ПРВА ПРЕСУДА ЗА СЈО
2 posters
Страна 1 of 1
ПРВА ПРЕСУДА ЗА СЈО
Година и пол затвор за бегалецот Грујевски
Поранешниот претседател на Врховниот суд и долгогодишен претседател на Основен суд, Дане Илиев, коментирајќи го затворот од една и пол година, на кој е осуден поранешниот началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски, вели дека судската пракса се засновала на тоа дека ако има бегство, а тоа според него е една од најтешките околности, обвинетите добивале највисоки казни. Илиев вели дека заклучокот оди кон тоа дека за истото дело, ако осудениот не бил Грујевски, судијата ќе донел повисока казна.
„Судовите во Македонија на судењата во отсуство, притоа во случаи кога имало бегство, а тоа е една од најтешките околности, носеле највисоки максимални казни предвидени со законот за да се овозможи, доколку судењето се повтори, пред обвинетиот и одбраната да се покажат сите докази и да му се дадат сите права што ги предвидува Законот за кривичната постапка“, вели Илиев за „Макфакс“.
Ако споредуваме со други случаи, оваа казна е навистина смешна кога ќе се земе превид она што му се става на товар, вели Илиев додавајќи дека судот треба да има дебели образложенија зошто ја определил казната затвор од една и пол година.
„Обвинението е тешко, одмерувањето на казната е во рацете на судот. Ако се случи повторно судење, ќе имаме можност да видиме што судот ќе земе предвид за да ја определи казната, но тој нема да може да изрече повисока казна од постојната. Судењата во отсуство овозможуваат кога осудениот ќе му биде достапен на судот, на негово барање да се повтори судењето, но не мора, ако тој се согласи со пресудата и ја отслужи само казната што е изречена во отсуство“, додава Илиев.
Според долгогодишниот претседател на Основниот суд, вели дека општата јавност има впечаток дека судството не е на нивото на она што значи негова уставна положба, не е независно, а притоа тоа е политички зависно. Од другите импресии на јавноста Илиев издвои дека судиите во многу случаи одат спротивно и многу пониско од законите, со тоа тој вели дека самото судство треба да се избори и да докаже во јавноста дека тоа е независно, способно и во служба на граѓаните.

Bosonoga- Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15
Re: ПРВА ПРЕСУДА ЗА СЈО
Неможам да ве
дочитам!
Како е можно
се да погазувате?
дочитам!
Како е можно
се да погазувате?
Kalinda- Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|