Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 10 of 40 Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 25 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Фед 02 2016, 19:05

Стрелец
Постојано ќе бидете опкружени со атмосфера на незадоволство и расправии со партнерот и личностите кои ги сакате. Ќе се трудите на бесмислен начин да ги решавате проблемите, а тоа ќе биде или со кратки и неморални авантури или со купишта на деловни обврски. Студениот февруари полека ќе ги смирува надојдените проблеми, а жестоките расправии одеднаш ќе се претворат во љубов и разбирање. Звучи малку неверојатно, меѓутоа како работите се средуваат на работното место, така ќе се средуваат и работните проблеми. Целиот пролетен период, се до јуни, ќе уживате во складниот љубовен живот. Слободните ќе имаат изразен нагласен шарм и нагласена привлечност кој ќе ви овозможат без многу труд да ги остварите своите фантазии и да ја заведете личноста која подолго време ја посакувате. Јуни ќе биде доста непредвидлив месец, интензивносто дружење со пријателите ќе ви оневозможи да внесете нова живост и страст во врската. Набрзо ќе сватите дека сте погрешиле, а тоа ќе се случи откако вашиот партнер ќе стане нервозен и раздразлив, па во јули ќе се обидете да ги средите односите. Во тоа и ќе успеете, романтично патување или летување со партнерот ќе му стави крај на проблемите. Слободните ќе бидат помалку неодлучни, постојано ќе бидат со неконтролирани и нејасни страсти, па можеби летниот период да го поминат сами. Но затоа пак, есента, нуди многу повеќе, посебно месец октомври кога повторно ви се враќа стариот шарм и привлечност. Овој месец е добар за слободните, но и за зафатените ако може така да се каже. Желбата за промени и возбуди може да ве одведе во туѓа прегратка и почеток на нова љубовна приказна. Во ноември и декември ќе внесете нов бран на оптимизам и среќа во вашиот љубовен живот. Овие два месеци се добри за брак, хармонизирање на врските и разнишување на оние разнишаните. Ќе уживате во хармоничниот живот со партнерот и со сигурни чекори ќе влезете во наредната календарска година. Во целост ве очекува доста интересен љубовен живот преку целата година, исполнет со голем број на цврсти врски но и по некоја авантура.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Фед 02 2016, 19:05

Јарец
Во јануари ќе имате изразена желба за дружење и комуникативност. Речиси цел месец ќе го поминете во атмосфера на хармонија со многу нови пријателски односи а помалку љубовни. Јарците кои се во врска ќе постигнат извонредно добри односи со партнерот и конечно некако ќе се зближат. После помалку нестабилниот февруари, кој ќе го поминете без многу значајни настани, во првите пролетни денови планетите ќе ве надарат со неодолив шарм, која на многу слободни Јарци ќе му овозможи страствена љубовна авантура која долго време ќе ја паметат. Оние кои се во врска, можат да очекуваат голем број на промени кои ќе им овозможат поголемо уживање во врската. Промените тешко ги прифаќате, меѓутоа овој пат ќе ги прифатите без многу двоумење, а тоа е знак дека сте заљубени. Мај ве зафаќа помалку променлива клима. Ќе ве зафати некоја желба за слобода, па можеби многу Јарци кои имале среќни врски да останат сами во овој период. Од јуни повторно влегувате во позитивен период за љубовта, но овој пат со исклучителна смисла за рамантика и нежност. Ваквите афинитети ќе ви донесат пријатни љубовни односи и зацврстување на врската. Слободните ќе се трудат да влезат во нова љубовна врска, меѓутоа за тоа ќе мора да причекаат дури до средината на август. Септември е особено добар за нови љубовни почетоци, па затоа не се трудете по секоја цена да влезете ви љубовна врска во летиниот период. Есенскиот период ќе бидете во доста големи недоумици. Ќе ве зафати недоверба во односот со партнерот и постојано ќе ве наведува на размислување околу вашите желби и длабината на вашите чувства. Коолминација на незадоволствата ќе ве зафати во ноември и овој месец можже да се каже дека ќе биде најкритичниот за вашата љубовна врска и доколку сите проблеми ги надминете, очекувајте во декември повторно да уживате и новата година да ја дочекате заљубени и среќни.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Фед 02 2016, 19:06

Водолија
Првите неколку дена од новата година ќе ви бидат доста пријатни на љубовен план, меѓутоа набрзо потоа ќе се соочите со некои проблеми. Обидете се да ги смирите надојдените емоции кои ќе ги чувствувате, а секако дека тоа нема да ви биде лесно. Највероватно скоро сте ја прекинале врската и сега ви треба опоравување. Обидете се колку можете побргу да заборавите на минатото и погледнете пред себе бидејќи веќе од февруари планетите позитивно се поставуваат за вас и ваквата состојба ќе остане се до летниот период. Слободните ќе имаат безброј романтични прилики особено во март. Ви се нудат огромни можности да налета онаа вистинската личност, па не ја пропуштејте приликата. Водолиите во брак преку целиот пролетен период ќе бидат непрепознатливо романтични, па можеби ќе го збунат партнерот. Во летниот период, иако ќе бидете презафатени со деловните обврски сепак нема да ја заобиколите љубовта. Ќе имате силна желба за влегување во нова љубовна врска, а шансите за да влетате во некоја која ќе трае подолго ви се големи. Август ќе биде месец во кој најповеќе ќе се дружите. Од ваквиот друштвен живот би можела да се појави нова љубов, меѓутоа сега тоа нема толку да ве интересира. Доволни ќе ви бидат некои минливи авантури кон кои ќе немате некои посебни обврски. Септември нема да биде пријатен месец, ќе ве зафати помала депресија која ќе ја пренесете и во октомври. Ако во овие два месеци ја прекинете врската имајте на ум дека тешко ќе се опоравите од последиците. Во ноември состојбата видливо се поправа, ќе ви се врати оптимизмот и самодовербата, па доколку не сте прекинале со партнерот во претходните два месеци тоа ќе биде доказ колку е силна вашата љубов. Среќниот период ќе продолжи во декември.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Фед 02 2016, 19:06

Риби
Во љубовта состојбата е слична како во работата. Бран на силни емоции ве зафаќаат уште на самиот почеток од годината. Очекувајте нови почетоци, нова љубовна врска и сл. Искористе го максимално првиот месец од годината, бидејќи понатаму, се до летниот период ќе ве следат променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот и дали е време да го промените. Очигледно дека сте незадоволни од неговото однесувањето па размислувете како ќе постапите. Можеби во прашање е и желбата за промени. Исклучителна прилика за авантура очекувајте во јуни. Воопшто летниот период е одличен за слободните, на кои им престои период полн со многу кратки љубовни авантури. Но да ве предупредиме дека ќе следи и разочарување. Оние кои се во сериозна врска, најповеќе разбирање со партнерот ќе имаат токму во овој период. Можни се мали љубовни незадоволства во месец септември, но со малку толеранција тоа ќе го средите. Октоври може да биде доста критичен за љубовта бидејќи токму во овој месец Венера планетата на љубовта е неповолно поставена спрема вашето соѕвездие. Обидете се да најдете разбирање со партнерот. Месец ноември ќе биде добар за отпочнување на нова љубовна врска, меѓутоа со голема претазливост бидејќи можете да западнете во интриги и игри на некои од вашите пријатели или непријатели. Не дозволувајте работите да излезат од контрола, тоа може да ви оди на голема штета за целата наредна година. Кратки и експлозивни пробелми во љубовта можно е да се појават во месец декември. Можен е скандал во кој ќе бидат вклучени и родителите, или пак ќе се работи за врска со поголема разлика во годините. Исто така во овој месец нагласени ви се конфликтите со некои членови од семејството кои највероватно ќе се појават поради вашата напнатост во комуникациите. Бидете внимателни.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:56

Неделен хороскоп (08 – 14.02.2016)

Овен

ЉУБОВ: Планетите ве поттикнуваат на забава и уживање, па затоа не чекајте, препуштете му се на ритамот. Не само што ќе уживате во љубовта, туку и ќе ја зацврстите врската. Оние кои се сами оваа недела нема да го најдат својот идеален партнер, ќе имаат само мини авантури.

РАБОТА: Ќе имате многу обврски од кои ќе добиете главоболка. Кариерата и професионалната ситуација во моментот е во рацете на други луѓе. Внимавајте на финансиската состојба, нешто погрешно пресметувате.

ЗДРАВЈЕ: Доста добро.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:56

Бик

ЉУБОВ: Инспиративна и среќна недела. Ќе имате силно влијание на односите со парнерот и семејството. Бидете смирени и прифатете ги критиките кои можеби ќе ве повредат, но сепак ви се дадени за да ви помогнат.

РАБОТА: Безброј обврски ви останале незавршени, па така ќе биде потребно да се ангажирате повеќе од вообичаено. Единствен начин е да започнете од почеток и по ред да ги расчистувате задачите.

ЗДРАВЈЕ: Повеќе сон, помалку килограми, повеќе здравје.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:56

Близнаци

ЉУБОВ: Сонцето со неговото силно влијание врз вас ги прави вашите љубовни односи лесни и пријатни, уживајте во љубовта со партнерот, а доколку сте сами оваа недела ви претстои интересна средба.

РАБОТА: Ќе се нервирате бидејќи колегите нема да си ги завршуваат обврските па тие ќе останат за вас. Не дигајте голема паника, ова е минлив период кој релативно кратко ќе трае.

ЗДРАВЈЕ: Започнете да вежбате, проблемите значително ќе ви се намалат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:57

Рак

ЉУБОВ: Колебањето кое го чувствате во себе ќе излезе на виделина, па така бидете подготвени на можни несогласувања со партнерот. Брзо ќе видите дали сте направиле добар избор или е вистинско време да ги поправите грешките.

РАБОТА: Помошта за проблемите ќе дојде од страна од која дефинитивно не очекувате, од вашето минато. Некои услуги веќе сте ги заборавиле, но на ваша среќа другите не ги заборавиле, па ќе бидат одлично расположени да ви се раздолжат.

ЗДРАВЈЕ: Исцрпени сте, внимавајте на исхраната.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:57

Лав

ЉУБОВ: Не би требало да влегувате во расправии со партнерот околу некои негови лични проблеми кои се однесуваат на неговото семејство или на неговите работни планови. Можно е да си создадете големи проблеми.

РАБОТА: Со еден збор ќе бидете раздразливи. Што и да се случува, лесно можете да го надминете овој проблем, ако успеете да останете со ладна глава. Избегнувајте непромислени реакции. Размислувајте пред да зборувате.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:57

Девица

ЉУБОВ: Во љубовта само фантазирате. Стварноста не ветува ништо па затоа им се препуштивте на нереалните работи. Оние кои се во врска, исто така ќе имаат нереални желби и очекувања.

РАБОТА: Вие се уште сте во центарот на вниманието и обземени сте од различни случувања. Вам никогаш не ви недостасува оптимизам и ентузијазам. во секоја ситуација можете да го извлечете најдоброто и да се чувствувате задоволни од себе

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со очите.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:57

Вага

ЉУБОВ: Партнерот нема да биде заинтересиран за вашите предлози. Нешто ќе биде сомнително во неговите искази, а вие многу добро ќе го забележите тоа. Држете ги очите отворени и проверувајте го секој негов исказ.

РАБОТА: За жал, ќе слушнете многу непријатни работи за вас. Обидете да извлечете поука од ова. На работното место ќе бидете затрупани од задачи, кои нема да може да ги префрлете на некој ваш колега. Нептун ве советува да издржете пред искушението да купите некоја убава, но непотребна работа.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:57

Скорпија

ЉУБОВ: Ризична недела со мали проблеми. Вашиот партнер ќе започне да се инаети и да ви создава проблеми. Бидете внимателни, бидејќи никогаш не знаете што може да ја донесе љубомората на партнерот.

РАБОТА: Бидете подготвени на голем деловен предизвик, можно е да имате силна конкуренција и да не сте подготвени никому да ја препуштите лидерската позиција во нешто што вам ви е многу важно. Внимавајте да не си создадете проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Мала главоболка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:58

Стрелец

ЉУБОВ: Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии, а сето тоа е поради лошата материјална ситуација. Ќе го обвинувате дека троши без контрола. Ќе добиете извинување, но вие самите размислете дали е тоа искрено.

РАБОТА: Бидејќи не можете да решите некој деловен проблем, можеби ќе мислите дека сте на некаков вид пресвртница, но би требало одлуките да не ги донесувате брзоплето. Можно е да сте многу повеќе посесивни, отколку што имате желба да покажете.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со мускулите, во вид на грчеви.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:58

Јарец

ЉУБОВ: Во љубовта ќе се најдете во некоја дилема. Бидете внимателни и избегнувајте вербални дуели кои не водат во ништо. Немојте вербално да го навредите партнерот, можно е да го промени мислењето за вас.

РАБОТА: Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара прилагодување на околностите. Ќе размислувате и за некоја промена. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници.

ЗДРАВЈЕ: Прекумерното внесување храна лошо се одразува на вашиот организам.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:58

Водолија

ЉУБОВ: Во љубовта сте во хармонични односи со вашиот партнер. Бидејќи ќе ве изненади пријатно, ќе бидете задоволни. Сепак, потребно е да ја совладате хипохондричната црта на вашиот карактер.

РАБОТА: На работното место ви се советува да се чувате од провокации и импулсивност. Во спротивно проблемите се неизбежни. Тешко ви е да се помирите со реалноста, која ниту малку не ги исполнува вашите очекувања. Ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со црниот дроб и панкреасот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 17:58

Риби

ЉУБОВ: Не им обрнувајте внимание на ситните грешки кои неодамна ги направил партнерот. Обидете се да му простите на вашиот партнер и се ќе биде одлично. Потребно е малку повеќе да му верувате.

РАБОТА: Конечно поволен период. На работното место ќе добиете унапредување, кое доцни веќе подолг период. Ако се земе во предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 18:20

Nisto ne mi pogodile. Menjaj go astrologot.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 19:19

A da otrcas ti kaj bajacka.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 19:24

Подобро кај Јован исцелител.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 23:41


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 23:41

Кинеската нова година започна денес и ќе трае до 27-ми јануари 2017. Луѓето родени во годината на Мајмунот се паметни, љубопитни, немири и иновативни. Се верува дека годината е една од најнесреќните во кинескиот календар.

Според предвидувањата, во 2016-та глобалната економија ќе биде во лоша состојба и многу компании ќе банкротираат. Од друга страна годината е добра за разрешување на семејните и љубовните проблеми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 23:41

Стаорец – година на раѓање (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Сега е вистинското време да го завршите она што сте го почнале во претходните години. Во текот на годината на мајмунот, ќе ја разгорите страста и ќе остварите добри деловни контакти. Трудот што го вложувавте во изминатите години на крајот ќе ви го донесе она што долго време го посакувате. Тврдоглавоста на колегите може да ви направи проблеми, но ништо посериозно. Од финансиска гледна точна сè ќе функционира како што треба и ова е најдобриот период да ги вратите старите долгови. Ќе имате помалку енергија од претходно, па се препорачува да започнете да се занимавте со некоја друга физичка активност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 23:41

Бивол – година на раѓање (1925, 1937, 1949, 1973, 1985, 1997, 2009)

Оние кои се во брак може да имаат проблеми со партнерот на почетокот на годината, додека оние кои сакаат да ја официјализираат својата врска, подобро да ја почекаат следната година за тоа. Во почетокот на година се забележува и подем во кариерата што ќе биде особено нагласен во првите 4 месеци. Здравјето е добро, но не претерувајте со вежбањето. Последните месеци носат компликации на финансиско поле, затоа внимавајте во што ги инвестирате парите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 23:42

Тигар – година на раѓање (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Вашиот карактер ќе помине низ радикални промени. Сè што сте планирале во 2015 ќе се оствари, а вие ќе вложите дополнителен напор за да станете подобра личност. Брачните двојки, годинава може да очекуваат принова. Кариерата носи нови предизвици и можности. Ќе ги инвестирате парите во реновирање и ќе планирате нови патувања. Што се однесува до семејството и пријателите односите ќе бидат хармонични. На вас преостанува само да решите што е она што го сакате од животот и кон што целите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Фед 08 2016, 23:42

Зајак – година на раѓање (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

За разлика од претходните години, оваа година ќе бидете поемотивни, па најдобро е уште на почетокот на годината да ги решите емотивните потешкотии. Првите неколку месеци ќе бидат проблематични, по што следува разрешување на ситуацијата. На работа ќе покажете поголема самодоверба од обично, па ќе преземете повеќе обврски кои најверојатно нема да можете да ги завршите на време. Емотивните проблеми му штетат на вашето здравје и на вашата работа. Затоа обидете се да бидете што подалеку од стресот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 10 of 40 Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 25 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот