Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БОЛЕСТИ

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Чет Окт 20 2016, 13:07

9. Губите апетит

Исто така може да се случи и спротивното. Со депресијата доаѓа голема загуба на енергија и ентузијазам за учествување во одредени активности. Јадењето може да биде една од тие работи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Чет Окт 20 2016, 13:07

10. Правите надворешно вашиот живот да изгледа совршен

Не сакате никој да се грижи за вас, па правите сѐ што можете за да ги убедите вашите пријатели дека сте добро. Објавувате позитивни статуси и слики на социјалните мрежи и избегнувате каков било знак кој може да предизвика другите да ве прашаат за вашата состојба.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Чет Окт 20 2016, 13:07

11. Плачете без причина

Понекогаш, ќе се разбудите и ќе забележите солзи на вашето лице. Некои денови можете да бидете среќни во еден момент, а веќе наредниот да плачете без причина. Може постојано да мислите „Зошто сум тажен/а?“, „Зошто плачам?“, „Би требало да бидам среќен/а“. Но, депресијата е болест и тоа не е ваша вина.

Најдобро е да го согледате своето однесување и доколку сметате дека покажувате знаци на депресија, обратете се до стручно лице. Не срамете се да разговарате за вашите проблеми, затоа што после сѐ, ќе можете животот да го гледате појасно!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:56

7 ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ДЕКА НЕ СТЕ ЗДРАВИ

Доколку имате генерално нездрав животен стил, тогаш веројатно сте свесни за тоа. Повеќето од нас сме свесни дека не треба да внесуваме ѓубре во нашето тело во секоја прилика, посегнувајќи по газирани сокови и целосно игнорирајќи ги суштинските потреби на нашето тело за вежбање – но, ние сепак го правиме тоа. Притоа, некако успеваме да го потиснеме досадниот глас кој се одзива во позадината на нашите умови и ни вели дека треба да прекинеме со лошите навики и да бидеме во форма.

Пораката може да дојде од нашата свест или од доктор, но ние сé уште ќе се преправаме дека сé е во ред. Дури и кога тие околу нас, пријателите, семејството или колегите, јасно можат да видат дека се повредуваме самите себеси.

„Нездрав“ е прилично нејасен термин и може да се однесува на многу работи. Доколку имате прекумерна тежина, може да се смета дека не сте здрави. Истото може да биде точно и ако имате премала тежина или едноставно имате лош начин на исхрана. Но, зборот „нездрав“ е прилично страшен кога постојат сериозни грижи за нашиот генерален физички и ментален интегритет. Постојат грижи на кои треба да им обрнеме внимание, во спротивно нашите животи може да завршат години пред време. Или, доколку успееме да преживееме, квалитетот на нашиот живот би можел да опадне значајно.

Па така, прашањето станува како да препознаете дали не сте здрави. Повторно, најверојатно вие веќе знаете и луѓето околу вас исто така знаат. Исто така, постојат повеќе начини на кои тоа се манифестира, начини на кои луѓето можат да приметат дека не сте здрави, само со тоа што ќе ве погледнат или ќе раговараат со вас. Или, во случај некако да не сте свесни дека вашите избори му штетат на вашето тело, овие манифестации може да ви бидат потсетник – може да ви служат како откритие што ќе ви ги отвори очите дека е време за промена. Голема промена.

Еве седум знаци показатели дека не сте здрави, и дека е време нешто да преземете за тоа.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:56

Лоша кожа
Квалитетот на вашата кожа е сигурен начин да го процените нивото на вашето генерално здравје. Секако, некои луѓе имаат проблеми со кожата како акни, а освен тоа се совршено добри – но квалитетот на кожата може да ви укаже дека има некои поголеми проблеми. Лошиот начин на исхрана може навистина да влијае на квалитетот на вашата кожа, а ако приметувате флеки како стрии? Тоа треба да ви каже дека нешто не е во ред.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:56

Проблеми со спиење
Не можете да заспиете навечер? Тоа може да е индикација дека некои аспекти од вашиот живот треба да се променат. Без разлика дали ја јадете погрешната храна, консумирате премногу кофеин доцна во денот, или не ослободувате доволно енергија во текот на денот, тоа што не можете да заспиете претставува проблем – што потоа носи други проблеми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:57

Проблеми со одење во тоалет
Забележете ја бојата на вашата урина, и дури и колку често одите по голема нужда – овие две мерки можат да ви пружат значителен увид за вашето генерално здравје. И бидејќи ќе прашате – вашата урина треба да биде бледа жолта боја – и пожелно е да е без мирис. Што се однесува до фреквентноста на одење по голема нужда, има широк опсег. Но сé додека одите редовно, најверојатно сте добро. И не ги игнорирајте непријатните детали во вашата истрага.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:57

Зависност од балсам за усни
Доколку ви се усните цело време испукани, и гледате дека не можете да живеете без балсам за усни, тоа е еден начин на кој вашето тело ви кажува дека нешто не е во ред. Конкретно, состојбата на вашите усни е индикатор за нивоата на витамини во вашето тело. Ако ви се испукани усните, можеби не примате доволно витамини – па затоа почнете да јадете разнолик начин на исхрана, и добијте ги сите хранливи материи што ви се потребни.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:57

Лоши нокти
Доколку состојбата на вашите усни не ви е доволно силен индикатор, ноктите на вашите прсти, и на рацете и на стапалата, треба исто така да ве предупредат ако не сте здрави. Забележете дали има испакнати делови, промени на бојата и тумби на вашите нокти – знаци што би требало да означат тревога. Вашите нокти можат да ви укажат многу за вашата генерална здравствена состојба, па ако нешто е чудно, не го игнорирајте.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:57

Варирање на телесната температура
Не е нормално да имате ледено студени стапала и раце. Да, може да играат улога и фактори во околината, но доколку гледате дека ви се екстремитетите постојано ледено студени, тоа може да е знак за кардиоваскуларни проблеми. Конкретно, студени раце или стапала може да значат дека имате проблеми со циркулацијата и дека вашето тело не прима крв кадешто треба таа да оди. Доколку е ова хроничен проблем, треба да го проверите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:57

Заматен ум
Станува сосема јасно дека нашата когнитивна способност и здравје на мозокот се тесно поврзани со нашата физичка состојба. Тоа значи дека прекумерната тежина и покачени нивоа на телесни масти може да имаат значително влијание на нашата способност да размислуваме и резонираме. Ова малку заплашува, но исто така е и поле на истражување што ветува многу. Па, ако не можете да формирате силна мисла, тоа може да е знак дека е време да ослабете малку.

http://popara.mk/2016/zhivot/zdravje/7-predupreduvachki-znaci-deka-ne-ste-zdravi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:29

НАУЧНИЦИТЕ ОД СТЕНФОРД КЛАСИФИЦИРААТ 5 ПОДТИПОВИ НА АНКСИОЗНОСТ И ДЕПРЕСИЈА

Eдно од поинформативните откритија во потрагата по подобро разбирање на аутизмот е широкиот опсег што постои во однесувањето и ефектот. Новинарот Стив Силберман открива детали за тоа колку може да биде различен „спектарот“. Стотици луѓе би можеле да имаат стотици различни генетски причини, што резултирале со популарното чувство во во аутистичната средина: „Ако сретнете една личност со аутизам, тоа значи дека сте запознале една личност со аутизам“.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:30

Дали истото може и за анксиозноста и депресијата? Знаеме дека постојат степени, но дали постојат типови? Постои огромен диспаритет помеѓу чувството на вознемиреност и паничен напад, помеѓу непријатноста на забава или одбивање да се биде дел од некое општествено собирање. За да ни помогне да ги сфатиме овие разлики, едно ново истражување од истражувачите од Стенфорд вели дека постојат најмалку пет различни видови на анксиозност, а секој од нив е во корелација со активирањето на различни мозочни мрежи.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:30

Истражувањето, може да доведе до поспецифичн терапии за оние кои страдаат од анксиозност и депресија - две различни психолошки нарушувања што споделуваат бројни квалитети. Според истражувањето, најмалку 50 отсто од лицата кои страдаат од една форма, покажуваат истовремени дијагнози што се применуваат на други категории.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:30

Само една третина од луѓето во овој спектар на нарушување целосно се опоравуваат, процент за кој тимот се надева дека ќе се зголеми со нивното истражување. Биле собрани податоци од 420 учесници. Средната возраст била 39.8; 61 отсто од волонтерите биле жени. Тестовите вклучуваат само-известување, мозочни мапи и психијатриско дијагностичко тестирање. Исто така, истражувачите беа заинтересирани за тоа како социјалната активност влијае врз секојдневниот живот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:30

Учесниците прво биле класифицирани врз основа на пријавување на нивното негативно расположение, анксиозност и симптоми на стрес. Откако биле поставени подтипови, бил спроведен независен примерок. Потоа симптомите на подтиповите биле изразени на ниво на однесувањето и психолошкото функционирање на секој учесник. На крај, тимот ги истражувал клинички значајните разлики во функционалниот капацитет на подтип.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:30

Во истражувањето тимот ги опишал петте подтипови како:

Тензија - Овој тип е дефиниран со раздразливост. Луѓето се премногу чувствителни. Aнксиозноста го прави нервниот систем пречувствителен.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:31

Анксиозно возбудување - Когнитивно функционирање, како што е способноста да се концентрираат и контролираат мислите, е оштетено. Физичките симптоми вклучуваат забрзано отчукување на срцето, потење и чувство на стрес. Луѓето велат работи како: „Го губам разумот“.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:31

Меланхолија - Луѓето имаат проблеми со социјалното функционирање. Ограничените социјални интеракции дополнително предизвикуваат вознемиреност.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:31

Анхедонија - Примарниот симптом е неможноста да чувствувате задоволство. Овој вид на депресија често е непрепознат. Луѓето често се способни да функционираат разумно кога се во состојба на стрес.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:31

Генерална анксиозност - Генерализиран тип на анксиозност каде основните карактеристики се загриженост и вознемиреност - повеќе станува збор за физички стрес.

Истражувачите од Стенфорд се надеваат дека нивното истражување ќе им помогне на лекарите да препишат подобри третмани индивидуализирани за нивните пациенти.

http://www.fakulteti.mk/news/17-12-23/nauchnicite_od_stenford_klasificiraat_5_podtipovi_na_anksioznost_i_depresija.aspx
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

БОЛЕСТИ - Page 2 Empty Re: БОЛЕСТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот