ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
4 posters
Страна 1 of 1
ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
ПРОЧИТАЈТЕ СИГУРНО КЕ СЕ СОГЛАСИТЕ ДЕКА Е ДОБРО
ЕУРОПА ЗДАЈ
Ако и по овој практичен показ на Иванов на Илинден не ви е јасно во каква иднина ве води тој и тие што треба да ги спаси од затвор, бојкотирајте. Вратете го Груевски.
6.116
3 август 2018
1 Да викнеш навивачки групи на одбележување на 115-годишнина на Илинденското востание да ти скандираат во знак на поддршка „Мртов шиптар е добар шиптар“, не значи дека си глупав, како што многумина уште му одбиваат на глупоста на претседателот Ѓорге Иванов. Значи дека си зол манипулатор кој е подготвен да го испогани и делото на Илинденците во кои се колне партијата што го донесе на власт, само за да ги спаси неговите спонзори од затвор. Па уште и проба да се влече на славата на Киро Глигоров, кој баш неговите поддржувачи го плукаа и додека беше жив и по смртта.
Иванов на Мечкин Камен не им се помоча само на гробовите на Илинденците. Го избербати Крушевскиот манифест, му се исмеа на заедништвото врз кое се темелеше Крушевската република, ја понижи современата македонска држава која е незамислива без соживот. Иванов уште нѐ држи сите во заложништво поради криминалите на Груевски, а очигледно за и самиот да се спаси за злоделата што ги направи, од аболицијата, преку 27 април до денеска. Па како што тие што сака да ги спаси од затвор 11 години ја држеа киднапирана и партијата и државата, тој успеа да ја киднапира и прославата на Илинден.
И ако и по овој настан на Мечкин Камен уште не ви се допаѓа Преспанскиот договор, ако уште се лутите дека името Северна Македонија е понавредливо од ФИРОМ, ако уште имате оправдување да немате став оти не ве интересира политика и „сите се исти“, и ако уште викате дека за инает, или којзнае зошто нема да излезете на референдум, и ако уште мудрувате дали било фино да е консултативен, или задолжителен и дали прашањето било двозначно, трозначно или којзнае колкузначно, и ако сте за ЕУ, ама не за НАТО, или обратно, како и да ѐ, продолжете со мудрување. Ако и по овој практичен показ на Иванов на Илинден не ви е јасно во каква иднина ве води тој и тие што треба да ги спаси од затвор, бојкотирајте. Вратете го Груевски. Тој ќе ве праша што мислите, тој ќе ви смисли и поубаво прашање за референдум, тој ќе ве внесе и во ЕУ и во НАТО.
А ние што уште сме останати без бугарски пасоши, дај уште сега да си фатиме ред.
2 Каде сте Македонци? Иде референдум на кој треба да одлучите за својата иднина и пак сте се исплашиле. Се исплашивте дека по 30 септември ќе се отвори перспектива за да ни биде подобро?
Замислете дека на 1 октомври се гледа некоја светла точка на крајот од тунелот. И дека по 27 години патување во тунел, одеднаш имаш шанса да излезеш од мракот. Ама, стравот е голем. Особено ако си вистински Македонец кој ужива да живее во агонија. Да мрчи дека му е мачно. Да пее тажни песни. Да биде убеден дека тој е центарот на светот, ама ете несреќа, сите се имаат свртено против него. Сѐ некој друг да му е крив за тешката судбина. Те „делете ја, парчете ја“, те „ситна роса зароси не можев да дојдам“„ те пусто турско, те српско, те бугарско, те клети Грци, те ЕУ е курва, те НАТО се терористи“, те „сите се исти“… Дури и орото е три напред, едно назад, да не случајно многу ни тргне напред.
Па, на исплашениот Македонец и во 1991 година мораше да му се измислува чудно референдумско прашање дали сака независна држава, ама не толку независна. Да не случајно останеме сами, да не ни се налутат Србите, да не не можеме да се прехраниме, да не не можеме да се одбраниме. Додека Словенците уште во 1989 година викаа „Еуропа здај“, некои тука уште му се одушевуваа на Милошевиќ. Ене каде е Словенија, еве кај сме ние. Ние уште се думаме дали сме за Европа – сега. Дебатираме дали ЕУ ќе банкротира или ќе се распадне.
Немојте да се плашите. Тие што ве плашат дека вековното име ќе загине опасно ве манипулираат, оти играат на картата на вашиот страв. Вековното име не загинало и кога не сме имале држава. И македонскиот јазик не изумрел и кога не сме имале држава. Сме биле Македонци и сме зборувале македонски и во турско, и во српско и во бугарско. А државата не ни е стара со векови. Прв пат дури во 1945 година нашите дедовци и татковци успеале да се изборат за држава на Македонците. И создале држава на еден дел од територијата што географски се означува како Македонија. И само на тој дел е признат македонскиот јазик.
Така што, на 30 септември можеме сами да го решиме најголемиот проблем што нѐ мачи не само последниве 27 години, туку со векови. Да ѝ обезбедиме сигурна иднина на државата во која се гарантира постоењето на Македонците и на македонскиот јазик. Да обезбедиме иднина и за Македонците и за македонскиот јазик што ја гарантира најмоќната воена алијанса во светот. Па макар таа држава се викала Република Северна Македонија, наместо ФИРОМ. Што е многу помалку болно решение отколку да речеме јужна Бановина. Или пак западна Бугарија. Како што било пред 1945.
И ај да не правиме веќе муабет на таа тема. Побарајте ги изводите од матичните книги и свидетелствата на вашите баби и дедовци. На кој јазик се напишани? На српски, или на бугарски? На кој јазик се напишани свидетелствата на Македонците во Бугарија или во Грција?
А на кој јазик се напишани нашите свидетелства од 1945 навака?
3 Кога сме кај храброста, еве една препорака од амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада, земјата која не е ни во НАТО, ни во ЕУ, ама е позната по најмногу референдуми во светот, оти најчесто го користи тој демократски инструмент за консултација на граѓаните. Во говорот по повод националниот празник на Швајцарија таа рече: „За успешен референдум потребни се добро обмислени дискусии помеѓу политичарите и искрена комуникација со граѓаните. Напредок може да има само со разменување визии, планови и соработка, а не со конфронтација. И – понекогаш – со храброст да се прифатат промените наместо само да се критикуваат или да се плашиш од нив“.
4 Впрочем, имаме среќа што за нашата иднина овој пат не решаваат соседите. И што, мора да е некоја опасна безбедносна игра и интерес да постои суверена македонска држава, па макар и ваква сиромашна, без излез на море и без пруги и патишта сосе Иванов и сосе багажот на ВМРО-ДПМНЕ, штом три дена среде лето во оваа недојдија ти седи трет човек на Стејт департментот задолжен за Европа и Евроазија. Па уште и во Крушево на најголемиот државен празник се качи, за да сведочи на срамот што претседателот ѝ го приреди на сопствената држава. За да го гаѓаат со шишиња барабите донесени со автобуси да му аплаудираат на Иванов.
В.д. заменик-помошник на државниот секретар на САД Метју Палмер на опозицијата ѝ рече: „Да гледаат на работите стратешки, да размислат што е најсветла иднина за македонските граѓани, посебно за младите и сериозно да размислат што нуди Преспанскиот договор како европска иднина за Македонија“.
Со посебен акцент на – „младите“. Вклучително и оние избраниците на шефот на државата што за малку ќе го натепаа Палмер во Крушево.
5 Што толку им згрешија роднините на оние од дијаспората кои се најгласни во повиците за бојкот на референдумот, па не сакаат нивните блиски да живеат убаво како нив? Како да им е криво дека и нам може да ни биде убаво во ЕУ и НАТО, па сега сакаат да нѐ зафркнат.
Тие што од далеку и на безбедно нам ни порачуваат да бојкотираме, ја бојкотираат Македонија уште од моментот кога решиле да си заминат. Така што, баш ми е гајле што мислат тие за референдумот. Ние што останавме тука и секој ден се мачиме и плаќаме даноци за да ја изградиме оваа, а не некоја туѓа држава немаме време да се занимаваме со нивното мислење.
А

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
bravo koj i da e ,se im kazal no shto ke razberat so sopstvenoto AQ ke vidime za kratko
SHARENI- Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

А еве уште една добра, од Душан Димитров.
Прослава на Илинден од опозицијата
Лидерот на опозицијата ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во „комитско“ Ташмаруниште (тоа ти е како Сирипичино или Пуљарци!) по повод празникот Илинден го започна својот говор „Браќа земљаци и мили комшии“, … кажете „Не“ на претстојниот референдум… Не можам да се оглувам на тоа што се случува на мојата (го заборави зборот „мила“) татковина… Гледаме како премиерот и естаблишментот околу него силно се удираат во гради дека биле за Европска унија, а демек сите ние останатите кои што не ја споделуваме нивната капитулација не сме биле за ЕУ (а дали сте за ЕУ?). А да не знаеме со кого си имаме работа (со Заев „криминалецот“ де) може и некој ќе им поверуваше, а вака сето тоа удирање во гради за Европската унија завршува во секундата кога ќе се подели некој наместен тендер (исто како што Ти ги местеше во РЕК Битола!)… Затоа ќе им порачаме , колку повеќе се удираат во градите и велат ДА, толку повеќе вие и сите оние луѓе во Република Македонија (кои луѓе? Оние де, „вашите“) ќе им кажат едно големо громогласно НЕ. Доста е! (Доста е од Твоите глупости што ни ја распишуваш прославата на Илинден!)
Оној несреќник Иванов на прославата на Илинден во Крушево, во негов стил, ќе изјави – Оваа влада се обидува да ме заобиколи мене (а на кој си Ти потребен?)… Лага е дека со овој договор се менува само името, се менува и идентитетот (или не знаеш да читаш или се правиш на будала, тоа што си!)… Се брише државно – правниот континуитет на Македонија (невидена будалштина!!!). Лага е дека со овој договор се членството во ЕУ и НАТО (човече, Македонија има покана за членство во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ! Боже, каков кретенизам!)… Грција стекнува право да се меша во општото добро на нашата република (каде тоа го пишува???). Со овој договор правно се укинува македонскиот народ (вселенска глупост, како може да се укине народ???). Сакат да го убедат македонскиот народ да изврши правно самоубиство (боже мили, „бисер„ до „бисер„!)… Никој нема право да тргува со името на Македонија (феноменална мисла, демек Заев го продава името на Грција а таа како купувач ни плаќа со членство во НАТО и ЕУ! Нели е така Хорхе?)… Македонците се сплотени околу идејата за членство во ЕУ и НАТО, но таму сакаат со своето име, достоинство и чест (човекот паднал од Марс! А бе, 27 години се преговара за промена на името, кого Ти правиш будала!)… Да се биде Македонец, не е само право туку и обврска (Хорхе и Македонец!)… Од кабинетот на Хорхе, по повод реакцијата на СДСМ, ќе објават дека вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно (!) за предавството (какво предавство бре несреќо една!) кое што ги нуди на македонскиот народ…
https://plusinfo.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0/
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Тоа што сметаш дека Заев е заслужен затоа што со спогодбата со Грција не ни е забрането да дишеме, јадеме, да се лекуваме е твој проблем. Има луѓе што сметаат дека не е така, дека Грција има добиено со спогодбата работи за кои нема право да одлучува според меѓународното право. Што ќе биде понатаму ќе видиме, прво дали ќе помине референдумот, второ дали Грција и со оваа спогодба ќе се однесува како со Времената. Не знам од каде ви е фашистичкиот манир да ги омаловажувате сите што не мислат како вас. Ниту сте сами на светот ниту не победивте на последните парламентарни избори, а локалните ги украдовте. Владеете со помош на меѓународната банда (заедница) и со корумпирање на пратеници од типот на Амди Бајрам. Ќе прашам и колку наши (и мои) пари има добиено Горан Михајловски неговата СДК за да го пропагира северно црпнатиот концепт на Македонија. И колку пари од егзархистите (соросоидите) има добиено порано. Ако цела Македонија стои зад спогодбата, не знам зошто се потребни вакви памфлети. Да потсетам и дека Ѓорѓе Иванов сам доби многу повеќе гласови од сите пратеници што го поддржуваат самопрогласениот за црпнат наш премиер заедно со тие на ново купените.
Ако НАТО и ЕУ продолжат да се однесуваат фашистички кон Македонија односно преку вазали да ни наметнуваат договори како тие со Грција и Бугарија плус Тиранската платформа нормално е да станеме противници на овие организации. На тие како Заев што имаат задкарпатско, да не кажам руско потекло, идентитетот им е загрозен само од договорот со Бугарија. На мене што имам поширок идентитет, односно сметам дека сум наследник на се што се случило на територијата на Македонија, со примеси на интернационално влијание (Исус Христос, Лед Цепелин, Толстој, Ганди, Че Гевара, Реј Чарлс ...) ми се гади кога некој сака да ми забрани делови од него. За да не повратам ќе гледам да не дозволам некој да ми забрани делови од идентитетот. Во моментов поголеми се шансите тоа да се направи со бојкот затоа што се сомневам дека имаме криминална власт која веќе ги украде локалните избори како тренинг за референдумот. Ми се гади и кога партија и новинари што еднаш спроведоа бојкот на референдум (за територијална поделба) сега се против бојкот. За тоа дали ќе излезе на гласање и како ќе гласа, одлучува секој гласач посебно. Исто така и дали ќе послуша еден или друг домашен лидер, некој амбасадор или премиер на странска држава.

Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
трендафил напиша:Тоа што сметаш дека Заев е заслужен затоа што со спогодбата со Грција не ни е забрането да дишеме, јадеме, да се лекуваме е твој проблем.
Знаш дека ако навистина веруваш во ова што си го напишал имаш навистина голем проблем со пецепирање на реалноста?
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Само го парафразирав успехот на Заев во врска со јазикот, кој според неговите пропагандисти договорил тоа да биде македонски јазик. Како да сме будали па не знаеме дека основно право на секоја етничка група е сама да се именува и сама да си го именува јазикот, како што Циганите се Роми или Арнаутите Албанци затоа што така сакаат. И тоа го добија без преговори туку со почитување на нивната одлука. Нешто што изгледа не важи за нас Македонците кои сме дискриминирани од страна на НАТО и ЕУ земјите.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Па зошто тогаш кукате дека СДСМ гхо продале јазикот и идентитетот кога македонски јазик и македонци како националност ви се загарантирани? Името на државата не менува ништо.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Затоа што ни беше гарантирано дека со референцата БЈРМ Грција нема да не попречи за членство во меѓународни организации.Беше гарантирано и дека нема територијални решенија за етнички прашања па ги добивме сегашните територии на Кичево и Струга и на градот Скопје со додадена општина Сарај за да има над 20% Албанци во главниот град и општина Чаир со над 50% за да може во нашата престолнина да се вее знамето на Република Албанија.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Единаесет години бевте на власт. Можевте и да се повлечете од преговорите со Грција, и да донесете нов закон за територијална поделба. наместо тоа вие само патриотски ја опљачкавте државата.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
За нов закон за територијална поделба е потребно т.н. Бадинтерово мнозинство, што би рекле во конкретниот случај гласови од Албанците. ВМРО немаше такво мнозинство. Не манипулирај.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Нешто не го спомнуваш повлекувањето од преговорите, ве заболе вас за името, важна ви е само0 амнестијата.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Во тоа време се водеа разговори за разликите за името. Не преговори. Разговорите беа обврска од Времената спогодба што ја потпишавте со Грција.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Не спинувај, Антонијо и Грујокио веќе го беа избрале новото име. А од времената спогодба можевте да се повлечете во секој момен ако наместо криминалци бевте патриоти.
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
А според тебе Грците не сакале да потпишат ново име со претходната власт, туку стрпливо чекале да почне и заврши куртонската револуција, за да го потпишат договорот за оваа власт.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: ДОБРО НАПИШАНО ,ГО НАЈДОВ НА НЕТОТ ,НО НЕЗНАМ КОЈ Е АВТОРОТ
Ќе потпишеа ама не му остана време на вашиот пастир Грујокио. Нему и на вас дпмне-офците ви се случи народ.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Similar topics
» СЛУШНЕТЕ ДОБРО
» Добредојдовте, добро ве најдовме....
» ДОБРО УТРО, ДОБАР ДЕН И ЛЕКА ВИ НОЌ МЕЛНИЧАРИ

» ДОБРО УТРО ,ДОБАР ДЕН И ЛЕКА ВИ НОЌ МЕЛНИЧАРИ

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот