Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Бугари, Македонско Бугарско прашање....

+6
zozoti
PRVOBOREC
Nebula
трендафил
Luxor
defo
10 posters

Страна 1 of 4 1, 2, 3, 4  Next

Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by defo Чет Ное 12 2020, 09:42

Ај да отвориме и тема за ова, да кажеме сопствено мислење и став........Јас ова би го разгледал од неколку аспекти, прво од моите чуства, Јас сум Македонец, зборувам Македонски јазик и живеам во Северна Република Македонија. Ние историски во периодот од 41 до 45 сме биле на различна страна од Бугарите, Бугарите биле фашисти, и тоа во Македонија од најдолен вид.  Вториот аспект е дека ова што го прави Бугарија не е без подршка од ЕУ, она што ЕУ го мисли за нас, Бугарија го спроведува. За да не биде по народната свиња зарекла, свиња одрекла, ЕУ, ни ги испрати Бугарите да ни стаат со кошаркарски израз банана. А зошто ни стаи банана, зошто уште имаме корумпирано судство, недовршени реформи во многу сектори, лошо менаџирање со буџетот. Нејсе доонај момент додека не се реформира, џабе ни се сите договори, можеме во анален отвор да си ги набиеме. А од  друга страна во Македонија има некој луѓе кои од се срце не би сакале да се средатат некои работи, пошо на тој начин тие би останале без приходи и глас, а и можда би напипале и ќорка. Се дур тие луѓе мешетарат во Македонија, ние сме далеку од ЕУ, и че сме се подалеку. Затоа квичат против ЕУ.
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Luxor Чет Ное 12 2020, 12:20

Уф Дефо, тоа околу втора светска не е толку едноставно. Дел сеуште се чувствувале бугари, од нив дел сеуште сакале обединување со Бугарија, дел биле за независна Македонија, други се чувствувале Македонци, дел биле за независна а дел за република во склоп на Југославија. И самите комунисти кои сигурно биле антифашисти биле поделени за обединување со Бугарија, за останување во Југославија и за независна Македонија со обединување на сите делови. Долга и болна е македонската историја. Она што е сигурно е дека македонците после сите поделби и меѓусебни убиства конечно успеале да се изборат за можност на самоопределување и слободна и независна држава. И дека Бугарија со своите барања ги крши сите човекови права излегувајки од рамките на договорот за добрососедство.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Чет Ное 12 2020, 20:12

Историските факти говорат дека Бугарите лажат кога тврдат дека наводно ја ослободиле Македонија од српско ропство. Според сите факти фашистичка Германија го победила кралството СХС, па па некое време како на верни фашистички слуги им ја предале Македонија на администратирање на Бугарија во поголем дел и Италија (кои соработувале со балистите) во помал дел. Бугарите на 9 септември 1944 година си отишле дома, во Бугарија, Македонија е ослободена подоцна од Германска окупација. Скопје е ослободено од Германците на 12 ноември, па интересно е што бугарскиот ултиматум за да излажеме дека наводно порано сме биле Бугари истекува токму на овој датум. Ако Заев го прифати ултиматумот, на ист ден ќе слабвиме победа против фашизмот и капитулација пред неолиберализмот, поточно кажано неофашизмот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by defo Чет Ное 12 2020, 22:40

Да ама италјаните постапувале по човечки од Бугарите, стариот на татко ми, дедо ми ми кажуваше, Италјаните им давале бомбончиња, не ги чепкале. Ова зборам за Охридскиот езерски регион, реално по кажувања на дедо ми повеќе мака и поголема сиромаштија настанала во периодот од 1945 до 1951,52, него ли за време на втората светска војна. Колишевски им ги сотрел козите, по Галичица, и им национализирал се.  Нејсе назад на темата,  ние немаме ништо заедничко во периодот на Втора Светска војна со Бугарите.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пет Ное 13 2020, 18:23

Бабата на еден мој сега починат колега зборуваше дека кога во нивната куќа преспале бугарски војници оставиле се растурено кога си заминале, а и им украле многу работи, Дури и тегли со зимница, за ракија и вино да не зборуваме. Кога преспале германски војници не ги ни осетиле кога заминале, а се било средено цакум-пакум. Им оставиле и белешка за надополнување на трошоците, која не можеле да ја наплатат затоа што брзо дошло ослободувањето.
За козите и јас мислам дека е катастрофална грешка која со серија други, насилна колективизација, неправење патишта, водоводи, носење струја, за Охрид и Дебарца и укинувањето на пругата пред да се направи пат имаа допринесено за големата миграција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Нед Ное 15 2020, 18:22

Крадците од исток како бугарски народни песни прогласуваат и песни што воопшто не се народни, туку имаат автор. На пример Македонско девојче чиј автор е Јонче Христовски и на музиката и на текстот, Зајди зајди чија музика е дело на Александар Сариевски, Битола, мој роден крај Ајри Демировски и многу други. Од земја што не почитува индивидуални човекови права, не може да се очекува ни почитување на авторски права. Крадец си е секогаш крадец.
Не постои македонско бугарско прашање, туку агресија на Бугарите врз Македонија и Македонците.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Nebula Пон Ное 16 2020, 15:23


Nebula

Број на мислења : 951
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пон Ное 16 2020, 18:41

За Захариева изгледа Тодор Живков е најголемиот демократ. Реално и Шилегов формално има направено грешка, Македонија (и Скопје) не се ослободени од бугарските фашисти, затоа што фашистичка Бугарија капитулирала пред војската на СССР два месеца порано.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by PRVOBOREC Пон Ное 16 2020, 19:40

Ахахахахаааа, откако господинот Заев им удри клоца на бугарите се јави слугата на каракачановци.

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Img_2765

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2482
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by zozoti Пон Ное 16 2020, 20:05

Se uplasile da ne go mine Gruevski po premierski staz. Plus ke bide prviot Makedonec premier na tri drzavi.😅

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Img_2043

zozoti

Број на мислења : 359
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by alienmk Пон Ное 16 2020, 22:22

Teski budali se ovie bugarive. Sesto ke smislat da se opravdaat i pak ne e sigurno deka Bojko i Karakacanov ke gi dobijat izborite i ke formiraat vlada.

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Img_2035

alienmk

Број на мислења : 414
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Сре Ное 18 2020, 22:04

Кога немавме договор за пријателство, Бугарија ниту еднаш не ја блокираше Македонија за членство во НАТО или во ЕУ. Изгледа дека политиката на свиткана кичма ги разбуди апетитите на сите непријатели на Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by TRAJCHE Чет Ное 19 2020, 10:13

Bugarija i sega ne blokirase za NATO, vo EU ne sme ni dosle do moznost za blokada se dosega.
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 686
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Чет Ное 19 2020, 18:25

За НАТО имавме блокада од Грција, а Бугарија не не блокираше иако немав,ме потпишано договор за пријателство. Таква можност изгледа и даде тој договор.
За будалаштината на Бугарија , но и на Грција зборува на пример Абецедарит издаден во Грција во 1925 година. Направен е врз ознова на битолско-леринското наречје во 1925 година (кога Тито бил обичен работник во бродоградилиштето во Краљевица (кај Риека). Се користат латинични букви, горе-долу слични на сегашната азбука, а во тоа време Бугарија веќе има кодифициран јазик во независна држава. Да биле Македонците Бугари не требало нов абецедар туку само да се донесат книги од Бугарија. Останува фактот дека Бугарите со уцена сакаат да не принудат вештачки да станеме Бугари. Дали Македонците Заевисти ќе го прифатат тоа ако така одлучи лидерот ќе видиме. Се надевам дека нема.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B1%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80

Интересно е писмото што повеќе историчари од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора го имаат испратено до повече адреси во Европа. Тука мислам дека не им се замерува само на бугарските историчари кои уценуваат, туку и македонските што прифаќаат да работат под политички притисок и да одлучуваат ненаучно туку политиканнтски.

https://nezavisen.mk/opasen-istoriski-revizionizam-od-bugarija-predupreduvaat-istorichari-od-regionov/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Luxor Чет Ное 19 2020, 18:53

Дпне оФците давајки и аргументи на Бугарија да ја оправда блокадата се надеваат дека без избори ќе дојдат на власт.

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Img_2478Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Screen10

https://www.facebook.com/UMSVMROGAZIBABA/videos/1090940031362337/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Чет Ное 19 2020, 20:12

Еден од начините на протест, посебно кога се работи за непријателска земја, е и палењето на знамето на непријателот. Но во овој случај има неколку чудни работи. Лисјата се многу зелени, и ВМРО-ДПМНР на своите профили по социјалните мрежи го користи ценото име на партијата, а УМС не се пишува со ипсилон. Патем, не разбирам дали ова е напишано како пример како да се бориме против непријателот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пет Ное 20 2020, 17:21

На линкот подолу има видео во кое еден Македонец од Банско, Пиринска џеверна Македонија раскажува приказна за Александар Македонски. Чичкото во 1996 година, кога е снимено видеото, имал 95 години. После ќе слушаме приказни за Тито, антиквизација и други глупости. За жач со приказната за антиквизација почна предавството од страна на домашните предавници и не доведе до ова дереџе. Да бидеме предмет за заебанција на НАТО и ЕУ.

Види го видеото на овој линк.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Nebula Пет Ное 20 2020, 18:13

Daleku pred antikvizacijata ama i daleku posle otkrivanjeto na grobnicite od Vergina i pocetokot na povrzuvanje na sovremenata makedonska nacija so antickite makedonci. Antikvizacijata ja zapocna Gruevski po 2008, ama vmro zvezdata od Vergina si ja izbrusi od grbot vo 1992.

Nebula

Број на мислења : 951
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пет Ное 20 2020, 19:07

Да напишам по киојзнае кој пат дека од симболот на ВМРО-ДПМНЕ македонскиот национален симбол е симнат кога истиот стана државно знаме со консензус од сите парламентарни партии во Македонија. Не можеше да биде вратен затоа што Македонија се обврза како држава да забрани употреба на овој симбол, па истиот не може да се регистрира. Во Македонија да повторам сите етнички заедници имаат право на користење на свој етнички симбол, а тоа е забранетосамо на Македонците. Македонците во сите соседни земји и во дијаспората можат слободно да го користат и го користат Сонцето од Кутлеш.
Веројатно не знаеш на пример дека Васил Топурковски, на пример ја има објавено книгата „Историја на Македонија:Александар Македонски“ на крајот на минатиот век, во 1999 година, па трескаш глупости од типот дека некој правел антиквизација на Македонија од 2008 година. Во име на бугаризацијата на Македонија што се обидува да ја направи Заев со брат му Бојко.

https://www.google.mk/search?q=books+aleksandar+makedonski&tbm=bks&ei=SgW4X--ONbHrrgS72r2ICA&start=0&sa=N&ved=0ahUKEwjv24b22pHtAhWxtYsKHTttD4E4ChDy0wMIdA&biw=1366&bih=695&dpr=1

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Luxor Пет Ное 20 2020, 19:23

трендафил напиша: Во Македонија да повторам сите етнички заедници имаат право на користење на свој етнички симбол, а тоа е забранетосамо на Македонците.

Што е лага, лавот е македонски етнички симбол и вистинското ВМРО и сите македонски национални организации и дејци го користеле и користат. За сонцето од Кутлеш првпат чувте во седумдесетите години на минатиот век.


Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пет Ное 20 2020, 21:33

Сите Македонци во светот освен заевистите го сметаат Сонцето од Кутлеш за македонски етнички симбол. И во околните земји и во дијаспоратата. Не се сите од нив симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Нед Ное 22 2020, 17:23

Трагично е кога историски комисии преговараат за иднината на еден народ и една земја. Дали и ЕУ сакаме да ја фатиме на кондиција па да влеземе после 5,5 века, како што направивме со османлиите.
За ваша информација сајтот The culture trip го стави македонскиот јазик на листата на 10те најстари јазици кои уште се зборуваат. Тие не сметаат дека светите браќа Кирил и Методиј се дел од заедничката историја со нашата, освен ако Бугарите не се издвоиле во посебна нација од македонската.

https://theculturetrip.com/asia/india/articles/the-10-oldest-languages-still-spoken-in-the-world-today/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Сре Ное 25 2020, 19:12

За волја на вистината не сум сигурен дали на власт и во Бугарија и во Македонија се во моментов фашисти или будали. Гледам во интервјуто на Заев дека тој тврди дека бугарската армија сама од себе се трансформирала во антифашистичка. Дека тоа не станало по капитулацијата на фашистичка Бугарија по поразот претрпен од Црвената акмија, која по капитулацијата има поставено комунистичка власт која има поставено свои команданти. Војниците си ги слушаат наредбите на командантите или во војна се стрелаат.
До сега точно е дека мислев и уште мислам, да напишам додека Заев не воведе казна за ова, дека Бугарите биле фашисти во Втората светска војна, но дека биле. За жал по последните однесувања на пријателот на Заев Борисов и неговата влада не сум веќе сигурен дали не се фашисти и денес. Наместо цивилизирано да се извинат за злосторствата кои не се администрирање туку убивање направени од бугарската држава во едно друго време и од една друга власт, па да им простиме по покајувањето, тие се обидуваат да не прават будали во здрав мозок, сметајќи дека сите сме на интелектуалното ниво на нивниот пријател Зоран Заев. ЕУ конечно има проблем со примање на земји од нивото на Грција и Бугарија во членство и треба да си ги реши проблемите. До тогаш треба да го ставиме членството во мирување, на сегашното ниво, што очигледно може да донесе странски инвестиции ако на тоа поле работат нормални луѓе.
Не знам кој и кога донел одлука на 20 табли за жртви на бугарското „администрирање“ да се избришат зборовите „бугарскиот фашистички окупатор“. Дали е тоа самостојна одлука на ДИКТАТОРОТ. Што треба да пишува на таблите. Дека убијци се бугарскиот народ или дека убијци се бугарските администратори. Ако Бугарите сега не се фашисти, што им пречи што вина гледаме само во бугарските фашисти, а не во сите Бугари.
Сериозно ли Заев смета дека титоизмот бил полош од живковизмот? Ние, Македонците, имавме поголеми етнички права во времето на Тито, отколку што имаме сега во времето на Заев. Можевме и да патуваме и да се вработиме во повеќе земји отколку што можеме сега.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Luxor Пет Ное 27 2020, 15:20

Според ова ќе се обидат да го ревидираат договорот. Нешто од типот помирете се со блокадата сега и не се грижете, веднаш штом ги решиме проблемите ќе ве одблокираме. При тоа идиотите што се нарекуваат бугарски политичари никако да сфатат дека во одреден момент ќе ни биде сеедно дали ќе влеземе или не во ЕУ.
Затоа што конечно ќе сфатиме дека тоа никогаш нема да се случи ако ЕУ не се реформира самата себе.
Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Img_2484
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пет Ное 27 2020, 16:14

Германија, Италија, Финска, Унгарија, Романија никогаш не барале жртвите на нивните фашистички влади во Втората светска војна да признаат дека немало фашизам во нивните земји, за да не стават вето нивен на прием во ЕУ.
Еве го лпнечните резултати од Париската мировна конференција за договорените репарации. А репарации плаќаат окупатори, а не администратори.

Италија требала да исплати репарации во износ од 360.000.000 $ од кој:

-125.000.000 $ на Југославија;

-105.000.000 $ на Грција;

-100.000.000 $ на Советскиот Сојуз;

-25.000.000 $ на Етиопија;

Финска платила репарации на Советскиот Сојуз во износ од 300.000.000 $.

Унгарија морала да плати репарации во износ од 300.000.000 $, од кои :

-200.000.000 $ на Советскиот Сојуз; -100.000.000 $ на Чехословачка и Југославија.

Романија на Советскиот Сојуз требала да плати репарации во износ од 300.000.000 $.

Бугарија требала да плати репарации во износ од на 70.000.000 $ од кои:

-45.000.000 $ на Грција;

-25.000.000 $ на Југославија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 4 1, 2, 3, 4  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот