Интервјуа и колумни

Страна 4 of 24 Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 14 ... 24  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Вто Апр 07, 2015 10:10 am

Па да му ги скратиме маките. Не tmoro, ќе плати за се и кога ќе излезе од Идризово ќе биде старец. А јас се надевам дека еден од првите закони што ќе ги донесе новата власт ќе биде за одземање на незаконски стекнатиот имот. Тоа ќе им биде најтешката казна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Вто Апр 07, 2015 11:17 am

Груевски ќе нема кој да го аболира!



Пакетот што тој го договорил со Ахмети за амнестијата во “хашките случаи” е монструозно сценарио во кое на пратениците и на некои министри им е одредена улогата на извршители на најтешкото можно мирновременско злосторство на начин кој за него (за Груевски) обезбедува најцинично можно алиби, проектирана одбрана од објективната и субјективна одговорност што еден ден некој можеби ќе ја покрене!

Зашто, тој е свесен за злосторството на кое ги принудува пратениците! Тој има свест за тоа дека од Силванева Бонева бара самата себе си да се силува со стапот од некоја собраниска метла, а од Илија Димовски да си чкрта, со нож или со некоја срчка, “вмро” кај ќе стигне по телото, тој е свесен дека пратениците ги принудува да се изживуваат врз македонскиот народ како што во 2001 злосторниците се изживуваа врз мавровските работници и, во копродукција со Ахмети, врз грбовите на албанскиот народ, зашто таа и таква коалициска аболиција на индивидуалните извршители не го аболира албанскиот народ како што, можеби, им се чинело на Ахмети и на Груевски, туку дополнително го малтретира и стигматизира!

Стаповите, срчите и другите реквизити во оваа претстава и волјата да се направи оваа неверојатно злосторство, се изработени односно излегуваат од страниците на Законот за амнестија што спротивно на сите домашни и светски норми и на стручните толкувања во самата влада, го договориле Ахмети и Груевски!

Клучен момент, врв, во оваа чудовишна операција е свеста за злосторството во главата на Груевски, свест која се манифестира низ ставот мислењето на владата односно неговото мислење да биде ни за ни против, така-така, аплицирано низ свесно формулирани неразбирливи шкработини за замачкување на трагите на одговорноста и најдолното подводништво во кое од Парланентот се бара да биде категорично “за”!

Неверојатно!

Неверојатно!

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

http://libertas.mk/%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%80%D0%B0/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by tmoro on Вто Апр 07, 2015 1:08 pm

luxor напиша:Па да му ги скратиме маките. Не tmoro, ќе плати за се и кога ќе излезе од Идризово ќе биде старец. А јас се надевам дека еден од првите закони што ќе ги донесе новата власт ќе биде за одземање на незаконски стекнатиот имот. Тоа ќе им биде најтешката казна.

Е тоа го сакам све да му се одземит и плус 4 стана што се зборуваше од порано,сакам да го видам како стечаец и социјален случај.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Апр 07, 2015 1:20 pm

Mene najpovekje mi izgleda deka ovoa negovite ke go reshat! ...Na "VMROvski" nacin!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by tmoro on Вто Апр 07, 2015 1:22 pm

Hamad bim Khalifa напиша:Mene najpovekje mi izgleda deka ovoa negovite ke go reshat! ...Na "VMROvski" nacin!

Од твојата уста во БОЖЈИ УШИ .

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Апр 07, 2015 1:29 pm

Se uste ima PRAVI VMROVCI koj se zakolnale na kama i revolver!
AMA VISTINSKI SE ZAKOLNALE!!!!!
Tie i u Idrizbeg nema da go ostaat na mira! Pa makar u kofa - u kofa!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Вто Апр 07, 2015 3:27 pm

tmoro напиша:
luxor напиша:Па да му ги скратиме маките. Не tmoro, ќе плати за се и кога ќе излезе од Идризово ќе биде старец. А јас се надевам дека еден од првите закони што ќе ги донесе новата власт ќе биде за одземање на незаконски стекнатиот имот. Тоа ќе им биде најтешката казна.

Е тоа го сакам све да му се одземит и плус 4 стана што се зборуваше од порано,сакам да го видам како стечаец и социјален случај.

и да работи во Дрекслемаер Twisted Evil

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Апр 07, 2015 4:07 pm

Ke raboti kako kafekuvarka i kuropushacka vo Idrizbeg!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Сре Апр 08, 2015 2:21 pm

ГРУЕВСКИ Е НАЈГОЛЕМИОТ ДУШМАН НА МАКЕДОНИЈА ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО!

Видовме дека Груевски е мозокот на пљачката. И на таа со милионите евра, и на онаа со стотиците лажирани изборни гласови. Тука, и со тоа, завршува неговата историска улога. Чиста, гангстерска стратегија, зашто кај него идеологија нема!



Пишува
Ана ПАНОВСКА

„Партијата ја раководат странски платеници и шпиони… Главниот град е претворен во центар на американски разузнавачки служби за да нè шпионираат (со комбиња, заб. ав.)… Партиските функционери се гестаповски агенти… Радиостаниците треба да бидат исполнети со критики и разобличување на непријателите на земјата…“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 08, 2015 9:09 pm

24 vesti so kurotresinata Bozinovski! Gjulistana ke go rastrtue.... uzivajte! A i ramadani nema da bide nishto polosh i pomek!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Вто Апр 14, 2015 9:52 pm

ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - И магаре да е, на списоче да е

1 Од каде ли излегоа овие директори на средни училишта што им се закануваат на своите ученици? Во кои ли лаборатории ги измислија овие полтрони? Што ако имаат завршено факултети, кога не им се дораснати на децата што сме им ги дале да ни ги учат? Ни како личности ни како карактери. Наместо да се хранат со младешката енергија од тинејџерите, тие ги силуваат и нив и нивните родители со стравот кој им го всадиле во политбирото што ги поставило.
Децата на училиште учат граѓанско образование. Ова што сега им се случува на средношколците е практична настава. И соочување со реалноста. Дека не е сe така како што пишува во учебниците. Таму пишува дека граѓаните треба да се борат за своите права. И кога власта им се заканува дека ако продолжат да ја бојкотираат наставата, учениците ќе ги избркале од школо, а родителите ќе им ги казнеле со по 2.000 евра, средношколците го засилуваат отпорот.
Зошто би ги казниле? Затоа што имаат свое мислење? Затоа што бараат средба со министерот за образование? Затоа што не сакаат оценките од екстерното тестирање, наменето за наставниците, да се книжат само како нивен неуспех? Затоа што бараат повеќе време за осмислување на концептот на матурскиот испит? Затоа што не се задоволни и бараат некој да ги сослуша? На крајот на денот, тоа е проблемот. Дека тие што ги носат одлуките за нивните животи не сакаат да ги сослушаат.
Па и да не се согласувам со детето, морам да го почитувам неговото право да ми каже што мисли. Па после ќе се расправам. Оти децата не се глупави. Не можеш со сила да ги натераш да те почитуваат. Особено ако ти не ги почитуваш. И особено ако решиш да им покажуваш сила.
Што очекува власта? Дека родителите нема да ги поддржат децата во нивните барања? Зошто? Затоа што така рекла партијата на власт? Мора стварно да изгубиле контакт со реалноста.
На крајот на краиштата, тие деца уште утре ќе бидат гласачи. И што им порачува власта? Уште од мали нозе ги учи дека нема да ги почитува.
Учениците ги прочитале и ги сфатиле лекциите од учебниците по граѓанско воспитување. Ама изгледа дека директорите тие учебници воопшто не ги отвориле. Да треба тие да полагаат матурски испит по граѓанско образование, сигурно би паднале.

2 На вести на телевизија нe убедуваат дека е добро да се учи математика. А кој вели дека е лошо? Математичарите и` требале на државата оти ќе се запишувале на технички факултети.
И после, кога децата ќе научат многу математика и кога ќе завршат како инженери за нуклеарки, ако се добри, може девет години да чекаат да ги примат на работа. Само што ни тоа не е доволно. Ако те нема на списочето на партијата и ако си чесен, ама не се покоруваш, џабе ти се дропките што си ги решил. И магаре да е, од партија да е.
Во Македонија од математика аир нема да видиш. Ќе ти се израдува некоја Германија или Холандија. Како што Шведска и Норвешка веќе им се радуваат на лекарите.

3 Синдикатот СОНК ќе ги казнува своите членови затоа што протестирале. Толку е апсурдно и бесмислено што може да е вистина само во Македонија.

4 Во екот на најголемата политичка криза во земјата, партијата ДОМ, на чело со нејзината лидерка Лиле Поповска, предложи во идниот состав на Парламентот да има 50 отсто жени. Така било во развиениот свет. Кризата во Македонија е локална. А Лиле мисли глобално.
Во Собранието има 123 Индијанци. Ако треба половина од нив да се Индијанки, една Индијанка ќе извиси. Нема да има пар.

5 Не знам што е точно, што е делумно точно, а што е неточно во снимките кои ги пушти Заев во врска со амнестијата на хашките случаи во летото 2011 година. Не знам ни што е конструирано, што е лепено и што е монтирано. Ама за да се потсетам, си ги свртив старите текстови, и еве што сум напишал во "Сакам да кажам" на 23 јули 2011 година, таа недела кога Собранието на Македонија го изгласа автентичното толкување на Законот за амнестија во врска со хашките случаи.

"Оваа недела се изнагледав сеир во Собранието. Си уживав додека гледав како најголемите патриоти и борци за македонштината ја бранат и ја гласаат амнестијата за воените злосторства од 2001 година. И им се чудев на умот на оние што во 2001 година ја спраштија на плажите на Халкидики и гледаа како најбезбедно, преку Плетвар, да стигнат до Охрид, како сега запалено ги бранат македонските национални интереси.
Ова е пример за во учебник, со кој се покажува дека зборовите 'политичар' и 'морал' не можат да се најдат заедно во ист контекст. Ова е само уште еден пример што сe се прави за да останеш на власт и што сe си подготвен да направиш за да се вратиш на власт. За даночно затајување се лежи по седум-осум месеци во затвор уште во истрага. Ама кога треба да казниш некого што дигал во воздух чувари на мотел врзани за столб, некои што киднапирале и убивале цивили, малтретирале работници, тогаш тоа се решава со автентично толкување на законот.
Туку, да не правиме веќе муабет за тоа за да не си скориваме јадови. Ако единствениот хашки осуденик Јохан Тарчуловски нема ништо против амнестијата за таканаречените хашки предмети, тогаш не знам зошто сите ние би имале против. Кога тој, што 12 години ќе скапува во затвор како единствен виновник за несреќниот конфликт од 2001 година, не само што не се жали туку му пишува писмо на премиерот да ги заборави злосторствата на тие од 'другата страна', тогаш зошто би се бунеле овие што седат во пратеничките фотелји?
Единствено ми е криво дека во историјата ќе остане запишано дека само Македонците биле геноцидни и правеле зулуми. Оти само на Македонец официјално и судски меѓународно му е заверено некакво злосторство".

На 23 јули 2011 година напишав и дека штом вака крупни историски одлуки како што е помирувањето со Албанците, можат да се донесат со гласање во Собрание, зошто тогаш така да не го решиме и името. Со истите патриоти.

"Кога вака, преку ноќ и без јавна расправа премиерот без и да се појави да каже нешто почна да ги решава историските тежини, дај и за името нека не нe малтретира со референдуми. Штом во третиот мандат решил да гледа напред за доброто на Македонија, нека му каже на Трајко да свика една седница на Собранието и нека ни прочита што се договорил со Грција.
Влатко Ѓорчев ќе има неодложни средби со граѓани и ќе нема кој да држи патриотски говори. Другите ВМРО-вци ќе одат кој на мочање, кој на какање и нема да бидат во салата. Најголемите патриоти ќе бидат зафатени, качени по бандерите, како ги мерат знамињата за да се осигураат дека албанското знаме е за третина помало од државното. А Силвана Бонева ќе ни прочита некое писмо од иселениците до Груевски дека е време Македонија да тргне напред и да го смени името за да влеземе во НАТО и во ЕУ.
И ќе биде така. Иако и Груевски нема да биде тука. Како и досега, кога требало да се потпише нешто шуќмуресто. За Законот за амнестија пред десет години гласаа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и тогашното ПДП. Толкувањето сега го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. А позитивно мислење од Владата дојде потпишано не од премиерот Груевски, туку од вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски. Седницата на Владата во октомври 2008 година, на која се донесе одлуката за признавање на независноста на Косово, ја водеше тогашниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски.
Договорот со Грција со променето име сигурно ќе и` припадне на идната вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи. Или евентуално, на новиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
Груевски за сe одлучува, а на ништо не се потпишува. Си поставува управители да се потпишуваат место него".

Во април 2015 година ново е што некои од имињата се сменети. Овојпат Пешевски нека потпише. И тоа со песна.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 15, 2015 9:13 pm

Osaaaaa!!!!!! Ljubco na 24 vesti vo zivo!!!!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Сре Апр 15, 2015 9:15 pm

i jas go gledam

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 15, 2015 9:21 pm

Malce mu potzapletkue jaziceto! ?!?!?!? Evil or Very Mad
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 15, 2015 9:27 pm

Abe Ljubce, Ljubce.....sto ubav si beshe! Otkoga pocna da se druzis so Braneta - se izberbati! Koga ne ti nosi gazot, mani se od viskito ebatebeljaebate....tolku gluposti za pola sat????
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 15, 2015 9:35 pm

Leleeee!!! Mishko be, olabai malku aman za aman! Go ubi covekov!!!!!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Сре Апр 15, 2015 11:32 pm

Mozhebi amnestijata kje beshe vo opcija ako pastirot vednash po prvata bomba si zamineshe...No sega vekje ne... Twisted Evil Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Сре Апр 15, 2015 11:40 pm

нешто фатив на канал5 некоја дебата на Марин Бабиќ и Тони шанац..нешто како во стил на Топ Тема ама водителката беше се знае наклонета кон шанацот и кога дојде до збор Марин водителката рече;Ви благодариме што учествувавте на дебатата..а Марин одговара Зар само толку Very Happy ...и слатко се смееше затоа што по се изгледа знаел дека така ќе заврши КОБАЈАГИ дебатата..гледаше ли некој?

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Сре Апр 15, 2015 11:58 pm

Pogreshil Germov...Ne trebalo voopshto da se pojavuva so prisupakot...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Сре Апр 15, 2015 11:59 pm

еве ја дебатат со Марин Бабиќ...

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Чет Апр 16, 2015 12:15 am

ВЛАДИМИР МИЛЧИН За што нема да биде простено



Нема да биде простено ако СДСМ престане со обелоденувањето на Вистината за Македонија. Заев им ја вети на граѓаните на Македонија комплетната вистина за тоа како партијата ја изеде државата. А, патем, и вистината за тоа како фамилијата ја изеде таа партија.

Нема да биде простено ако СДСМ прифати амнестија за збеснатите криминалци од власта и нивното криминално владеење. Заев им вети на граѓаните на Македонија дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. А каква е таа гаранција дека десетте години грабеж, лаги и малтретирање нема да се повторат, доколку на злосторниците им биде простено?

Нема да биде простено ако СДСМ се откаже од конфискација на украденото, ограбеното и изнуденото. Кој ќе поверува дека Македонија може одново да застане на нозе доколку на амнестираните им се дозволи да остават зад себе пустелија?

Нема да биде простено ако СДСМ заборави дека се работи за иднината на Македонија. За нејзините граѓани? За слободата, демократијата и владеењето на правото?

Нема да биде простено ако СДСМ во името на привидната стабилност потклекне пред притисокот на странците и прифати уште еден компромис чие вистинско име е капитулација.

Нема да биде простено ако СДСМ влезе во стапицата дека се работи за судир на две партии, а не за судир на криминалната тајфа на власт и мнозинството граѓани.

Нема да биде простено ако СДСМ заборави дека вети дека ќе ги брани интересите на граѓаните на Македонија, оние кои без вина чмаат по затворите, оние за кои нема лекари и лекови, оние за кои нема леб и млеко, оние за кои нема ни струја ни вода, оние за кои нема правда, оние кои немаат дерман од инспектори и рекетари, оние за кои нема работа ни социјална помош, оние за кои нема живот во Македонија.

Нема да биде простено ако СДСМ ги изигра надежите што ги разбуди во Македонија потоната во страв и очај.

Нема да биде простено ако СДСМ ги продаде оние кои претходно ги прогласи за вистински патриоти, оние кои прислушувањето организирано од власта го претворија во оружје против неа.

Нема да биде простено ако СДСМ има слух за пеколните комбинаторики на Љубчо Георгиевски, кој се надева дека ќе ќари во матното.

Нема да биде простено ако СДСМ го предаде Зоран Заев!

(ФБ статус на авторот)

http://plusinfo.mk/vest/22252/vladimir-milcin-za-shto-nema-da-bide-prosteno

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Чет Апр 16, 2015 8:18 am


сметаш дека на љубчо му се умилкуваат дпмне-овците?

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Чет Апр 16, 2015 8:35 am

Анализа24 со Љубчо...



_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Чет Апр 16, 2015 8:57 am

колку и да е контроверзно зборувањето на Љубчо,некому смета дека е добро како некое решение за ситуацијата што е криза во Македонија од бомбите но предлозите на Љубчо не ми се бендисуваат...ИЧ

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 24 Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 14 ... 24  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот