Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 26 of 40 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 33 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 22 2016, 18:30

Јарец

Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството со кое оди бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности. Искористете го периодот за учење.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 22 2016, 18:31

Водолија

Нервите ви се при крај и со некој свој непромислен потег или дрскост можете да привлечете внимание кај другите. Потрудете се да го намалите отпорот од околината, со ароганција само се зголемува. Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба. Подгответе се за нови и возбудливи настани кои ќе ги има доста.Немојте да барате помош од страна бидејќи таа може да биде недобронамерна или некритична.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 22 2016, 18:31

Риби

Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат пари неочекувано.

http://faktor.mk/2016/05/22/nedelen-horoskop-23-05-29-05-2016/2/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:07

ВИКЕНД ХОРОСКОП 28.-29.05.2016 САБОТА-НЕДЕЛА

ОВЕН
Овие денови ќе ги сумирате резултатите од она што сте го направиле и од она што не сте го направиле, а сте имале можност. Живеете брзо, но сепак некои работи се одвиваат многу бавно за ваш вкус. Ако сте невработени, не дозволувајте да ве измачуваат црни мисли. За неколку дена ќе добиете одговор што го очекувате. Дел од овните ќе посакаат да излезат надвор од градот. Ако сте слободни, можна е случајна авантура.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:07

БИК
Се обидувате да направите компромис и да ги задоволите сите. Највеќе ве мачат финансиите. Имате големи планови кои поради недостатокот на финансии не можете да ги реализирате. За вас е најдобро да почекате уште неколку дена и да почнете со реализацијата на она што сте го замислиле. Личностите што ви се појавуваат во животот не можат да ги задоволат вашите стандарди. Во периодов повеќе сакате да бидете сами и да размислите за се, отколку да се вплеткувате во случајни авантури.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:08

БЛИЗНАЦИ
Еден тежок и напнат период е зад вас и време е за одмор. Проблемот е во тоа што очекувате да се одморите, но постојано ви излегуваат работи кои сте ги заборавиле. Ако планирате пат, внимавајте со кого ќе одите. Моментално сте во фаза кога сите ве нервираат и наместо да се одморите може уште повеќе да се оптоварите. Ако сте сами, избегнувајте ги површните авантури. Можеби почетокот ќе биде добар, но подоцна ќе се чувствувате лошо.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:08

РАК
Доколку имате сопствен бизнис, деновиве може да стапите во контакт со некој што ќе ви даде добра понуда. Вие сте многу принципиелни и упорно се држите за она што сте го замислиле, но во овој случај ќе морате да попуштите ако сакате да ја добиете работата. Семејните односи ви се напнати и постојано размислувате како да најдете излез од кризата. Не им дозволувајте на емоциите да ве совладаат, туку обидете се да размислувате со ладна глава.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:08

ЛАВ
Растргани сте помеѓу она што било и помеѓу она што можело да биде. На моменти сметате дека сте заслужиле многу повеќе, но на моменти паѓате во криза и се повлекувате во себе. Деновиве ќе размислувате за нови почетоци кои би можеле да ви ја вратат самодовербата. Ако сте сами, постојано сте опкружени со спротивниот пол, но освен што си го храните егото, ништо друго не ве интересира. Една личност од минатото повторно почнува да ви се враќа во животот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:08

ДЕВИЦА
Имате доволно енергија за да завршите некои работи што сте ги започнале. Поддршката од страна на пријателите многу ви значи, но имате проблем со емоциите. Имавте тежок период и потребно ви е време да се ослободите од напнатоста. Деновиве се можни неколку средби со луѓе кои ќе ви дадат идеи како да продолжите понатаму. Ако сте сами, можна е средба со некој што многу ви значел во минатото. Размислете дали е добро да се враќате на нешто што поминало.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:09

ВАГА
Постојано се обидувате да воспоставите рамнотежа помеѓу она што го сакате и она што ви е наметнато. Ако се занимавате со креативна дејност, деновиве може да добиете интересен предлог. Финансиите полека почнуваат да се подобруваат, но тоа се уште не ги задоволува вашите апетити. Деновиве еден помлад член од семејството ќе ви каже нешто што ќе ве натера да размислувате. Ако сте сами, можно е да сретнете интересна личност на некое место покрај вода.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:09

СКОРПИЈА
Деновиве не преземајте никаква акција. Одморете се и преземете контрола над работите кои ве оптоваруваа. Стихијното однесување може дополнително да ве оптовари. Дел од скорпиите може да отидат на краток пат. Другиот дел ќе имаат пријатно дружење со некои нови пријатели. Ако сте сами, постојано сте обземени со една личност која не го заслужува вашето внимание. Вратете се назад и сетете се на сите изговорени зборови. Тоа е единствен начин да се освестите и да ја затворите таа врата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:09

СТРЕЛЕЦ
Ако имате сопствен бизнис, деновиве може да стапите во контакт со некој соработник од странство. Работите се малку забавени, но вие не се предавате и не дозволувате да ве обземат црни мисли. Ако планирате пат во странство, внимавајте на парите и на документите. Доколку сте во брак, партнерот упорно се обидува да постапите така како што тој замислил. Тој е многу рационален и можеби е време да го послушате. Внимавајте на исхраната.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:10

ЈАРЕЦ
Доколку се занимавате со креативна работа или имате хоби кое може да ви донесе заработувачка, деновиве ќе добиете шанса за подобрување на финансиите. Вам не ви е тешко да работите и не можете да мирувате. Ако сте сами, постојано сте опкружени со спротивниот пол, но како никого да не забележувате. Вие имате своја идеја како треба да изгледа идеалниот партнер и не отстапувате од неа. На некоја семејна веселба може да сретнете некој кој ќе ве заинтересира.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:10

ВОДОЛИЈА
Доколку планирате да одите на пат, направете добар план и дозволете си малку одмор. Работата никогаш не престанува и нема потреба да брзате. Имате многу добри идеи, но веќе сте заморени од се и потребен ви е одмор. Ако сте сами, внимавајте на однесувањето. Вашите непредвидливи реакции можат да ги збунат потенцијалните партнери. Вашето нестабилно однесување делува како да не сте заинтересирани. Време е да направите темелни промени.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 09:10

РИБИ
Ситуацијата околу вас постојано се менува и тоа на моменти ве збунува. Постојано се случува нешто што ве тера да правите промени на кои не сте навикнати. Деновиве ќе сакате да отпатувате и да се одморите од се. Ако сте сами, можна е случајна средба со некој што живее далеку од вас. Рибите што се во брак ќе имаат мирен период. Партнерот се однесува релаксирано и не ви дозволува да му го нарушите мирот. Доколку дојдете во искушение да му приговорите, воздржете се.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:43

Кои се 7-те обележја на вашиот хороскопски знак кои ве одвојуваат од другите?

Секој од 12-те знаци во Зодијакот си има свои карактеристики кои го разликуваат од останатите.

Така некои знаци ги сакаме заради љубезноста и емпатијата, додека другите се физички привлечни и зрачат со сексуална тензија, па невозможно е да ги игнорирате.

Кои се вашите 7 обележја кои ве одвојуваат од сите останати знаци?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:44

Овен

Го прават животот позабавен.
Секој момент од нивниот живот е важен, а тој став го пренесуваат и на другите.
Ако ви треба партнер за луди авантури, Овенот е прв за тоа.
Не е злопамтило, може да се скарате, па за 5 минути да е како ништо да не било.
За нив секогаш ќе сакате да правите нешто добро, затоа што кога се среќни не се плашат да ги покажат емоциите и да се заблагодарат.
Ако некој друг ве налути или навреди, Овенот прв ќе застане во ваша одбрана.
Брзо и жестоко се заљубува, па нивните партнери имаат незаборавни искуства.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:44

Бик

Колку и да не делуваат така, Биковите се големи мази.
Верни се и лојални и затоа се одлични пријатели.
Искрени, никогаш не се преправаат за да постигнат нешто.
Ако се чувствувате виновни затоа што сте изеле ред чоколадо а сте на диета, Бикот ќе ве потсети дека го заслужувате тоа и ќе ви донесе уште чаша млеко.
Во домот и срцето на Бикот сте секогаш добредојдени.
Од голема помош се кога треба да се реализираат плановите на блиските.
Како што самите сакаат да уживаат во сè што е добро, така уживаат и луѓето околу нив.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:44

Близнаци

За анализирање и дискусии, Близнаците се совршени соговорници.
Обожаваат нови луѓе и ситуации, па со нив ќе ги проширите хоризонтите.
Ако има нешто што не ви се допаѓа кај нив, без грижи – уште утре ќе се променат.
Паметни се и начитани, па одлични се кога треба да си го предизвикате мозокот.
Заради нивната отвореност нема да ви треба многу време искрено да ги запознаете.
Позитивни се и така делуваат на сите.
Одлично друштво се за забави и журки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:45

Рак

Зрачи со нежност и грижа за другите луѓе.
Ракот секогаш се труди да ви ги задоволи желбите.
Има неверојатен инстинкт и веднаш познава дали сте среќни, тажни или лути.
Ако Ракот ве праша како сте, веќе знае, само сака да ви ја провери искреноста.
Имаат посебна смисла за хумор.
Поседува внатрешна сила и затоа покрај него се чувствувате сигурно.
Не се плаши од емоции, па затоа отворено ќе ви покаже колку му значите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:45

Лав

Ќе внесе посебен адреналин во секој сегмент од вашиот живот.
Лавот го сака животот и луѓето, а тој негов ентузијазам е заразен.
Романтичар е и ќе ве научи да ги цените ситните знаци на внимание.
Лавот е заштитнички настроен кон луѓето кои ги сака.
Шармот му помага да се извлече од речиси секоја незгодна ситуација.
Ако Лавот се заљуби во вас, ќе се чувствувате како најпосакуваното суштество во светот.
Сепак, на луѓето кои не го знаат, може да им делува чудно и грубо.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:45

Девица

Припадниците на овој знак се емотивни и промислени луѓе.
Кога имате потреба од поддршка, Девицата прва ќе се појави на вашата врата без да и се јавите.
Девицата ќе ви го среди гардероберот, ќе ви ја среди кујната и тоа ќе и биде забавно.
Нема да треба никогаш да ја чекате, таа секогаш доаѓа 5 минути порано.
Девиците сакаат да бидат известени за секој детаљ на време, или во спротивно целосно се повлекува во себе.
Секогаш се беспрекорно организирани и ќе научите многу на оваа тема.
Секогаш имаат план кој драстично се разликува од останатите и тоа ги прави посебни

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:46

Вага

Вагите непрестанато шират позитивна енергија.
Најсреќни се кога другите се среќни.
Речиси е невозможно да не ја сакате Вагата, затоа што има вроден детски шарм.
Добри медијатори се во секоја кавга и имаат моќ да ја решат секоја расправија.
Ја ценат убавината и стилот и затоа сакаат да ги внесуваат во туѓите животи.
Редовно ги потсетуваат саканите колку вредат.
Друштвени се и сакаат да уживаат во активности кои ги опуштаат нив и нивните пријатели.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:46

Скорпија

Најлојалните пријатели кои можете да ги сретнете во животот.
Најдобри се кога треба да им се доверите за проблемите и тајните.
Со нив секогаш е забавно да смислувате бељи и да запаѓате во истите.
Скорпиите забележуваат буквално сè, од новите обетки до скратената коса.
Ја ценат секоја работа која сте ја направиле за нив.
Со нив можете да зборувате на тема секс со часови без да ви биде непријатно.
Имаат многу енергија и ако ја насочат во добар правец, можат да го променат светот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:46

Стрелец

Животот со нив е авантура сам по себе.
Дарежливи се и подготвени да дадат, без да очекуваат нешто за возврат.
Весели се, друштвени и на сите им се допаѓаат.
Имаат цврсти ставови и се борат за своите уверувања.
Одлични се кога ви треба рамо за плачење.
Со нив секогаш ќе знаете на што сте и што мислат за вас.
Обожаваат да ги споделуваат своите искуства и знаење со другите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 26 of 40 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 33 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот