Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 16 of 40 Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 28 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:01

Лав - Карма: Се чувствува како центарот на светот. Ако не управува добро со енергијата, може да го наруши развојот на својата личност и да претера во егоизмот. И најсигурниот Лав може да го изгуби здравиот разум. Кога тоа ќе се случи треба да застане, да слуша и да учи од другите. Треба да им служи на другите – само така ќе воспостави кохезија помеѓу неговата свест и реалноста.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:02

Девица – Материја, работа, физички свет

Девицата сака да се врати во детството. Со неа доминира Меркур. Односите кои ги гради се двојни, истовремено и прима и дава. Со години го развива критичкиот дух, па затоа има приговор кон сè и никогаш не е задоволна. Проблемот лежи во тоа што е претерано големо злопамтило. Затоа пак во анализирањето, Девицата е многу непристрасна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:02

Девица - Карма: Ако сака да созрее духовно, треба да престане да се занимава со себе и да почне да се грижи за другите. Треба да се отвори кон идеалите на хуманоста.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:03

Вага – Чувствителна експанзија

Вагата бара рамнотежа помеѓу материјата и духот. Треба да се одлучи за хармонија или дисхармонија. Амбицијата ќе ѝ се намали само во случај да пронајде некој на кој ќе му се допадне. Има мирен темперамент, активна е и не претерува – среќна комбинација во општествениот живот. Треба да го пронајде универзалното знаење.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:03

Вага - Карма: Ова е најнестабилниот знак во Зодијакот, кој се одликува со голема чувствителност. Може да се вивне во височините, но и да ја уништи динамиката. Рамнотежата ќе ја најде ако не дозволи да се затвори во сопствената статика и одлучи да ризикува и да се вознемири самата себе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:03

Скорпија – Желба за вечен живот

Скорпијата е конфликт помеѓу духот и материјата, привлечна е, мора да им служи на задоволствата на луѓето. Скорпијата се движи за да освојува. Желбата за живот ѝ е продолжена, се карактеризира со себичност, убавина, сензуалност и посесивност. Сака да ужива во земските страсти, а ја привлекуваат духовните работи. Може да се изгуби во неконтролирани телесни импулси. Со својата критика уништува, се плаши од смрт. Негативните Скорпии се уништуваат самите себе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:04

Скорпија - Карма: Треба да научат да ја штедат енергијата, да не претеруваат и да не ја сопираат страста. Исто така треба да ја контролираат својата деструктивна страна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:04

Стрелец – Етапа на созревање

Претставува победа во борбата помеѓу духот и материјата. Задоволен е. Кога ќе одлучи да престане да дели правда по светот, ќе добие сила да постане протагонист на Божјиот закон. Може да живее во општествениот живот и да еволуира однатре. Сака да поседува материјални добра, ужива во земскиот успех, но е великодушен. Му се заканува враќањето назад.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:04

Стрелец - Карма: Не би требало да се обидува да дознае сè по секоја цена, не смее да ја губи енергијата расфрлајќи се на милион работи. Внатрешниот мир се постигнува со смиреност и алтруизам. Не треба да се троши таму каде што не е потребно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:05

Јарец – Познавање на супериорното знаење

Успехот доаѓа низ искушенија. Сиромавиот (просјакот, пророкот) го поседува клучот за познавање на границите на земската духовност, знае да го заврши процесот на реинкарнација. Само тој ја знае целта на својот пат, работи во тишина, издржува во времето, живее во самотија. За да се развие треба да контактира со луѓето.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:05

Јарец - Карма: Сака да се наметнува, што може да иницира циничен деспотизам на мегаломанија. Енергијата треба да се насочи кон небото, кон спиритуалното знаење. Само така може да се навлезе во срцето на случувањата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:06

Водолија – Свесен избор

Водолијата кон другите е свртена со грб, презема одговорност врз себе, одговара за своите постапки, таа е возрасен човек. Нема илузии и не може да ги затвори очите пред стварноста. Управува сама со својата карма, таа е вистински пријател, и треба да работи во област која ѝ дозволува да дојде до израз нејзиниот општествен интерес. Во Водолијата се соединети сите енергии: дуалност и внатрешни конфликти. Таа е иницијатор, бесмртник, го познава интелектуалниот механизам на духот, се дава себеси, што луѓето често знаат да го ценат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:06

Водолија - Карма: Во себе има огромно богатство од љубов, а постојано живее во страв дека сите ќе ја напуштат и изневерат, дури и најдобрите пријатели. Не можат сите да ја разберат големината на Водолијата. И многу љубов понекогаш може да биде погубна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:07

Риби – Враќање на светлината

Рибите претставуваат синтеза на повторното раѓање. Тие се деца на морето, живеат во океанот. Сами се, но обединети се со универзумот. Добро се снаоѓаат со божественото, а притоа не ја губат својата индивидуалност. Треба да ја отворат вратата која води кон универзумот.

Дванаесеттиот знак е симбол на смртта бидејќи личноста се збогува од телесниот материјален живот и навлегува во водите на универзумот. Кога ќе престане физичкото дишење, се создава ново тело. Циклусот е завршен, човековото тело е пред смртта, но духот и менталното тело започнуваат нов циклус на учење сè додека духот не се прочисти и ослободи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мар 06 2016, 18:07

Риби - Карма: Треба да се препуштат на морето за да можат да стигнат на врвот на брановите. Долгиот пат кој го започнуваат ќе биде полн со тешкотии па затоа треба да го одберат оној најлесниот. Низ љубовта ќе доживеат комплетна емоционална обнова.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:06

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Овен
21.03-19.04


14 до 20 март 2016

Љубов: Ќе има мали љубовни грижи кои од време на време ќе ви носат лошо расположение, но не такво за да ви биде тешко. Прифатете го тоа како предизвик кој може двајцата да ве поттикне уште повеќе да го подобрите својот однос. Оние што се сами ќе бидат малку забавени.

Работа: Веројатно од време на време ќе ве надгледуваат, но вие на тоа нема да обрнувате внимание. Контролирањето не е пријатно, но овој пат ќе се сврти во ваша корист. Ќе добиете дополнителни бодови. Затоа немојте премногу да се грижите.

Здравје и совет: Ќе бидете загрижени поради пари.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:07

Бик
20.04-20.05


14 до 20 март 2016

Љубов: Љубовната потиштеност и нерасположение ќе ви бидат обележје на оваа седмица. Вашиот одговор на потребите на другата страна за нежности, ќе биде дистанца во личните односи. Сепак покажете барем малку внимание со некој подарок за подоцна да не ви биде жал.

Работа: Никој не сака да се занимава со грешки, но она што заостанало мора да се реши. Станува збор само за ситници околу кои не треба да се нервирате. Прифатете го тоа како дел од работата низ која треба да поминете за да стигнете до нешто поголемо и повозбудливо.

Здравје и совет: Мали финансиски грижи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:07

Близнаци
21.05-20.06


14 до 20 март 2016

Љубов: Од ден во ден сè подобро ќе се чувствувате во друштво на саканата личност. Некои ќе ја обноват блискоста која подолго време не ја почувствувале, други ќе тргнат на интересно патување, а трети, оние кои се уште сами ќе почнат повеќе да излегуваат.

Работа: Да се сокриете во мирот на сопствениот дом, оваа седмица ќе ви биде главна преокупација. Работите во домот и тивките дејности во мирните простори ќе се случуваат спонтано. На работното место веројатно ќе се борите со шефовите. Бидете мудри.

Здравје и совет: Фокусирајте се на она што го сакате.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:07

Рак
21.06-22.07


14 до 20 март 2016

Љубов: Својата голема енергија ќе ја вложите во зацврстување на односот со личноста што ја сакате. Тоа ќе биде труд со важни резултати. Ќе се послужите со нови идеи со кои од време на време ќе ја изненадите другата страна. Ништо нема да ве сопре во изразувањето на емоции.

Работа: Ќе комуницирате со соработниците околу мали теми, но сето тоа ќе го сработите беспрекорно. Понекогаш ќе ви недостасуваат вистински предизвици, оние секојдневните ќе бидат обоени со стрес. Борете се, ќе победите.

Здравје и совет: Потпрете се на пријателите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:08

Лав
23.07-22.08


14 до 20 март 2016

Љубов: Сега можете полесно да дишете, па и да преиспитате некои сомнежи од љубовното минато. Партнерот со задоволство ќе ве сослуша, но истото го очекува и од вас. Имајте го тоа на ум кога ќе почнете да се доверувате еден на друг. Вашиот опуштен стил ќе биде добро прифатен.

Работа: Дојде време кога сè што е во врска со работата можете да го видите во целост. Тоа ќе ви го разбистри погледот и ќе ви го дефинира планот за понатаму. Работа ќе има, но многу нешта ќе зависат од вас. Ќе го почувствувате товарот на одговорноста, но ќе работите добро. Некои ќе патуваат.

Здравје и совет: Немојте бурно да реагирате.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:08

Девица
23.08-22.09


14 до 20 март 2016

Љубов: Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде квалитетно, а сè останато ќе ве наведува на незадоволство или надмудрувања. Затоа спуштете ја топката и размислете што има интересно околу вас. Разбудете го тоа. Разговарајте, но не инсистирајте на прегратки.

Работа: Деновите се добри за средување на ситни работи. И оние разработените, не премногу амбициозни, ќе ви одат од рака. Ако сепак сакате да успеете во нешто поголемо, поатрактивно или потешко, ова не се денови за такво нешто. Можете да разработувате планови.

Здравје и совет: Не влегувајте во расправии.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:09

Вага
23.09-22.10


14 до 20 март 2016

Љубов: Опуштеноста и пријатната атмосфера ќе владеат во вашите лични односи. Ќе бидете задоволни, но и ќе тежнеете да се прилагодувате по секоја цена. Не мора баш сè да биде онака како што сака вашиот партнер. Нешто нека биде и по ваше.

Работа: Ќе стигнат интересни вести и сега ќе можете да работите со полна пареа. Целата ситуација ќе биде видно појасна. Околностите ќе ви одат од рака, а насоката во кој ќе се развива вашата работа ќе биде сè постабилна. Ќе бидете многу амбициозни.

Здравје и совет: Ослободете се од напорни луѓе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:09

Скорпија
23.10-21.11


14 до 20 март 2016

Љубов: Некој од вашите пријатели може многу да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите дали да го сочувате доброто пријателство или да се впуштите во љубовна врска. Во секој случај, ако го слушате срцето не можете да згрешите. Оние што се во подолги врски ќе бидат добро.

Работа: Многумина на работа ќе покажат емоции или ќе сфатат колку го сакаат она што го работат. Од таму ќе произлезе и новата мотивација и уште поупорната работа. Вашата посветеност и енергија за многумина ќе биде заразна. Ќе ги придвижите колегите околу себе.

Здравје и совет: Овие денови ќе имате вишок на енергија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:10

Стрелец
22.11-21.12


14 до 20 март 2016

Љубов: Во љубовниот живот, секојдневно ќе ви се мешаат фантазијата и стварноста. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност припишувајќи и особини кои во реалноста ги нема, или пак ќе го барате невозможното. Треба да се спуштите на земја. Тоа е здраво.

Работа: Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и од време на време ќе се однесувате како диктатор иако можеби тоа не сте. Ќе сфатите дека вредело да се потрудите и сега можете мирно да продолжите понатаму. Особено добро ќе им оди на оние кои во својата професија ја користат интуицијата или треба да се борат.

Здравје и совет: Задржете некои работи за себе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 19:10

Јарец
22.12-19.01

14 до 20 март 2016

Љубов: Ќе ве привлекуваат сокриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушението на тајна љубовна врска. Страстите нема да ви дадат мир и во себе ќе водите силна борба помеѓу разумот и чувствата. Подобро ќе биде ако го послушате разумот. Преиспитајте се.

Работа: Работата од сенка ќе ви биде најприродна опција. Она што го работите, ќе го работите мирно, бе премногу атракции. Ќе уживате во истражување на непознатото, но и во ситниците. Некои своите амбиции ќе ги сведат во реални рамки и тоа ќе им годи.

Здравје и совет: Занемарете го лошиот сон.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 16 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 16 of 40 Previous  1 ... 9 ... 15, 16, 17 ... 28 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот