Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ

Go down

ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ Empty ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ

Пишување by Гостин Вто Фед 03 2015, 15:14

Црвениот крст организира хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја

ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ 132363405

Црвениот крст на Република Македонија денеска информира дека е потребно да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.

Согласно направената проценка, информираат од Црвениот крст во моментот, има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција).

Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, со адреса ул. „Момин Поток“ бб, телефон за контакт: 3114 – 355.

Заинтересираните фирми и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош – жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка – донирање 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400. Хуманитарната акција започнува од денеска и ќе трае до 15 февруари.

Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување конкретна материјална помош.

Од Црвениот крст упатуваат благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Потенцираат дека согласно сопствените капацитети тие веднаш се вклучиле во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им била дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење.

http://grid.mk/read/news/509603726/9586972/crveniot-krst-organizira-humanitarna-akcija-za-pomosh-na-poplavenite-podrachja

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ Empty Re: ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ

Пишување by osa Пет Мар 27 2015, 23:05

dali primetivte deka "veti 'vlaata obeshtetuvanje ama tolku kolku shto e shtetata !
ova go veti na tribinata vo Bitola ,verojatno od shto se isplashi deka nema ICH podrzuvachi

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот