Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЕВЕ И ОД ВЛАСТА ПРЕСТАПНИЦИ

Go down

ЕВЕ И ОД ВЛАСТА  ПРЕСТАПНИЦИ Empty ЕВЕ И ОД ВЛАСТА ПРЕСТАПНИЦИ

Пишување by osa Пет Мар 29 2019, 00:01

Утврден судир на интереси кај градоначалниците на Бутел и Ресен, извршувале две неспојливи функцииОбјавено пред 1 ден - 27 март, 2019

Двајца градоначалници се на листата на функционери кај кои Државната комисија за спречување корупција утврди судир на интереси по извршените проверки на доставените изјави за интереси. Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, пријавил дека ја извршува и функцијата член на Управниот одбор на Градскиот трговски центар од 2017 година, а градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревки, истовремено е член на Управниот одбор на ЈП „Студенчица – Кичево“, исто така од 2017 година.

На листата каде што антикорупционерите констатираа судир на интереси се уште 16 службени лица, кои истовремено биле директори, членови на општински совети, членови на управни и надзорни одбори во јавни претпријатија.
„Утврдена е листа на лица што извршувале две или повеќе функции истовремено. Кај сите има судир на интереси и тие се известени дека треба да си го отстранат судирот на интереси во рок од 15 дена од доставувањето на одлуката“, рече претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, и нагласи дека поради неспојливост на функциите, превидена е и прекршочна постапка.

Антикорупционерите утврдиле дека Ѓорги Граматиков извшувал три функции што не може да бидат споени, односно пријавил дека е член на Советот на Општина Дојран, член на Управниот одбор на градинката „Кокиче“ во Дојран од 2014 година и член на Надзорниот одбор на ЈП за комунални дејности „Полин“ од 2013 година.

Александар Цуцулоски, член на одборот на директори на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, истовремено е член на Управниот одбор на студентскиот дом „Пелагонија“ од 2017 година.

Љупка Јаневска, в.д. директорка на детската градинка „Гоце Делчев“ во Пробиштип, истовремено е член на Управниот одбор на студентскиот дом „Доне Божинов“ во Пробиштип.

Габриела Иливеска е член на Советот на Општина Кратово и член на Управниот одбор на градинката „Царка Андреевска“ во Кратово од 2017 година.

На листата се и Билјана Манасиева, која истовремено е член на Советот на Општина Виница и член на Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Виница од 2017 година, Џелал Абиду, член на Советот на Општина Маврово – Ростуше и член на Управниот одбор на Националниот парк „Маврово“, Маврови Анови, од 2009 година, Кире Алексов, член на Советот на Општина Свети Николе и член на Управниот одбор на ХС „Злетовица“ – Пробиштип, Драгана Плешкова, член на Управниот одбор на ЈЗУ „Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија“ и член на Управниот одбор на ЈЗУ „Универзитетска клиника за радиотерпаија и онкологија“ – Скопје од 2017 година, Славјана Михаиловиќ, член на Советот на Општина Струмица и заменик-народен правобранител во Скопје, Ристо Џинев, претседател на Советот на Општина Дојран и член на Управниот одбор на детската градинка „Кокиче“ во Дојран од 2014 година, Тони Мартиноски, член на Советот на Општина Бутел и в.д. директор на Управата за животна средина и просторно планирање од 2014 година, Богослав Лескаровски, член на Управниот одбор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и член на Управниот одбор на Агенцијата за катастар од 2017 година, Бедри Вељиу, заменик-претседател на Управниот одбор на ЈЗУ „Општа болница Куманово“ и претседател на Управниот одбор на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Куманово од 2017 година, Томче Ѓуровски, член на Советот на Општина Аеродром и член на Надзорниот одбор на АД „Македонски железници – Транспорт“ од 2017 година, Милена Строимановска, член на Советот на Општина Куманово и член на Управниот одбор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово од 2011 година и Марјан Неделковски, член на Управниот одбор на Државниот студенски дом „Скопје“ – Скопје и член на Управниот одбор на ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ – Велес.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16589
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЕВЕ И ОД ВЛАСТА  ПРЕСТАПНИЦИ Empty Re: ЕВЕ И ОД ВЛАСТА ПРЕСТАПНИЦИ

Пишување by osa Сре Апр 24 2019, 16:46

Заев: Гласачите апстинираа како порака до власта, а не како поддршка на опозицијата

SHARE
TWEET
PIN
SHARE

Пораката на гласачите од првиот круг за претседателските избори е примена и прифатена и секако ќе реагираме, но да дадеме шанса на нашата држава, рече денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ги изборните резултати. Тој изрази уверување дека, сепак, изборите ќе успеат и оти концептот на нивниот кандидат Стево Пендаровски ќе победи.

Според него, прашањето на името и Договорот од Преспа не се причини за неисполнување на нашите очекувани резултати затоа што на референдумот излегоа 669.000 граѓани, а „за“ гласаа 609.000 граѓани. Ако вистинско мнозинство биле против, имале, рече, можност и на овие избори се изјаснија 319.000 за Гордана Сиљановска како кандидат поддржана од опозицијата, како и сите оние кои беа против Договорот од Преспа. Истовремено, нагласи, ниту заокружувањето на Охридскиот рамковен договор во правно-формалниот аспект и законот за употребата на јазиците не било причина за тоа.

-Зошто еден дел од гласачите одлучија да апстинираат, а се гласачи поддржувачи на 31 партија и на концептот на Стево Пендаровски? Одлучија преку седење дома да испратат порака на незадоволство кон власта, оти тие ако се откажале од нашата поддршка ќе ги дадеа своите гласови за опозицијата, односно за кандидатот Сиљановска Давкова. Како што гледате и Христијан Мицковски со своите политики е делегитимиран затоа што има пад со повеќе од 10-тина отсто од вкупниот број на гласовите од последните избори и не акумулира дополнителен број на гласови, а нашите разочарани гласачи дефинитивно ја испратија пораката која излегува како врв на таа анализа, а тоа е дека се разочарани од одредени функциониери, од одредени политики кои мора да бидат коригирани и во делот на политиките и во делот на функционерите, односно не така одговорно, често и достоинствено сите им служат на своите граѓани, вели Заев на новинарско прашање.

Според него еден дел од оние кои добија одговорност да им служат на граѓаните како министри, директори, за жал се изгубија во тој дел, затоа што, вели се отуѓија од народот и се поставија повисоко, а и не си ги завршија дел од работите кои ги добија. Затоа најави промени, чистка, реконструкција, која ќе следи по изборите, оти е незаконски да се вршат за време на изборен процес.

Тој нагласи дека досега не е разговарано со коалициските партнери за евентуални промени или реконструкција на Владата, како и дека досега имал различни понуди од функционерите, дека има впечаток, но сето тоа ќе се решава по изборите, и во надлежните институции.

-Чесно е да им соопштам на граѓаните дека пораката е допрена до мене. Тоа што е делокруг на надлежностите од премиерот и затоа ќе има промени, тие ќе се случат и секако ќе бидат здрави и ќе ја испратат пораката на следните кои ќе дојдат да не се однесуваат така, да не предизвикуваат незадоволство кај граѓаните. Но, истовремено секако очекувам тие граѓани што имале намера да ја испрат пораката, истовремено ќе си ја прифатат и нивната граѓанска одговорност дека сепак на државата треба да и дадат шанса и да излезат и да гласаат на овие избори, да успеат изборите. Неуспешноста значи нови политички кризи, а сите трендови од минатото од сите претседателски избори покажуваат дека процентот на излезеност во вториот круг е поголема отколку во првиот круг избори. Ако било за порака, а било за порака испратена е, прифатена е и секако ќе реагираме, но да дадеме шанса на нашата држава со излегување како гласачи на 5 мај, рече премиерот Заев.

Заев рече дека не може да ја обвини ДУИ, оти и во многу чисти македонски средини многу гласачи не излегле. Очекува сите да дадат максимален придонес во вториот круг од изборите, како и 80.000-те илјади гласачи на Блерим Река, бидејќи вели најважната определба е нашата земја и ќе и плмогнат на земјата.

На новинарско прашање рече дека не верува дека опозицијата ќе бојкотира, а вели, тврди одговорно дека власта нема да бојкотира. Мотивацијата му ја даваат граѓаните и веруваме во кандидатите што ги поддржуваме.

-Како претседател на најголемата политичка партија од коалицијата која го поддржува Стево Пендаровски имаме секакво право да очекуваме граѓаните од помалубројните заедници, вклучително и вторта по големина албанската заедница да биде во поддршка за Пендаровски заради заедништвото и напредокот на државата, заради ЕУ и НАТО, заради стандарот. Од другата страна се откажаа од дел од заедниците, дури не се корегираа и за босанската заедница, а ниту за албанската заедница. Ние сме мултиетничко општество отсекогаш и изборот зависи и од помалите заедници, затоа и убавината да избереме претседател кој навистина ќе биде претседател на сите и оттука верувам во успешност на изборите. Изборите мора да успеат. Истовремено еднакво е важно изборите да продолжат да бидат скандинавски, кристално чисти, демокартски слободни избори. Третата работа е важно да победи Стево Пендаровски оти знам што ќе се случува во државата, знаат и граѓаните, нови амнестии, аболиции, нови кочници,… тоа се многу проблеми, а не ни требаат, вели Заев.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16589
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот