Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

INTERESNO

5 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

INTERESNO Empty INTERESNO

Пишување by Flora Пет Окт 19 2018, 10:30

Kora od limon sto site ja frlame.

Лимоновата кора е поздрава и од лимоновиот сок: Еве за што се може да ја користите

Кога ќе го исцедиме лимонот, обично ја фрламе кората. Но не би требало да го правиме тоа, бидејќи таа побогата со хранливи состојки од самиот сок. Имено, кората е полна со витамините А и Ц, со калиум, калциум и влакна кои имаат позитивно влијание на нашите мускули, очи, нерви, срце и дигестивен систем.

Калиумот од лимоновата кора ги опушта крвните садови и ја намалува хипертензијата. Тоа допринесува за подобра работа на срцето.

Таа исто така има позитивна улога во одржувањето на нормалната телесна тежина, добар сојузник е и во спречувањето на појавата на шеќерна болест.

Освен што делува лековите на организмот однатре, таа има и надворешна употреба. Може да ја користите за да ги премачкувате раните и акните. Кога станува збор за раните, докажано е дека антибактериското дејство на екстрактот од лимонова кора помага за зараснување на раните.

Соединенијата од лимоновата кора ги стеснува порите на кожата, поради што оваа кора се покажала како делотворна и во лекувањето акни.

https://tv21.tv/mk/limonovata-kora-e-pozdrava-i-od-limonoviot-sok-eve-za-shto-se-mozhe-da-ja-koristite/

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Пет Окт 19 2018, 10:32

Caj spored krvna grupa.

Кој чај е најдобар за вас според вашата крвна група?

Знаевте ли дека постои диета која е заснована на вашата крвна група? Во зависност од вашата крвна група, одбирате помеѓу одредени прехранбени продукти и напитоци. Она што е добро и здраво за другите, едноставно може да не му одговара на вашиот организам. Па, дознајте кои видови чај се најдобри за вас според вашата крвна група.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Пет Окт 19 2018, 10:32

Крвна група А

Овие луѓе се емотивни и аналитични и силно реагираат на стрес. Кафето не им пречи, но постојат билни чаеви што можат да го заменат, а се многу подобри за нивниот организам. Најдобрите чаеви за овие луѓе се зелен, чај од јасмин, комбинација од двата, чај од невен, мајчина душичка и мешавина и од овие два.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Пет Окт 19 2018, 10:32

Крвна група Б

Карактеристично за овие луѓе е што имаат побавен метаболизам. Поради ова често се склони кон дебелеење, несоница и хроничен замор. На луѓето со крвна група Б најмногу им одговара црвен чај, зелен чај, чај од маточина, жалфија и бозел, или мешавина од последните три.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Пет Окт 19 2018, 10:33

Крвна група АБ

Овие луѓе имаат силна интуиција и неверојатна способност да се справат со стресот. Нивна слаба точка им е либидото. Би требало да избегнуваат кафе или да го заменат со чај. Најдобро е да консумираат чај од нане, зелен чај, мешавина од двата, жолт чај и чај од брусница.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Пет Окт 19 2018, 10:33

Крвна група 0

Овие луѓе е најдобро да избегнуваа млеко и глутен. Луѓето со крвна група 0 се многу отпорни на стрес, но често имаат проблеми со желудникот и со киселини во стомакот. Кафето воопшто не е добро за нив и би требало да го заменат со чај од ѓумбир, маточина или зелен чај.

https://vistina.com.mk/zivot-i-stil/koj-chaj-e-najdobar-za-vas-spored-vashata-krvna-grupa/

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Сре Окт 24 2018, 12:49

Рецепт за природен „антибиотик“ против воспаление на меурот

Измешани во правилен сооднос, корен на магдонос, лимон, мед и маслиново масло, ќе ја елиминираат здодевната бактерија со нивното моќно антибиотиско и антивирусно дејство.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Сре Окт 24 2018, 12:50

Состојки:
250 г корен на магдонос
250 г лимон со кора
250 г мед (по можност од жалфија)
2 дл маслиново масло

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Сре Окт 24 2018, 12:50

Подготовка:
Коренот од магдонос и лимонот со кора треба ситно да се исечкаат, а потоа сите состојки, вклучувајќи ги медот и маслиновото масло, да се измиксуваат во блендер. Ќе добиете кашеста смеса која треба да ја чувате во ладилник. Секое утро земајте по една лажица.
Откако ќе ја потрошите направената количина, бактеријата би требало да исчезне.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Сре Окт 24 2018, 12:50

Напомена:
Медот би било добро да се набави кај проверен пчелар, лимонот секако би требало да биде домашен, непрскан. Ако, сепак, лимонот го купите во продавница, ставете го да отстои во ладна вода во која сте додале малку сода бикарбона. Потоа добро измијте го. Коренот на магдоносот, исто така, треба добро да се измие.

https://www.slobodenpecat.mk/magazin/spasonosen-priroden-antibiotik-protiv-vospalenie-na-meurot/

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Flora Пет Окт 26 2018, 12:37

Super ako ova e taka.

Лек кој лекува грип за неколку часа

Грипот владее а вие се чувствувате немоќно? Не се грижете, ви откриваме еден стар лек кој го користеле и нашите баби, а тој ќе ви помогне вашите симптоми да исчезнат за неколку часа. Сите го имате во домот!

Истражувањата покажуваат дека настинките можеме да ги решиме за само неколку часа со помош на лукот кој е богат со селен и витамин Ц.

Доколку го консумирате сега за неколку часа ќе се активираат гени кои се вклучени во производството на бели крвни зрнца, кои пак, го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Доколку се плашите од непријатниот мирис, и за тоа постои решение, а тоа е сокот од лимон кој го елиминира непријатниот здив.

https://denar.mk/191440/zdravje/lek-koj-lekuva-grip-za-nekolku-casa

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by EVITA Пон Окт 29 2018, 11:43

Verzbi za zateganje na podbradokot i simnuvanje na masnotiite od vratot.


_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Пет Ное 09 2018, 10:14

Само три урми дневно ве чуваат од многу болести!

Урмите се овошје кое дефинитивно многу малку се користи во исхраната, а многумина не ги сметаат за вкусни, иако се и повеќе од тоа.

Обидете се да ги вметнете во исхраната на било кој начин, бидејќи дефинитивно ќе имате многу придобивки од тоа.

Во продолжение, ви претставуваме 10 причини зошто треба да почнете да консумирате урми за што ќе ни бидете многу благодарни.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Пет Ное 09 2018, 10:14

Богати се со огромен број витамини

Урмите се богати со бакар, калиум, влакна, манган, витамин Б6 и магнезиум.

-Го подобруваат варењето

Корисни се за варењето, за цревата и за било какви проблеми со стомакот.

-Ја ублажуваат болката

Урмите се богати со магнезиум за кој знаеме дека ги ублажува болките и отокот доколку го имате. Исто така, го намалуваат и ризикот од срцеви заболувања,артритис и Алцхајмерова болест.

Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Пет Ное 09 2018, 10:14

Бременост

Урмите го олеснуваат и породувањето, односно истражувањата покажуваат дека жените кои јаделе урми најмалку четири недели пред породувањето имале полесно породување.

-Висок крвен притисок и инфаркт

Магнезиумот во урмите го намалува крвниот притисок, а калиумот е одличен за крвотокот.

-Здравје на мозокот

Урмите содржат витамин Б6 кој е одличен за здравјето на мозокот.

-Слабеење

Обидете се да јадете неколку урми во текот на денот кои ќе направат да се чувствувате сити и ефикасно да го намалите вишокот на килограми.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Пет Ное 09 2018, 10:15

Анемија

Урмите содржат голем број минерали и многу високо ниво на железо што ги прави совршен додаток на исхраната кај анемичните луѓе.

-Совршени се за најмалите

Шеќерот од урмите е најсоодветен за вашите дечиња бидејќи најлесно се вари. Експертите советуваат да им се даваат урми на деца кои се нервозни или хиперактивни.

-Го намалува ризикот за рак на абдомен

https://fashionel.mk/ubavina/samo-tri-urmi-dnevno-ve-chuvaat-od-mnogu-bolesti
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by osa Саб Ное 10 2018, 20:00

Неверојатно: Еве што се случува со организмот кога една година ќе јадете само веганска храна?
Исфрлањето на месото и млечните производи од исхраната стана многу популарно, па во последните десет години е забележан пораст на бројот на вегани за 350 отсто.

Еве што се случува со вашето тело кога една година ќе јадете само веганска храна:

После неколку дена

Ако одлучите да станете веган, во првиот момент ќе почувствувате прилив на енергија која доаѓа од исфрлање на месото и доминација на исхраната базирана на овошје и зеленчук. Потребно е однапред да се планираат оброците, за да се обезбеди константно одржување на нивото на енергија.



После неколку недели

После неколку недели нејадење месо, ќе се случат промени во цревата, а не се исклучени ниту засилени гасови поради тоа што веганската храна содржи влакна и зголемено консумирање на јаглехидрати кои се ферментираат во цревата и можат да предизвикаат иритација.

После неколку месеци

После неколку месеци, вашата кожа ќе биде почиста, но нивото на витамин Д може да опадне, бидејќи него го има најмногу во месото, рибата и млечните производи. Овој витамин е многу важен за коските, забите, мускулите, а недостатокот е поврзан со заболувања на срцето, мгирена и депресија. Резервите остануваат во телото само два месеци. Бидејќи телото го произведува благодарение на сонцето, не би лошо било на веганска исхрана да преминете кон крајот на зимата.



После една година

Како се приближувате кон една година консумирање веганска храна, резервите со витамин Б12 се веќе веројатно истрошени. Замор, останување без здив, лошо паметење, се само некои од симптомите кои укажуваат на недостаток на витамин, кој единствено може да се најде во животинските производи. Затоа е важно да го надополните тој недостаток со суплементи во исхраната, во спротивно сите придобивки за кардиоваскуларниот систем исчезнуваат.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Чет Дек 06 2018, 10:50

10 чекори до подобро здравје

Се чини дека секојдневно нови студии сугерираат нови начини за намалување на ризикот од болести. Што јадете, што пиете, како се однесувате со другите, сето тоа влијае врз вашето здравје. Пробајте ги овие едноставни и ефективни совети на екпертите и подобрете го вашето здравје
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Чет Дек 06 2018, 10:50

Јадете моркови – се намалува ризикот од рак

Студија објавена во журналот на Националниот институт за рак во 2012 година покажува дека каротеноидите (пигментите во морковот што всушност се антиоксиданти) може да го намалат ризикот од рак на дојките кај жените. Истражувачите проучувале податоци од 3.000 случаи и увиделе врска меѓу високото ниво на каротеноиди во крвта и ризикот од рак на дојка. Лаура Кипуло, препорачува јадење портокалова храна, но вели дека кародтени може да се внесат во организмот и со јадење, жолчка и брокула, но и спанаќ.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Чет Дек 06 2018, 10:51

Исправете се – да ја избегнете болката во вратот

Држете ги рамената назад, а главата исравено, со што нема само да придонесете за своето здравје, туку и ќе изгледате поубаво. Според д-р Дејвид Гиер, ако сте подведнати во горниот дел од телото, предизвикувате притисок во мускулите на рамената, што предизвикува болка. За да знаете дека држењето на телото ви е исправено и кога стоите, проверете го тоа во огледало. Свртете се на страна и погледнете дали замислената линија поминува точно низ средината на вашето уво, рамо, колк и глужд. Ако таа линија е права, тогаш знајте дека држењето ви е правилно.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Чет Дек 06 2018, 10:51

Одете во кругови за да го намалите стресот

За намалување на стресот се препорачуваат медитации или јога, но активните луѓе не сакаат многу да седат на едно место. Затоа експертите препорачуваат прошетки, но не од оние во еден правец, или враќање по друга патека. Препорачуваат одење низ лавиринт, или бавно одење по кружна патека. Тоа доведува до психичко смирување, поради повторувањето на истите слики. Студија објавена во журналот за зависности, покажува дека ваквиот начин на пешачење помага во намалување на крвниот притисок, по само една до шест недели движење во лавиринт.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Чет Дек 06 2018, 10:51

Избегнувајте ги тв каналите за храна

Ако сакате да намалите килажа не гледајте емисии во кои таа се приготвува, а особено треба да го избегнувате каналот во кој 24 часа се готви. Многумина кои гледаат храна го поттикнуваат организмот и сам да побара храна, иако штотуку станале од маса. Според студија објавена во весникот за прекумерна телесна тежина во јануари 2012 година, научниците покажале дека се зголемува хормонот грелин, кој го регулира чувството на глад, откако на учесниците во истражувањето им покажувале фотографии од храна. Кипуло вели дека треба да се исклучи телевизорот додека јадете, а, пак, доколку гледате омилено шоу за приготвување храна тогаш в рака имајте пенкало и хартија да запишете рецепт, а не грицки.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Чет Дек 06 2018, 10:51

Пијте зелен чај и намалете го ризикот од рак на дигестивниот систем

Заменувајќи го кафето со шолја зелен чај може да го намали ризикот од рак на системот за варење , според истражувачите кои ја направиле студијата за женско здравје во Шангај. Според нив, пиењето чај најмалку трипати неделно во рок од шест месеци го намалува ризикот од рак за 17 отсто. Жените кои пијат зелен чај два-трипати дневно тој ризик го намалуваат за 21 отсто.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Чет Дек 06 2018, 10:51

Станете, за помал обем на струкот

Седењето во подолги периоди во текот на денот без пауза доведува до таложење на мастите околу половината, со што се намалува и нивото на добриот холестерол во крвта. Студија објавена во Европскиот весник за срце во јануари 2011 година покажува дека ако станете од столицата барем на една минута неколкупати дневно го чува вашето срце и обемот на струкот. Дури и оние кои долго седат ќе имаат помал обем на струк и ниско ниво холестерол ако често прават куси паузи (колку повеќе паузи, толку подобро). Стоењето од една минута ги намалува негативните ефекти од седењето. Експертите препорачуваат ако имате можност набавете маса што се крева, па одреден дел од денот работете на компјутер станати. Или, сместете го лаптопот врз фајловите на полиците. Секако, место да пратите маил до колегите од другата канцеларија појдете до таму да ги информирате. Пијте вода, многу, за да мора да одите во тоалет почесто.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Bosonoga Чет Дек 06 2018, 10:52

Чистете ги забите со забен конц за здраво срце

Чистењето заби со конец е поврзано со генералното здравје, но и спречува бактериите од вашата уста да навлезат во крвотокот и да предизвикаат инфекции, дури и ендокардитис (воспаление на кошулката на срцето), што е болест опасна по живот. „Чистењето на забите со конец ја отстранува и бактеријата од празнините, не само храната“, велу Санда Молдован, стоматолог. Таа препорачува еднаш дневно да се чистат забите со конец, не почесто, затоа што може да ја истенчите глеѓта од забите. „Неодамнешна студија покажа дека оние кои ги чистат забите со конец живеат пет до седум години подолго од оние кои не го прават тоа“, додава Молдован.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

INTERESNO Empty Re: INTERESNO

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот