ДИЕТА
+5
misterija
IVA
Delta
Luxor
Фири
9 posters
Страна 1 of 2
Страна 1 of 2 • 1, 2
ДИЕТА
Сите сакаат да бидат витки и убави. Затоа се подложуваат на најразлични диети. Но тоа може да биде и опасно...
Ова се пет најлоши и најопасни диети
Сите секогаш бараат брз и едноставен начин на слабеење. Брзите диети лесно не заведуваат со ветувања за брзо губење на вишок килограми, но строгите диети не се разумни ниту пак здрави. Ви претставуваме пет диети кои се рангирани од можни до екстремни, пишува хрватскиот портал net.hr.
Диета со цитрони
Потекнува од 1930 година и се уште е популарна. Правилото е едноставно: ако изедете цитрон пред секој оброк, пиете многу вода, ги исфрлите јаглехидратите и јадете лесни белковини, ќе трошите повеќе масти.
Љубителите на оваа диета тврдат дека ако издржите 10 дена може да ослабете до пет килограми. А тоа може да е точно, тврди др. Ерин Палински-Вејд и додава: Оваа диета може да успее поради диуретското делување на цитронот. Исто така, ова овошје е совршена опција ако сакате нешто да ве засити, а со малку калории.
Диета со паразити
Диетата е само за најхрабрите и е популарна од почетокот на 20 век. Храбрите пијат таблети со цисти на паразити кои потоа растат внатре во цревата и ја конзумираат храната се додека лицето не ја постигне саканата тежина. Потоа лицето мора да ги уништи паразитите земајќи таблети против нив. – Се работи за многу опасна диета која може да биде и смртоносна. Таа предизвикува недостиг на хранливи материи, а може да дојде и до доживотни компликации: А лицето назад ги враќа сите килограми по уништувањето на паразитите од организмот – потенцира др. Палински-Вејд.
Големо чистење, т.е. диета со лимонада
Големо чистење предизвикува диетата на Стенли Бурогс, а на неа се подвргнале познати лица кои се колнат во нејзината ефективност, бидејќи е едноставна и брза. Бидејќи овој еликсир се состои само од вода, сок од лимон, црвен пипер и јавовор сируп, ќе изгубите неколку килограми во облик на наталожена течност, но не за долго, тврди нутриционистот Алис Левин и објаснува: - Веројатно ќе ја вратите цела тежина кога ќе продолжите да јадете цврста храна. Исто така во иднина може потешко ќе слабеење, бидејќи овие никсокалорични диети можат да предизвикаат губење на мускулната маса и да го забават метаболизмот.
Диета со храна за бебиња
Идејата на оваа диета е да го замените појадокот и ручекот со мали порции на кашеста храна, а потоа да вечерате нискокалоричен оброк. Ако одберете да не јадете ништо друго освен мали количини на кашеста храна, веројатно ќе ослабете исто како да сте јаделе мали порции од која било храна.
Тоа значи дека фактот дека храната е во кашеста форма не држи никаква вода, туку само се откажувате од уживањето во нормално подготвена храна и долгорочно нема да ја постигнете саканата цел. Поедноставно би било да јадете повеќе овошје и зеленчук, за да го намалите внесувањето на натриумот во организмот.
Диета на заспаната убавица
Откако била објавена во позната книга во 1960 година Долината на куклите, а наводно ја сакал и Елвис Присли, оваа диета прераснала во фама која нема врска со паметот. Имено се што треба да направите е толку да се дрогирате со лекови и да преспиете неколку дена и да се разбудите послаби.
Тоа едноставно е прегладнување со нуспојава во облик на атрофија на мускулите, тврди Палински-Вејд.
– Не само што нејадењето и непиењето со денови ќе го забави вашиот метаболизам и ќе предизвика дехридрираност, туку и штетата која ќе ја нанесете на сите свои органи со земање на толку лекови, може да биде фатална
http://plusinfo.mk/vest/13221/ova-se-pet-najloshi-i-najopasni-dieti
Гостин- Гостин
Re: ДИЕТА
Моjата диета е намалуванjе на jаденjeто. Сега кога не сум на диета шкембето се зголемило па ке морам да намалим.Иако девоjките да им се допагjа малко вака шкембе да си има човек нешто како амортизатор кога клати интензивно за да не се судират директно коска со коска ако и девоjката е слаботелесна
_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири- Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14
Re: ДИЕТА
Брза викенд диета
Со помош на овој дводневен план за исхрана, вашиот организам ќе се ослободи од вишокот на вода и отрови, а вашите клетки повторно ќе работат и ќе ги согоруваат вашите масти. Придржувајте се од препорачаното мени и резултатите ќе бидат повеќе од очигледни.
Прв ден
Кога ќе станете испијте една чаша млака вода со што би го поттикнале согорувањето на мастите.
07.30 - неограничена количина овошје
09.30 - една шолја чај од билки
11.00 - 200 мл сок од јаболки
12.30 - 250 г зеленчук и прелиено малиново масло, 50 г варена пченица
14.00 - шолја чај од билки
15.00 - 200 мл сок од морков и овошје
16.00 - шолја чај од билки и една интегрална кифла
17.00 - 200 мл сок од домати
18.00 - половина свежа краставица, 3 домати, 50 г варен спанаќ со билни зачини и бибер
19.00 - 200 мл зелен чај
20.00 - свежа црвена пиперка
21.00 - 200 мл млака вода.
Втор ден
Веднаш кога ќе станете истегнете се пред отворен прозорец и не заборавајте да испиете чаша млака вода.
07.30 - овошна салата од 2 јаболки и 2 портокали со прелив од сок од лимон
09.30 - шолја чај од билки
11.00 - 200 мл сок од јаболки
12.30 - на маслиново масло испржете 5 печурки, 2 домати и црвена пиперка. Зачинете ги со свежи билки, прелијте го со сок од домати и сервирајте го со 40 г сварени макарони
14.00 - шолја чај од билки
15.00 - 200 мл сок од јаболко, овошје по избор
16.00 - шолја чај од билки, 2 интегрални кифли
17.00 - 200 мл сок од домати
18.00 - во малку вода 20 минути динстајте 200 г морков и 100 г компир. Додајте 50 мл бистра супа и се испасирајте. Зачинете со нане.
19.00 - 200 мл чај од нане
20.00 - 15 г свежи краставици.
http://plusinfo.mk/vest/13694/brza-vikend-dieta
Гостин- Гостин
Re: ДИЕТА
ПОЗНАТА НУТРИЦИОНИСТКА РАЗБИ 5 МИТОВИ ЗА ЗДРАВАТА ИСХРАНА
s/509817822/9724500/poznata-nutricionistka-razbi-5-mitovi-za-zdravata-ishrana
Една од најпознатите нутриционистки, Словенката Мојца Цепуш, разби 5 мита за исхраната. Смрзната или свежа храна, три или пет оброка дневно, салата и ручек заедно? Прочитајте што вели таа.
Дали е подобро да се јадат три или пет оброка дневно?
Според Мојца, препорачливо е да се јадат три оброка дневно, но ниту пет оброка не е грешка ниту нешто лошо. Всушност, оваа нутриционистка смета дека телото е дизајнирано така што голем дел од својата енергија користи за варење на храната, па во теорија, колку помалку ја вариме храната, толку повеќе нашиот организам има енергија за организмот и останатите функции.
Накусо кажано, човечкото тело е поефикасно кога не вари храна. Меѓутоа, три оброка ќе нè остават и гладни – со што ризикуваме да потклекнеме за потоа да се прејадеме. Во случај да не сте доволно ментално цврсти, подобро е да јадете пет пати дневно, советува Мојца.
Дали е добро да се јаде свежа салата со зготвена храна?
Поголемиот дел од нас автоматски ќе помислат дека ова е идеален начин на исхрана, но Мојца смета дека е подобро да се јаде салата или овошје како предјадење, па дури потоа зготвен главен оброк. Всушност, се работи за тоа дека зеленчукот и овошјето побрзо се варат, и потоа поради останатата потешко сварлива храна ферментира во организмот, со што губи дел од вредните нутритиенти.
Смрзнато или свежо овошје и зеленчук?
За чудо, Мојца смета дека смрзнатото овошје и зеленчук се многу подобри и поздрави отколку свежите, кои ги увезуваме од далечните краишта бидејќи кај нас нема поволна сезона за нивен раст. Според Мојца, кај смрзнатото овошје, кое се собира во сезона и потоа веднаш се замрзнува, се задржуваат голем дел од нутритиентите кои остануваат буквално недопрени. За разлика од тоа, овошјето кое за да стигне до вас патувало од Јужна Америка, ќе биде многу сиромашно со нутритиенти.
Да се пости – да или не?
Постот од диететски причини е многу контроверзен предмет кој е честа главна тема на бројни расправи. Додека на некои не им е јасно како нешто што значајно ја редуцира храната може да биде здраво за нашиот организам, бидејќи со тоа нè нудиме адекватен извор на енергија ниту материјал за мускулна маса, Мојца смета дека повремениот контролиран пост е здрав. Причина? Исто како и претходно споменатата – со постот на организмот му даваме шанса потполно да му се посвети на негово регенерирање, наместо енергијата да се пренасочува за варење на храната.
Двопек или тестенини?
Секако дека не се сите јаглени хидрати штетни, всушност тие ни требаат секојдневно во животот, но Мојца на еден семинар откри една интересна дистинкција помеѓу тестенините. Онаа сварената "al dente" верзија помалку ќе нè здебели бидејќи искористливоста на скробот од неа е значајно помала. Истото важи и за стариот леб – тој е секогаш подобра опција отколку свежиот, мирисливиот и топлиот леб кој тукушто стигнал од пекара.
Според Мојца, двопекот е најдобра опција ако мора да јадете леб. Ако веќе имате намера да го јадете, купувајте само квалитетен леб или правете го сами. "Во денешниот леб се става буквално сè и сешто", изјави Мојца.
http://grid.mk/read/new
Гостин- Гостин
Re: ДИЕТА
Изгубете ги вишокот килограми без гладување
Многу жени со доаѓањето на пролетта почнуваат да држат разни диети за до летото да ги изгубат вишокот килограми добиени во зимскиот период.
Меѓутоа, некогаш таа мисија не е баш успешна, па остануваат разочарани прашувајќи се што не правеле како што треба. Веројатно не внесувале доволно течности во организмот!
Имено, за време на топењето на килограмите, водата е еден од најголемите сојузници затоа што помага телото да се ослободи од токсините и вишокот маснотии. Таа достојно ќе ги замени сите други пијалоци и ќе ви помогне побрзо да ги изгубите килограмите, без никакви дополнителни напори.
Интересни се и препораките од експеритите кои предупредуваат дека често ги мешаме чувствата на глад и жед, па за тоа во иднина да не се случува, прочитајте ги следните совети.
Една чаша пред јадење
Диететичарката Емили Дубиоски од Балтимор, советува секој пат кога ќе почувствуваме глад прво да испиеме два децилитри вода и после тоа да почекаме 10 минути. Дури после тоа време ќе видиме дали навистина сме биле гладни или во прашање била жед.
Уште една чаша после јадење
Метаболизмот ќе го забрзате ако се напиете една чаша вода за време на јадењето и една после јадење. Ефектите кои оваа течност ги има врз метаболизмот се чувствуваат веќе 10 минути откако ќе ја испиете, а најголемото забрзување метаболизмот го добива 30-40 минути откако ќе ја внесете водата во организмот.
Сите бенефиции на водата
Телото се состои од 70% течности, а функциите кои таа ги извршува се безбројни – влијае врз дигестивниот систем, апсорбира хранливи материи, ја подобрува циркулацијата на крвта и одржува телесна температура. Пиењето на доволна количина вода е клучна работа во борбата против килограмите. Не бара никакво одрекување, а му помага на телото полесно да ги стопи вишокот на килограми.
http://tocka.com.mk/3/153894/izgubete-gi-visokot-kilogrami-bez-gladuvanje

Што се случува кога ќе престанеме да јадеме леб
За неколку недели ќе ги забележите овие 3 промени:
1. Ќе изгубите неколку килограми предизвикани од таложење вода
Лебот е преполн со јаглехидрати, а наглото исфрлање на истите од вашето тело ќе заврши со намалување на килограмите. Сепак, не се работи за инстант слабеење, туку за ослободување од вишокот вода насобрана во телото. Секој грам јаглехидрати задржани во телото, се врзува со 3 до 4 пати повеќе вода од својата тежина.
2. Нема да бидете постојано гладни
Преработените јаглехидрати предизвикуваат раст на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо опаѓа. Овие промени може да испратат нејасни сигнали кои ќе ви го зголемат чувството на глад, заради што повторно се дебелеете. Доволно е празните калории од белиот леб да ги замените со производи направени од цели житарки за да ја забележите промената.
3. Енергијата ќе ви се подигне, а системот за варење ќе се подобри
За разлика од интегралниот и црниот леб, белиот не содржи влакна кои се неопходни за нормална работа на цревата. Токму затоа, само ако го исфрлите белиот леб од исхраната, системот за варење ќе ви функционира нормално.
Исто така, јаглехидратите се храна за мозокот. Доколку тие се квалитетни, мозокот ќе работи многу побрзо, но ако истите се нездрави, телото ќе реагира негативно. Како последица на тоа се појавува чувството на замор.

Намалете ги килограмите и детоксицирајте го организмот со лубеница диета
Петдневна детокс диета со ова овошје е најпопуларна и дава одлични резултати. По пет дена од диетата се прави пауза од 1 недела, а потоа по желба се продолжува. Во текот на диетата секој ден треба да се пие по 8 чаши вода, чај или свежо цеден сок.
Доручекот секој ден е ист: парче лубеница и вашиот омилен утрински напиток (каде, зелен чај и слично). Парчето од лубеницата мора да биде од 300 до 350 грама.
1 Ден
Ручек: 100 гр сварено говедско, 100 гр варен ориз со доматен сос, парче лубеница.
Вечера: 50 гр сирење, парче леб на тост.
2 Ден
Ручек: парче леб на тост, 50 гр варено пилешко или пилешки гради, парче лубеница.
Вечера: 100 гр риба на скара, парче тост леб, сезонска салата.
3 Ден
Ручек: 30 гр шпагети со сирење и домати, парче лубеница
Вечера: мешана салата од домати, краставици, пиперка, кромид и зелена салата, 50 гр свежо сирење, парче лубеница.
4 Ден
Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, парче тост леб, 50 гр варено пилешко месо, парче лубеница.
Вечера: 2 варени компири со пармезан, сезонска салата, парче лубеница.
5 ден
Ручек: 50 гр варено говедско со шампињони, парче тост леб, парче лубеница.
Вечера: 50 гр свежо сирење, 2 парчиња тост леб, парче лубеница.

Заборавете на топлата вода со лимон: Три пијалоци кои прават чуда за слабеење!
Водата со лимон моментално е најпопуларниот начин за започнување на денот за многумина, но се чини дека малку претеравме со овој тренд без да обрнеме внимание на одредени негативни ефекти.
Гостин- Гостин
Re: ДИЕТА
Иако лимоновиот сок ни обезбедува солидна доза на антиоксиданси и витамин Ц, само топлата вода со лимон нема да ни помогне да ослабеме, бидејќи животот не е фер. Притоа, на располагање имаме многу малку докази кои укажуваат на тоа дека таа го подобрува варењето и го чисти телото од отрови – без оглед на бројните пофалби кои ги упатуваат славните личности.
И не само тоа, топлата вода со лимон може да доведе до некои прилично непријатни споредни појави ако претераме со нејзино конзумирање.
Бидејќи ова овошје е едно од најкиселите, ако претераме со неговата конзумација киселината може да доведе до оштетување на глеѓта на забите.
Без плакнење на устата со вода, киселината може да остане на нашите заби и да направи повеќе штета отколку корист.
Повеќето луѓе треба да пијат една до две шолји од овој пијалок.
Јасно е дека не мостои семоќен магичен пијалок кој ќе ни помогне да ослабеме, но постојат одредени опции кои заедно со здравиот начин на живот можат да ни помогнат да дојдеме до посакуваната цел, а ова се дефинитивно пијалоци кои би требало почесто да ги пиете.

Кафе
Можеме да го наречеме природен енергетски пијалок, а истражувањата покажуваат дека две до три шолји кафе пред тренинг ни овозможуваат да тренираме подолго и понапорно – а тоа значи дека организмот согорува повеќе калории. Студијата објавена во „Журнал на спортска медицина и физичко здравје“ открила дека вежбачите можеле да направат речиси 20 отсто повеќе повторувања за време на тренингот.
Меѓутоа, важно е да се запомни дека кафето треба секогаш да се пие без додавање на шеќер и млеко, бидејќи тоа е најбрзиот начин за да се поништат неговите позитивни ефекти.

Ладна вода
Заменете го лимонот со неколку коцки мраз бидејќи ладните пијалоци го тераат телото да троши повеќе енергија за да ја одржува телесната тежина. Ова значи дека со конзумирање на три големи чаши ладна вода во текот на денот, нашето тело согорило 100 повеќе калории.
Ако ова го правите секој ден, во текот на годината можете да изгубите и до 4.5 килограми, под услов овие калории да не ги надополнувате со друга храна.

Зелен чај
Не само што зелениот чај е ослободен од калории, туку може да ни помогне да ги согориме мастите и да ги симнеме непосакуваните килограми. Во една студија, луѓето кои пиеле четири шолји зелен чај дневно, за период од два месеци изгубиле речиси 3 килограми повеќе од оние кои пиеле само вода.
Инаку, секогаш бирајте свеж чај и избегнувајте флаширани опции бидејќи тие можат да содржат многу шеќер и значително помалку антиоксиданси. Исто така, би требало да избегнувате суплементи на зелен чај бидејќи можат да доведат до оштетување на црниот дроб.
http://tocka.com.mk/3/189204/zaboravete-na-toplata-voda-so-limon-tri-pijaloci-koi-pravat-cuda-za-slabeenje

Не гладувате, а слабеете: храната со негативни калории е вистински хит
Храната за која телото ќе потроши повеќе калории за да ја свари отколку што таа самата има е од голема помош во губење на килограмите. Затоа, ако сакате да ослабнете, а притоа да не гладувате, јадете ја оваа т.н. храна со негативни калории.
Домати
Еден домат со средна големина содржи околу 22 калории, а телото за неговото разградување троши околу 60 калории. Содржи повеќе од 90 проценти вода и мали количини на јагленохидрати, протеини и масти, а богат е и со витамин Ц, Б, Е и К, каротеноиди и ликопен. Бидејќи го стимулира лачењето на вода од телото, тој е идеален за сите кои сакаат да ја намалат својата тежина.
Аспарагус
Оваа исклучително здрава храна, исто така делува како диуретик и го отстранува вишокот вода од организмот. Таа содржи само околу 10 калории по врзоп, а најдобро е да се јаде аспарагус подготвен на пареа за чие разградување телото ќе потроши четири пати повеќе калории отколку што тој содржи. Тој е богат со витамин Ц, Б6, А и рибофлавин, растителни влакна и магнезиум.
Целер
Целерот со средна големина има само шест калории, а телото за неговото разградување троши околу 50 калории. Тој е богат со растителни влакна и одличен е извор на витамин Ц, антиоксидансот кумарин и витамините Б комплекс.
Брокула
Околу 100 грама брокула содржи 25 калории, додека телото на нејзиното разградување ќе потроши дури 80 калории. Таа е богата со витамини и минерали, а поради своите лековити својства беше прогласена за најдобар сојузник во превенција од рак.
Моркови
Околу 100 g свеж морков содржи 41 калории, а телото троши околу 60 калории за разградување. Тие се одличен извор на витамин А и каротеноиди, како и диететски влакна, витамин Ц и калиум. Покрај тоа, тие се богати со природен шеќер и се одличен начин да се „засладите” за време на диета.
Грејпфрут
Има само 32 калории во 100 грама грејпфрут, а на телото му е потребно дури и да го удвои тоа за да го свари . Ова здраво овошје е познат сојузник во губењето на вишокот килограми бидејќи тоа ги напаѓа масните клетки, а е богато со витамините Ц и Б6, тиамин, рибофлавин и растителни влакна.
Ротквици
Една голема ротквица содржи само една калорија, а за да ја разгради телото потребно е најмалку три калории. Тие се одличен извор на витамин Ц, а благодарение на нејзините својства го стимулира согорувањето на мастите во телото.
Печурки
Околу 100 грама печурки содржат 18 калории, а телото троши околу 55 калории додека ги вари. Од сите габи, печурките се најбогати со протеини и се одличен извор на рибофлавин, селен и инулин, а не содржат скроб.
Зелка
Во 100 грама зелка има само 20 калории, а за разградување на телото потребни му се три пати повеќе калории. За варена зелка телото за разградување ќе потроши двојно повеќе. Таа е одличен извор на витамин Ц, бета каротин , витамин А и минерали.
Лубеница
Една чаша сечкана лубеница содржи околу 80 калории, и покрај тоа што е богата со природен шеќер, телото сепак троши околу 90 калории за да ја свари. Таа е богата со вода и го поттикнува отстранувањето на токсините од телото, и е идеална десерт за оние на диета.
Краставица
Една чаша сечкана краставица има само 15 калории, а за да ги разгради телото ќе потроши двојно повеќе. Овој зеленчук е богат со растителни влакна и е одличен стимулатор на варењето. Таа е богата со калиум и витамин Ц.
Јаболка
Средно големо јаболко содржи околу 100 калории, а телото троши околу 120 калории за да го свари. Покрај тоа, јаболката се одличен избор на овошје за појадок, бидејќи тие го поттикнуваат вашиот метаболизам. Тие се богати со витамин Ц и антиоксиданси и помагаат за да се намали лошиот холестерол.
Марула
Чинија зелена салата содржи околу осум калории, а бидејќи поголемиот дел е составена од вода, на телото му е потребна и три пати повеќе енергија во форма на калории за да ја разгради. Таа е богата со железо, магнезиум и витамини, и е суштински прилог на било која здрава исхрана.
http://www.ubavinaizdravje.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5/91801

Пробајте го овој напиток, и преку ноќ изгубете половина килограм!
За да му помогнете на организмот да продолжи да ја вари храната дури и кога спиете и со тоа да го забрзате метаболизмот, потребно е да направите неколку работи.

Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: ДИЕТА
За почеток неколку дена пред спиење немојте да јадете ништо, а потоа непосредно пред спиење подгответе напиток од следните состојки:
-половина цеден лимон
-лажичка сецкан магдонос
-малку цимет
-половина лажичка оцет помешана во 250мл вода.
Само додадете ги состојките и измешајте
Доколку не ви одговара вкусот, можете да додадете мед или ѓумбир.
Доколку се придржувате до правилата , би требало наутро да се разбудите половина килограм полесни, а можеби уште поважно е тоа што воопшто нема да бидете надуени и отечени.
Уште побрзи резултати би добиле доколку вечерата во потполност ја замените со овој напиток, но дури и доколку не го сторите тоа, по месец дена упореба ќе бидете видно послаби.
http://skopjeinfo.mk/rezultatite-se-fantastichni-probajte-go-ovoj-napitok-i-preku-nokj-izgubete-polovina-kilogram

nikoj ne e tolku debel da drzi dietas. od stecajcite./.toa samo politicarite mozat/.
Delta- Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30
Re: ДИЕТА
zashto mislish deka nema slang od obichnite gragani
IVA- Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29
Re: ДИЕТА
Почнав со Херба лајф од денес, само за појадок го користам..па ајде да видиме како ќе биде.
Има ли некој што употребувал херба лајф шејк, искуство, сознанија!?
Има ли некој што употребувал херба лајф шејк, искуство, сознанија!?
_________________
Не излегувам на референдум
misterija- Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30
Re: ДИЕТА
sto e toa herba lajf caj ili nesto za jadenje?
OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Re: ДИЕТА
хахахахаа..не ми се верува дека незнаеш што е тоа..прашок протеински за пиење...па да знаеш и дека не е гаден....уфффффффф, ќе издржам ли само со оваа диета??
_________________
Не излегувам на референдум
misterija- Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30
Re: ДИЕТА
Dama ne se prashuva za tezhina bre...Isto i za godinite...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: ДИЕТА
ne mislev nisto loso samo prasav da se najdam na muabet
OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Re: ДИЕТА
stara grda i debela ili mozda mlada ubava i slaba ajde kazi kiakvca si,/
Delta- Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30
Re: ДИЕТА
delta напиша:stara grda i debela ili mozda mlada ubava i slaba ajde kazi kiakvca si,/
хахахххаааааааа..ако мислеше за мене..абе сосема нрмална, ништо посебна...само сакам малку да забегам во виртуелниов свет да избегам од сите овие човечки глупости и збиднувања..уморна сум да ги слушам, се е забегано, кризата само се продлабочува и..што да ти кажам.
misterija- Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30
Страна 1 of 2 • 1, 2
Страна 1 of 2
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот