Коза ностра вест
Страна 1 of 1
Коза ностра вест
Интересен портал, кој малце го подзаборавивме, изгледа ради „конкуренцијата“. Еве една вест од него Груевски: Бројот на затворени медиуми во Турција не е недостижен за Македонија
И реформи по терк на Ердоган, веднаш по следните претседателски избори.
„Тоа се импресивни бројки на затворени медиуми и уапсени новинари, но не се недостижни. Верувам дека со силна посветеност и одлучност ќе можеме сериозно да се доближиме до тие неверојатни бројки.“ порача Груевски додавајќи дека тој проект ќе влезе во изборната програма на коалицијата За подобра Македонија, со што само го потврди наодамнешниот став на неговата партија околу регулацијата на медиумите.
И реформи по терк на Ердоган, веднаш по следните претседателски избори.
„Водоушевени сме од спроведените реформи во медиумската сфера во пријателска Турција. Моделот на Реџеп Таип Ердоган се покажа како доста брз, прецизен и ефикасен. Ваквиот модел, надграден и проширен, наскоро ќе се најде во нашата предизборна програма, и цврсто ветуваме дека со слична регулација на овдешните медиуми ќе се започне веднаш штом партијата ќе победи на следните парламентарни избори, без разлика кога тие ќе се одржат“. стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
defo- Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|