Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НОВ СТАН СО ДРЖАВНА ПОМОШ

2 posters

Go down

НОВ СТАН СО ДРЖАВНА ПОМОШ Empty НОВ СТАН СО ДРЖАВНА ПОМОШ

Пишување by osa Саб Дек 07 2019, 21:50

[size=46]До 20 илјади евра помош за купување нов дом за млади


 

 

 


[/size]
[size=16]Со олеснети услови до сопствен дом. Учеството на државата при купување стан, наместо 50 може да изнесува до 70% за млади до 35 години  или максимум 12.000 евра. За купување куќа пак субвенијата може да биде и 100 отсто од учеството за кредит или 11 години субенционирање на ратата. Максимум  преку овој модел граѓаните  можат да добијат 20.830 евра, ште е и најголема субвенција која се нуди преку овој проект. За лицата над 35 години, максималата државна помош за купување куќа изнесува 13.600 евра . Намалената камата од 2,9%  во првите 3 години, и 3,9 отсто во 4 и 5-та  на граѓаните ќе им  заштеди  до 1,300 евра само За камати.
- На пример, кај новиот модел „Купи стан за млади“ за клиенти со возраст до 35 години со новите каматни стапки и субвенција од 70% од ратата за првите 5 години што ја дава државата за станбен кредит од 50.000 евра со рок на отплата од 30 години, бенефитот за клиентот на крај на периодот на отплатата е како да земал станбен кредит со 0,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години. Во оваа ера кога милениумците копнеат по самостојност и независност ова е извонредна можност за исполнување на нивната желба – рече Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација.
 Услов за користење на субвенцијата е цената на метар квадратен да не надминува 900 евра, а платите на брачните партнери да не се повисоки од 1.300 евра или 900 евра ако е самец. Најбарани станови се оние со помала квадратура.
- Од 40 до 60 квадрати. Ние сме благодарни што ДДВ од 5% ќе се применува до 2023 година, изјави Ивица Јакимовски престедател на Градежна Комора.
Ако брачниот партнер добие или посвои дете во првите 10 години од користењето на кредитот, државата ќе му даде едногодишна дополнителна субвенцијата од 30%.  Проектот Купи куќа купи стан ќе продолжи и наредната година, за што во буџетот се издвоени 2 милиони евра.



[/size]

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НОВ СТАН СО ДРЖАВНА ПОМОШ Empty Re: НОВ СТАН СО ДРЖАВНА ПОМОШ

Пишување by Nebula Саб Дек 14 2019, 14:45

ne zezaj ....i komu ke daat pomosh ? pak na nivnite ? koj ima pak da ima ? STRAMOJ stvarno !

Nebula

Број на мислења : 952
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот