ЗАСТРАШУВАЧКИ ВЕСТИ ОД КИНА
2 posters
Страна 1 of 1
ЗАСТРАШУВАЧКИ ВЕСТИ ОД КИНА
Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот
Објавено на 27 март, 2020 во 13 часот и 51 минути
Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од болница, откриле лекарите во Вухан, објави „Саут Чајна морнинг пост“.
Истражувачите ширум светот се обидуваат да утврдат дали закрепнатите пациенти сè уште можат да заразат други луѓе со коронавирус и дали имаат развиено антитела кои им нудат имунитет на болеста.
Лекарите од болницата „Тонџи“ во Вухан, каде лани во декември првпат се појави вирусот, за телевизијата CCTV изјавиле дека не пронашле докази дека пациентите кои повторно биле позитивни на вирусот станале заразни, а тоа го утврдиле врз основа на набљудувања на членовите на нивните семејства и лабораториските тестови.
И покрај релативно малиот процент, истражувањето на болницата „Тонџи“ е особено важно бидејќи Кина сега има далеку повеќе закрепнети пациенти отколку нови потврдени случаи.
Во Кина се излекувани над 90% од заразените пациенти, а околу 4.300 сè уште се на лекување во болниците. Вкупната бројка на заболени е 81.340, а бројот на смртни случаи 3.292, но повеќето од новите случаи се увезени.
Ванг Веи, претседател на болницата „Тонџи“, изјави за CCTV дека од 147 излекувани пациенти што ги проучувале, само пет – или нешто повеќе од 3 проценти – биле повторно позитивни.
Во меѓувреме, магазинот за здравје „Лајф тајмс“, оваа недела објави дека карантинските установи во Вухан објавиле дека околу 5 до 10 проценти од нивните излекувани пациенти биле позитивни откако повторно се тестирале.
Овие податоци отворија прашања за тоа дали тестовите со нуклеинска киселина може да не се точни во откривање траги од вирусот кај некои од закрепнатите пациенти.
Ванг за CCTV изјави дека петте пациенти од неговата болница кои повторно биле позитивни немале никакви симптоми, а ниту еден од членовите на нивните семејства или луѓе со кои имале близок контакт не е заразен.
Тој рече дека нема докази дека излекуваните пациенти кои повторно се позитивни ќе бидат заразни за другите.
„Досега нема докази кои индицираат дека тие се заразни“, рече Ванг, додавајќи дека надзорот над други пациенти покажал дека околу 80 до 90 проценти од нив немаат никаква трага на коронавирусот во нивната крв еден месец откако биле отпуштени од болниците.
Анализата на друга група од 15 пациенти од болницата, исто така, потврди сличен тренд, при што никој не ги заразил членовите на нивните семејства.
„Овие се само мали примероци и не се доволни за да нè уверат во валидноста на нашите први наоди“, рече Ванг. „Ни треба голема епидемиолошка студија“, додаде тој.
Сепак, тој рече дека е важно излекуваните пациенти да останат во изолација две недели по отпуштањето од болница за да можат повторно да бидат тестирани за потврда./Makfax

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: ЗАСТРАШУВАЧКИ ВЕСТИ ОД КИНА
Во Вухан веќе повеќе денови нема нов случај на заболен. Сите рекорди ги рушат САД. И по број на заболени и по негативен исход од болеста. Кина успеа во две работи. Да ја ограничи епидемијата на само една област, болеста не се рашири низ целата земја, и за неколку месеци да ја исконтролира. Дај Боже да биде нешто слично и кај нашите газди во САД и во останатите земји што ја сакаат Северна Македонија (но ја мразат Македонија, Господ да им прости на лудилото и на нив и на домашните предавници).
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот