НОВ ЗАКОН ЗА АРМ
Страна 1 of 1
НОВ ЗАКОН ЗА АРМ
pa dobro kako moze da se do tolku idioti ....devet godini lugeto se molat za parche leb i sega im tekna da im donesat nov zakon !!!!pa i ova ke im pomine ???????????????????????????????????????????????? pa dobro moze li nekoj da ima normalen vo DPMNE...sramota e sega da go reshavaat nivniot status ....a devet godini nemozea da go napravat toa ...sramota (taka veli i LJiljana popovska od DOM )....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: НОВ ЗАКОН ЗА АРМ
Во Собранието на РМ вечерва по скратена постапка едногласно беше донесен Законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, поднесен од пратениците Емил Димитриев и Талат Џафери, со кој ќе се реши статусот на 140 професионални војници на кои им престанал работниот однос во АРМ.
makedonski-vojnici_201461194825
Со измените тие ќе бидат распоредени во Министерството за одбрана и во други институции согласно со нивното образование и стручни квалификации, а процесот на нивното повторно ангажирање треба да заврши до крајот на февруари 2016 година. До крајот на јануари 2016 година треба да поднесат барање за вработување Во буџетот за 2016 година веќе се одобрени 54 милиони денари за нивните вработувања.
Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се работи за поволни измени со кои им се решава статусот на околу 140 професионални војници-поранешни припадници на АРМ до нивното пензионирање, кои во досегашните законски измени не беа опфатени. Овој предлог, рече тој, е поддржан од припадниците од АРМ и од јавноста.
– Ова е афирмативно законско решение. Овие луѓе имаат способности и вештини кои се од потреба на Министерството за одбрана и на други министерства, рече Ѓорчев.
Пратеничката Лилјана Поповска рече дека ВМРО-ДПМНЕ поднела свој предлог по скратена постапка препишувајќи го нејзиниот Предлог-закон за решавање на статусот на последната група поранешни припадници на АРМ на кои досега не им беше решен статусот. Нејзиниот предлог, кој е поддржан од опозицијата, во Собранието е поднесен на 16 октомври, а на ВМРО-ДПМНЕ на 30 октомври 2015.
Рече дека тоа не е „политички фер плеј“ но нагласи дека ќе гласа за предлогот на пратениците од власта во интерес на поранешните војници кои со својот ангажман во Армијата и учеството во меѓународни мисии го заслужуваат тоа.
Ѓорѓи Сугаревски од СДСМ рече дека владејачкото мнозинство ги краде добрите идеи на опозицијата. – Проблемот со професионалните војници трае со години и можел претходно да се реши. Зошто не го поднесовте предлогот пред еден месец кога луѓето штрајкуваа пред Собрание и пред Владата, туку се сетивте кога опозицијата поднесе предлог за нив, рече Сугаревски.
Ѓорчев му реплицираше дека нивниот предлог е системско решение зашто предвидува 54 милиони денари годишно за 140-те луѓе, а предлогот на Поповска предвидувал два милиона денари за една година што не било адекватно на реалните потреби. Опозициските пратеници, пак, одговорија дека предлогот на Поповска во однос на финансиските импликации можел да се доработи во втора фаза, а не да се поднесува нов Предлог-закон.
Според Роза Топузовска-Катревска, доблесно ќе било сите пратеници во Собранието еднаш заедно да состават закон во интерес на граѓаните. – Жалам што се расправаме за два закона поднесени во различно време од 15 дена и од работа што е позитивна, правиме непотребни дискусии, меѓусебни обвинувања и длабоки партиски поделби, рече Топузовска-Каревска.
Емил Димитриев, еден од предлагачите на законот, денеска на седницата на матичната собраниска Комисија за одбрана и безбедност рече дека во петте досегашни законски измени старосната граница за професионалните војници од 35 години најпрво е зголемена на 38, потоа на 45 години, по што тие имаат право на вработување во јавната администрација се до пензионирањето. По таа основа вработени се околу 4.000 професионални војници.

ne mi e jasno ...i tolku nema nekoj da napishe zbor dva i da kaze deka vlasta poveke nemoze da gi manipulira graganite za parche leb .....nikoj ni zbor da napishe ...pa ova me nervira kalifu ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Similar topics
» НОВ ЗАКОН ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ
» ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИТЕ ОДИ НА ....
» ГРУЈО СЕ ВРАЌА ЗА ПРЕМИЕР ПО СИЛА НА ЗАКОН
» ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИТЕ ОДИ НА ....
» ГРУЈО СЕ ВРАЌА ЗА ПРЕМИЕР ПО СИЛА НА ЗАКОН
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот