ШТО Е ТОЧНО ЗА И ОКОЛУ ПЕНЗИИТЕ
2 posters
Страна 1 of 1
ШТО Е ТОЧНО ЗА И ОКОЛУ ПЕНЗИИТЕ
Покачувањето на пензиите ги скара партиите
Aug 19, 2017 1080
Препукувањата меѓу власта и опозицијата за пензиите продолжуваат. Додека министерството за труд и социјална политика вели дека го враќа системското и праведно усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот, ВМРО-ДПМНЕ го вели спротивното.
Во писмено соопштение од кабинетот на министерката Мила Царовска велат дека до крајот на 2017-та, вкупниот дополнителен износ кој ќе им биде исплатен на пензионерите ќе изнесува 2160 денари.
„Претходната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, не предвидела никакво покачување на пензиите при донесувањето на Буџетот на Република Македонија за 2017 година. Со носењето на ребалансот на Буџетот за 2017 година, од страна на актуелната влада, обезбедени се средства за усогласување и исплата на пензиите до крајот на 2017 година“, велат од МТСП.
На оваа реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека власта го укинува најавеното и планирано покажување од 5 проценти на пензиите.
„Срамните се манипулациите на Царовска со кои таа сака да им каже дека треба да бидат среќни затоа што ќе добиеле покачување од 2.400 денари годишно. Пензионерите знаат дека годишно од ВМРО-ДПМНЕ добиваа дополнителни 7.200 денари“, вели Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ.
Реагираа и од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку Благој Бочварски. Тој вели дека СДСМ ќе ги покачи пензиите повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа година, пензионерите ќе добијат дополнителни, над 2000 денари на досегашната пензија, за разлика од минатогодишните 600 денари што ги издвои владата на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Бочварски.
Пензијата се усогласува од 1 јануари и 1 јули секоја година според порастот на трошоците за живот во претходното полугодие и порастот на просечната плата во Република Македонија.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: ШТО Е ТОЧНО ЗА И ОКОЛУ ПЕНЗИИТЕ
значи нема покачување од 600ден, туку само 200ден?
е па имаат право да се бунат пензионерите. кога се почна со покачување нека продолжат така. не се га и од пензионерите ќе кратат.
за што ќе кратат, некој грандиозен проект имаат во план?

nino- Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05
Similar topics
» ЗА И ОКОЛУ Љ У Б О В Т А
» Околу цивилизацијата
» ОКОЛУ ИЗБОРИТЕ ....
» Нешто околу автомобилите
» КЕ СЕ ОБЕДИНИ ЛИ ОПОЗИЦИЈАТА околу Заев
» Околу цивилизацијата
» ОКОЛУ ИЗБОРИТЕ ....
» Нешто околу автомобилите
» КЕ СЕ ОБЕДИНИ ЛИ ОПОЗИЦИЈАТА околу Заев
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот