Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Печени компири со јајца

Go down

Печени компири со јајца Empty Печени компири со јајца

Пишување by Гостин Саб Aвг 01 2015, 17:20

Печени компири со јајца Kompiri-so-jajca

состојки
2 поголеми компири
1 кромид
4 јајца
3-4 чешниња лук
100 г кашкавал (рендан)
2-3 млади кромитчиња
2 супени лажици
маслиново масло
малку сол и црн пипер

приготвување
1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Добро измијте ги компирите (не лупете ги), избоцкајте ги со виљушка и ставете ги директно на решетката да се печат околу 40 минути.
2. Во тавче на загреано масло испржете ги ситно исечканиот кромид и лук додека не омекнат (околу 5 минути).
3. Кога компирите малку ќе се оладат, пресечете ги по должина и со лажица извадете ја средината, ама оставете околу 5-6 мм заедно со кората. Додајте ја средината заедно со кашкавалот во тавчето со кромид и лук, зачинете со сол и црн пипер и измешајте добро.
4. Наредете ги компирите во тавче на хартија за печење и наполнете ги со смесата, но оставете место за јајцето. Испрскајте малку со ситно исечкано младо кромитче и во секој компир додајте едно јајце.
5. Печете на 200 степени уште петнаесетина минути, или додека белката на јајцето не биде готова.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7311516705&id=49&setIzdanie=23532

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот