Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО ....

2 posters

Go down

НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО .... Empty НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО ....

Пишување by osa Нед Јан 05 2020, 23:52

[size=41]На Бадник – Небото се отвара, желбите се остваруваат[/size]




Сподели на Facebook
 
Твитни
  
скопје24
јануари 3, 2020

Бадник не е само последниот ден од големите пости, туку и трепет исполнет со очекување да се роди Божјиот Син. Бадник е и еден од најважните семејни празници. Тој е посветен на домот, огништето, но и на предците-роднини кои си заминале, кои исто така се сметаат за дел од семејството.
По старата традиција, пред да се нареди празничната трпеза на Бадник, господарот на куќата треба да го запали огништето со дрвце, наречено Бадниково дрвце велејќи: “Колку искри, толко пилиња, телиња и дечиња во овој дом!”.
НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО .... Badnik-504x381-504x381
[size]
Во искрите од огнот пак се гледа каква ќе биде годината. Колку повеќе искри има, толку богата ќе е жетвата, кравите ќе се помлечни, а свињите – подебели.
Затоа јадењата што се служат на трпезата имаат за цел да донесат плодност и среќа во текот на целата наредна година. Празничната трпеза се става на слама на земјата во југоисточниот агол на собата под иконостасот. Бројот на јадењата треба да биде непарен, а најдобро 7 или 9, кои се свети броеви. Ако сепак се прашувате која опција да изберете, имајте на ум дека колку повеќе има на трпезата, толку поголемо изобилство ќе Ви биде обезбедено за следната година. Задолжително на масата треба да има храна која е посна.
На трпезата треба да го има сето она што се произведува во домаќинството: варено жито, варен грав, сарма, компот од сливи, кисели краставички, кромид, лук, мед и ореви, вино. Во некои краеви се прави и зелник и мало лебче во кое е скриена паричка (на кого ќе се падне, ќе биде среќен целата година). Во четирите агли на просторијата се става по еден орев. Ова се прави за да се осветлат четирите краишта на светот. Пред да почне вечерата на Бадник, најстариот маж во домот ја прекадува трпезата.
[/size]
НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО .... Dtpj88tpyt9wr45zoxas
[size]
Се верува дека темјанот ги прогонува темните сили да не можат да вршат зла, во пресрет на Божиќ.
На трпезата пред да се почне со јадење сите се фаќаат за лебот и најстариот член во семејство ги кажува зборовите: “Дојди, Боже, да вечераме”.
Секој треба да касне од сите јадења, за да му оди годината. Додека трае вечерата, никој не треба да станува од масата. Од слама, врз која сте вечерале, се врзуваат венци и ставаат на овошните дрвја, за да раѓаат изобилно.
Трпезата не се крева цела ноќ, за да не избега среќата. Се верува дека кога домаќинството ќе заспие, блиските покојници доаѓаат да вечераат. Кога ќе настапи полноќ и Божиќ, тогаш ќе дојдат коледарите и тогаш ќе се роди Христос.
[/size]
НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО .... Download-1
[size]
Се верува дека на Божиќ небото се отвора и во еден момент се пали, но тоа сепак можат да го видат само праведниците. На Божиќ човек може да си посака било што, бидејќи тогаш желбите се остваруваат.
[/size]

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО .... Empty Re: НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО ....

Пишување by osa Пон Јан 06 2020, 11:36

Се слави Бадник - Денеска мора да се направат две нешта за среќна година




Facebook17TwitterViberMessenger

НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО .... 3fcghn31g3n1vh35m1bv3mregrre
Го славиме големиот празник Бадник кога сите со семејствата седнуваме на посна трпеза, јадеме посна храна, кажуваме молитва и кршиме лепче со паричка, која се верува дека носи бериќетна година.
Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати сè што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале.
Така целата година се смета дека ќе биде среќна и мирна.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО .... Empty Re: НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО ....

Пишување by IVA Сре Јан 08 2020, 16:56

jas   si  posakav zelba ,a vie ? slednata godina ke vi kazam dali mi se ostvarila,zdravje boze
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО .... Empty Re: НА БАДНИК СЕ ОТВОРА НЕБОТО ....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот