Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Риболов

+2
Kalinda
kiBik
6 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

Риболов Empty Риболов

Пишување by Гостин Пон Jул 13 2015, 12:57

Спортскиот риболов е можеби најраспространетото хоби. Во оваа тема сите кои се заинтересирани или знаат нешто за риболов можат да разменат мислења и искуства.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Jул 13 2015, 13:01

За почеток еве нешто од сајтот Рибар.

Зошто сум рибар

За да го издржи темпото на модерното и современо време, човекот мора да се сврти кон природата. На тој начин ќе ја зачува и на тој начин и самиот ќе опстане.

Во високоиндустриските земји во светот, милиони луѓе се бават со спортски риболов. И во нашата земја бројот на рибари, постојано се зголемува. Се поставува прашањето, што е тоа бебе рибаршто ги тера тие милиони луѓе да одат по брда и долини, по реки и кањони, по кал и муљ, да киснат на дожд, да седат на најјакото сонце или да смрзнуваат во најладните зими, во најсилните бури и најголемите ветришта.

Некои се прашуваат, “Па зар не е поефтино и многу полесно да се купи еден или два  килограми риба на пазар, од колку истата да се лови ?“ На овие луѓе никако не може да им се објасни како паметен и образован човек, или обичен фабрички работник, може да губи толку време, да троши пари и енергија за кило-две риба, која во доста случаи и не ја ни фаќа.

Се поставува прашањето зошто рибарењето е толку привлечно за човекот во современиот свет ?

Риболов Bebe4%20-%20ribar

Интересот за спортскиот риболов е последица на се поголемата индустрализација, се побрзото темпо на живот на човекот и се поголемата механизација на трудот. Овие причини доведоа до толку голема заинтересираост и развиток на овој спорт во светот, па и во Македонија. Досега се покажало дека било која земја, доколку е индустриски поразвиена, толку интересот за риболовот ќе биде поголем.

Човекот е дел од природата и со неа е поврзан во нераскинливи релации. Во секој човек, во дното на неговото срце лежи страста на праисконскиот ловец, кој во таа далечна доба се хранел само со она што самиот ќе го уловел.рибар и дете

Преку ловењето, човект постанал сточар, а подоцна и земјоделец. Потребно било да поминат многу векови, човекот да почне да се симнува од селото во градот, по фабриките, во погоните. Предходниот начин на живот на човекот му наложувал тој што почесто да се движи во природата. Во тие времиња, човекот се бавел со риболов, само за да дојде до што повеќе рибарско месо.

Денеска, од сетоа тоа не останало многу. Денеска, секој од нас останува денови и  денови на своето работно место, во еден ограничен простор и најчесто функцинира по одредени строги правила. Со постојано исти движења, без доволно движење на воздух и на сонце, без доволен допир со природата и без сето она што на нашиот организам му е природно потребно.

Малку по малку се почесто започна да се зборува од потребата за противтежа на нашиот организам – почна да се зборува за рекреација. За спортот почна да се зборува не како натпревар, туку како потреба на современиот човек, кој живее во некои нови услови за живеење. Почна да станува збор и за “хоби“ како израз на одреден интерес на човекот, кој тој најчесто го практикува надвор од своето работно време, надвор од своите секојдневни работни обврски, надвор од фирмите и фабриките. Но хобито може да биде и гледање на филмови, читањето на книги, слушањето на музика и во тие случаи можеме да говориме за психичка рекреација. Сепак, доколку сакаме да зборуваме за психичка и за физичка рекреација, тогаш нужно ни е потребен поголем допир со природата, поголемо движење во природа, играње во природа и движење покрај реките и езерата.

Лужето се бават со рекреација на разни начини. Некои планинарат, некои прават излети, скијаат, собираат печурки, одгледуваат пчели. Една од тие хоби-рекреација е и риболовот.Ние спортските риболовци сметаме дека сме го избрале она најдоброто, најинтересното. За тоа не смее да ни се замери, затоа што всушност и секој друг истото го вели за своето хоби. Сепак, ние рибарите имаме и одредени прични како поткрепа на нашите тврдења. Имено:

Спортскиот риболов постојано е поврзан со прекрасни предели, реки и езера и во голема мерка е поврзан и со туризмот и движењто во природа.
Со риболов може да се бават сите луѓе, како мажите, така и жените, од деца па се до најстарите. Тоа е така, затоа што при риболовот степенот на физички или психички напор зависи од самата личност, тој може да биде поголем, а може да биде и помал. Тое не е така во некои други хоби-интереси.
Денеска, модерниот човек тешко е целосно да се опушти доколку ништо не прави, бидејќи тој по навика и кога се одмара мора нешто да работи.
Чим рибарот почне со подготовки за утрешниот риболов, тој веќе има многу работа. Тој го припрема својот прибор и мамци и како дете во игра не мисли на ништо друго, освен на утрешниот риболов. Во тие моменти за него не постојат никакви грижи и проблеми, сите тие во тој момент се заборавени. На тој начн рибарот е психички растеретен.

Риболов Nautro

Кога ќе отиде да рибари, рибарот е во постојана активност која му создава извонредни рекреативни можности. Тој воопшто не е пасивен набљудувач на својата тапа во водата, сосема напротив, за да би фатил риба, тој постојано нешто прави, менува мамци, менува опрема, оди на друга позиција, се движи по свеж воздух, се сонча, може да весла, се бања во водата итн. Рекреативните можности и погодности за организмот во такви ситуации се сосема јасни.

Многу луѓе кои на друг начин ги гледаат риболовците, како денгубџии кои со сатти седат држејќи ја трската, воопшто немаат претстава колку риболовците од нивното искуство имат научено за природата, водата, рибите и околината. Сите, па и најмладите рибари, со текот на времето, со текот на зголемувањето на нивното искуство, дали од свои примери, или од искуства на другите рибнари се стекнува со многу знаења за врстите на риби, начинот на нивно хранење, размножување, живеење, за нивниот развој и навики, за водата и нејзините жители, за временските прилики кои влијаат на риболовот, за движењето и преживувањето во природа, за готвењето во природа и уште многу други работи. Сите тие рибари, научуваат нешто повеќе од географијата, биологијата, метрологијата и сл.

Меѓутоа, исто така докажано е дека во добар дел случаи, токму рибарите се тие кои ја јадат најскапата риба. Рибарски прибор, трошоци за превоз, ноќевање, дневни, месечни и годишни дозволи и сл. се се тоа трошоци на спортските риболовци. Сето тоа помага за развој или можност за развој на многу места кои се атрактивни за спортските риболовци. Дел од нашите водни резервати веќе се познати по овој тип на туризам, но сепак, остануваат уште многу други повеќе или помалку познати, а сепак прекрасни места за рибарење, престој во природа и секако развој на туризмот. Колку побрзо се свати и прифати ваквата реалност, толку побрзо ќе се развива ваквиот тип на туризам во Македонија и од тоа корист ќе имаат многу луѓе. Меѓутоа, во оваа насока мора да се спомне и нашиот однос кон природата и нашите риболовни води. Кога велиме нашиот, мислиме како на односот на рибарите, така и на односот на сите останати поединци и групи.со крапот

Денеска водите и природата имаат многу непријатели. Фабриките и индустриските капацитети се едни од нив. Доста често по медимуите ќе разбереме за некој голем помор на риби, кои секако најмногу не погодува нас рибарите. Во оваа насока поединечната борба, како и колективното дејствување преку риболовните друштва за воспоставување на силни стандарди во работењето на ваквите индустриски капацитети, мора да продолжи и дополнително да се интензивира. Грешките во нивното работење најчесто ги плаќа природата и водите, а се гледаат по многи тони угината риба, која доколку не била убиена би се размножила и би била вистинско богатство во водата. Таквите случаи ги плаќаме и ние рибарите, затоа што рибарскиот интерес постојано се зголемува и рибари има се повеќе, но риба има се помалку. Затоа треба да се грижиме за природата, превентивно да дејствуваме, да пријавуваме доколку сметаме дека некои фабрики и капацитети можат да направат големи штети по нашите води.

Од друга страна, сите сме свесни дека и поединците и групите кои престојуваат во природа, доста често прават штета оставајќи зад себе доста ѓубре од најразличен вид, многу често и материјали кои не скапуваат и ја загадуваат природата и водите. Токму затоа мора да се бориме и за подигнување на јавната свест за екологијата и моралните принципи кои важат за секого кој престојува во природата, да ја остави во иста положба како кога дошол и диховно се напојувал од нејзината убавина.

На крајот, можеби и она кое најмногу не вознемирува и ствара револт кај нас спортските риболовци. Тоа е таканаречениот “криволов“. Мрежите, динамитот, електричните шокови, сертмињата, мрежичките, рибарењето во време на мрест на рибата, ловењето на риби чија популација е загрозена и која е забранета да се лови, тоа се најчесто оние штетни дејстувања кои “ги вадат од кожа“ рибарите. Токму поради ваквите случаи во минатото, рибниот фонд во Република Македонија е драстично намален.

Токму поради сите претходно спомнати непријатели на водите, природата и рибниот фонд,  www.ribar.com.mk ќе биде еден од најсилните борци против сите нив, затоа што токму квалитетот и бројноста на местата за рибарење и бројот на риби во нив, го прави нашето хоби-рибарењето актуелно, атрактивно и посакувано. Сето спротивно, ни штети на сите нас, ја уништува природата и сите места на кои ние рибарите “ги полниме батериите“ и наоѓаме духовен мир и задоволство.

Риболов Ribar%20i%20krap

Риболов Ogromen%20krap

http://www.ribar.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=185&Itemid=29

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Саб Jул 18 2015, 11:21

Ushte ne ste zainteresirani za ribolov?!?!?! Риболов Happy-smiley17 Риболов Happy-smiley17

Риболов Biloxi-fishing-girl2

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by kiBik Саб Jул 18 2015, 11:35

Hm.... ne znaev deka ima rozevi ribi.
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Саб Jул 18 2015, 11:40

Ima, ima...Vo razni boi...Риболов Happy-smiley17

Риболов Hot-girls-fishing-03

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Сре Сеп 30 2015, 21:49

ВИДЕО: Пронајдени човечки коски во сом стар 100 години!

Полски риболовци Алфонс Брзовски и Марек Ждрановиќ уловиле сом во реката Одрa стар помеѓу 90 и 110 години.

Риболов Somkoski

Овој капитален примерок бил тежок 185 килограми, тоа што е посебно интересно во целата приказна е тоа што е пронајдено во неговата утроба.

Инаку, во огромната риба пронајдени се човечки коски и значки кои припаѓале на нацистички офицер од периодот на Втората светска војна.

по шокантното откритие во утробата на сомот, риболовците повикале и полиција, која набрзо покренала истрага за а го открие идентитетот на човекот чии коски се најдени во сомот.

Полицијата се обратила и кај биолозите и форензичарите.

Тие утврдиле дека староста на сомот е помеѓу 90 и 110 години, експертите не можеле со сигурност да кажат дали човекот, чии коски се најдени во утробата на рибата умрел на некој друг начин или го усмртил, па го изел сомот.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Нед Окт 04 2015, 17:03

Еве вака се ловат риби. Риболов Happy-smiley21


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Kalinda Нед Окт 18 2015, 19:12

Ајде објасни кои риби 
се ловат вака ?
Дали морски ? 
Или речни риби ?
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by tmoro Пет Јан 22 2016, 22:24


Денот на рибарите одбележан на Сараиште со народна веселба и зимско капење
http://www.ohridnews.com/vesti/92501

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 01 2016, 08:18

Во Дојран имаат посебен начин на риболов со помош на птици.

Риболов со помош на уграда-мандра

Риболов 210px-dojran_ribari

Риболовот со помош на мандра е најатрактивниот риболов од сите видиви на Дојранско езеро, но и најтежок и најдолг период на ловење. Во светот е многу ретко застапен како вид на риболов, но денес, одноно во последните 20 години не се практикува и на Дојранското езеро поради повлекувањето на водата. За сега тоа е минато, но дали ќе остане така или пак ќе се обнови ќе покаже времето. Затоа заслужува големео внимание да се опише како посебен вид на риболов.

   Работењето со мандрите има долг процес кој трае околу 6 месеци и започнува во октомври а завршува при крајот на март следната година. Со таквиот начин на риболов се ловат следните видови на риба: бела риба (црвеноперка и машкудан) и белвица, а многу послабо се ловат гуџарот, перкијата и карашот.
Подготовките на мандрите и риболовењето со нив.

Во почетокот на месецот октомври почнуваа да се поправаат ловиштата (рибарските колиби) односно ако од невреме се разрушени се прават нови. Тогаш  рибарите ја бараат раставата (простор каде трската е уништена со налегнати колци уште од предходната годишна мандра). Лево односно десно од раставата трската се врзува со сноп – кукли за да не пречи во понатамошното работењена мандрата.Со помош на тегличка се дигаат налегнати колци и се поставуваат во вертикална положба на местото каде ќе се потребни при градење на мандтата. Тоа се прави за да се сушат, бидејќи биле збодени со долниот дел во водата (долги 3-4 м.) со помош на јаже (направени од рогуз-шамок а во должина од човечки број – околу 1,70см.) На местото каде се врзува колот со пречникот се дава и заврш (десетина трски се свиваат преку пречникот и се врзуваат за колот).  Тоа се прави за да се добие поголема стабилност на мандрата. Потоа се зема куса надената на 4 м. Купиште и се мава по дното на раставата за да се уништи трската ако ја има (односно треба да биде чиста растава). Откако ќе се проверат старите леси да ли можат да се користат за нова мандра (ако има за поправка се поправа) со помош на тенко јаже се шијат 2 леси на едно место и се ставаат во вода да отежнат. Потоа се вадат од вода, се шијат со други 2 леси и така поврзани две по две ласи даваат вал. Валовите се врзуваат за колците со помош на в'ќзи, а потоа со гради се набиваат во земја (на дното на езерото). Со валовите леси кои се поставуваат лево и десно од ловиштето се заградува површината на мадрата чија должина по една страна изнесува 150 м. Од страна на копното ако има вода и од таа страна се подградува со пониски леси. Значи тоа се прави додека од сите три страни на мандрата не се загради  со валови леси. Четвртата страна од кај езерото останува отворена. Оградата не само што опфаќа простор од трска, туку зафаќа и простор од белата вода (каде нема трска-рибарите овој простор го викаат бела вода ).

Истовремено додека се извршуваат тие наведени работи, почнува и чувањето. Односно одередени рибари стојат на покривот од ловиштето и со викање и мавање камења со помош на прашча се гонат рибите. Чувањето се врши и на белата вода, каде еден рибар со коработ се движи на просторот одреден за мандрата за да ги гони исто така пилците. Такви најопасни пилци (птици) за рибарите односно мандрите се: гарото, корморанот, ачкото, ќурицата, лиската, алигото и куклаката. Во почетокот на месец декември се поставува и пиликатникот. Тоа е време кога се заладува.Пиликатникот се поставува на тивко место каде што птиците нема од кого да се плашат и на тишина доаѓаат до пиликатникот, за да се најадат риби кои се мртви и оставени од рибарите. На тој начин најмногу се фаќаат пилците: браниште, креа, кукалка, гаро и др. Секое утро се оди кај пиликатникот за да се стават нови мртви риби, а поручек околу 3 часот повторно се посетува пиликатникот за да се види да ли се  има фатено или  влезено пиле. Доколку има фатено пиле во пиликатникот се зема прешник и се затвара вратата на пиликатникот, се дига мрежата со која е покриен пиликатникот и со повла се фаќаат пилците. Потоа се запетлуваат крилјата и се ставаат на суво додека да се пренесат до мандрата. Ако мандрата не е градена, пилците се ставаат во гиливор (езерски простор заграден со леси, а со помош на на колци и покриен со мрежа). Рибарите секој ден им фрлаат риби. Тука остануваат се до градење на мадрата. Во месец декември или јануари ако се констатира дека мандрата има доволно соберено риби, во еден убав мирен ден (временски непогоди да нема) почнува градењето на мадрата.

Отворената површина од кај езерото од каде што доаѓаат рибарите се заградува со престамница. Потоа се набодуваат колци и тие се поврзуваат со прешници, се прави заврш и пак се прочистува дното за да биде чисто. Со валовите – леси кои однапред се спреемни се бодат во земјата (дното на езерото). Местото каде се сотавуваат валовите  се вика здупчубање (на околу 30 см. Се поклопуваат валовите, а и се поврзуваат со 3 колци кои се поставени цик – цак , 2 надвор и 1 внатре). Откако ќе се заврши сето тоа се поставуваат котеците. Тие се поставуваат на двете ќошиња од мандрата кои се према езерото. Еден котец има површина околу 3 м2.

 Котецот се поставува на самото ќоше од мандрата така да лесите од мандрата малку на надвор се отвараат за да можат рибарите да минат во котецот. Котецот е заграден исто со леси и колци во форма на буквата Г. Рибата што влегува во котецот  не може да се врати назад. Па затоа рибарите секое утро штом одат на работа кај мандрите погледнуваат во котецот и ако има риби ги црпат со повла. И така секој ден. Откако сето тоа е завршено настанува работењето и риболовот во самата мандра. Од целата мандра со леси и колци се одградува една парцела и тоа од страната на едниот котец, кој веќе и престанува да постои. Таа парцела површински избнесува околу 200 м2. Од едната страна парцелата се заградува со ретка леса за да можат рибарите да минат низ неа – да бегаат од таа парцела.

Треба да кажеме дека таа парцела по страните е заградена и со мрежа за да не бегаат пилците. Исто така се прави и со втората парцела, па третата  и се до последната. Редоследот на парцелите е по ред почнувајќи од таа која е према ширината на Езерото т.е. од првиот котец се оди кон вториот котец кога завршуваат првите парцели. Сега започнува вториот ред на парцели, одејќи обратно (ако првите парцели се користеле по ред лево – десно, па во третиот ред пак лево – десно и се така до последната парцела). Треба да знаеме и тоа кога се користат парцелите од било кој ред, на тој ред се прават котеци со иста намена како и првите два. Така да една мандра може да биде поделена  на 12 – 16 парцели. А колку време се обработува една парцела зависи од бројноста на рибата, временските услови и.т.н. Штом се завршува една парцела се се дигаат лесите и таа веќе не постои. Кога ќе остане една парцела (последната) таа парцела се нарекува мома. На момата исто така се прави котец и кога ќе се пуштат пилците во момата сите риби бегајќи од нив одат во котецот. Рибарите сега со повла ја црпат рибата. Веќе е пролет на пилците им се пораснати крилјата и можат да си одлетаат. Од една мандра порано се ловело до 50 тони риба.

http://www.dojran-info.com/index.php?option=com_content&view=article&id=33%3A2009-05-17-02-27-58&catid=18%3A2009-05-18-04-29-31&Itemid=36&lang=mk

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 15 2016, 12:45

Kaj se ribite more fativte lli nekoja?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 15 2016, 12:53

Рибите се во конзервата. Онаа на која сакаш да ставаш кромид и лимон.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 15 2016, 12:54

Za visatinski ribi prasuvam ej.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 15 2016, 13:27

Ribite se vo vodata a zlatnata ripka ja cuva Bogov vo Narodna Banka.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 15 2016, 13:29

Decko ti e kelaviot pa ti kazal?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Сре Фед 17 2016, 19:08

Ke pisete za ribi ili stanavte vegetatrijanci?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by reiter Сре Фед 17 2016, 20:19

за риби? најубави ми се кога ги ловам од дуќанот замрзнати,ослиќ....па добро пржени со лимон и пиво...супер се..исто како да јадеш сом Smile

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 17:42

Slatki, ribi a nemas pari a?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 22 2016, 17:53

Делта погледни овде. Еве овие би можеле да ти дадат некоја риба. Риболов Happy-smiley21 Риболов Happy-smiley21


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 22 2016, 18:32

Ete ribari a ne kako vas.Od dukan od vamu od tamu.Vaka treba.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Пон Фед 22 2016, 18:52

На твое место јас веднаш би им се придружил. Ќе имаш и плата и јадење. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Сре Фед 24 2016, 18:45

Neka dadat ribite platata neka si ja cuvaat.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Саб Фед 27 2016, 21:49

Delta eve vistinska riba za tebe. I jadenje imash i site problemi ti ischeznuvaat...Риболов Smiley-laughing014

Уловиле риба издрогирана со кокаин и антидепресиви

Риболов Som_f

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Нед Фед 28 2016, 12:24

Лов на штука со живи мамки


Штуката можете да ја ловите на живи и на вештачки мамки. Постојат повеќе техники за риболов на штука со живи мамки. Во летниот период капиталните штуки се задржуваат во плитките делови од реките и езерата во Грција, на местата обраснети со трева и со трска, каде што тие го чекаат својот плен. Можете да ја ловите на живо рипче, парче од риба, на жаба и др. Се лови со помош на пливка или со олово на дно. За да може рипчето да остане на јадицата подолго време живо, конецот со кое е врзано јадичето со помош на игла го провлекуваме под грбната перка. Постојат повеќе системи за лов на штука со природни мамки. Најпознат е класичниот начин со слободна пливка каде што рипчето може да ја вози пливката, но не може да ја потоне. Се лови и со укотвена пливка со олово на дно. Тогаш рипчето е врзано на подврз со должина од 50 сантиметри. Оловото, исто така, е врзано со подврз од потенок конец за полесно да се скине ако закачи на дното. Подврзот со рипчето и подврзот со оловото, со пливката се споени на трикрака вртилка. Подврзот на кој е прикачено рипчето треба да е пократок од подврзот со оловото за да не може рипчето да се скрие во трева. За лов на штука се употребуваат еднокрака, двокрака и трикрака јадица. Тие се врзуваат со кевларски подврз или со челична сајла за да не може штуката да го прегриза конецот. Ако ловите штука со жаба,тогаш најдобро е да ловите со олово, но дно. Жабата внимателно ќе ја прободете со игла низ грбот и ќе го протнете подврзот со јадичето. Со овој начин на монтирање , на жабата и овозможувате подолг живот. Во оваа техника најважно е прво да се одреди должината на подврзот, кој ќе и овозможи на жабата да исплива на површината од водата за да земе воздух. На средина на подврзот се поставува едно оловце кое со својата тежина повремено ја принудува жабата да слезе до дното. Оваа техника е многу добра и за лов на крупни примероци сом. Бидејќи ќе ловите на непознат терен каде што на дното може да има многу препреки на кои ќе се закачат вашите вештачки скапи мамки, обидете се да ловите со природни мамки. Ловете со мртво рипче што ќе го закачите со јадиците за горната и за долната уста. Ако мамката ја зафрлувате лесно тогаш можете подолго време да ловите само со едно рипче. Ако ловите на длабочина поголема од пет метри тогаш на конецот треба да ставите неколку оловца за побргу да пропадне рипчето до дното. По зафрлувањето на рипчето почекајте тоа да пропадне на дното и почнете полека да го влечете кон себе. За тоа време полека поигрувајте со врвот на трската. Вака закаченото и влечено рипче имитира движење на блинкер-лажичар. Ударот најчесто се забележува како сопирање на мамката на дното, потоа се забележуваат ситни удари, што е знак дека рибата ја голта мамката во место. Рибата ја зема мамката во место затоа што овој систем нема никакво оптоварување - пливка или олово. Конецот треба да биде благо затегнат за да не се создаде отпор што ќе го забележи рибата и ќе ја исплука мамката. Ако нема дополнителни удари, тогаш мамката е закачена на дното. Тогаш не удирајте контра.Обидете се полека да ја откачите јадицата од препреката.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1621&stID=2843

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Гостин Вто Фед 14 2017, 17:39

Ja бев рибар но не спортски аматерски а професионален во смисла со реална цел рибата потоа да биде изедена.Наjголемиот улов ми беше кога заборавив се дома освен въдиците не знам како е на српски. И таму на езерото наjдов едно парче кукуруз. Ставив и легнав да спиjам оти не верував дека ке имам било каков успех викам си барем да одморим па аjде дома. и како си спиjaм чуем луппп па подрипнав гледам въдицата паднала долу и уште малце ке влезе во водата.Ja сграбив и половин час игра на  иди ми доjди ми еден шаран 4 кила! Потоа уште еден 3 и еден 2.5.Кога имаш късмет и на гол кур ке фатиш. Кога немаш и храна за 50 лева да фрлиш во водата ке си одиш со празни раце (мнооогу пати беше вака си признавам откровено).

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Риболов Empty Re: Риболов

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот