ПОЛНОКНО СУДЕЊЕ ...
Страна 1 of 1
ПОЛНОКНО СУДЕЊЕ ...
Предполноќното судење за 27 април заврши со сведочење на најпосветениот телохранител на „крвавиот четврток“
Со сведочењето на Сашо Тасевски вечерва во 23 часот заврши целодневното рочиште за настаните во Собранието за 27 април минатата година. Судијката Добрила Кацарска следното рочиште го закажа за 25 септември кога ќе треба да бидат сослушани четворица нови сведоци - Ацо Ангеловски, Александра Богоевска Крстановска, Маријан Митевски и Алим Алими.
Тасевски, кој е актуелен директор на БЈБ, а во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сведочеше дека лица со фантомки се заканувале дека ќе бидат ликвидирани, ги пцуеле и ги удирале со се што ќе стигнеле. Тој на рочиштето за „27 април“ во Кривичниот суд, посочи дека напаѓачите извикувале дека ќе ги убијат, дека нема каде да одат и оти ќе биде прогласена воена состојба.
- Во прес-центарот на Собранието бевме напаѓани со шипки, со сталаци и други предмети. Некои од луѓето носеа и боксирачи. Тој период, не знам колку траеше, се додека не дојдоа од ЕБР и не не евакуираа во канцеларијата на пратеникот Влатко Ѓорчев, рече Тасевски, одговорајќи на прашање на обвинителката Вилма Русковска.
Сведокот рече дека се обидел од внатре да ја задржи вратата, но, не успеал, по што, напаѓачите влегле и почнале да ги удираат и навредуваат. Тој кажа дека како последица на нападите врз него имал две расекотини на главата, му била изместена вилицата и имал модринки по телото. Тасевски посочи дека попладнето на 27 април бил во близина на Собранието во службено возило, а потоа влегол во зградата и го чекал Оливер Спасовски кој бил на средба со тогашниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски. Во холот пред канцеларијата, Вељановски го прашал во кое својство е таму, на што Тасевски му одговорил дека е дојден со Спасовски. Вељаноски го прашал Спасовски зошто обезбедувањето оди постојано со него, на што тој му одговорил со противпрашање дали е тоа против закон. Вељаноски на тоа му забележал дека не личи бодигард постојано да оди по него.
Обвинетиот Игор Југ на судењето вербално го нападна тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу и на судијката Добрила Кацарска и порача дека ако сака може да го осуди и на сто години затвор. Тој праша каде е српскиот разузнавач Живаљевиќ и забележа дека им се суди на 33 Македонци, додека странски разузнавач се шетал по Собранието. Обвинетиот Јане Ченто, пак, кажа дека токму Нухиу е првиот што треба да сноси одговорност.
Вработениот во Собранието, Владимир Стојков, раскажа дека дента за главниот влез бил задолжен обвинетиот Абдулфета Алими и опиша како пратеници ги отвориле вратите. Неговото работно место тогаш било покрај вратата од пленарната сала. Кога дошло до тензии помеѓу пратеници, сведокот Владимир Стојков и Алими добиле насоки од началникот да го пренесат формациското оружје горе во кабинет зашто не е безбедно да остане долу бидејќи може да дојде некој да го земе и да го употреби. Кога го носеле оружјето кон кабинетот слушнале викање и кога се вратил назад кај главниот влез ги забележал пратениците.
Тој притоа посочи дека ги видел пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од средната врата, една од трите врати на главниот влез. Се обидел да ја врати едната греда, а другата греда Мукоски ја фатил од едниот крај и не му дозволил да ја врати, додека пратеникот Василевски се упатил кон другата врата и ја тргнал едната греда, по што сведокот се повлекол нагоре кон кабинетот.
faktor.mk/predpolnokjnoto-sudenje-za-27-april-zavrshi-so-svedochenje-na-najposveteniot-telohranitel-na-krvaviot-chetvrtok-1

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот