БЕБИЊА
2 posters
Страна 3 of 3
Страна 3 of 3 • 1, 2, 3
Re: БЕБИЊА
„Научи да се сакаш себеси сега“. Како што ќе расте вашето дете, оваа цел ќе биде потешка за постигнување. Ако успеете да го натерате да ги прифати своите несовршености од мали нозе, никој повеќе нема да може да ги искористи против него.
Гостин- Гостин
Re: БЕБИЊА
Како да постапите со дете кое не сака да оди во градинка
Секоја генерација помалку или повеќе се сеќава на првото одење во градинка, а повеќето од нас, на крај, не ја чувствуваат последицата поради тоа што тој ден нагло се одвоиле од родителите. Така што ниту на вашето дете не може да му се случи ништо што другите веќе не го поминале.
Бидејќи децата денес тргнуваат мошне рано во градинка, малку постарите и децата на предучилишна возраст, меѓутоа, сепак знаат да објаснат поради што не им се оди во градинка.
Постојат неколку типични објаснувања:
Детето не го прифаќа одделувањето од родителите
Децата се парализирани од стравот од одделување и напуштање во тој момент. Посебно се чувствителни децата на рана возраст кои гледаат и чувствуваат ако родителот е несигурен, расплакан, а особено ако го пече совеста што го остава детето.
Решението за тоа е дека на детето одењето во градинка мора да му го објасните:
– сигурно и самоуверено
– кратко и во термини коишто детето ги разбира
– тоа мора да знае дека вие мора на работа да одите и дека градинката е најбувато и најсигурното место
Како да му го олесните на детето одењето во градинка?
Многу голема улога во ваквото одвојување на детето од родителот, игра ставот на родителите за градинките и чувствата кои родителите во текот на таа разделба ги имаат. Ако мајката е преплашена, нервозна, тажна, детето ќе се однесува во склад со тоа: ќе биде раздразнето, преплашено и разделбата сигурно тешко ќе му падне. Значи, прво треба да се смири мајката, а пптоа – еве неколку важни совети:
– Кога во носите детето во градинка претворете го тоа во игра. Пејте му ја омилената песна на патот до градинката и радувајте се заедно на дружењето со децата.
– Не одолговлекувајте со разделбата и ако детето плаче во тој момент. Прегрнете го, бакнете го, кажете му дека ќе дојдете по него и оставете го. Нормално е детето на почетокот да биде тажно, но само што ќе ја напуштите просторијата тоа ќе се заигра и ќе заборави дека ве нема. Со долгото поздравување ја продолжувате агонијата на разделбата и му отежнувате на детето уште повеќе.
– Кога ќе се вратите од градинка посветете се на детето, одете надвор, играјте си заедно, надоместете му го времето што сте го поминале одвоено. Запомнете дека децата немаат поим за времето и дека многу поважен е квалитетот на времето што го поминувате заедно отколку квантитетот.
Дали треба да му верувате на детето ако се жали на градинката или на воспитачката?
Ако детето воопшто и спомне нешто слично, бидете упорни и нека детето ви објасни. Во секој случај, во однос на тоа што детето ќе ви го каже, ќе ви биде полесно со воспитувачката да се договорите како тоа ќе го решите. Не се залетувајте и веднаш не ги напаѓајте воспитувачките. Испрашајте ги другите родители и поразговарајте со сите воспитувачи.
Меѓутоа, доколку станува збор за типични проблеми на децата кои штотутку тргнале во градинка посоветувајте се за тоа дали детето да го одведете кај психологот или да најдете друго решение. Слично можете да постапите и ако детето се жали на другите деца, на храната во градинката или ако одбие да спие.
Почитувајте го интегритетот на воспитувачките
Имајте на ум дека како родители можеби не сте до крај објективни имајќи предвид дека на сите родители нивното дете им е најдоброто на светот. Објаснете му на детето дека во градинката ќе наиде на различни деца и дека можеби нема да се согласува со сите, но секогаш да се труди да биде другар.
Проблем со спиењето во градинката
Ако вашето дете не сака ниту по подолго време да спие во градинката, ниту тоа не е нерешливо. Постарите деца можеби и ќе можат да си играат во тишина, додека на помалото дете тоа веќе ќе му дојде природно кога ќе ги види и другите деца.
http://mama365.mk/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BA%D0%BE%D0%B5-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0-%D0%B4%D0%B0/

Neverojatno kako si poigruvaat so idninata na decata...
ФРАНЦУСКА СТУДИЈА ТВРДИ: Во пелените „Памперс“ има канцерогени материи
ФРАНЦУСКА СТУДИЈА ТВРДИ: Во пелените „Памперс“ има канцерогени материи
Гостин- Гостин
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
Новогодишна бајка, вселенски брод, џунгла, вака вредните раце и имагинацијата на децата од градинките од општина Центар ги замислија и изградија своите занимални од соништата.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
Општина Центар годинава го реализираше проектот – избор на најдобра и најкреативна занимална и ги награди најдобрите.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
„Воодушевен сум од она што го видов, навистина е тешко да се избере најдобро решение, предлог или замисла на нашите дечиња. Секогаш кога ќе дојдам овде, директорката подготвува некоја задача. Овој пат задачата е ова да стане традиција. Се разбира дека ќе стане традиција. Но, она што го видовме овде, вашиот ентузијазам не’ задолжува уште повеќе да продолжиме со нашата поддршка“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
„Општината Центар, градоначаликот и стручните служби имаат длабок сенс секогаш да ја поддржат психолошко-педагошката, воспитувачката и воспитно-образовната мисија на градинките. Затоа, секогаш го ставаат детето на највисокиот пиедестал, за во иднина децата да станат најдобрите граѓани на ова општество“, рече директорката на градинката „Раде Јовчески Корчагин“, Мирјана Василевска.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
Општина Центар, како и досега, ќе ги обезбедува најдобрите услови за воспитување и престој на децата и ќе ја поттикнува и наградува креативноста на децата.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
bravo za gradonachalnikot na centar ...sekako i za timot koj go izrabotil detskiot "son" ....no sepak treba da se obrne vnimanie i na toa deka vo grupite prestojuvaat BROJ na deca spored svetski standardi ,a ne kako shto e praksa vo ostanatite gradinki vo edna grupa da prestojuvaat po 40 deca ...tuka samo moze da gi zgrizish ,a ne i da gi vospitash ...no toa e vo gradinkite koi se pod nadleznost na direktori postaveni od rezimot i imaat edna edinstvena cel da im gi zemat PARITE na roditelite ,no ne i da im pruzat udobnost .....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11
Re: БЕБИЊА
Дали плескањето по газот може трајно да ја смени личноста на детето?
Истражувачи од Универзитетот на Тексас во Остин и Универзитетот во Мичиген составиле извештај кој го потврдува актуелното верување дека плескањето може да има негативен психолошки ефект врз детето, дури и во годините потоа.
Без разлика дали сте поддржувач на дисциплинирањето на децата со плескање или не, тоа е тешко да се аргументира во однос на овие наоди. Студијата, која е објавена во Journal of Family Psychology, опфаќа околу 160.000 деца во текот на 50-годишен период, што ја прави најкомплетна анализа на овој контроверзен вид на казнување.
Можеби не е изненадувачки тоа што авторите на студијата, Елизабет Гершоф и Андреј Гроган Кејлор, ги собрале резултатите и откриле дека сега, како возрасни луѓе, оние од групата што биле плескани по газот како деца биле со поголема веројатност да имаат анти-социјално однесување и да страдаат од здравствени проблеми.
Одејќи понатаму, двајцата истражувачи, исто така, сметаат дека овој вид на казна ги поттикнува истите видови на симптоми кои ги пројавуваат оние кои биле злоупотребувани. Гершоф објаснува: „Ние како општество размислуваме за плескањето и за физичката злоупотреба како за различни однесувања. Сепак, нашето истражување покажува дека плескањето е поврзано со истиот негативен исход како оној од детето кое е злоупотребувано, само за многу малку помал степен.“
И покрај социјалните табуа поврзани со удирање по газето, самиот чин не е технички нелегален, и покрај тоа што може да се најде во областа на злоупотреба на деца под некои законски сиви области. Сепак, тоа е сосема јасно, ниту еден родител не сака да признае дека тие ги дисциплинираат своите деца на начин кој може да се смета за брутален.
Всушност, во студијата од 2016 година – Од нула до три, неверојатни 30 проценти од родителите кои ги плескале своите деца неколку пати неделно, кажале дека тие „не се чувствуваат добро во однос на тоа.“ Обединувајќи ги тоа се околу 77 проценти од истата група кои чувствуваат дека оваа форма на телесно казнување “не е еден од најефикасните методи на дисциплина.”
Значи, овие статистики тераат да се постави прашањето: Зошто ги плескаме по газот ако: 1) се чувствуваме виновни за тоа, и 2), ако не сме сигурни дека е тоа ефикасно?
Сега, ние претпоставуваме дека секој родител може да одговори на ова прашање многу брзо и искрено: затоа што го сакаме она што е најдобро за нашите деца! Освен ако не сте човек со ладно срце, логично е да се каже дека вашата цел не е да им наштетите на вашите најмили, но понекогаш е предизвик да се излезе на крај со нив. Сепак, доколку понекогаш и го применувате овој метод, размислете за последиците.
http://majkaidete.mk/zoshto-pleskaneto-na-detsata-po-gazot-mozhe-trajno-da-ja-smeni-nivnata-lichnost/

Невропсихолозите предупредуваат: Најголемата грешка што ја прават родителите на машки деца
Иако живееме во 21 век, сѐ е уште е длабоко вкоренето верувањето дека машките деца уште од мали треба да се воспитуваат да бидат силни. Тоа не важи само за Балканот, туку и за целиот свет. Имено, се мисли дека синовите не треба толку да се милуваат и од нив се очекува да бидат силни, да не плачат и да бидат борбени. Сепак, науката не се согласува со ова мислење.
Иако живееме во 21 век, сѐ е уште е длабоко вкоренето верувањето дека машките деца уште од мали треба да се воспитуваат да бидат силни. Тоа не важи само за Балканот, туку и за целиот свет. Имено, се мисли дека синовите не треба толку да се милуваат и од нив се очекува да бидат силни, да не плачат и да бидат борбени. Сепак, науката не се согласува со ова мислење.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
Неодамнешните истражувања откриле дека момчињата во првите години од својот живот треба да бидат третирани со повеќе нежност и сочувство од девојчињата. Па, зошто е толку тешко да се воспитуваат машките деца?
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
Познатиот невропсихолог Алан Шор спровел истражување во кое докажал дека десната хемисфера на мозокот се развива побавно кај момчињата одошто кај девојчињата. Што значи ова? Најпросто кажано, момчињата се помалку чувствителни на звуците и на луѓето кои ги опкружуваат, што може да ги направи понапорни и „потешки“ за воспитување. Потешко им е да се справуваат со стресот, бидејќи не се толку отпорни на невропсихолошките нарушувања кои се манифестираат во раното детство, како што се недостатокот на внимание, аутизмот и други.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
Поради тоа, момчињата кои имаат построги мајки и кои уште од мали ги воспитуваат со цврста рака, без многу емоции, стануваат поанксиозни што влијае на формирањето невронски врски во мозокот кои се одговорни за самоконтролата и социјализацијата. Решение за тоа е нежната и силна врска помеѓу синот и мајката, заснована на разбирање и исполнување на детските потреби за љубов и блискост. Тоа има огромно влијание на развојот на мозокот токму во првата година од животот.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
Во продолжение прочитајте ги и 4-те совети што Алан Шор им ги дава на родителите:
1. Не ги разделувајте синовите од мајките по раѓањето. Одвојувањето од мајката веднаш по породувањето предизвикува огромен стрес кај сите деца, но за момчињата тоа е од голема важност, бидејќи кај нив се забележува ненадеен пораст на стрес хормонот, кортизол. Ако бидат подолго време разделени од мајките, високото ниво на стрес се одржува некое време, а тоа има сериозно влијание на мозочниот развој и здравјето на детето.
1. Не ги разделувајте синовите од мајките по раѓањето. Одвојувањето од мајката веднаш по породувањето предизвикува огромен стрес кај сите деца, но за момчињата тоа е од голема важност, бидејќи кај нив се забележува ненадеен пораст на стрес хормонот, кортизол. Ако бидат подолго време разделени од мајките, високото ниво на стрес се одржува некое време, а тоа има сериозно влијание на мозочниот развој и здравјето на детето.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
2. Поминете го целото породилно отсуство со синот или бидете постојано со него барем до првиот роденден. Во тој период момчињата се најранливи.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
3. Не бидете строги со нив, особено во првата година од животот. Одбегнувајте ги стресните ситуации и бидете трпеливи со нив, бидејќи тие многу добро ги забележуваат негативните емоции. Не им забранувајте да плачат и немојте да ги засрамувате поради тоа. Не оставајте ги сами кога се расплакани, дури и самите да се криви за тоа. Тие тогаш страдаат и им треба потврда дека заслужуваат љубов. Токму затоа, треба многу често да ги гушкате, милувате и бакнувате.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: БЕБИЊА
4. Надворешните отрови, како што е фенолот, имаат многу штетно влијание на малите момчиња. Тие можат да предизвикаат сериозни проблеми токму во развојот на десната хемисфера. Мора да внимавате на сите работи што ги опкружуваат вашите деца.
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Страна 3 of 3 • 1, 2, 3
Страна 3 of 3
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|