Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

И пустините се убави

Go down

И пустините се убави Empty И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 16:35

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ НАЈУБАВИТЕ ПУСТИНИ НА СВЕТОТ

Пустините важат за места каде што годишно наврнуваат 250 милиметри дожд на метар квадратен. Во Атакама се случува да падне само еден милиметар...

Ви ги претставуваме најволшебните места каде што луѓето се вистинска реткост.


Последната промена е направена од trut на Пет Окт 21 2016, 16:36. Мислењето е променето 1 пати

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 16:35

Сахара

Најпознатата и најголемата во светот, со површина од 9,4 милони километри квадратни. Се протега низ десет држави во северна Африка. Сахара е дом речиси на четири милиони жители. Можете да ги прошетате туристичките делови од пустината, и тоа со тури на камили.

И пустините се убави 20161019-zapoznajte-gi-najubavite-pustini-na-svetot-1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 16:36

Намиб

Многу помала од Сахара. Се протега на 81 илјада километри квадратни. Не е населена, но тука живеат некои животни, како на пример, носорози и зебри. За Намиб се карактеристични високи песочни дини, што достигнуваат 300 метри висина.

И пустините се убави 20161019-zapoznajte-gi-najubavite-pustini-na-svetot-m

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 16:37

Атакама

Познато е дека во пустините годишно наврнуваат 250 милиметри дожд на метар квадратен. Во оваа пустина се случува да наврне само еден милиметар на метар квадратен, поради што се смета за најсушно подрачје на планетата. Се протега низ Чиле, Аргентина, Перу и Боливија. Во Атакама речиси нема растенија и животни, освен чинчила глувци и кактуси.

И пустините се убави 20161019-zapoznajte-gi-najubavite-pustini-na-svetot-2

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 16:37

Антарктика

Станува збор за континентот и истовремено најголемата ледена пустина. Иако таму се измерени рекордни минус 89,2 степени, ова место е истовремено највлажното и најсушното на Земјата. Сигурно ќе се прашате како е можно тоа? Мамецот е тоа што влажноста не се должи на дождовите, туку на фактот што 98% од Антарктика се наоѓа под мраз. Но, со оглед на тоа што ова е најладното место на светот, врнежите се вистинска реткост, поради што овој континент се смета за пустина.

И пустините се убави 20161019-zapoznajte-gi-najubavite-pustini-na-svetot-3

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 16:38

Такламакан

Оваа пустина се наоѓа во централниот дел на Азија, а преку нејзините северни и јужни делови, некогаш поминувал познатиот Пат на свилата. Во Такламакан се случило и најголемото пустинско чудо, кога пред седум години снег ѝ ја покрил целата површина. Дотогаш не се случило цела пустина да биде покриена со снег, поради што Такламакан влегла во историјата како единствена.

И пустините се убави 20161019-zapoznajte-gi-najubavite-pustini-na-svetot-4

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 16:38

Дашт-е Кавир

Се наоѓа во Иран, на површина од 390 километри квадратни. Прекриена е со кристали од сол што се создаваат на тлото поради недостаток од дожд, а целата глетка е импресивна. Летата тука се пеколни, со температура од 50 Целзиусови степени, а посетителите можат да отседнат единствено во куќата Атешони, што им овозможува излети и кампирања во пустината.

И пустините се убави 20161019-zapoznajte-gi-najubavite-pustini-na-svetot-5

http://www.fakulteti.mk/news/16-10-19/zapoznajte_gi_najubavite_pustini_na_svetot.aspx

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:17

Гоби

Пустината Гоби се протега преку Кина и Монголија и во неа се наоѓаат многу градови кои се дел од Патот на свилата. Оваа пустина е дом и на монголскиот црв на смртта, членконог за кој локалните жители опишуваат дека може да досегне должина и до 1.5 метри и да плукне киселина со која го убива својот плен.

И пустините се убави 05-gobi-desert

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:17

Негев

Пустината Негев се наоѓа во јужниот дел на Израел и во неа се наоѓаат неколку значајни бедуински градови. Интересно е тоа што 55% од површината на Израел се наоѓа во оваа пустина.

И пустините се убави 06-Negev-Desert143

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:18

Мохаве

Во пустината Мохаве се наоѓа Долината на смртта на 86 метри под нивото на морето, што ја прави најниската точка во Северна Америка. Најголемиот град во оваа пустина е Лас Вегас.

И пустините се убави 07-Mojave-Desert-Cacti-800x534

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:19

Сонора

Се протега измеѓу Аризона, Калифорнија и Мексико. Од оваа пустина доаѓаат фамозните кактуси кои се постојани „актери“ во каубојските филмови.

И пустините се убави 09-sonora-ls-19179-Arizona-Saguaro-Sunset

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:19

Тар

Се протега на 124.000 квадратни километри и ја сочинува геоморфолошката граница измеѓу Индија и Пакистан. Во оваа пустина живеат 23 видови гуштери и 25 видови змии кои не можат да се најдат никаде на друго место во светот.

И пустините се убави 10-Rajasthan_foto_1133839709

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:20

Руб ал Кали

Руб ал Кали е средишниот дел од Арапската пустина, а е позната под името „празен кварт“ и по црвенкасто-портокаловите песочни дини.

И пустините се убави 11-rub-al-khari-42-2

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Luxor Вто Дек 20 2016, 17:56



Сосема невообичаен Божиќ! Ваква глетка никој не очекуваше – после 37 години и во Сахара падна снег!


Последен пат снег паднал во Алжир во 1979-та година, такашто жителите во градот Аин Сефра вчера биле потполно збунети и воодушевени од глетката којашто ги затекнала.
Фотографиите од песочните дини прошарани со снежни наноси, помеѓу останатите, ги забележал и аматерскиот фотограф Карим Бучетата.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Luxor Вто Дек 20 2016, 17:56

И пустините се убави Sneg-vo-sahara-nevoobicaeno-02
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Luxor Вто Дек 20 2016, 17:56

И пустините се убави Sneg-vo-sahara-nevoobicaeno-04
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Luxor Вто Дек 20 2016, 17:57

И пустините се убави Sneg-vo-sahara-nevoobicaeno-01
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Luxor Вто Дек 20 2016, 17:57

И пустините се убави Sneg-vo-sahara-nevoobicaeno-03
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Luxor Вто Дек 20 2016, 17:57

И пустините се убави Sneg-vo-sahara-nevoobicaeno-05
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Luxor Вто Дек 20 2016, 17:57

И пустините се убави Sneg-vo-sahara-nevoobicaeno-06
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Luxor Вто Дек 20 2016, 17:57

И пустините се убави Sneg-vo-sahara-nevoobicaeno-07
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

И пустините се убави Empty Re: И пустините се убави

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот