Пчеларство

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Сре Сеп 21, 2016 11:33 am

Започнуваат деновите на македонскиот мед.

Денови на македонскиот мед од утре во Скопје


Од утре до недела во Скопје ќе се одржат Деновите на македонскиот мед што ги организира пчеларското здружение „Матица“.



На штандови поставени на улицата „Македонија“ ќе бидат изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а посетителите ќе можат да дегустираат мед и да се информираат за матичниот млеч, поленот и прополисот како здрава храна.

Повеќе информации за годинашниот фестивал на медот ќе бидат презентирани денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Фестивалот на медот се одржува 12-та година по ред

http://ekonomski.mk/2016/09/21/%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B5%D0%B4-%D0%BE%D0%B4-%D1%83%D1%82%D1%80%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D1%81/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 6:00 pm

КОГО ЛАЖАТ

По повод деновите на медот на разни портали се појавуваат информаљции кои никако не држат вода. На пример порталот Фактор тврди дека може добро да се заработува од пчеларство, па дури пренесуваат некакви совети од некакви искусно пчелари како може да се започне со пчеларење и како да се стигне до таа според нив "добра заработка".

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 6:03 pm

Ова подолу е дел од написот во фактор.

Од пчеларството може пристојно да се живее. Меѓутоа, пред да се обезбедат приходи од пчеларството, потребно е да се вложи повеќе труд отколку пари. Познавачите ги советуваат почетниците најпрво да го научат занаетот од искусните пчелари, а потоа да соберат близу 1000 евра и да купат пет кошници и опрема .

Уште на почетокот напишале лага, но на тоа че се задржиме подоцна. Сега само да напоменам дека заштедување од 1000 евра за просечниот македонец кој зема минимална плата од 10 илјади денари, а има огромни режиски трошоци е невозможна мисија. Освен ако парите не му паднат од небо, или не се задолжи со одлични изгледи дека од минималната плата ќе треба да го враќа и кредитот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 6:07 pm

Уште еден цитат.

Првата година треба само да се одржат пчелите во живот, а втората е резервирана за отплата на вложеното, додека првиот профит треба да го очекувате во третата година.

Точно така, ама за да се одржат во живот, според истиот портал потребни се:

На препарати за заштита на пчелите годишно одат околу пет евра по кошница. Пчелите е потребно да се прехранат со шеќерен сируп во беспашниот период. На пет кошници се потребни околу 250 кг шеќер во сезона.

Вкупниот износ значи би требало да го зглемиме за отприлика 200 евра.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 6:12 pm

Во однос на треба да се напомене дека доколку на иавдите рој од развиеното пчелно семејство наредната година, мед нема да добиете, а за ројот потребна ви е нова кошница која исто така чини пари, а потребни се и прапарати за заштита како и прихрана, па на тие пет роеви ќе потрошите нова сума од некои 500 евра. Враќање на вложеното во пнаредната година нема.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 6:14 pm

Дури и под услов да ги продаде добиените пет роеви, останува прашањето како тогаш почетникот би стигнал до 100 кошници кои според порталот се минимумот за да се живее од пчеларство.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 6:23 pm

Најголемата лага, која лесно ги носи во заблуда почетниците е количината произведен мед по кошница и неговата цена. Според порталот:

-Од една кошница пчеларите годишно можат да добијат околу 30 кг мед, додека почетниците треба да рачунаат на значајно помала количина.

Оваа бројка може само да ја сонуваат, затоа што просекот на добиен мед од едно пчелно семејство во Македонија веќе долга низа години не надминува десет килограми. Па откога почетниците кои би требало наредната година да ги вратат вложувањата ќе добијат, доколку временските услови дозволат се разбира, 50 килограми мед и го продадат по цена од 300 до 350 денари, може да се види колку ќе ги вратат вложените средства во втората, а ќе имаат профит во третата година.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 6:26 pm

Зошто се шират вакви пшриказни низ медиумите не е тешко да се заклучи. Многу поисплатливо е да продаваш роеви чија цена се движи и до педест евра отколку да произведуваш мед. Покрај тоа што производството на мед бара голема стручност, тоа зависи пред се од временските услови па не се ретки годините кога не може да се достигне ниту просекот од десет килчограми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 6:29 pm

Интерес имаат и произведувачите на кошници. Ретко кој пчелар, кој веќе го достигнал зацртаниот број пчелни семејства, кој обично се движи околу бројката за добивање субвенции ќе го проширува пчеларникот па добредојдени се почетници кои би ги купувале произведените кошници.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 7:00 pm

Да не ги заборавиме и прозводителите на сотни основи. Една сотна основа се продава по цена од 70 денари. За тие пет спомнати кошници почетникот мора да купи најмалку педесет, по десет за секоја кошница што е додатен трошок од педесет евра. Ако сака и медиштата да му бидат изградени за наредната сезона тоа се вкупно сто евра.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 7:02 pm

Земајки се во предвид, субвенциите кои изнесуваат 10 евра по копшница, можеби помагаат за опдржување во живот на пчелните семејства кај оние кои ги имаат доволно за да побараат субвенции. За тоа потребни се минимум 35, а за надморска височина над 700 метри потребни9 се седумнаесет пчелни семејства.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 7:04 pm

Според сето ова, пчеларството можеме слободно да го прогласиме за ризичен бизнис, кој не дава целосна сигурност за да се живее од него. Понапред би требало на него да се смета како на допшолнителен би9знис но, и тоа е спорно. Затоа што во досегашното разгледување не се земени во обзир патните трошрци како и работната рака.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 7:06 pm

Овие трошци се доста големи. Горивото е скапо, одржувањето на возило исто така. Пчеларникот не може да ви биде во населено место, постои опасност да предизвикате здравствени последици па и нечија смрт, затоа мора да го стационирате подалеку од луѓето и животните, што од своја страна ги зголемува транспортните трошоци.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 7:09 pm

Работната рака мора да се вброи во трошоци. Ако не сте на пчеларникот, вие ќе работите нешто друго што би можело да донесе приход. Во зависност од тоа колку ја цените вашата работа профитот, ако воопшто го има можа деа биде помал или поголем.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 7:13 pm

Со сето ова горе посоченото, сакам да укажам дека не само што не е едноставно, туку е и скапо и ризично започнувањето на пчеларски бизнис. Покрај внимателно планирање имате обврска да научите колку што можете повеќе за пчелите, да имате обезбедени средства за пчелите да ги одржите во живот не базирајки се на заработката од нив, која може лесно да изостане благодарение на лошите временски прилики кои се се почести поради промената на климата и глобалното затоплувањер. Постојат и опасностите од прскањето на растенијата од несовесните овоштарти кои прскаат во време на цветањето и масовно ги трујат пчелните семејства.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Чет Сеп 22, 2016 7:16 pm

Затоа внимателно проучете се околу пчелите и пчеларството. Не слушајте приказни од околината, ниту верувајте на некакви написи во медиумите и некакви пррачници издадени само зазаработка на пари од лековерните. Користете научни трудови, званични документи од државните институции, следете го пазарот и цените, па дури тогаш одлучете дали сакате да станете пчелар.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Нед Окт 23, 2016 9:54 pm

Еве две убави слики од саќе полно со мед. На првата слика е претставена изградена рамка со саќе полно со мед, поточно само дел од рамката но доволно големо за да сфатиме за што се работи.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Нед Окт 23, 2016 9:58 pm

Еве ја и целата рамка чиј дел е на сликата погоре.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Гостин on Нед Окт 23, 2016 10:02 pm

На оваа слика може да се види страничниот дел од саќето, и запечатениот мед во него. Рамката е изградена во алпска кошница која на едната страна има стакло па пчелите го залепиле саќето за стаклото.




Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by IVA on Пет Ное 18, 2016 6:15 pm

ne deka se razbiram vo pcelarstvo ,no motivot za ovoj post e sosema drug
avatar
IVA

Број на мислења : 241
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by luxor on Нед Ное 27, 2016 11:43 am

Сакаш да кажеш дека си вредна како пчеличка? Very Happy
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by delta on Сре Ное 30, 2016 12:42 pm

saka da kaze deka bocka kako pcelicka.
avatar
delta

Број на мислења : 256
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by luxor on Пон Aвг 28, 2017 3:12 pm

Климатските промени влијаат директно и на пчеларството. Мора да се прилагодуваат и пчелите и пчеларите.

http://sitel.com.mk/namaleno-proizvodstvoto-na-med-vo-kumanovo
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by OPOZICIONER on Саб Окт 21, 2017 9:32 pm

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД ВО КОЧАНИ
Годинава беше лоша за пчеларството,Николовски вети финансиска поддршка
Продолжување на финансиката поддршка за пчеларството со мерките во Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, вети денеса министерот Љупчо Николовски кој во Кочани присуствува на 20-тата манифестација „ Денови на македонскиот мед Кочани 2017“.
Оваа манифестација е одлична можност за граѓаните да се запознаат со врвните македонски пчелни производи, а за пчеларите, да разменат искуства кои ќе им помогнат во унапредување на производството.

Пчеларството е гранка која има посебен придонес во земјоделскиот сектор, од една страна поради големото биолошко значење на медоносните пчели при опрашување на фуражните, индустриските и овошните култури, но, од друга страна од пчеларството произлегуваат високо вредни пчелни производи.

Освен медот на кој што единствено помислуваме кога ќе се спомене зборот „пчела“, пчелите создаваат и други производи како што е матичниот млеч, поленот, прополисот и друго.

Познато е оргомното хранливо својство на пчелните производи, и слободно можеме да кажеме дека пчелите поизведуваат нешто што не може да биде произведено ниту во фармацевтските лаборатории. Токму затоа пчелните производи имаат и висока ценовна вредност и се доста барани на пазарот.
Свесни сме дека годинава од аспект на временските прилики беше исклучително лоша за целиот земјоделски сектор, вклучително и за пчеларството, кое што претрпе големи штети поради екстремно ниските температури и поради сушата. Како ресорно министерство сме во постојан контакт со пчеларските здруженија, со цел да изнајдеме соодветни мерки за решавање на проблемите, кои што ќе бидат во корист на пчеларите“, рече Николовски.

Министерот потсети дека меѓу првите субвенции кои ги исплатија беа а субвенции за пчеларите кога за еден ден беа исплатени над два милиони евра субвенции за пчелни семејства.

„Македонија има одлични природни услови за развој на пчеларството, но неопходни се соодветни системски мерки за комплетно искористување на природните потенцијали во полза на пчеларството, на што како министерство ќе посветиме сериозно внимание.

Креирањето на нашите идни политики ќе биде во насока на развој на унапредување и создавање на конкурентни производи со висока додадена вредност“, истакна министерот.
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 254
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пчеларство

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот