Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Корумпирани политичари

2 posters

Go down

Корумпирани политичари Empty Корумпирани политичари

Пишување by Гостин Чет Јан 22 2015, 10:31

Во медиумите има најави за обелоденување на имиња на високи функционери за примање мито во аферата телеком.Не би ме изненадило ако некои од нив биле на највисоките позиции во власта,а некои можеби и сеуште се во власта.Зачудува молчењето на сегашната власт,посебно затоа што се работи за афера од времето 2005 и 2006 година, кога на власт беше СДСМ.Навистина е нејасно,како сегашната власт,која масовно користи недемократски средства за борба против опозицијата,го прикрива овој случај,кога повеке од сигурно е дека тоа би нанело директна штета на СДСМ.Дали навистина некои од корумпираните учесници во власта од 2005/6 година се учесници или барем блиски соработници и на оваа власт.Зошто ДПМНЕ молчи и не го користи овој адут против СДСМ ниту сега,ниту пак некогаш воопшто го спомнале.Кого штити сегашната власт на ДПМНЕ, кого штити Груевски???

Случајот Телеком пред разврска

Десетина адвокати и претставници на Американската комисија за хартии од вредност се во потрага по докази и изјави од сведоци во случајот „Поткуп во Телеком“. Како што се наближува почетокот на судењето извесно е дека македонската јавност наскоро ќе ги дознае имињата на македонски функционери вмешани во случајот.

Имињата на најмалку тројца функционери од Македонија ќе се обелоденат со почетокот на судењето во случајот „Поткуп во Телеком“. Преку транскриптите на процесот јавноста ќе дознае кој и каква улога имал во корупциската афера.

Во последните неколку месеци, адвокатски тим најмен од Американската комисија за хартии од вредност (КХВ) заедно со претставници на комисијата кои престојуваат во земјата, прибираат доказен материјал и изјави од потенцијални сведоци.

До крајот на овој месец, односно на 31 јануари, завршува рокот за оваа фаза од процесот. Потврда дека рокот завршува на крајот на јануари е последната одлука на судијата Ричард Саливан од Окружниот суд во Њујорк, САД, кој го води случајот. Потоа следи експертиза на наодите и комплетирање на постапката што ќе трае до 31 март.

Случајот во САД против поранешните директори на Маџар Телеком - Елек Штрауб, Томаш Морваи и Андраш Балог беше отворен во декември 2011 година.

Тројцата се обвинети дека ги потплатиле македонските функционери за да ги зачуваат високите профити на компанијата со тоа што политичарите ќе је спречат конкуренцијата да влезе на пазарот. Биле исплатени над 4 милиони евра за наводни консултантски услуги преку компанија на Кипар.

Целата коруптивна шема се случувала во 2005 и 2006 година. Обвинението тврди дека со поткуп на домашни функционери во Македонија, за две години е одложена примената на Законот за електронски комуникации што дозволуваше влез на трет мобилен оператор и намалување на цените за разговор. Законот е донесен во 2005 година, а третиот мобилен оператор влезе на пазарот дури во 2007 година.

Во Македонија за овој случај беа поднесени кривични пријави против четворица странски државјани уште во декември 2008 година, неколку години пред Американците да го сторат тоа врз основа на Законот за надворешни коруптивни практики на САД, затоа што во периодот кога се случила корпуцијата, Маџар Телеком котирал на американската берза. .

Во Македонија за злоупотреба на службената положба беа обвинети генералниот директор на Македонски Телеком Атила Сендреи, финансискиот директор Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Но, кратко потоа тужбата за еден од нив е повлечена, а за тројца случајот е отворен, но досега не е процесиран. Рочиштата се закажуваат и постојано се одложуваат.

Грција соработува, за Македонија нема информации

БИРН дознава овој месец активностите на сите инволвирани страни неколкукратно се зголемени во споредба со претходно. Покрај во Македонија, Американците преземаат чекори и во соседна Грција, каде што се земени изјави од најмалку тројца сведоци.

Засега нема податоци дали македонското обвинителство соработувало со американските власти. Но, БИРН дознава дека повеќе македонски адвокати се ангажирани во случајот и тие соработуваат со тимот на Комисијата за хартии од вредност на САД кој бил во посета на Македонија.

Според обвинението за тројцата поранешни директори на Маџар Телеком, во Македонија во текот на 2005 и 2006 година се одржувале тајни состаноци во хотелот „Холидеј ин“, се уништувале клучни докази и се префрлале милиони евра како мито преку компании регистрирани на Кипар. Како посредници меѓу владата и телекомуникациската компанија се јавиле тројца грчки држајвани.

За случајот истражуваше Транспаренси интернашнал – Македонија и сите наоди кои говорат дека во целиот случај „несомнено постои корупција“ биле доставени до обвинителството, но оттаму немало никаква реакција, вели претседателката на ТИ, Слаѓана Тасева.

Иако од обвинителството претходно изјавија дека на овој случај интензивно се работи, обвинителот Марко Зврлевски не беше достапен за коментар.

„Протоколот за соработка“ во центарот на вниманието

Американците, пред да поднесат обвинение против тројцата поранешни директори како физички лица, подготвија и обвинение за компаниите Маџар Телеком и Дојче Телеком, како нејзин сопственик. Но, двете фирми за да не бидат тужени преку спогодба заедно платија 95 милиони долари.

На Американското министерство за правда му платија комбинирана казна од 63,9 милиони долари во 2011 година, а Маџар Телеком плати плус 31,2 милиони на КХВ.

Но, спогодбата на компаниите не ги заштити тогашните директори Елек Штрауб, Томаш Морваи и Андраш Балог. Во обвинението против нив се вели дека рамката за корупција ја дава спорниот договор наречен „Протокол за соработка“. Тој договор наводно ја зачувал привилегираната позиција на Телеком на пазарот во Македонија, преку кршење на македонските закони по повеќе основи.

Протоколот бил потпишан во две верзии, една за претставниците на македонскиот, друга за албанскиот партнер во Владата. Единствените потпишани примероци од двете верзии на Протоколот, според американското обвинение, биле доверени на еден човек идентификуван во судските документи како првиот грчки посредник.

Во секој случај на корупција постојат извор, мотив и примател. Иако во случајот „Поткуп во Телеком“ американските обвинители изгледа ги обезбедија изворот и мотивот, никој сè уште не знае точно во чиј џеб завршија парите.

http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%98%D0%BE%D1%82-%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BC-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корумпирани политичари Empty Re: Корумпирани политичари

Пишување by Фири Пет Јан 23 2015, 23:07

Кога нема суд борбата со коруоциjата е како летенjе без крила.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Корумпирани политичари Empty Re: Корумпирани политичари

Пишување by Гостин Саб Фед 14 2015, 13:52

Malku za korupcijata...Sekoj komentar bi bil nepotreben...

Трагикомедија во 8 чина: „За која партија глумиш директор?“
14.02.2015 13:39
Став
Жарко Трајаноски

Корумпирани политичари Robert

Трагикомедија во 8 чина: „За која партија глумиш директор?“



Главна улога: Роберт Вељановски



Прв чин: Како се станува кандидат за улогата „партиски директор“ - глумење во „Фронт на народот“

„Најгласни на фронтот беа актерот Роберт Вељановски, инаку внук од брат на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан“,

Втор чин: Те ставаат за В.Д. Директор на „Драмски театар“

Трет чин: Го отстапуваш просторот пред театарот за партиска предизборна промоција

УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош сподели објава на Јагнула Куновска.

12 март 2013

Јагнула Куновска

Почитувани,

Денес со почеток од 20:30 часот ќе се оддржи мини митинг на платото пред Драмски театар.

Со почит,

ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ

Четврт чин: Гo отстапуваш Драмски театар за партиска трибина

„Со особена чест, ОК Карпош и Комисијата за култура, Ве поканува на трибина со наслов "Со вера, љубов и надеж за Македонија", во Драмски театар, во недела - 30.03.2014 година во 20.00 часот.“

Петти чин: Те именуваат за партиски наратор, на партиско-државен празник

Шести чин: Стануваш делегат на партиска конвенција за избор на претседателски кандидат , бр. 86

Седми чин: Стануваш дел од партиска жири-комисија за избор на најдобар оратор на партиската младина

Осми чин: Глумиш принципиелен и непартиски уметник, за инает на „одметнатиот“ глумец и студентите

„Неверојатно е со каква леснотија луѓето нудат нешто што не е во нивна сопственост....

Згора на се, НЕ ДОЗВОЛУВАМ културна устанува од рангот на НУ Драмски театар Скопје да биде директно вмешана во било која политичка, општествена или било која друга игра, без разлика од која страна истата е организирана. Ние сме театар за сите граѓани на оваа земја, без разлика на политичката, верската или било која друга определба. Токму затоа и во последната година настапуваме со слоганот ВАШИОТ ДРАМСКИ.“

Вашиот Роберт Вељановски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: www.facebook.com/trajanoski

http://okno.mk/node/44616

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корумпирани политичари Empty Re: Корумпирани политичари

Пишување by Гостин Пон Мар 23 2015, 10:49

Ќе бидеме сведоци на уште докази за корумпирани политичари во Македонија. Иако партиското судство и обвинителство на дпмне, кај нас никогаш не би го процесуирале тој случај, за кој СДСМ алармираше уште во март минатата година, грчкото обвинителство покренало истрага, и се надевам ќе ја спроведе до крај.

Грција почна истрага за поткуп за „Актор“

Во Грција се води истрага против градежната компанија Актор, која го гради автопатот Демир Капија – Смоквица, за наводен поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добијат договорот, открива најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД , за борбата со корупцијата во Грција, објави Телма.

„Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од БЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи почнаа во септември 2012. Грчката компанија го доби договорот иако нејзината понуда беше значително повисока – околу 40 милиони евра, од понудите на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во БЈРМ и поединци од Грција“, пишува во извештајот.

Во него се вели дека за покренатата истрага Атина побарала помош и од Скопје, но бидејќи не добила одговор, побарала посредување и на Еуроџаст.

Во Грција е во тек прелиминарна истрага за поткуп на странци и перење пари. Грција побара правна помош во јуни 2014 од БЈРМ. Додека го чекаат одговорот на оваа барање, грчките власти ги контактираа своите партнери од Еуроџаст за да посредуваат во барањето.

Во Извештајот, што го пренесува и грчки Катимерини, случајот е посочен како еден од седумте во кои грчки бизнисмени поткупувале службени лица во Македонија, САД, Оман, Кипар и Алжир за да добијат одредени бизниси.

Во извештајот, објавен на 15 март, се споменува уште еден случај на грчко-македонски коруптивни врски - поткупот во Телеком. ОЕЦД ја критикува Грција дека не презела никаква истрага, и покрај, како што се вели, „добро познатите поединци“ кои посредувале во поткупот.

http://plusinfo.mk/vest/19387/grcija-pocna-istraga-za-potkup-za-aktor

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корумпирани политичари Empty Re: Корумпирани политичари

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Мар 23 2015, 19:43

Kopiljanava duri sega se osvestuva sto kriminal e napraven! Sega im stanuva kako od son budenje, deka ke skapuvaat po zatvori i to dooooolgo! Ushte ne im e bash jasno vo kakvi dlaboki gomna se zaglibeni...... OSVESTUVANJETO KE BIDE TESHKO I BOLNO!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Корумпирани политичари Empty Re: Корумпирани политичари

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот