот чекор.
„Точно е. Се размислува за сериозни санкции. Прв чекор ќе биде одземањето на препораката за почеток на преговорите“, вели изворот.
Таквата можност, меѓу редови, беше најавена и во денешната заедничка изјава на комесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници кои посредуваа во македонската политичка криза, Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едуард Кукан.
„Во недостаток на натамошен напредок, сега сме принудени да размислуваме за натамошни чекори за исполнување на барањата кои беа поставени од Советот на ЕУ, Европската Комисија и Европскиот парламент“, се наведува во неа.
Минатата недела и „Вол Стрит Џрнал“ цитираше анонимен дипломат на ЕУ кој ја најави можноста за санкции.
Според изворот на Дојче веле, паралелно со одземањето на препораката, однапред ќе биде најавено дека нема да бидат признаени резултатите од изборите на 5 јуни.

Целни санкции против поединци

Последните чекори ќе бидат „целни санкции“ против одредени политичари.
„Таргетираните санкции против политичарите ќе вклучуваат и замрзнување на банкарски сметки и забрана за патување во ЕУ“, вели дипломатот.

Процедурата за мерките кон земјата и санкциите кон политичарите ќе се одвива преку Европската Комисија со консултации со државите членки на ЕУ.
Во Брисел ги отфрлаат стравувањата дека ваквите мерки само дополнително ќе ја влошат кризата и ќе ги радикализираат состојбите. Фактот што експремиерот Никола Груевски и неговите соработници ќе бидат дополнително притиснати до ѕид не може да ја влоши состојбата, затоа што таа и онака е драматична.
„Не воопшто не сме загрижени за тоа. Далеку повеќе сме загрижени дека се влошува состојбата и дека земјата оди кон поголема нестабилност. Не би размислувале за вакви мерки ако не сметавме дека се неопдхони. Многу е опасна состојбата“, вели политичарот на ЕУ кој инсистира на анонимност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by трендафил Чет Апр 21 2016, 18:26

Малку ми е ненормално поради не одењето на Заев на разговорите во Виена да биде казнета Македонија или некој друг македонски политичар. Не ги свика преговорите ВМРО или Груевски туку еврокомесарот и тројцата пратеници посредници. Од свикувањето на четворицата лидери не се случи ништо ново освен што го опоганивте и споменикот на АСНОМ. Поради бојкотот на Заев некој да повикува да бидат казнети други политичари или да посакува казнување на целата држава треба да има проблеми со разумот. Или да е фашист па да се однесува како Хитлер со Чехословачка или некои други земји, односно стално да поставува нови барања и на крај да ја окупира државата. Да резимирам. Ако сакаа да воведат санкции против македонските актуелни политичари, тоа можеа да го направат без да закажат преговори во Виена. А ако некого казнуваат за не одржаните преговори, треба да го казнат тој поради кого е дојдено до откажување, а тоа е Зоран Заев. Приказните дека на преговорите требало да отиде и Тони Михајловски, односно граѓанскиот сектор па и Тони како член на граѓанско движење или дека затоа што Заев не се отповика на поканата се приказни за малоумници или мали деца, односно немаат никаква логика. Како што тешко може да ме убеди некој што го сквернави споменикот на АСНОМ кој е темел на денешната македонска држава, дека тоа го прави во интерес на Македонија. Имате ли јајца да напишете било каква порака или да фрлите боја на споменикот на Скендербег или Хасан Приштина. Што се градени и со мои пари благодарение на тоа што ја формиравте мојата општина Чаир. Или би е мерак да ги сквернавите спомениците на Македонци почнувајќи од Александар преку Самоил до тој на Президиумот на АСНОМ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Гостин Чет Апр 21 2016, 18:50

Nenormalno ti e zatoa shto toa nema da bide poradi Zaev, tuku poradi abolicijata na kriminalcite od fikusot, raspishuvanjeto na izborna klanica bez prochisten izbirachki spisok i obidot da se prodolzhi so diktaturata...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by трендафил Саб Апр 23 2016, 22:11

Аболицијата не се случи сега. Пред неодржувањето на Виенската средба никој не спомнуваше санкции за Македонија. Проверката на избирачкиот список не ја прави ВМРО или претседателот Иванов, туку ДИК на чело со Чичаковски и во тоа главен асистент му е МВР на чело со Оливер Спасовски. Овој вториов е половина година министер, па ако имаше илјадници фантомски гласачи, како што лажете, а се лажете и самите себе си, ќе пронајдеше до сега барем стотина. Вака излезе дека од списокот се избришани само починатите од последното ажурирање на списокот кое исто така не беше правено одамна иако тоа е секојдневна работа на ДИК. Прочистување на списокот не може да се направи затоа што е чист.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Гостин Саб Апр 23 2016, 23:51

Tokmu abolicijata beshe trigerot shto pridonese za neodrzhuvanje na sredbata Trendafile...I shti gi pokrena protestite...Se prashuvam, dali fikusot namerno mu zabi nozh vo grb na Grujoshesku vo dogovor so strancite, ili familijata smrtno preplashena, samata si go osigura padot so amnestijata...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by трендафил Пон Мај 16 2016, 23:04

Не е ова прва аболиција. Одамна се аболицирани и други партиски лидери. Зоран Заев за Глобал, а Али Ахмети за многу потешки кривични дела, па гледам дека се посакуван партнер за САД и ЕУ, веројатно затоа што се силат кон Македонците, а кон странците се понизни и послушни до крај. Не е ли смешно партија што гласаше за распуштање на Собранието да ги бојкотира изборите. Иако ова однесување на ДУИ дава добри можности во иднина, а тоа е да нема два победника во власта. Посебно ако се земе во обѕир дека проверката на избирачкиот список покажа дека голем број на гласачи со албанско етничко потекло се иселени од државата, па е многу веројатно дека нивната бројка во државата е помала од 20%.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино Empty Re: Во Виена ќе се враќа во живот договорот од Пржино

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот