Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

„Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, бидејќи работел против Владата

2 posters

Go down

„Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, бидејќи работел против Владата Empty „Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, бидејќи работел против Владата

Пишување by defo Пон Јун 21 2021, 10:12

Владата на Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, објавуваат тамошните медиуми. Според објава во весникот „Дан“ причината која се наведува од црногорската влада е дека Азески се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Подгорица, презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата.

Како што се наведува, одлуката за отповикување е донесена на последната седница на црногорската влада, а според решението потпишано од премиерот Здравко Кривокапиќ, црногорските медиуми пишуваат дека Министерството за внатрешни работи дошло до сознанија дека Азески во контакти со угледни бизнисмени ,при извршувањето на должноста почесен конзул, ја користел секоја можност да изрази сомнеж за угледот на Црна Гора и за кредибилитетот на нејзините тела


„Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, бидејќи работел против Владата Ba10

Оти ништо од овој не ме изненадува?
defo
defo

Број на мислења : 3581
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

„Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, бидејќи работел против Владата Empty Re: „Дан“: Црна Гора го отповика почесниот конзул Бранко Азески, бидејќи работел против Владата

Пишување by трендафил Пон Јун 21 2021, 21:05

Очигледно е дека Азески е близок до Ѓукановиќ, кој по децецении ја загуби власта во Црна Гора. И кај нас со доаѓањето на власт на црпнатиот од Муртино многу и професионални и почесни конзули беа отповикани. Сите што сметаат дека немаме заедничка историја со Бугарија во смисол дека заедничкото е бугарско, а не и македонско, да не зборувам за тие што сметаат дека врз нашиот идентитет влијание (поголемо не дај Боже) имаат и античките Македонци и дека имаме право на името Македонија кое ако не бевме ние ќе беше покојно (толку се другите Македонци). На пример отповикани се Горан Калоѓера во Хрватска или Џејсон Мико во САД.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот