Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Бранко Црвенковски

+4
Hamad bim Khalifa
Фири4
tmoro
reiter
8 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

Бранко Црвенковски Empty Бранко Црвенковски

Пишување by reiter Пон Апр 20 2015, 14:40

да отвориме тема за Бранко Црвенковски,

Бранко Црвенковски: На Заев му честитам на храброста и му давам целосна поддршка напиша:

Бранко Црвенковски Branko-crvenkovski

Писмено обраќање до јавноста на поранешниот претседател на Pепублика Mакедонија, Бранко Црвенковски: напиша:

Кога пред две години решив да се повлечам од лидерската позиција во СДСМ, донесов и одлука за мое целосно повлекување од јавноста. Во изминатиов период се изнаслушав разни шпекулации и измислици на што се должи мојата доброволна самоизолација. Од тоа дека сум тешко болен па до тоа дека сум изложен на сериозни уцени и закани. Од тоа дека ми е повредена суетата па до тоа дека не ми е грижа ниту за народот ниту за државата. Па еве конечно да одговорам на овие лажни конструкции. Фала му на Господ, здравјето ми е добро. Никој ниту имал, ниту има со што и за што да ме уценува. Што се однесува до заканите, тие во мојот случај предизвикуваат сосема спротивен ефект, само поголем мотив и желба за борба. На македонската јавна сцена има многу суетни личности но нив ќе ги препознаете, не по нивното молчење туку по тоа што ја користат секоја прилика за медиумско присуство, без разлика дали имаат или не нешто паметно да соопштат. А за тоа дали и колку сум загрижен за состојбите во државата оставам сами да заклучите врз основа на она што ќе го соопштам во овој текст. Кои беа вистинските причини за мојот двегодишен молк 1.Не сакав на било каков начин да и дадам можност на власта да ја продолжи повеќегодишната, примитивна и црна кампања поврзана со мене и против новото раководство на СДСМ. 2.Новоизбраното раководство на СДСМ се определи за програмски и кадровски дисконтинуитет. Дали тоа беше паметно или не покажа и ќе покаже времето. Но тоа беше легитимна одлука на новото лидерство и заслужуваше фер шанса и доволен временски период за реализација на новиот концепт. 3.Како лидер на СДСМ, а посебно после настаните од „црниот понеделник“ на 24ти декември 2012 година се залагав за целосно делегитимирање на власта, за активен и континуиран „отпор“, за перманентни протестни собири и маршови, за разни облици на граѓанска непослушност и за бојкот на локалните избори. За таквите мои намери бев жестоко напаѓан и обвинуван од страна на власта што беше сосема разбирливо и очекувано. Но она што беше неочекувано беа критиките и оспорувањата кои доаѓаа од одредени опозициони кругови дека тој концепт е погрешен па дури и резултат на некои мои лични мотиви за задржување на лидерската позиција во партијата. Се заговараше „конструктивен политички дијалог“ со власта, битка преку институциите на системот, учество на изборите… Сфатив дека во тој момент моите аргументи не се доволни да обезбедам единство на опозиционата сцена и дека само времето ќе ја потврди или демантира исправноста на овој мој пристап и концепт. Поминаа две години. Се надевам дека денес работите им се многу појасни на сите. Кој е мојот став за состојбите во Република Македонија Со Република Македонија владее еден тоталитарен, криминоген и корумпиран режим за кој не постои ниту устав ниту закон. Режим кој целосно, прво ги партизираше, а потоа и приватизираше сите институции на државата. Режим кој ги злоупотребува сите финансиски ресурси на земјата не за доброто на народот туку за една единствена цел-како да се задржи власта и да се полнат приватните сметки во странските банки. Тоа е една структура од исфрустрирани ликови за кој човечкиот живот не вреди ниту 5 пари, кои зацрнија цели семејства и кои од Македонија направија земја на политички затвореници. Кој живее на кредит умира на рати, а оваа власт неколкукратно ја задолжи земјата и тоа за забегани и коруптивни проекти со што ја уништија перспективата на овој народ. Со овој и ваков режим Македонија нема никаква, а камоли Европска иднина. Уверен сум дека на секој барем малку подобро информиран човек со здрав разум, а камоли на припадниците на т.н. политичка, интелектуална и бизнис елита сето ова им беше јасно и познато и пред т.н „бомби“ на Заев. Сосема друго прашање е што многумина заради лична калкулација решија да затвораат очи пред реалноста обидувајќи се на разни начини да ја релативизираат и на тој начин да ја смируваат сопствената совест. На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка за тоа што преку „Вистината за Македонија“ на најдиректен начин ги соочи сите со катастрофалната реалност во која живееме. Сега барем нема место за ничии изговори и оправдувања дека не знаел што се случува. Сега кога им е на сите јасно предочено кои и какви ликови одлучуваат за нашите судбини и иднината на нашите деца повеќе простор за незаинтересирани или неопределени едноставно нема. -или слобода или тиранија! -или демократија или диктатура! -или правна или криминална држава! -или Македонија или тие! Но да не се залажуваме. Осознавањето на вистината за карактерот на овој режим не е доволно тој режим да падне. Јасно е дека тие се подготвени да направат се за да ја задржат власта. Клучното прашање е што сме спремни да направиме ние? Ваков бескрупулозен режим не се руши само со прес конфренции и лајкови на фејсбук. Ваква тоталитарна власт која ги контролира сите институции, ги злоупотребува народните пари и ги уредува најмоќните медиуми во земјата не може да биде поразена нту од поединци ниту од опозициони партии. ВАКВА ДИКТАТУРА МОЖЕ ДА БИДЕ ПОРАЗЕНА САМО ОД НАРОД И СО НАРОД! Но за да се случи тоа претходно мора да се направат неколку неопходни чекори. 1.Да се ослободиме од илузијата дека по обелоденување на „бомбите“ Груевски и камарилата самите ќе си поднесат оставки и со наведнати глави ќе си заминат. Детски наивно е да се очекува од вакви луѓе после се што направија да покажат било какво чувство на одговорност. 2.Погрешно е и за крајната цел апсолутно штетно да се подгреваат лажни надежи дека меѓународната заедница со некакво „робусно“ присуство ќе изврши силен притисок на Груевски сам да се повлече и да овозможи формирање на преодна влада. Тоа едноставно нема да се случи. Ниту Брисел и Вашингтон се подготвени на тој начин да настапат, а ниту на Груевски му е битно каков е нивниот став. Тој во себе одамна има расчистено со евро-атлантската иднина на Македонија. 3.Приказните кои се шират во одредени опозициони кругови дека промената на власта само што не се случила па уште и се лицитира кој на чело на кое министерство или институција ќе дојде се погубни. Или искрено и чесно оваа битка ќе се дефинира како битка пред се и над се за интересите за народот и државата или ако биде препознаена како борба за задоволување на нечии клиентелистички потреби ќе биде изгубена пред и да почне. По расчистувањето со овие илузии и дилеми „отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести. Тие протести треба да бидат мирни и ненасилни но со својата масовност и упорност да го делегитимираат и натераат на отстапки режимот на Груевски. Оваа историска македонска драма ќе мора да заврши на избори, но во психолошки смисол победникот на тие избори треба да биде познат уште пред нивното распишување. И тоа никако не смее да биде Груевски! ДAЛИ НАШИОТ НАРОД ЌЕ ГО ПРИФАТИ И ПОДДРЖИ ОВОЈ КОНЦЕПТ? ДАЛИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦИТЕ И ПЛОШТАДИТЕ? Во оваа прилика сакам да ги отфрлам како апсолутни глупости тезите од типот: „ние македонците не сме такви, во нашиот менталитет не е да се бунтуваме и да протестираме“. Тврдам, и не да мислам туку знам дека нашиот народ не е ниту помалку храбар, ниту помалку слободољубив и правдољубив од било кој друг во регионот или пошироко. Знае овој наш народ многу добро што е правилно, а што погрешно, што е правда а што неправда, за што вреди а за што не да се бори и ризикува. Не е клучното прашање дали тој ќе ја поддржи и ќе учествува во оваа битка. Решавачки ќе биде кој, за какви идеи и со кој кредибилитет ќе го повика во таа борба. На Македонија во битката против овој злосторнички и тоталитарен режим и е потребно едно широко народно движење, еден сеопфатен опозиционен демократски фронт кој во себе ќе ги вклучи буквално сите кои можат и сакаат да дадат свој придонес. Мојот СДСМ во овој процес ќе има повторно, како и многу пати во минатото една исклучително одговорна но во исто време и комплексна задача. Од една страна како најголема и најдобро организирана опозициона партија да биде главниот двигател во сите овие активности и во исто време заради општото добро и историската улога да ја демонополизира опозиционата сцена во земјата. Притоа за да може СДСМ да биде главниот стожер на обединување мора прво да се обедини себе си. Сите меѓусебни етикетирања и дискредитирања мора веднаш да запрат. Целта е една и единствена. Одговорноста за тоа е на секој поединец но најмногу на раководството кое мора да ја најде формулата за обединување. Од лично искуство знам дека тоа е тешка и макотрпна но во исто време и суштинска и неопходна работа. На лидерството во партијата му посакувам многу храброст и уште повеќе мудрост во реализацијата на оваа задача. Еве, ова е стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање. Подготвен сум на ист начин како и на 24ти декември 2012 година заедно со син ми да бидам во првите редови! И искрено се надевам дека сите „душегрижници“ кои во изминатиов период ме прозиваа „каде е Бранко“, ќе бидат заедно со своите најблиски во мојата близина. Ладата, симболот на „отпорот“ е во одлична состојба, редовно одржувана и на време регистрирана. Сосема на крај. Денес е 20ти април. Ја користам оваа прилика на сите мои сопартијци да им го честитам роденденот на СДСМ и да им посакам многу среќа и успех во работата! напиша:

http://www.dokaz.mk/branko-tsrvenkovski-na-zaev-mu-chestitam-na-hrabrosta-i-mu-davam-tselosna-poddrshka/

Би сакал во овој стил и Љубчо да се обрати....

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro Пон Апр 20 2015, 14:50

reiter напиша:да отвориме тема за Бранко Црвенковски,



Бранко Црвенковски Branko-crvenkovski





http://www.dokaz.mk/branko-tsrvenkovski-na-zaev-mu-chestitam-na-hrabrosta-i-mu-davam-tselosna-poddrshka/

Би сакал во овој стил и Љубчо да се обрати....

Бране останува NUMBER ONE.

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Фири4 Пон Апр 20 2015, 15:24

Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile

Фири4

Број на мислења : 5
Join date : 2015-04-20

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro Пон Апр 20 2015, 15:37

Фири4 напиша:Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile

Никогаш јас не сум бил ВРХОВИСТ-ЉУБЧОВИСТ ,отсекогаш сум бил социјалдемократ

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Апр 20 2015, 16:03

tmoro напиша:
Фири4 напиша:Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile

Никогаш јас не сум бил ВРХОВИСТ-ЉУБЧОВИСТ ,отсекогаш сум бил социјалдемократ

Ocekuvaj odgovor od Firi5 ili eventualno firi6,7... Evil or Very Mad
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro Пон Апр 20 2015, 16:33

Hamad bim Khalifa напиша:
tmoro напиша:
Фири4 напиша:Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile

Никогаш јас не сум бил ВРХОВИСТ-ЉУБЧОВИСТ ,отсекогаш сум бил социјалдемократ

Ocekuvaj odgovor od Firi5 ili eventualno firi6,7... Evil or Very Mad

ХАХА ,,,,Фири е како IPHONE до шестка стигнал,наесен седми

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Апр 20 2015, 16:50

Mislam deka ne e do Firi!?
Ako site ostanati clenovi mozat da zapazat izvesen nivo na pishuvanje i odnesuvanje, bez razlika dali so nekogo se soglasuvame ili ne, moze i izvesniot Firi. Ako vekje ne moze da se vozdrzi, togash ne mu e mestoto tuka. Epten tolerancija ... so sto ja zasluzil???
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro Пон Апр 20 2015, 17:04

Hamad bim Khalifa напиша:Mislam deka ne e do Firi!?
Ako site ostanati clenovi mozat da zapazat izvesen nivo na pishuvanje i odnesuvanje, bez razlika dali so nekogo se soglasuvame ili ne, moze i izvesniot Firi. Ako vekje ne moze da se vozdrzi, togash ne mu e mestoto tuka. Epten tolerancija ... so sto ja zasluzil???

Не можит Фири да издржит на еден форум од секаде го банираат.

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Гостин Пон Апр 20 2015, 21:29

Konechno se javi Brane...Mu trebashe dosta...I toa posle prozivkite vo javnosta,sekako i prozivkite na forumot" melnica "...Ne velam deka ne treba da e lut, so ogled na sluchuvanjata od zimata 2012 i proletta 2013, no ovde i sega ne se reshava sudbinata na rakovodstvoto na edna partija, nitu sudbinata na celata taa partija...Vo ovoj moment se reshava sudbinata na nacijata i drzhavata...Kako poraneshen pretsedatel na drzhavata, rebashe ushte porano da zaboravi na poraneshnite nesoglasuvanja so sopartijcite, i aktivno da uchestvuva ushte od pochetok vo delegitimiranjeto na rezhimot...Sepak, podobro nekogash otkolku nikogash...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by osa Пон Апр 20 2015, 22:30

...sekako prozivkata od nashiot forum "Melnica" ...
moze da zaklucham deka tokmu ti Teo beshe toj  shto go prozva Branko da se proiznese za "bombite "
zaslugata za pojavuvanjeto na Brane vo javnosta e i tvoja ,megu ostanatite !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro Пон Апр 20 2015, 22:50

Teo напиша:Konechno se javi Brane...Mu trebashe dosta...I toa posle prozivkite vo javnosta,sekako i prozivkite na forumot" melnica "...Ne velam deka ne treba da e lut, so ogled na sluchuvanjata od zimata 2012 i proletta 2013, no ovde i sega ne se reshava sudbinata na rakovodstvoto na edna partija, nitu sudbinata na celata taa partija...Vo ovoj moment se reshava sudbinata na nacijata i drzhavata...Kako poraneshen pretsedatel na drzhavata, rebashe ushte porano da zaboravi na poraneshnite nesoglasuvanja so sopartijcite, i aktivno da uchestvuva ushte od pochetok vo delegitimiranjeto na rezhimot...Sepak, podobro nekogash otkolku nikogash...

Тој ја читаше Воденица ,не е чудно понекогаш да читат и тука.

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by defo Пон Апр 20 2015, 23:29

Бранко....се јави, иако му требаше долго време, сепак се јави. Макар мислам дека е најдобро да остане на јавување, бидејки ако се замеша може само да зезне работа.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Фири5 Сре Апр 22 2015, 19:37

Фири4 напиша:Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile
Oва беше за ройтер

Фири5

Број на мислења : 1
Join date : 2015-04-22

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by osa Сре Апр 22 2015, 19:42

e ova da go zalish .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Апр 22 2015, 19:46

osa напиша:e ova da go zalish .....
Ne se sakaldisuvaj Osa...... prsni malku od toa pipsot !!!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by osa Сре Апр 22 2015, 19:50

Hamad bim Khalifa напиша:
osa напиша:e ova da go zalish .....
Ne se sakaldisuvaj Osa...... prsni malku od toa pipsot !!!
i bez da kazesh ,prsnato e Kalifu !
p.s. zoshto taka mi se obrakash deka se sakaldisuvam?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Апр 22 2015, 19:55

Pa kako kaza..."da go zalish" ke pomisli covek deka stvarno e za zalenje! Abe zgazi go zhahorot na lice mesto - majku mu bubasvapsku dosadnu! Stenica dosadna nevidena..... koj istresok go napravil, bolje da si go isekol...
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by osa Сре Апр 22 2015, 19:59

e za vakvu smo "kavu" prichali ...i namesto razbiranje ,nie dobivme  osuda ...sega site ke "trpime "ha ha ha ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Апр 22 2015, 20:22

Dobro e dobro....ne se zalime a i ne trpime. Ovaka vekje moze: iskoci li bubasvabata na svetlo - shlap .... da mu iskoci to beloto! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by defo Пон Jул 19 2021, 14:16

Црвенкоски застана зад „Охрид пред сè“

Оуч, Зоки изгледа гази, јако гази на криминалци па мораше и овај да се јави. За да си го спаси газето. Моронска работа. Шо да кажам.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by трендафил Пон Jул 19 2021, 19:30

Што и да направил Црвенковски е застарено, затоа што одамна не е во позиција да направи нешто, а ако не е застарено би му се додворувал на доктаторчето што управува со се кога се работи за неалбанците (за нив одлучува Али Ахмети). Сем во случај ако има предвремени избори или ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со превземање на пратеници во Собранието. Во друг случај секој евентуален криминалец гледа да не се спротивставува на главниот шеф, кој ја контролира и полицијата и обвинителството и судството, со повторна напомена дека нема ингеренција врз Албанците од БЕСА и ДУИ.
Кога сме кај локалните избори и политичкиот шовинизам, интересно е дали СДСМ во Тетово ќе го подржи кандидатот на БЕСА или на ДУИ. И двете партии претат со излегување од владината коалиција доколку не ја добијат поддршката.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by defo Вто Jул 20 2021, 08:27

трендафил напиша:Што и да направил Црвенковски е застарено, затоа што одамна не е во позиција да направи нешто, а ако не е застарено би му се додворувал на доктаторчето што управува со се кога се работи за неалбанците (за нив одлучува Али Ахмети). Сем во случај ако има предвремени избори или ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со превземање на пратеници во Собранието. Во друг случај секој евентуален криминалец гледа да не се спротивставува на главниот шеф, кој ја контролира и полицијата и обвинителството и судството, со повторна напомена дека нема ингеренција врз Албанците од БЕСА и ДУИ.
Кога сме кај локалните избори и политичкиот шовинизам, интересно е дали СДСМ во Тетово ќе го подржи кандидатот на БЕСА или на ДУИ. И двете партии претат со излегување од владината коалиција доколку не ја добијат поддршката.

Абе види треба да научиме да сме држава во која ќе се подржаваме меѓусебно за добрите работи, а ќе ги критикуваме негативните. За Гостивар незнам, ама во Тетово, само луд човек гласа за ДУИ. После дебакалот на градов во задниве 12 години, дур е под „нивна" власт.  Тој е на прво место на најлоши градови во МКД. Нормален човек неможе да живее таму. И полн криминал е.
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by трендафил Вто Jул 20 2021, 19:16

Треба да се поддржуваме но тоа е тешко откако Заев го загрози мојот идентитет со бришење на најголем дел од историјата со која јас се индентификувам и тоа со една единствена причина, да станеме членка на НАТО. За членство во ЕУ треба дополнително да бришеме и јас, но сега и сите Македонци и тие што сметаат дека се потомци од доселеници од зад Карпатите (а тие нивни предци што останале таму ги сметаат за непријатели) .  За зачувување на мојот идентитет не добив поддршка од никој на форумов, а истото се случи и во општеството. Следбениците на Сорос и Заев исто така НАТО и ЕУ заеднички го нападнаа мојот идентитет, а сега веројатно и на поддржувачите на Заев. Мислам на тие што имаат идентитет и дека индивидуално право на секој е да го нема, но тоа не му дава право да го загрозува идентитетот на другите. За жал тешко е да се здружиш со некој кој ги напаѓа твоите индивидуални човекови права.
За жал кај нас се створени услови за двопартизам кај Македонците и тоа ќе се продлабочи со воведувањето на отворени листи, затоа што колку е поголема една партија, тплку повеќе гласови ќе добијат нивните кандидати. Малите партии скоро и да немаат шанси на коалициони листи.
Што се однесува до тетовчани, изгледа им е поважно тоа што во Берово има двојазични табли, отколку состојбата во нивниот град.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by defo Сре Jул 21 2021, 08:58

трендафил напиша:
За жал кај нас се створени услови за двопартизам кај Македонците и тоа ќе се продлабочи со воведувањето на отворени листи, затоа што колку е поголема една партија, тплку повеќе гласови ќе добијат нивните кандидати. Малите партии скоро и да немаат шанси на коалициони листи.
Што се однесува до тетовчани, изгледа им е поважно тоа што во Берово има двојазични табли, отколку состојбата во нивниот град.

Да лош некако скоцкан законов, инаку има шанси за промени на тоа поле, море да се откинеме од довопартискиов систем. И сега е двопартиски, онаа фотоморганан левица е нечива творба. Неможе партии со инфраструктура со се, помали да не можат да освојат гласови, а една султан партија, со везирче да успее 40 и кусур илјади да освои.

А колку за последното шо да ви праам на луѓе кои не го сфаќаате модерниот концепт на патриотизам, а тоа е дома фрижидерот да е полн. Вие водите дон кихотски битки, и во тоа ви поминува животот.
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by трендафил Сре Jул 21 2021, 10:01

Политичките услови кај нас со години се слични како условите во Германија пред доаѓањето на Хитлер. Сиромашни, понижени од меѓународната заедница (тука пред се мислам на евроатлантската меѓународна банда). Затоа и ни доаѓаат фирерчиња. Разликата кај нас е што имаме два фирера на етничка основа кои ја водат државата. Секој мисли дека Македонија и светот постанале со него.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бранко Црвенковски Empty Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот