Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Бомби за време на изборна кампања!?

2 posters

Go down

Бомби за време на изборна кампања!? Empty Бомби за време на изборна кампања!?

Пишување by defo Пон Јун 29 2020, 11:15

За време на изборнава кампања почнуваат нови бомби на двете страни, реално има потреба од ова и каков ќе е исходот од тие бомби? 
Според мене, едно беше 2015,2016 со бомбите, тоа беше борба со „режим“. И зад тие бомби имаше тежина, сега овие немаат сем за потценување на интелегенцијата на нормален, не-ботоски гласач, и му потикнуваат лошење, и ја потикнуваат желбата да не се гласа(бар кај мене). За мене лично овие бомби кои излегуваат сега незначат ништо, ни оние кои се од СДСМ ни оние кои се од ДПМНЕ, во однос ан мојот став кој треба да победи и зошто на избори, настрана од мојот став дека не е треба да има избори, ради целата КОВИД ситуација.
Едино нешто што можам да сфатам од овие бомби оди во насока, дека некој длабоко не мешетари во земјава, и дека полицијата и судството и останатите контролни механизми не работат баш нај нај во државава. И дека важи она правило дека во секоја борба има 3 страни, напаѓач, нападнат и ебана странка, е ние сме таа трета странка.
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бомби за време на изборна кампања!? Empty Re: Бомби за време на изборна кампања!?

Пишување by трендафил Пон Јун 29 2020, 16:39

Ако одиме споре м.м.е. кој прв почна, знаеме кој почна со бомбите и дека тоа не му донесе победа на изборите, па мораше да се вмеша директно газдата од странство и да го уценува Али Ахмети со Хашкиот трибунал за да се формира новиот, сега т.н. хибриден режим. Целта беше дека како земја на линијата на фронтот, според администрацијата на Обама да влеземе и со тоа да се врземе за НАТО. Сега и налбудалиот Македонец знае дека НАТО не носи пари ниту сигурност од реалните предизвици исправени пред Македонија, а наши непријатели сигурно не се Кина и Русија. За жал повеќе не се почитуваат ни основите на цивилизациско однесување кон никого. Ни кон пријателите, а да не зборувам за непријателите. Се гледа кој како може да се искористи. Тоа се слуша и во најновата бомба со изјава на актуелниот лидер (иако не е премиер) на Македонија, Зоран Заев кој вели „ После мамето ќе им го е8ам, сите што ќе влезат кај мене во коалиција “. За жал тоа се однесува и на гласачите откако ќе го дадат својот глас. Реално, полесно му е на душата на секој што гласал за тој што ќе ги загуби изборите. Кога гласаш за тој што ќе состави влада (во други земји победникот на изборите, што кај нас не е случај доколку тоа не и одговара на евроатлантската меѓународна банда) човек станува соучесник на тоа што го прави власта.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бомби за време на изборна кампања!? Empty Re: Бомби за време на изборна кампања!?

Пишување by defo Пон Јун 29 2020, 16:54

Ај препочитај пак убаво што сум пишал....ти пак по старо.....јас нит планирам да ги коментирам нит да ги објаснувам, не вреди.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бомби за време на изборна кампања!? Empty Re: Бомби за време на изборна кампања!?

Пишување by трендафил Пон Јун 29 2020, 21:39

И сега е борба со режим и тоа режим кој удри во работи за кои пролеале крв илјадници Македонци, а работата беше завршена на криминален начин, со помош на судството преку уцени и со корупција на одреден дел пратеници. Разликата сега е што бомбите пукаат на Јутјуб или понекогаш на некој сличен канал, а порано тоа се правеше на прес конференции. Изгледа и дека сега борбата е локална, без мешање на странски служби. Не верувам дека Заев го патентирал правото за користење на бомби, но пак ќе напишам дека бадијала му беа бомбите ако не беа тајните слуѓби на „пријателските“ земји и уцените врз Али Ахмети и голем дел од ДУИ дека ќе бидат испратени на судење во Хаг ако не коалицираат со СДСМ и не соработуваат во загрозувањето на македонскиот идентитет. Ако не е режим власт што по неуспешен референдум го менува Уставот согласно со прашањето поставено на истиот, не знам што е тогаш режим. Според направеното, го признавам правото некој да мисли дека многу од направените работи се глупости, повеќе направи ВМРО од СДСМ. Дури и во годините на светска економска и европска должничка криза што негативно делуваше на економијата. Од тука мислам дека помалку крадеше. Дури и Мерцедесот за кој се изречени повече пд десет години затвор вкупно е тука и се користи и не е платен поскапо од неговата реална цена. Не знам за што ги трошеше парите режимот на Заев. А потроши повеќе пари. Знам дека десетина милиона евра потроши на новинари кои Сорос повеќе не ги плаќа и толку. Дали е попаметно да се потрошат пари за лубриканти отколку да се направи споменик е прашање на вкус и за тоа не би сакал да дискутирам.
Мислам дека не си од тие што сметаат дека само Заев има право да објавува бомби, посебно откако е во пријателски односи со Сашо Мијалков, човекот што го прислушуваше и наводниот диктатор Груевски. Очигледно е дека снимањето на туѓи разговори станало хоби на многумина во Македонија. Т.н. северна.
Да напишам и дека лично бев и сум против бомби, но го прифаќам мислењето на мнозинството. Сето е веројатно резултат на недовербата во правосудниот систем.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бомби за време на изборна кампања!? Empty Re: Бомби за време на изборна кампања!?

Пишување by defo Пет Jул 03 2020, 13:28

СДСМ, оставете го ДПМНЕ да пука бомби, не правете го вие тоа, ви дава контра ефект, ги тера луѓето со поголемо IQ да повраќаат....Ако имате реален доказ мавајте со документи со се...вака џабе.....
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бомби за време на изборна кампања!? Empty Re: Бомби за време на изборна кампања!?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот