Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 27 of 40 Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 33 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:47

Јарец

Тие се предодредени за успех во животот и истиот го носат во животот на блиските.
Добри се и внимателни домаќини.
Силни се и доследни и сакаат да ги поддржуваат блиските во она што го наумиле.
Ако сте им вистински пријатели, нема нешто што не би направиле за вас.
Нивната љубов обично се врзува за скапи и многубројни подароци.
Амбициозни се, насочени на целите во животот и ќе ве поттикнат и вие да бидете такви.
Секогаш се тука да ве спуштат на земја и да ви ја кажат реалната слика за работите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:47

Водолија

Оригинални и досетливи.
Објективни и затоа се добри во давање совети.
Благодарение на својот интелект, можат да најдат заеднички јазик со речиси сите луѓе.
Одлично е да бидете дел од нивниот круг на пријатели, затоа што тие ја поттикнуваат забавата.
Не ги следат другите, туку имаат сопствен правец и ги мотивираат другите да го направат истото.
Големи борци се за правдата и рамноправноста.
Ако се грижат за вас, буквално ќе гризат и ‘ржат за да ве усреќат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 10:47

Риби

Достоинствени и енергични, како да доаѓаат од некој далечен свет.
Лесно се согласуваат на компромиси.
Имаат одлична интуиција и даваат корисни совети за љубовта и финансиите.
Не се површни и никогаш не ги гледаат работите на тој начин.
Имаат доволно разбирање за сите околу нив.
Нивната смиреност и спокој се преносливи кога ви се најпотребни.
Спонтани се.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:20

Индиски хороскоп за 2016 година

Каква ќе ви биде 2016-та година и што ќе ви донесе? Прашање кое речиси секој си го постави уште на самиот почеток на годината.

Одговорите на овие прашања можете најлесно да ги откриете преку годишниот хороскоп, но и индискиот има интересни предвидувања.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:20

Меша (Овен)

Родените во овој знак годинава ќе уживаат во хармоничен семеен живот. Можни се кратки разделби од блиски членови на семејството. И помладите и постарите членови ќе бараат ваша поддршка во текот на цела 2016-та. Што се однесува до работата, првата половина од годината среќата ќе ви биде наклонета. Иста ситуација ве очекува и на поле образование, каде во декември може да очекувате позитивна завршница. Вашиот знак низ цела година ќе го следи среќа и љубов. Кога се работи за здравје, можни се проблеми со анксиозност. Се препорачува умерена исхрана и вежбање.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:20

Вришаба (Бик)

Семејната идила може да ви биде нарушена заради негативните односи со поединци во семејството, а причина може да биде вашиот егоизам. Очекувајте позитивни промени на работното место и добри односи со надредените. Секако, тоа позитивно ќе се одрази и на финансиите. Може да бидете соочени со ненадејни давачки заради лоша здравствена ситуација на некој близок. Успехот нема да ве одмине и на поле образование, посебно ако студирате во странство. Сатурн може да предизвика мали љубовни проблеми, но после 6-от месец се ќе биде во ваша корист. Внимавајте ако имате срцеви заболувања и повеќе пазете го здравјето додека патувате.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:20

Митуна (Близнаци)

Премногу работни обврски ќе ви го одземат времето за семејни дружења. Сепак, не треба да ја игнорирате енергијата која семејството ви ја нуди. Новата година ќе ви донесе и подобри односи со колегите. На работен план единствено проблематична може да биде средината од годината. Не се плашете да побарате совет од постари и поискусни колеги. Добрата позиција на Јупитер ќе ви донесе позитивни постигнувања во образованието. Оние кои влегоа сами во 2016-та, може да очекуваат голема љубов. Зафатените пак, може да доживеат краткотраен раскин на врската. Што се однесува до здравјето, ќе ве мачат стомачни проблеми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:21

Катака (Рак)

Иако односите со поединечни членови на семејството ќе бидат затегнати, општата ситуација ќе биде подобра од претходната година. Јупитер ќе ви донесе позитивни деловни случувања, а на поле финансии ќе мора да донесете важни одлуки затоа што ви претстојат големи вложувања. Внимателно со одлуките. 2016-та исто така ќе биде одбележана од романтични и љубовни случувања кои ќе ве следат до самиот крај на годината. Со здравствени проблеми ќе се соочат само хронично болните.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:21

Симха (Лав)

На почетокот на годината ве очекува супер атмосфера во семејството. Љубезноста и разбирањето спречуваат таа атмосфера да се наруши, па затоа покажувајте ги почесто. На работното место можно е да доживеете одредени разочарувања. Не реагирајте импулсивно, на крајот ќе ви се исплати посветеноста. Ова е добра година на финансиски план затоа што ќе успеете да заштедите солидна сума на пари. Исто така ќе бидете поотворени за љубов. Најважно е да се слушате себеси и својата интуиција. Обрнете внимание на исхраната, можни се проблеми со стомакот и екстремитетите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:21

Канја (Девица)

Ќе бидете загрижени заради неповолната ситуација во семејството. Важно е само да не реагирате импулсивно, затоа што средината на годината ќе ви донесе позитивна промена. На почетокот на 2016-та ќе се соочите со недоразбирања со колегите, а тоа ќе трае до јуни, кога работите ќе тргнат на позитивно. Склоноста на екстраваганција може да ви донесе финансиски загуби. Самодовербата нека ви биде сојузник на секое поле. Ако сте во врска, ве очекува хармонија и разбирање, а ако сте сами ова е добра година за нов љубовен почеток. Заради неочекувани здравствени проблеми мора да го промените темпото на живот и исхраната.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:21

Тула (Вага)

Годинава ќе уживате во добри семејни односи. Ќе имате прилика да се подобрите и професионално. Ако пак сакате да ја промените професијата или работното место, 2016-та е добро време за тоа. Ве очекуваат доста патувања. Ослободете од долговите кои ве мачат долго време. Идиличната љубовна ситуација може само да биде променета од здравствени проблеми. Друго ништо нема да ви ја попречи љубовната идила. Неповолните здравствени прилики можете да ги спречите само со редовни контроли и здрава исхрана.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:22

Вришчика (Скорпија)

Семејните односи може да бидат влошени само ако се соочите со проблеми со пари. Ве советуваме да не скршнувате со погледот и да се задржите до важните работи. Во работата избегнувајте ги крупните планови и целите остварувајте ги чекор по чекор. Сите финансиски проблеми ќе можете да ги решите во првите 6 месеци од годината, кога ситуацијата ви е најповолна. Втората половина од годината пак, ќе ви донесе крај на љубовните проблеми, предизвикани од ситни недоразбирања. Претераната загриженост која ја криете од другите може да предизвика анксиозност. Бидете посебно внимателни ако патите од хронични болести.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:22

Дануш (Стрелец)

Во семејството оваа година ќе пронајдете инспирација за многу работи, како и огромна поддршка. Можете да очекувате негово проширување. И додека патувањата ќе ви се нудат на секој чекор, бидете внимателни кога правите големи работни одлуки и промени. Ова е добра година за финансиски напредок и работите кои досега ви беа недостапни. Искористете ги сите шанси да се зближите со партнерот, вклучувајќи ги и романтичните патувања. Љубовната идила може да ја запоставите кон средината на годината заради други интереси. Бидете внимателни околу тоа. Ви се препорачува поздрава исхрана и физичка активност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:22

Макара (Јарец)

Избегнувајте ги кавгите со блиските во семејството. Средината на годината ќе ви донесе позитивни промени на ова поле. Првата половина од годината нема да ви донесе среќа во работата, но затоа втората ќе ви донесе многу шанси за да ги поправите штетите и грешките. Може да ве мачат неочекувани трошоци и долгови, па затоа бидете претпазливи со финансиските одлуки. Добрите односи со авторитетите и колегите ќе ви донесат само успеси. Средината на годината исто така ќе ви донесе крај на љубовните маки. Ќе ве дочекаат страсни средби и романтични гестови. Стресот може да предизвика замор, па дури и да се јават стомачни проблеми. Бидете внимателни со здравјето.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:22

Кумбха (Водолија)

Оваа година ќе ве дочека само среќа и задоволство во семејството, како и многу можности да патувате со блиските. Големите промени на работното место ќе ви ги зајакнат самодовербата и креативноста. Ќе се подобри и финансиската ситуација, па затоа не се плашете. Оние кои се занимаваат со истражувања исто така ги очекуваат успеси. Што се однесува до љубовта, оваа година е поволна за самците кои се во потрага по сродната душа. Љубовната среќа ќе ги следи и оние кои се во стабилни и долги врски. Доброто здравје може да ви биде нарушено само од стрес.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 10:23

Мина (Риби)

Среќата во семејството може да биде нарушена само од вашата загриженост и негативните прогнози, од кои треба да се ослободите пред средината на годината. Ако сакате да започнете нова работа или да го промените работното место, ова е поволна година. Во 2016-та ќе имате стабилни финансиски приходи. Почетокот на годината може да ви донесе само љубовни проблеми, кои ако останете смирени, ќе ги решите за многу кратко време. Преголемите работни обврски може негативно да се одразат на вашето здравје. Обрнете поголемо внимание на исхраната и нејзиното варење.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:04

Голем љубовен хороскоп за јуни 2016-та

Со првиот жежок месец доаѓаат и новите и неочекувани случувања кои на повеќето хороскопски знаци целосно ќе им го променат љубовниот живот.

Што ве очекува во месец јуни?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:05

Овен

Поради бројните средби и динамичните случувања ќе ве следат, делувате атрактивно и привлечно на сите личности во вашето опкружување. Меѓутоа, повремено нема да можете да ги контролирате вашите страсти кон одредена блиска личност, а тоа може да се рефлектира во контраст. Понекогаш спонтаноста во изразувањето на емоциите ќе ви претставува најдобар одговор, а понекогаш не. Ако сте во врска, најважно ќе ви биде да се концентрирате на тоа да го направите среќен партнерот. Немате причина за да бидете во потрага по нови љубовни предизвици, но потребно е да бидете искрени при изразувањето на вашите емоции.

Среќни денови во љубовта: 1, 2, 3, 5, 7, 9, 10, 11, 12, 15, 19, 20, 21, 25, 26, 27, 28 и 29 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Лав, Девица, Вага, Скорпија, Стрелец, Јарец и Риби.

Бидете внимателни на: 4, 6, 8, 13, 14,16, 17, 18, 22, 23, 24 и 30 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Водолија и Девица.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:05

Бик

Повремено како да ви недостасува нечие емотивно разбирање и имате впечаток дека полека се оддалечувате од некоја блиска личност. Потребно е искрено да разговарате со партнерот или отворено да ги преиспитате заедничките планови. Во љубовта не треба да си играте или да се залажувате себеси дека можете сè да држите под строга контрола за да се заштитите од емоционалните разочарувања. Важно е да ги поправите вашите пропусти и грешки, сè може да се поправи под услов да се потпрете на вашите чувства. Ако сте млади и слободни, чувствувате емотивна несигурност и вашето однесување може да привлече различни личности со различни профили. Тогаш кога ќе ги сфатите вашите емотивни заблуди ќе можете да направите добар избор.

Среќни денови во љубовта: 1, 4, 5, 6, 7, 9, 11, 13, 17, 18, 19, 22, 25, 26, 27 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Овен, Вага, Стрелец, Водолија и Риби.

Бидете внимателни на: 2, 3, 8, 10, 12, 14, 15, 16, 20, 21, 23, 24, 28 и 29 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Рак, Лав, Бик, Девица, Близнаци, Скорпија и Јарец.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:05

Близнаци

Моментално сте во одлична форма и сакате да се претставите во скоро совршено светло пред личноста која ви се допаѓа. Делувате снаодливо и заводливо при различните средби и умеете да ја шармирате својата околина. Љубовната среќа можете да ја остварите само преку некој партнер кој ќе се согласува со вашите сфаќања или ќе успее да ве маѓепса. Љубовната атмосфера, позитивните емоции и блиските контакти ќе имаат посебна магија над вас и ќе ве натераат на акција. Сè е полесно кога љубовните коцки се сложуваат во романтична слика. Ќе ви годи чувствителната нота која ќе ја внесува партнерот во заедничкиот живот. Ако сте слободни ве очекуваат бројни средби и интересни контакти. Посебно ќе заблескате кога ќе пронајдете една несекојдневна личност.

Среќни денови во љубовта: 2, 3, 6, 7, 10, 11, 12 и 15, 16, 18, 19, 21, 24, 25, 27, 29 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Девица, Скорпија, Стрелец, Јарец и Риби.

Бидете внимателни на: 1, 4, 5, 8, 9, 13, 14, 17, 20, 22, 23, 26 и 28 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Близнаци, Лав, Вага и Водолија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:06

Рак

Во склад со расположението ќе делувате магично и заводливо, а и ќе водите активен живот, често ќе се најдете во прилика да остварите нови и необични емотивни контакти. Сепак, вашиот емоционален интерес ќе биде насочен кон некоја личност со сериозен карактер. Немате потреба да глумите, бидејќи лошите потези само можат да ви го искомплицираат љубовниот живот. Ако посакувате страсна авантура, тогаш ништо нема да ве спречи да ги остварите вашите тајни намери. Ако сте слободни, ве очекуваат интересни средби, а сè што ќе ви биде потребно е вообичаената тактика која ја користите за да заведете некоја личност. Важно е да освоите искрени симпатии и емотивна инспирација.

Среќни денови во љубовта: 2, 3, 4, 6, 7, 9, 10, 11, 12, 14, 16, 19, 20, 21, 22, 25, 26, 27, 28 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Лав, Девица, Скорпија, Јарец, Водолија и Риби.

Бидете внимателни на: 1, 5, 8, 13, 15, 17, 18, 23, 24 и 29 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Близнаци, Вага и Стрелец.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:06

Лав

Во склад со вашата природа повремено имате преголеми очекувања и умеете да поставите прилично тешки барања. Ви се чини како партнерот да нема доволно разбирање за вашите потреби, а зачестените конфликти ќе влијаат на вашето мрзеливо расположение. Ќе бидете склони на ненадејни изливи на лутина, а на тој начин ќе се обидувате да се ослободите од тензијата. Но, импулсивните реакции и големите изливи на емоции можат да ве однесат во погрешна насока. Недостатокот на оптимизам ќе се обидете да го надоместите со забави и алтернативни друштва. Ако сте млади и слободни ве очекуваат нови средби и неочекувани повици, но најмногу ќе бидете заинтересирани за пријателски односи.

Среќни денови во љубовта: 1, 2, 5, 6, 7, 8, 9, 12, 13, 14, 18, 19, 21, 24, 27, 28, 29 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Девица. Скорпија, Вага, Јарец и Риби.

Бидете внимателни на: 3, 4, 10, 11, 15, 16, 17, 20, 22, 23, 25 и 26 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Лав, Водолија, Стрелец, Близнаци и Овен.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:06

Девица

Повремено како да ви недостасува оптимизам, но не и потребата за романтика или авантуристички случувања. Благодарение на досетливоста ќе успевате да освоите нечие емотивно внимание и да пронајдете ефикасно решение за личните дилеми. Избегнувајте конфликтни ситуации со блиската личност, за да ја сочувате скапоцената енергија, но и психолошката рамнотежа. Љубовните недоразбирања не се поразителни, но ќе бараат да бидете трпеливи и да најдете компромис. Ќе ви годат интересот, комплиментите и вниманието кои ги добивате од спротивниот пол. Некој во вас ќе го истакне љубовниот занес и ќе сакате другите да гледаат на вас како на шармантна и романтична личност.

Среќни денови во љубовта: 1, 3, 5, 8, 9, 11, 13, 14, 16, 18, 19, 21, 24, 25, 28 и 29 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Лав, Вага, Стрелец, Скорпија, Водолија и Риби.

Бидете внимателни на: 2, 4, 6, 7, 10, 12, 15, 17, 20, 22, 23, 26, 27 и 30 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Бик, Близнаци, Рак, Девица, Јарец и Водолија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:06

Вага

Ќе имате добро чувство за тоа како треба да се однесувате во емотивните ситуации, а така ќе привлечете хармоничен однос или нова љубовна романса. Во налетот на страсти и емоции, вашето внимание ќе го привлечат необичните средби од кои добро ќе успеете да ги препознаете емотивните сигнали од различни страни. Немате потреба да се задржувате на некои неостварени ситуации од вашето емотивно минато.. Важно е да ги одредите заедничките приоритети. Партнерот нема да може да одолее на вашиот шарм. Имајте на ум дека љубовта може да биде моќна сила, но емоциите треба да доаѓаат од двете страни. Ако сте слободни ви претстои нова љубовна романса која ќе ги задоволи вашите очекувања.

Среќни денови во љубовта: 2, 3, 4, 5, 6, 7, 10, 11, 12, 13, 14, 17, 18, 19, 21, 23, 24, 26, 27, 29 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Девица, Лав, Скорпија, Јарец, Стрелец, Риби и Близнаци.

Бидете внимателни на: 1, 8, 9, 15, 16, 20, 22, 25 и 28 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Овен, Рак, Вага и Водолија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Мај 31 2016, 12:07

Скорпија

Ќе ви се случи под налетот на силни емоции често да го промените своето расположение или одлуките. Не сакате некој да ве доведе во одредена позиција или да ви врши психолошки притисок, па затоа, важно е да ја избегнете покорната страна. Сепак, саканата личност ќе успева да корисни тајни начини како да ги оствари сопствените намени, што дополнително ќе ја поттикне вашата емотивна несигурност. Добрата волја, нежноста и емотивното внимание ќе ви претставуваат најдобар одговор во таквите ситуации. Важно е само да чувствувате задоволство од нечија близина. Имајте на ум дека љубовната романса треба да ја поттикнува искреноста, а без неа ја губи својата вредност.

Среќни денови во љубовта: 1, 3, 4, 7, 8, 9, 13 и 15, 17, 19, 22, 23, 25, 27, 29 и 30 јуни.

Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Рак, Бик, Лав, Вага, Скорпија, Јарец и Водолија.

Бидете внимателни на: 2, 5, 6, 10, 11, 12, 14, 16, 18, 20, 21, 24, 26 и 28 јуни.

Избегнувајте конфликти со: Близнаци, Девица, Риби, Овен и Стрелец.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 27 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 27 of 40 Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 33 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот