Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БУЏЕТ 2016 година

2 posters

Go down

БУЏЕТ 2016 година  Empty БУЏЕТ 2016 година

Пишување by osa Нед Ное 22 2015, 01:36

Изгласан буџетот за 2016 година
По петдневна расправа, Собранието на Република Македонија пред полноќ го донесе Буџетот за 2016 година, со 66 гласови „за“, 28 гласови „против“ и без воздражни. По скратена постапка беше донесен и Законот за извршување на буџетот за 2016 година.

Пратениците од опозицијата гласаа против зашто сметаат дека буџет од 3,2 милијарди евра е нереален, неостварлив, неразвоен и нетранспарентен. Според СДСМ, државата има јавен долг од 4 милијарди евра, а новиот буџет ќе значи нови долгови и сиромашни граѓани.
 
Расправата почна на 16 ноември. Според Деловникот, таа на пленарна седница трае пет работни дена. Собраниските седници поминаа во конфронтирање меѓу пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата и меѓусебни обвинувања за политиките.
 
Вкупните расходи во Буџетот за следната година се проектирани на 195,7 милијарди денари, и се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176,8 милијарди денари, каде има зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година. 
 
Основни карактеристики на буџетот за 2016 година според предлагачот се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто оваа година на 3,2 проценти следната година.
 
Инвестициите во капитални проекти се на ниво од 37,5 милијарди денари, и се за 2,8 милијарди денари повеќе отколку во 2015 година, со раст од 12,9 проценти. 
 
Повеќе средства се планирани и за интензивирање на проектот на Коридорот 10, кој треба да биде готов до крајот на 2016 и почетокот на 2017 година, за железничката инфраструктура 2.203 милиони денари, потоа повеќе средства за водоводни и канализациски системи, кои заедно со кредитните средства од ЕИБ и банката КФВ  изнесуваат 3.047 милиони денари.
 
За проектот за гасификација се планирани 428 милиони денари, 304 милиони денари за социјални станови, 197 милиони денари за медицинска опрема, потоа средства за реконструкција и изградба на здравствените објекти во Штип, Тетово, Кичево, Чаир и Клиничкиот центар во Скопје, средства за културни и спортски објекти, основни и средни училишта и студентски домови, универзитети, технолошко-индустриски објекти и слично. За здравството се наменети 1,6 милијарди денари, во образованието 2,5 милијарди денари, за животната средина 390 милиони денари...
 
На приходната страна се очекува даночните приходи да имаат раст од 6,5 проценти и да изнесуваат 101.531 милион денари, неданочните се планирани на 9.633 милиони денари и се за 519 милиони повеќе, а придонесите да имаат раст од 4,2 проценти и да изнесуваат 49.187 милиони денари.
 
Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 процента. 

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

БУЏЕТ 2016 година  Empty Re: БУЏЕТ 2016 година

Пишување by defo Пон Ное 23 2015, 08:11

За проектот за гасификација 7 милиони евра, добро ова колку време го зборат(илои нека врти машината)???
Многу оптимистички буџет, растот нема да биде 4% проценти сигурно, друго ме интересира дали некој од вас знае колку пари по основ на даночни приходи се прибрани лани, и колку е растото, дали е во рамки на проектираното?????
За што се и од кој причини еднаш на два месеци државава се задолжува????

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БУЏЕТ 2016 година  Empty Re: БУЏЕТ 2016 година

Пишување by Гостин Вто Ное 24 2015, 17:49

Mu se stega jamkata okolu vratot na grujokio...Mu isparija parite za izborna korupcija...Bravo za Kire Naumov...

(ВИДЕО) Наумов: СДСМ спречи огромно задолжување на граѓаните

Денеска, расипничката власт на Никола Груевски ја спречивме во намерата да продолжи со енормното задолжување на граѓаните. Успеавме, заедно со граѓаните, планираниот износ за еврообврзницата од 500 милиони евра да го преполовиме, вели Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финансии и претседател на Комисија за финансии на СДСМ.



Издадена е четвртата еврообврница на износ од 250 милиони евра за буџетски потреби и дополнителни 20 милиони евра строго наменски планирани за бегалската криза.

СДСМ нема да дозволи заради неразумните трошења на власта граѓаните да останат без плати, пензии, социјална помош.

Но, исто така СДСМ нема да дозволи неразумните и недомаќински политики на Груевски да бидат товар на идните генераци.

Затоа го ставив мојот потпис за задолжување во висина од 250 милиони евра,средства неопходни за исплата на плати,пензии,социјална помош, субвенции за граѓаните на РМ.

Четвртата евробврзница е со рочност од 5 години, со цел обезбедување на што пониска каматна стапка.

Не дозволивме неразумно задолжување од дополнителни 250 милиони евра што власта ќе ги искористеше за изборна корупција.

Странските банки, ги испочитуваа измените во Законот за Влада и не информираа дека без моја согласност, моја и на актуелниот министер, согласно законот, нема да пристапат кон реализација на еврообврзницата.

Предупредуваме,владата може да се обиде да го надомести предвиденото задолжување на домашниот пазар од домашните банки. Домашните банки, исто како и водечките светски, мора да го почитуваат правилото на двоен потпис. Домашните банки не смеат да си дозволат да бидат соучесници во незаконско и неконтролирано задолжување на државата.

Почитувани граѓани, еве зошто опозицијата бараше застапеност во клучните ресори на владата на Груевски. Денес на дело покажавме како во иднина ќе управуваме со јавните финансии. Денес покажавме дека наша грижа ќе бидат не само сегашните,туку и идните генерации.


Во периодот до изборите СДСМ ќе ги спречи сите злоупотреби на штета на државата и правата на граѓаните…

Го повикувам Никола Груевски, да престане да ги лаже граѓаните за виртуелните економски успеси на владата. Го повикувам да излезе пред граѓаните и јавно да ја соопшти вистината за вкупниот долг на Република Македонија и да објасни зошто на државната сметката нема пари за основните потреби на граѓаните?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БУЏЕТ 2016 година  Empty Re: БУЏЕТ 2016 година

Пишување by Гостин Нед Ное 29 2015, 17:39

I sega, koga e sprechen vtoriot obid za zadolzhuvanje na nashite vnuci za novi 100 milioni evra...

СДСМ стави вето на задолжувањето

СДСМ го стави првото вето. Не дозволува задолжување на домашниот пазар без претходна согласност мегу министерот за финансии Ставревски и дополнителниот заменик Наумов.
         Опозицијата смета дека аукцијата на државни обврзници и записи што за вторник ја закажа мин. за Финансии а на која се планира во буџетот да влезат околу 100 милиони евра ,но и сите следни, ке влијаат на изборниот процес.

Svedoci sme na panikata i obidite za manipulacija pa duri i destabilizacija na drzhavata od strana na dpmne-ovcite...

Министерство за финасии: Ќе нема плати и пензии ако СДСМ не дозвоили да се земе заем

Ќе нема плати и пензии на први декември ако СДСМ не дозволи да земеме заем, објаснува министерството за финансии. Во соопштението се наведува дека за неколку дена стига рокот за плаѓање стари долгови од 84 ипол милиони евра. Од СДСМ реагираа на дописот од финансии.

Тврдат дека долговите кои стигаат за исплата се 60 милиони евра, а  не 100 милиони тврди опозицијата се  планирани всушност за изборна измама и корупција. пред неколку дена министерот зтаврески изјави дека со еврообвзницата се обезбедени пари и плати и пензии ќе има.

Денеска прмеиерот изјави дека СДСМ се обидува да го искористи својот заменик министер за да добие политички поени дека таа партија се грижи за граѓаните и не сака да дозволи нови задолжувања и оти со тоа и прави штета на државата.

Zoshto go tvrdam toa...Zatoa shto pred nekolku dena Stavrevski tvrdeshe neshto sosema drugo...Verojatno nadevajki se deka domashnite banki nema da go pochituvaat dogovorot od Przhino i kje im gi nadopolnat zalihite na pari potrebni za falsifikuvanje na izborite vo april bez soglaznost na dopolnitelniot minister Naumov...

БУЏЕТ 2016 година  28l59g4
БУЏЕТ 2016 година  10yos53
БУЏЕТ 2016 година  15q45kp
БУЏЕТ 2016 година  30m5lc8
БУЏЕТ 2016 година  5214xc

Izjavata na Stavrevski e postavena kako print skrin zatoa shto zabelezhuvam tendencija vo posledno vreme od kuririte i shitelite da ischeznuvaat odredeni izjavi na dpmneovski funkcioneri koi izjavite gi davaat spored dnevnopartiskite potrebi, taka da ova e eden od nachinite da se dokazhat lagite i manipulaciite...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БУЏЕТ 2016 година  Empty Re: БУЏЕТ 2016 година

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот