Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Пресови, соопштенија, изјави...

+3
трендафил
reiter
osa
7 posters

Страна 1 of 5 1, 2, 3, 4, 5  Next

Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by osa Сре Јан 14 2015, 02:50

pak maleckiov od vmro NP prael analiza ...aj nekoj neka dade link da vidime shto kazal MAESTRO LJubcho ,predsedatel na vmro NP ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Сре Јан 14 2015, 10:25

Mislish na ova soopshtenie od VMRO-NP ?

ВМРО-НП: Програмата на Алфа, Канал 5 и Сител насочена против македонскиот идентитет

„ВМРО-Народна партија со внимание ја анализираше уредувачката политика на владините национални медиуми во 2014 година, посебно на телевизиите: Алфа, Канал 5, Канал 5+, Сител и Сител 3, во кои доминираа емисии со српска националистичка содржина, директно насочена против македонскиот идентитет“, стои во денешното соопштение на ВМРО-НП.

Пресови, соопштенија, изјави... VMRO-NP

„Како поинаку да ги наречеме стотина пати репризираните документарни емисии во кои се величи српството во балканските војни и Првата Светска Војна, филмот ,,Маршот на Дрина,, серијалот посветен на ликот на Никола Пашиќ, на најголемиот српски националист и осведочен душман и негатор на македонскиот народ и идентитет, емисии за српските династии Обреновиќ и Караѓорѓевиќ, серијата ,,Монтевидео,, и најголемата глупост, серијата што деновиве се емитува под името ,,Војна Академија,, која претставува замена за носталгијата по окупациската ЈНА, до петпарачки филмови и емисии каде доминираат неморал, пцости , резилии и други гадости. А сето тоа во меѓувреме зачинето со повеќечасовна српска турбо фолк музика.

Врв на сето ова претставуваше српската новогодишна и божиќна телевизиска програма специјално подготвена зааедничка за Србија и Македонија , повеќекратно засилена за да се добие поголемо влијание врз македонските граѓани кои за празничните денови во голем број останаа во своите домови.

Медиуми кои имаат национален предзнак и уживаат целосна подршка од Владата, и кои добиваат големи суми на средства од домашни и надворешни ментори, а за возврат емитуваат програма која претставува духовно злосторство врз сопствениот народ, е рамно на предавство. Тие заслужуваат да се стават на столбот на срамот и никогаш да не се симнат.

ВМРО-Народна партија за сите овие состојби крајно опасни по идентитетот на македонскиот народ, како единствен виновник директно ја посочува ,,најмакедонската партија,, ВМРО-ДПМНЕ со нејзината влада како извршител. Господа од ВМРО-ДПМНЕ, зарем не ви е срам од сегашнава ваша идеолошка матрица која се повеќе наликува на идеологијата од раните години на 20 век на српските радикали и националисти предводени од гореспоменатиот водач и подоцнежното српско четништво кои отворено го негираа постоењето на македонскиот народ“ прашуваат од ВМРО-НП.

http://libertas.mk/%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%BD%D0%BF-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BB%D1%84%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB-5-%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D1%82/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by reiter Сре Јан 14 2015, 20:35

ИНТЕРВЈУ Мухамед Зекири: Никола Груевски ќе мора да прифати избори кои тој нема да ги организира!
За Мухамед Зекири „бомбата“ што ја најавува лидерот на СДСМ може да предизвика екплозија на народот, но владејачката ВМРО ДПМНЕ е способна до тој степен што може да ја активира целокупната своја  машинерија и за евентуалната експлозија на народот да ја обвини опозицијата без разлика што ќе говорат доказите на СДСМ. Главниот и одговорен уредник на Алсат-М мисли дека е можно  „Украинско сценарио

narodenglas.com/%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D1%98%D1%83-%D0%BC%D1%83%D1%85%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%B4-%D0%B7%D0%B5%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2/


Последната промена е направена од reiter на Сре Јан 14 2015, 20:50. Мислењето е променето 1 пати
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by osa Сре Јан 14 2015, 20:44

vo sekoj sluchaj ova spored mene ke bide borba megu dve opcii...rizik i za edni i za drugi ...koj ke pobedi toj ....nema drug izlez ...pak najjakite se so najdobra analiza ,mislam na analiza na mediumi ....
malku samo da dopolnam ,kakov e toj zakon za makedonska muzika na nacionalnite TV kuki ....eve go cirkusot ...cel den i cela nok frchi srpska muzika ,a posle polnok od 4 do 5 chasot nautro vo zora se pushta makedonska muzika ...i ova da ti bilo po patriotski terk ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Пет Јан 23 2015, 16:12

Партијата на Љубчо Горгиевски, со реакција за загадениот воздух во Скопје...

ВМРО-НП: Што треба да се случи за властите да реагираат за загадениот воздух

ВМРО-Народна партија е загрижена од секојдневните информации за степенот на загаденост на воздухот во Р.Македонија, пред се во градовите Скопје, Тетово и Битола.

- Од оваа состојба која предизвикува тешки пореметувања по здравјето на граѓаните, дури и со фатални последици по некои од нив, сите во Р.Македонија се крајно загрижени, освен оние кои имаат обврска да не заштитат од оваа елементарна непогода, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

- Иако оваа драматична состојба со загадувањето на воздухот во Р.Македонија трае подолго време и е ударна вест на сите светски агенции, надлежните институции, а пред се министерството за здравство, упорно молчи, потенцира во своето соопштение ВМРО-НП.

Тие бараат од министерот Никола Тодоров да се изјасни дали се чувствува одговорен за неговата основна функција која подразбира грижа за здравјето на граѓаните, и прашуваат дали, не дај боже со првата жртва од загадувањето, во неговото министерство и Владата ќе се запали црвеното светло за аларм.

- ВМРО-Народна партија заради сериозноста на проблемот очекуваше итна соодветна реакција на горе прозваните институции. Но, очигледно е дека во министерството, во Владата на РМ и кај градоначалниците, не постои добра волја и доволен стручен капацитет кој ќе може да се справи со оваа кататасрофа, соопштува партијата.

ВМРО-Народна партија предлага да се формира наднационална и надпартиска комисија составена од домашни и странски експерти по оваа проблематика, која најпрво ќе ги утврди вистинските причини и носителите кои ја доведоа земјата до оваа состојба, а потоа, врз основа на нивниот стручен капацитет што го поседуваат, ќе предложат соодветни мерки за елиминирање на штетните последици од загадениот воздух кој секојдневно ги трујат граѓаните и децата на Р.Македонија.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19655

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Нед Фед 08 2015, 11:44

Кекеновски на фејсбук за патриотите.

Знаете ли што браните и од кого браните? Ќе се срамите сами од себе!

ЧУДЕСИИТЕ НА СТИМУЛАЦИЈАТА – КOЛКУ ПОГОЛЕМИ БЕНЕФИЦИИ, ТОЛКУ ПОГОЛЕМИ ПАТРИОТИ!

Пресови, соопштенија, изјави... Jove-Kekenovski

Со повлекување на измените и дополнувањата на Законот за виското образование, со прст во уста останаа сите оние професори од контрапленумот кои без малку размислување го дадоа својот глас за играта која немаа капацитет да ја сфатат, а оние најбучните кои отидоа дури и до Претседателот на државата доколку имаат и малку доблест повеќе не треба да се појават во јавноста барем во наредниве десетина години за да ги подзаборавиме нивните гадости и бербатлуци.

Сега во слична таква ситуација сè и сите оние кои свесно или несвесно, доброволно или принудно се појавија во некакво ,,Граѓанско движење за одбрана на Македонија”. Иста шема како и со контрапленумот на професорите. На сите вести постојано се труби како уште некој ,,загрижен” се прилкучил на здружението. Мошне провидно и евтино. Но, да ги оставиме медиумите (зошто тие и нивните сопственици брзо знаат да завртат друга страница) туку да ги запрашаме иницијаторите на ова ново лудило: Добро бре луѓе знаете ли што браните и од кого браните? Дали сте свесни што правите?.

Велите дека ова не го правите од политички побуди и од политички предрасуди, а сепак најголем дел од јавноста ве доживеа како луѓе кои нешто земале, односно како луѓе кои нешто должат па се обидуваат долгот да го вратат на ваков начин!. Голем дел од граѓаните се прашуваат каков долг враќате?. Дали ова е контрауслуга за добиените функции (директори, членови на управни и надзорни одбори, членови на разни комисии и др), за исплатените високи хонорари за проекти во кои сте биле вклучени, за добиените привилегии и разни други бенефити од власта? Или се лажам!?

Јас би сакал да верувам дека ваквите размислувања произлегуваат од устата на оние кои имаат злобен јазик и дека навистина кај Вас ,,проработил” патриотизмот. Ама, ајде да Ве запрашам: Како тоа најголем број од Вас ги немаше никаде (со чест на еден од Вас кој седеше во позадината на вашето претставување во јавноста) и не реагиравте на ваков начин кога во 2001 година се бранеше државата и кога таа беше во многу поголема опасност? Тогаш не бевте загрижени за дестабилизираната држава, која беше нападнаа од терористите, кога беше загрозен територијалниот интегритет и суверенитет и кога постоеше опасност истата да ја снема!?. Не бевте загрижени за илјадниците животни судбини во тие моменти.

Исто така досега воопшто не бевте вака агилни, гласни и ,,храбри” кога коалициониот партнер ДУИ во повеќе наврати јавно се закануваше дека ќе ја дестабилизира државата доколку не им се удоволат нивните барањата. Каде бевте да реагирате кога со се амнестираа теористите? Не видовте или не слушнавте? Тогаш седевте во топлите домови и ниту еден збор не изустивте во јавноста. Гледавте сеир и молчевте како риба на суво. Па, оттаму и логично е прашањето дали во тоа време не бевте доволно ,,стимулирани” (па немаше што да враќате) и затоа не ја видовте опасноста од дестабилизација и опасноста за опстанокот на државата?!

Иако најголем дел од Вас ве имам за пријатели и познаници сепак морам да ви кажам дека беше жално да гледа човек како ви се пењават устите од неискреност во тие моменти. Се ставивте во улога на судии и обвинители, а што е уште пострашно се ставивте во улога на делители на народот, а сеуште нема ништо излезено во јавноста.

Онака како што е појдена работава, по се излгеда дека и Вие за некој ден ќе поминете исто како и оние од професорскиот контрапленум. Ќе се срамите сами од себе. Ќе ја наведнете главата и ќе гледате да се сокриете од јавноста. Ама доцна ќе ви биде, зошто од срам не може да се избега.

Јове Кекеновски – Фејсбук статус

http://libertas.mk/%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BB%D0%B8-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%BE-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Сре Сеп 30 2015, 19:15

Ja zapostavivme temata, a ima dosta interesni izjavi vo posledno vreme...

Тој има фирма којашто е трета во тендерите за „Скопје 2014“


Јас не го гледам во очи тој човек кога преговара, но јас имам големи резерви кон тој човек, тој има конфликт на интереси и тоа е една од слабите точки во овој процес. Австрија има многу капитал овде и тој има фирма којашто е трета во тендерите за „Скопје 2014“ и јас до крај ќе бидам со резерва во тој процес.

Петар Гошев ја коментира улогата на европскиот посредник Јоханес Хан во македонската криза; на промоција на книга, 28.09.15.

http://okno.mk/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by трендафил Чет Окт 01 2015, 09:52

Кекеновски нешто по февруари го нема да се јави по медиумите. Затоа што не сака повеќе да зборува против идната (и сегашна) власт во Македонија. Во февруари изгледа мислеше дека бомбите на СДСМ и соросоидите ќе имаат разорно дејство на актуелната власт, оа се спремаше да завземе некое место во идната. Што се однесува до Петар Гошев, нека ви објасни зошто инсистираше во 1994 година да се бојкотираат изборите. На кои победи СДСМ со, според Гошев, изборна кражба. Хан иначе не доаѓа во Македонија во лично име, туку ги спроведува ставовите на ЕУ. Така барем тврдевте кога амбасадор на ЕУ беше Фуере. Дека тие од ЕУ не спроведуваат лични ставови.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Чет Окт 01 2015, 11:05

Хан е корумпиран. Гошев во тоа време соработуваше со Љубчо, лидерот на ВМРО кого го нарекувавте војвода. И кого го предадовте. За 30 сребреници.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Чет Окт 01 2015, 12:19

ВМРО-НП ги повика своите членови да се потпишат за амнестија на затворениците

ВМРО-Народна партија соопшти дека целосно ја поддржува иницијативата за собирање потписи за распишување референдум, со што ќе се обезбеди законска можност за ставање на дневен ред на законот за амнестија во Собранието ги повика партиските членови и симпатизери да го дадат својот потпис.


ВМРО–Народна партија бара од пратениците едногласно да се изјаснат во корист на овој закон, истанувајќи дека секој човек што се огрешил пред законот, заслужува шанса за нов почеток.

„ВМРО-Народна партија предлага донесување на закон за амнестија, со кој ќе се доизгради системот од правни норми кој ја регулира казнената политика и санкционирањето, во насока на ублажување на драконските казни и овозможување на осуденото лице да ја почувстува милоста од опшеството на кое и припаѓа. Секако, тој закон со поединечни членови ќе ја одреди категоризацијата на осуденици во однос на тежината на сторените кривични дела, освен за најтешките кривични дела за кој нема да важи и според истите критериуми ќе се доделува заслуженото помилување“, се наведува во соопштението.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by трендафил Чет Окт 01 2015, 14:25

Не се согласувам со тоа сите криминалци до еден да добијат амнестија доколку издржале 2/5 од казната. Посебно не кога се работи за криминалци повратници сторители на тешки кривични дела. И криминалци кои правеле проблеми и во затворите.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Чет Окт 01 2015, 17:44

Tuka se soglasuvame Trendafile...Samo se prashuvam dali istata pesna kje ja peesh koga tvojot pastir i familijata kje zavrshat na robija...Ili kje bidesh prv na protestite za amnestija... Question

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:07

Genijalecot Trichko...

Премиер во салон за хемиско чистење!

Ќе го претворат седиштето на владата во бегалски камп или во салон за хемиско чистење и ќе го снимаат со скриени камери како доаѓа и држи седници на владата!
Тоа е така тажно!

Пресови, соопштенија, изјави... Tricko-304x540

П.С.
Отсекогаш сум те мразел, не во говорот на омразата, туку во чувствата, од дното на душата сум те мразел, така се вика тоа, нели, но ова што ти го прават, е сурово и безмилосно, Никола, послушај ме, си играат курташак со тебе, те прават луд, свикај прес конференција, облечи го најубавото одело, позајми една розе кравата од Керим, со потемна нијанса шамивче за во реверот, и на јавната сцена предај му ја на народот историската штафета на Македонија, ти твоето си го одработи, ако ти е Австрија далеку, избегај во Бугарија или во Србија, сеедно е зашто и таму и ваму ќе те фатат, голема работа, ене го Санадер, жив и здрав, малку подостарен, што му фали, ништо, а тебе, Никола, тебе ти фали се, најмногу ти фали мир и спокојство, Никола!

Бранко Тричковски

фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Ное 11 2015, 19:28

Sahrana - 3 m pod zemja!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 22:27

СДСМ не беше на власт последниве 10 години, бре морони!

Жарко Трајаноски

Пресови, соопштенија, изјави... Grujo_8

СДСМ бил крив за тоа што членови на владата ја злоупотребувале власта.

СДСМ бил крив што имало корупција во јавните набавки.

СДСМ бил крив за корупцијата во урбаното планирање (читај „Скопје 2014“).

СДСМ бил крив за корупцијата во финансирањето на политичките партии.

СДСМ бил крив за корупцијата во јавната администрација.

СДСМ бил крив за вмешувањето во независноста на судството.

СДСМ бил крив за застрашувањето и смртните закани, и за прислушкувањето на новинарите.

СДСМ бил крив за манипулациите со избирачките списоци, за заплашувањето на гласачи, за заканите врз јавните службеници и фирми, за купувањето гласови со буџетски пари, за спречување на гласачите.

СДСМ бил крив што со опремата на МВР незаконски се прислушкувале десетици илјади луѓе.

Па, СДСМ не беше на власт последниве 10 години, бре морони!

Вие сте на власт.

Сиктер!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

http://okno.mk/node/51278

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 00:11

E ne bese, ama pak Branko e kriv. Ne sakas belkim samite sebe da se obvinat.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 00:24

Ednas kriv zasekogas kriv. Im proagase dosega, pa ne e cudno potmogontato so evricinja i sega da im projde.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:22

Bre ne mozhev da odoleam...Trichko e vo tvorechki zenit...

Воркохоликот во служба на смртта, не е ништо во споредба со претседателот на таканаречената влада

На министерот Тодоров му умреа повеќе луѓе отколку што загинаа во атомскиот напад врз Хирошима, но тој не е сосема задоволен од себе, чувствува дека може уште многу да даде за здравјето на нацијата!
Вели дека и за последниот Македонец ќе купува мамографи, брзи помошти и гинекологии колку и за сите, дека ќе инвстира за тој еден човек повеќе отколку што комуњарите инвестирале за сите!

Пресови, соопштенија, изјави... Branko-trickovski1

Но, тој воркохолик во служба на смртта, не е ништо во споредба со претседателот на таканаречената влада, инаку негов партиски и државен шеф, тој, значи, не само што го има него, на кого му умреа повеќе луѓе отколку во атомскиот напад врз Хирошима, тој е вршител на должноста прајминистер на кого за два месеци му сменија двајца министри на полицијата, па му сменија уште еден министер, па му го сменија шефот на тајните служби, па му се јави главниот министер да му каже дека е луд и дека ќе го мава со телефонска слушалка, па му отиде главниот ковчежник, едвај се извлече човекот по толку оставки што му ги отфрли нашиот пациент, па му дојде меѓународна комисија да му ги оправа работите во државата, па му го составија извештајот Прибе во кој се вели дека тој ја отерал државата у курац, па дојде време во Брисел да не знаат што да прават со препораката, па од многу убавина му се исели една третина од населението, па му поставија специјална обвинителка која ќе му ги истражува тешките криминали од бомбите на Заев што го разнесоа на парчиња суспендирани гомца и- ништо, човекот не се дава, ќе оди на избори!
И, ај тој што ќе оди на избори туку сите ќе одат што значи дека во тој изборен натпревар меѓу него и нино и сите други нема никакви разлики во смисла на можноста да се натпреваруваат, но во политичка смисла тие се супериорни пред народот затоа што имаат зад себе дела и во себе пари!
Тие мислат дека ако не победат на изборите ќе мора да останат на власт за да се справат со антимакедонскиот заговор што им ја ускратил победата!
Бранко Тричковски

фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:24

I ushe neshto...Koj veli deka pametta i ubavinata ne odat zaedno...Mis na Makedonija go rushi mitot za ubavite no praznoglavi devojki...

Актуелната Мис на Македонија Емилија Розман разочарана од македонската политика

Актуелната Мис на Македонија Емилија Розман со фатална изјава со која ги разгоре социјалните мрежи.- “Сум во тек и не сакам да молчам, но колку и да зборувам ќе бидам цензурирана затоа што во нашата држава не само што не се почитува, туку вашето мислење едноставно не постои доколку не сте истомисленик на власта, па веднаш ве декларираат како член на опозицијата, соросоид и не знам уште што. Да не беше жално, ќе беше смешно се ова што се случува. Сите одат напред, ние одиме назад. Срамота е ова. Шетам низ светот, ја раскажувам приказната за Македонија, но како што тргнале ќе го уништат сиот добар материјал кој вреди да се каже и покаже на светот. Колку што сакам да го кренам гласот и да се борам за своите права, толку и не ми се ни прави муабет, колку ми е мака. Единствено што можам е да давам поддршка, кога можам морална, кога можам рамо до рамо, со сите оние на кои им е доста и сакаат нешто да се промени, да ја промениме насоката на движење и конечно да тргнеме напред. Ако тоа воопшто е возможно”?

Пресови, соопштенија, изјави... %D0%B5%D0%BC%D0%B0-359x540

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 16:26

Конечно, ова е почетокот на крајот на куририте и нивните манипулации.

МВР го демантира Курир

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија го демантира текстот на порталот „Курир“, „Луксузни возила за себе и соработниците-прв приоритет на новиот министер за внатрешни работи“, од 11.11.2015 година. Од МВР потенцираат дека наводите во текстот се невистинити. Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Пресови, соопштенија, изјави... MVR-Zgrada-540x360

На новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски му беше доделено она што следува на неговиот кабинет согласно Правилникот за распределба , користење, одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи, кој е донесен на 30.11.2009 година врз основа на член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Во Министерството за внатрешни работи, како што веќе информиравме, на 11.11.2015 година извршено е примопредавање на функцијата помеѓу претходниот министер м-р Митко Чавков и новиот министер Оливер Спасовски. Исто така, на оваа средба новиот министер беше запознаен со активностите и работната содржина на Министерството за внатрешни работи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Ное 12 2015, 19:42

Тео напиша:I ushe neshto...Koj veli deka pametta i ubavinata ne odat zaedno...Mis na Makedonija go rushi mitot za ubavite no praznoglavi devojki...

Актуелната Мис на Македонија Емилија Розман разочарана од македонската политика

Актуелната Мис на Македонија Емилија Розман со фатална изјава со која ги разгоре социјалните мрежи.- “Сум во тек и не сакам да молчам, но колку и да зборувам ќе бидам цензурирана затоа што во нашата држава не само што не се почитува, туку вашето мислење едноставно не постои доколку не сте истомисленик на власта, па веднаш ве декларираат како член на опозицијата, соросоид и не знам уште што. Да не беше жално, ќе беше смешно се ова што се случува. Сите одат напред, ние одиме назад. Срамота е ова. Шетам низ светот, ја раскажувам приказната за Македонија, но како што тргнале ќе го уништат сиот добар материјал кој вреди да се каже и покаже на светот. Колку што сакам да го кренам гласот и да се борам за своите права, толку и не ми се ни прави муабет, колку ми е мака. Единствено што можам е да давам поддршка, кога можам морална, кога можам рамо до рамо, со сите оние на кои им е доста и сакаат нешто да се промени, да ја промениме насоката на движење и конечно да тргнеме напред. Ако тоа воопшто е возможно”?

Пресови, соопштенија, изјави... %D0%B5%D0%BC%D0%B0-359x540

DOOOOBRAAAA!!!!!!!!!!!!!!!!!! Very Happy
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Сре Дек 02 2015, 17:22

Joci na fejsbuk...

Сaкaвте држaвни врaбoтувaњa, еве ви ги. Сегa, ќе се спaсувaме, кoј кaкo мoже и знaе

Koнечнo сите 300.000 пензиoнери и нивни гoре-дoле 100.000 децa, кoи, зaвисaт oд тие пензии, без рaзликa врaбoтени или неврaбoтени, плус 200.000 буџетaри, стaнaa свесни декa пензискиoт фoнд и буџетoт се КАПУТ aкo држaвaтa, секoј месец, не земе нoви, свежи пaри преку кредитнo зaдoлжувaње.

Пресови, соопштенија, изјави... Jordanka-Ivanovska-Joci-540x540

Сите oвие 600.000 oстaнaa без здив нa сaмaтa пoмислa декa пензиите и плaтите мoже дa дoцнaт или дa не се исплaтaт нa неoдреденo време.

Сегa јaснo ви е кoлку е чaсoт ? Верувaјте ми, уште не ви е јaснo. Ние сме држaвa пoд хипoтекa, нa кoјa и’ се oдбрoјaни минутите кoгa некoј ќе викне “стoп, тoлку беше” и прoглaси бaнкрoт. Држaвa, сo пoлитичaри чии рaце се зaкрвaвени oд кoрупцијa, криминaл и рaспрoдaжбa нa Мaкедoнијa.

Зaд секoј еден спoменик, фoнтaнa, бетoнскa згрaдa, фaсaдa oд СК2914, пoкрaј кoи се кезите нa селфијa и се стaвaте нa Фејсбук, се кријaт пo некoлку пoлитичaри, грaдoнaчaлници, скулптoри, вaјaри, грaдежни фирми, директoри oд ј.претпријaтијa, кoи си гo земaле делoт кoј не им припaѓa и гo сoкриле вo некoјa oф-шoр бaнкa.

А вие уште ги гледaте oние сaпуници нa тв, oние свински т.н. нoвинaри, кoи, ве бaњaaт вo лименo дупнaтo кoритo, пиете пo ќoшињa пo кaфaни oд јaд и се криете oд кaмери, зa дa не кaжете јaвнo штo нaвистинa мислите.
Акo ви е. Сaкaвте држaвни врaбoтувaњa, еве ви ги. Сегa, ќе се спaсувaме, кoј кaкo мoже и знaе. Гoтoви сме !

Јорданка Ивановска – Јоци
фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Нед Дек 13 2015, 20:49

Реакции по повод сечата на дрвја во универзитетскиот кампус на УКИМ

Пресови, соопштенија, изјави... Lukash

Бранко Тричковски

Собрание на Република Македонија (Остатоци)

ЗАКОН ЗА ГАДАФИКАЦИЈА

Општи одредби

(мотиви и цели)

Со овој закон се уредуваат правата и обврските на општеството во случаите на дивјачко сечење на дрва од градското зеленило. Преку заштита на дрвата како живи суштества општеството се остварува како морална категорија и го демонстрира својот интерес за здрава и убава животна средина.

Член први

Гадафикацијата е процес на ритуално набутување на дивјачки пресечените дрва во телесните отвори на монструмот/монструмите-дрвосеча/дрвосечи , во понатамошниот текст „злосторник/злосторници“.

Член втори

Извршителот на гадафикацијата во смисла на овој закон е секој нормален човек кој своето право и обврска е должен да ги изврши во секое време и на секое место.

Член трети

Гадафикацијата почнува со шупакот на злосторниците како отвор со приоритет!

Член четврти

Другите отвори се употребуваат само ако шупакот на злсторниците не е во состојба да ја прими сета затечена небичена граѓа.

Член петти

Сите дрвца се бутаат неделкани. Задолжително!

Член шести

Овој закон стапува во сила уште пред да се објави.

Собрание на Република Македонија (Остатоци)

Претседател, с.р.

Скопјанг, 11.12.2015

Фејсбук


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Нед Дек 13 2015, 20:49

Саше Ивановски

Да влезеш во дворот на универзитетот во кој учат 10.000 студенти и во 3 ноќе да ги сјебеш сите 50-тина дрва, иако можеле да бидат пренесени со специјални машини малку подолу во дворот или во дворот на МТВ од другата страна на булеварот, и сето тоа на денот на дрвото и сето тоа пред неколку месеци од изборите на кои ќе добиеш шут у г’з и сето тоа после сите протести на студентите кои беа историски, и тоа во моменти кога загаденоста е топ тема и народот умира од смог со рекордни нивоа на ПМ честици, е тоа бара невидени количини на лудило кое може да го има само ова ВМРО-ДПМНЕ! У УСТА ДА ВЕ ЕБАМ СИТЕ ПО РЕД!!!

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин Нед Дек 13 2015, 20:50

Јани Макрадули

Уште во 2006 ВМРО-ДПМНЕ влезе во сеча на УКИМ. Сакаше да се реваншира за сите слаби оценки и паѓања како последица на нивното неучење и незнаење. Ги сечеше професорите преку лоши закони и послушни ректори. Ги сечеше деканите кога како попчиња наставата ја почнуваа во црква со литургија каде деканите се натпреваруваа кој поголем пешкир и масло ќе му донесе на Груевски. Се обиде да ги исече студентите ама не му успеа, тие покажаа колку се паметни и пред сè слободни во своите мисли наспроти заробениот ум на многу наши сограѓани. За казна Груевски ќе ги окова во барок, а тоа како и секогаш почнува со сеча на дрва. Дрвата им се криви зошто биле дрва на факултет. А воздухот што нè гуши без дрва, не ѝ пречи на власта, таа и така дише онака како што работат синусите на премиерот...

Фејбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Пресови, соопштенија, изјави... Empty Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 5 1, 2, 3, 4, 5  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот