Ултра-десничарски партии
2 posters
Страна 1 of 1
Ултра-десничарски партии
Ѓаолот доаѓа по своето. Отвараме рак, рани, отвораме прашања од 18 век. Ама си гласаме за ултра десничари, за да го убиеме „лошиот“ либерализам.
И сега очекувм одговор на испрдоците Левица, на ова. И да почнат проблемите.
А колку за Сиљаноска, мораше да го направи она, да не испадне дека е скроз „северџанка“. Дека игра по ЕУ ноти.
„Ова е Договорот од Преспа. Ако постоеше кредибилна, национална, патриотска, општествена, народна грчка Влада ќе го стореше ова“, рече лидерот на десничарско-националистичка партија „Грчко решение“, Кирјакос Велопулос, од говорницата на Парламентот и го искина листот со Договорот од Преспа, јави МИА од Атина.
Според него, проблемот на Грција не е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која на свечената заклетва не го користеше уставното име Република Северна Македонија, туку „како се учи историјата во Скопје“.
„Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција и го кажувавте тоа на протестите. Сега ја нарекувате Северна Македонија. Нашиот проблем не е претседателката на Скопје, проблемот е начинот на кој ја учат нивната историја, логиката со која самиот народ избира. Кого? Комитите. ВМРО е најлошото што би можело да го избере еден народ. Фашистичка и нацистичка партија, регуларна нацистичка партија“, рече Велопулос.
Тој ја критикуваше грчката Влада и повика „да ги донесе за ратификација трите меморандуми за сите партии да гласаат против, бидејќи, како што рече, „Скопје го поништил Преспанскиот договор, а не Грција“, пренесе МИА.
И сега очекувм одговор на испрдоците Левица, на ова. И да почнат проблемите.
А колку за Сиљаноска, мораше да го направи она, да не испадне дека е скроз „северџанка“. Дека игра по ЕУ ноти.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13
Re: Ултра-десничарски партии
Ниту Ципрас ниту Мицотакис по толку години од Преспанскиот договор немаат направено ништо од малкуте обврски што Грција ги презема со договорот. Ид Македонија се бара стално нешто дополнително, што не го пишува во договорот, но наводно е во духот на договорот. Не е така само со овој договор туку со сите договори донесени под притисок на евроатлантската мешународна банда, односно во кои т.н. олеснувачи биле од западните земји. Дали некој ќе го скине договорот, ќе си го избрише задникот со него или едноставно нема да го применува за нас е сеедно.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11319
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|