IN MEMORIAM
+16
трендафил
misterija
Albatros
Dino
Bosonoga
TRAJCHE
Teo
Luxor
Simulant
tmoro
reiter
osa
Broz
sofmak
Фири
Hamad bim Khalifa
20 posters
Страна 1 of 4
Страна 1 of 4 • 1, 2, 3, 4
IN MEMORIAM
Почина Артемиос Вентурис Русос, еден од најпознатите грчки пејачи
Грчкиот пејач Артемиос Вентурис Русос или најпознат како Демис Русос кој продаде повеќе од 60 милиони плочи ширум светот, почина на свои 69 години во болница во Атина.
Беше најпознат по своите соло хитови во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, меѓу кои најпознати се “Forever and ever”, “Goodbye” и “Quand je t’aime”.
Русос ја започна кариерата на 17-годишна возраст, а врвот на успехот го постигна во седумдесетите и осумдесетите од минатиот век.
Во 1968 година ја основа заедно со Евангелос Одисеас Папатанасиу – Вангелис групата „Aphrodite’s Child“. Неговите албуми се продадени низ светот во повеќе од 60 милиони копии.
http://libertas.mk/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BE%D1%81-%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%81-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BE%D1%81-%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BE/
Гостин- Гостин
Re: IN MEMORIAM
Respekt!
Za cela generacija koja uzivashe vo negovite pesni...RIP!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: IN MEMORIAM
Еве те смееме се на грците дека се уж мрзливи па имат пеjaч од светска величина. И не само пеjачи. 250 милиjарди долари БДП Бугариjа 50 РМ 10 .
_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири- Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14
Re: IN MEMORIAM
Firi... cugash ili shmrkash?
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: IN MEMORIAM
slava mu
obelezi edno mnogu ubavo vreme..
obelezi edno mnogu ubavo vreme..
Broz- Број на мислења : 78
Join date : 2015-01-25
Re: IN MEMORIAM
Broz напиша:slava mu
obelezi edno mnogu ubavo vreme..
slava mu
tochno taka ,odbeleza vreme
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16303
Join date : 2015-01-11
Re: IN MEMORIAM
Да се потсетиме на последниот гемиџија..

На денешен ден,
1951.- Во Битола умре Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори, наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Беше член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласувањето со повоената политика, беше отстранет од политичката сцена. Роден е во Кратово, на 15 јули 1882 година.

====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове

Re: IN MEMORIAM
Почина Зоран Тодоровски, директорот на Државниот архив напиша:
[img]

На 65-годишна возраст почина директорот на Државниот архив на Република Македонија, Зоран Тодоровски. Роден е на 3 март 1950 година во Скопје, каде што завршува основно и средно училиште. Дипломирал во 1972 година на Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата за историја со историја на уметноста. Магистрирал во 1989 година на Институтот за историја на македонскиот народ во XIX и XX век, на тема „Дејствувањето на Автономистичката ВМРО во периодот 1918-1924 година„. Докторирал во 1995 година на тема „Внатрешната македонска револуционерна организација 1924-1934 година„. Работел во Републичкиот комитет за култура 1975-1990 година како советник за споменици на културата и музејска дејност. Работел во Институтот за национална историја во Одделението за историја на македонскиот народ (1913-1941), како асистент, научен соработник, виш научен соработник и научен советник (1990-2003). Тодоровски во ИНИ бил професор по предметот „Историја на Македонија 1913-1941 година“. Зоран Тодоровски е именуван за директор на Државниот архив на Република Македонија и раководи со Архивот во периодот 1999-2002 година и од 2006 година до денес. Тој е претседател на научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“. Тодоровски е автор на бројни публикувани историски трудови и зборници на документи , меѓу кои неговите трудови посветени на ВМРО 1918-1924-1934 година, на македонското прашање во бугарскиот парламент, за историски личности како што се Крсте Мисирков, Тодор Александров, Владислав Ковачев, Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и други. напиша:
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=20694
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове

Re: IN MEMORIAM
Почина Би Би Кинг
Великанот на блуз музиката Би Би Кинг почина во 89 година од својот живот. Би Би Кинг почин во сон во својот дом во Лас Вегас, изјави неговиот адвокат. Неодамна беше хоспитализаран поради висок притиоск и зголмен шеќер во крвта. Би Би Кинг 30 години страдал од дијабетис поради што беше многу активен во повеќе кампањи за превенција од оваа болест
Би Би Кинг е роден 1925 година во Мисури.

R.I.P. B B King
легендите никогаш не умираат...
легендите никогаш не умираат...
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове

Re: IN MEMORIAM
ИН МЕМОРИЈАМ – ПОЧИНА ДИМИТАР МАСЕВСКИ

Големите луѓе по непишано правило заминуваат на големи христијански денови ,Димитар Масевски ,човекот кој беше роден да гради вредности до крајот на сопствениот живот, не напушти,почина. Доколку општествените прилики му дозволувале надградба, тој низ творечката кариера ќе допрел фантастичен дострел од корисници на уметнички, музички и други вредности. Животниот творечки пат на Димитар Масевски се чини дека ги држи сите адути на незаборав, неповторливост, вечност… Уште во технички скромните услови за работа, кога вредноста на едно музичко дело можело да дојде до израз само ако се изведе во живо, Димитар Масевски важеше како мајстор над мајсторите кога беа во прашање текстот, аранжманите и музиката на една музичка творба. Така, Масевски не случајно: учеше од Шпато низ музиката на „Бал на вода“, не случајно постана директор на Опатијскиот фестивал во поранешната држава, не случајно го оформи Скопскиот фестивал на забавни мелодии, не случајно фрли работен труд низ вечните композиции како што се „Приспивна за реката“,„Гулабица“,„Бела Хризантема“ , „Љубов голема“ и многу други. Композиторското мајсторство изразено преку 2000 трудови Димитар Масевски го вбројува во врвен стручњак од областа на музиката. Оваа година, Македонската радио телевизија каде и се пензионира, го круниса со плакета „Заслуга за животно дело“. Своите пензионерски денови ги помина во Охрид заедно со неговата сопруга Маријанка Масевска , но повторно големиот човек даруван од бога да создава , не мируваше , пишуваше музика ,не се делеше од своето Пијано. Замина човек кој има најповеќе заслуга за македонската забавна и народна музика . ДИмитар Масевски не замина вечно , тој ќе биде жив се додека се споменува неговото име , се додека неговите создадени песми ќе ја исполнуваат душата на живите,се додека ќе трае Замногу години Македонци, и многу други негови песми , тој ќе биде жив. Имав чест како уредник и новинар да направам интервју со големиот Димитар Масевски, но искрено жалам, што тоа беше неговото последно интервју даден за некој медиум. Почивај во мир голем човеку, нека рајските порти ти бидат ширум отворени , онаму каде животот е музика ,а не мака.Димитар Масевски ќе биде погребан на градските гробишта во Охрид , градот кој најповеќе го сакаше и како што за својот живот остави аманет да биде погребан во Охрид ,во градот на Светиот Климент. Димитар Масевски ќе биде погребан на градските гробиштав во Охрид . Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градски Гробишта во Охрид на ден 26-05-2015 од 14 до 15 часот. Со најголема почит
http://ohridsky.com/?p=69333

tmoro- Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13
Re: IN MEMORIAM
Почина македонската легенда Драган Каранфиловски – Бојс
Драган Каранфиловски – Бојс ја изгуби битката со тешката болест и на 59 годишна возраст почина. Оваа тажна вест ја сподели неговата ќерка Верица Каранфиловска, која на својот профил на Facebook објави: Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша!
Бојс ќе биде запаметен по неговите огромни хитови како што се „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Афричко лето“ и многу други.
Автор е на многубројни хитови испеани од други пејачи, а исто така стои зад песната „100% те љубам“ со која настапија XXL на Евровизија во 2000 година.
Бојс беше успешен композитор, аранжер, продуцент, гитарист и пејач. Во 2014 година, тој заслужено ја доби награда за животно дело на „Златна
бубамара“.
Драган Каранфиловски – Бојс ја изгуби битката со тешката болест и на 59 годишна возраст почина. Оваа тажна вест ја сподели неговата ќерка Верица Каранфиловска, која на својот профил на Facebook објави: Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша!
Бојс ќе биде запаметен по неговите огромни хитови како што се „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Афричко лето“ и многу други.
Автор е на многубројни хитови испеани од други пејачи, а исто така стои зад песната „100% те љубам“ со која настапија XXL на Евровизија во 2000 година.
Бојс беше успешен композитор, аранжер, продуцент, гитарист и пејач. Во 2014 година, тој заслужено ја доби награда за животно дело на „Златна
бубамара“.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16303
Join date : 2015-01-11
Re: IN MEMORIAM
Почина славниот актер Омар Шариф

Актерот Омар Шариф, познат по своите улоги во филмовите „Лоренс од Арабија“ и „Доктор Живаго“ почина на 83 години.
Шариф има освоено две Златен Глобус награди и беше номиниран за Оскар за неговата улога како Шериф Али во „Лоренс од Арабија“. Потоа освои уште еден Златен Глобус за „Доктор Живаго“.

На Омар Шариф, актерот со египѓанско потекло му беше дијагностициран Алцхајмер, а починал во болница во Каиро од срцев удар.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=1&vest=23401

Почина Арсен Дедиќ

Во 78-та година од животот, денеска почина легендарниот музичар, кантавтор и поет Арсен Дедиќ. Пред две недели тој беше хоспитализиран во болница во Загреб, по операцијата на колкот.
Состојбата постојано му се влошуваше и денеска ја загуби битката со смртта.
Тој пред повеќе од една година падна и го повреди колкот, а пред повеќе од еден месец мораше да се оперира. Оттогаш состојбата му се влошуваше, иако неговата сопруга, познатата пејачка Габи Новак речиси до самиот крај се надеваше дека Арсен ќе закрепне.
Арсен Дедиќ е роден во Шибеник

Почина Уснија Реџепова
На 69 години, денеска почина пејачката Уснија Реџепова, по долго боледување. Реџепова три години водеше битка со рак на белите дробови, а нејзината здравствена состојба во понеделник нагло се влошила.
„Утрово почина… уште вчера видовме дека тоа е тоа… имаше страшни болки, лекарите се бореа до последен момент, но не вредеше“, вели за „Блиц“, пријателката и колешка на Реџепова, Изворинка Милошевиќ.

Уснија ќе биде погребана во родното Скопје откако најпрво ќе биде одржава комеморација во Белград.
Уснија Реџепова беше една од најпознатите пејачки на ромска музика.
Ќе биде запамтена по бројните хитови„ Казуј крчмо џеримо“, „Чаје шукарие“, „Зошто си ме мајко родила“.
Играше во „Коштана“ во народниот театар 20 години.
Уснија е родена во Скопје на 8 август 1947 година, а беше мажена за Светомир Шешиќ, долгогодишен уредник на музичката редакција на Првата програма на Радио Белград.

Ин Мемориам: Почина легендата на ФК Вардар, Петар Шулинчевски

Фудбалска Македонија денеска жали по Петар Шулинчевски, откако легендата на ФК Вардар почина на 77-годишна возраст.
Шулинчевски е роден во 1938 година во Ресен. Во 1956 година пристапува на Вардар каде што мина цели 12 сезони, и одигра 317 натпревари во кои постигна 190 голови за „црвено-црните“. Ќе остане запаметен како член на генерацијата која во 1961 во Белград го освои Купот „Маршал Тито“, во финалето совладувајќи го Вартекс од Вараждин.
По крајот на играчката кариера, повторно се врати во Вардар како тренер на сениорскиот тим и на младинските категории.
Нека почива во мир…
http://ekipa.mk/in-memoriam-pochina-legendata-na-fk-vardar-petar-shulinchevski/

Pochina Helmut Shmit premier vo dva mandati na Zapadna Germanija za vreme na studenata vojna.
Хелмут Шмит: За политика се потребни само волја и цигари
Шмит ја предводеше тогашната Западна Германија од 1974 до 1982, во турбулентните времиња на терористички напади на Фракцијата црвени бригади (РАФ), но и на економски успеси кои со кои се поставија темелите за подоцнежното воведувањето на еврото, пренесува Јутарњи лист.
http://plusinfo.mk/vest/46813/helmut-shmit-za-politika-se-potrebni-samo-volja-i-cigari
Гостин- Гостин
Re: IN MEMORIAM
legendo posleden pozdrav do tebe
[size=30]СКОПЈЕ ТАГУВА: Кој беше диџеј Бабура?[/size]
Човекот со вистинско име Љупчо Петровски во Скопје познат како диџеј Бабура. По кратко боледување утрово почина диџејот без кој ноќниот живот во Скопје повеќе нема да биде ист.Љубителите на ноќните забави ќе го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје. Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата. Во свежо сеќавање ќе останат петочните забави во Интермецо и саботните во ноќниот клуб Xo. Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.
Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во 90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано – градско радио.
Кариерата ја завршува како дел од менаџментот на скопското “Сити радио”.
Утрово слушателите на оваа фрекфенција ги разбуди музика која беше најава за тажната вест за неговата смрт.

Во професионалниот пасус му се запишани безброј сетови во Македонија и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.
Во приватниот дел од биографијата му стои информацијата дека е сопруг и татко на две мали дечиња. Јавноста минатата година беше информирана дека легендарниот диџеј Бабура има принова и станал татко на две момчиња.
Пријателите го знаат како човекот со ведрa душа и позитивно раслоложение. Секогаш максимално искрен и чесен. Силен поддржувач на урбаните промени во градот и промотор на ново и современо Скопје.
Тие што го познаваат за жал денес со нескриено разочарување конститираат дека изгубиле голем пријател чија енергија сериозно ќе недостасува во нивниот живот и во урбаниот живот на метрополата.Почивај во мир Бабура!

Тажна вест: Почина легендата на Македонскиот народен театар

По кратко боледување, на 91 година, во Скопје завчера почина Нада Прличкова, долгогодишната и легендарната суфлерка на Македонскиот народен театар и сопруга на актерот Петре Прличков.
Првите професионални суфлери во 70-годишната историја на МНТ се Нада Стојкова, подоцна Прличкова и Божидар Тодоровски. Доајените на МНТ секогаш кажувале дека и двајцата им биле повеќе од партнери.

По кратко боледување, на 91 година, во Скопје завчера почина Нада Прличкова, долгогодишната и легендарната суфлерка на Македонскиот народен театар и сопруга на актерот Петре Прличков.
Првите професионални суфлери во 70-годишната историја на МНТ се Нада Стојкова, подоцна Прличкова и Божидар Тодоровски. Доајените на МНТ секогаш кажувале дека и двајцата им биле повеќе од партнери.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16303
Join date : 2015-01-11
Re: IN MEMORIAM
На 50-годишна възраст почина Трифон Иванов

http://dnes.dir.bg/news/konchina-trifon-ivanov-21711807?nt=4

Simulant- Број на мислења : 29
Join date : 2015-03-15
Re: IN MEMORIAM
Почина Нико Нестор, првиот Македонец што го преплива Ла Манш
Нико Нестор, првиот Македонец што ги преплива Ла Манш и Охридското Езеро, почина денеска во Скопје, во 81. година од животот.

Нестор на 9 септември 1959 година го преплива каналот меѓу Франција и Велика Британија за 12 часа и 6 минути, по што дневните весници во Англија излегоа со наслови дека Нестор е првиот човек од тогашниот Источен блок, кој успеал да го совлада растојанието меѓу Кале и Довер. Истата година беше избран за најдобар спортист на Македонија. За овој свој подвиг во 2009 година доби специјално признание од Здружението на пливачки маратонци. Нестор е и првиот Македонец кој го препливал Охридското Езеро – од Свети Наум до Струга за 11 часа и 28 минути во 1958 година..
нестор е роден на 19 јуни 1934 година во Струга. Беше член на ПВК „Охридски бранови“ од Охрид. На републичките првенства освои 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година.
Посмртните останки ќе бидат изложени в недела, од 11 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот ќе биде во 12 часот.
http://lokalno.mk/pochina-niko-nestor-prviot-makedonec-shto-go-prepliva-la-mansh/

Почина академик Томе Серафимовски

На 80-годишна возраст денеска во Скопје почина академик Томе Серафимовски, познат македонски скулптор.
Погребот ќе се изврши во недела на градските гробишта во „Бутел“ во 12 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во Бутел од 11 до 12 часот.
Македонската академија на науките и уметностите на 7 март ќе одржи комеморативна седница во 12 часот.
Серафимовски има создадено над 550 скулптури во бронза, мермер, оникс и дрво. Од нив, околу 250 се одделни портрети, повеќе од 170 актови, 100-тина скици, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, над 15 скулптури со анимални сцени, околу 10 торза и релјефи. Реализирал и 40-тина споменици и спомен-обележја кои се наоѓаат на просторите на Република Македонија, на поранешна Југославија и во светот.
Неговите дела се наоѓаат и во повеќе приватни и јавни колекции, во галерии и во музеи, како и во многу други институции во светот.
Во текот на 60-годишното активно творештво, Серафимовски учествувал на околу 300 групни изложби, а реализирал 40 самостојни изложби во земјата и во странство.
Роден е во гостиварското село Зубовце на 14 јули 1935 година. Основното образование го завршил во Гостивар, а во 1957 година завршува средно уметничко училиште, отсек во Сплит, отсек вајарство во класата на проф. Жељко Радмиловиќ, а соработува со професорите Иван Мирковиќ и Марин Студин. Извесен период работи како сликар сценограф во Народниот театар во Сплит.
Во 1957 година, своето образование го продолжува на Академијата за ликовни уметности во Загреб на која дипломира во 1963 година, во класата на професорот Антун Аугустинчиќ. Истата година, тој е соработник во мајсторската работилница на својот професор.
Како стипендист на Владата на Република Франција, реализира повеќегодишен студиски престој во Париз. За тоа време работи како соработник на позната француска скулпторка, Алиција Пеналба.
Во критиката, е ситуиран во традицијата на париската школа останувајќи, притоа, верен на духот на медитеранската традиција. По враќањето од Париз, кон крајот на 1969 година, извесно време работи како сценограф во Телевизија Скопје. Од средината на 1970 година до 1987 година живее и работи во Гостивар и во Охрид, а потоа одново се враќа во Скопје. Активно учествува на многу југословенски и македонски конкурси и создава голем број споменици.
Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 1962 година, а од 1977 до 1978 година е негов претседател. Од 1977 до 1980 година бил член на Претседателството на Сојузот на здруженијата на ликовните уметници на Југославија.
На 7 октомври 1988 година е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите. Од 1992 до 1999 година е секретар на Одделението за уметност и член на Претседателството на МАНУ.
Во 2003 година е избран за странски член на Српската академија на науките и уметностите, а во 2006 година за член на Светската академија за уметност и наука со седиште во Сан Франциско, САД. Во 2010 е избран за член на Креативниот круг „Орфеј“, додека следната година ја добива титулата почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во 2015 е избран за странски член на Црногорската академија на науките и уметностите.
Во спомен на неговите претци и на неговото родно место, во 2008 година во селото Зубовце е осветена црквата „Св. апостол Тома“ чиј ктитор е токму Серафимовски. Иконостасот во црквата е дело на Серафимовски и е изработен во единствена техника, барелјеф во бронза, што се смета за прв пример во поновата уметност.
За своето скулпторско творештво, тој е добитник на многубројни награди и признанија.
http://telma.com.mk/vesti/pochina-akademik-tome-serafimovski

Почина Принс

Легендарниот музичар Принц е најден мртов во своето студио, јави Индипендент повикувајќи се на сајтот TMZ. Неговото тело било најдено во Минесота денес. Властите на Минесота потврдиле за Фокс9 дека одговориле на повик за медицинска помош во 9.43 наутро по американско време.
Музичарот, чие што вистинско име е Роџерс Нелсон, бил хоспитализиран пред неколку дена поради симптоми на грип.
Принц имаше 57 години.

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|