Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 28 of 43 Previous  1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 35 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 17 2017, 22:44

Риби

2018 ќе биде многу посебна година за вас, бидејќи има големи шанси со личност која се интересира за вашиот живот, одеднаш да се воспостави врска која дефинитивно има изгледи за завршување и брак. Моќта на вашите емоции би можела да биде речиси платонска, што во никој случај не значи дека и физичката атракција ќе биде отсутна. Сè што е потребно е да дозволите вашата чувствителност да го препознае тоа лице. Во ова признание, не ги игнорирајте сите оние мали знаци на невербална комуникација што ќе дојдат кај вас од другата страна. Нема сомнение дека ќе ги препознаете.

Преземањето ризик не треба да биде вашата опција. Имено, она што особено ќе го цените во периодот од 2018 година е да се одржуваат добро испланирани шеми и деловни односи, па не експериментирајте со наоѓање нова работа. Исто така, што се однесува до вашата актуелна деловна активност, ќе треба да вложите многу напор и работа, што може да резултира со големи професионални достигнувања. Сепак, не дозволувајте вашето внимание да се расфрла на 100 страници, да се фокусирате на еден или два важни проекти за кои сметате дека се приоритет.

Што се однесува до здравјето, немојте да се преоптоварувате со ментални или физички напори, штедите енергија и вежбајте здрав начин на живот. На крајот на годината би можеле да имате проблеми со имунитетот, па затоа внесувајте витамини и да се одморите доволно.

Првите 7 месеци ќе бидат под власта на Јупитер, што треба да влијае на вашата креативност и видливост, што потоа ќе се рефлектира во вашиот бизнис план.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:02

КАКО ЌЕ ВИ ЗАВРШИ ГОДИНАТА – НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 25 – 31 ДЕКЕМВРИ 2017

Овен

Внимавајте да не ја трошите енергијата на непотребни работи. Не делувајте многу емотивно на евентуалните закаснувања или препреки, и не размислувајте за неважни работи кои се надвор од доменот на вашата работа. Ќе ви бидат нагласени духовните особини. Ќе барате друштво на луѓе со кои делите политички или религиозни ставови, уметнички или образовни интереси. Ќе имате доволно време и да се посветите на секојдневните активности. Ако планирате да започнете нов проект, не двоумете се, ве очекува успех и поддршка од соработниците.

Емотивниот живот се стабилизира и покрај разнишана самодоверба. Ако имате партнер можете да го искористите овој момент за обновување на чуствата, па би можеле да организирате романтична средба која долго ќе остане во вашите сеќавања. Ако сте и понатаму незадоволни во љубовта, променете нешто, но не бегајте од проблемите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:02

Бик

Чуствувате минлива напнатост, но сепак ќе бидете мирни, а расположението ви се враќа. Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. На некои од вас ќе дојдат до некаква реализација. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. На финансиски план нема да дојде до некои поголеми промени, но внимавајте некоја непромислена одлука да не предизвика непланирани трошоци.

Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер, ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидетете се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Оние кои се во брак на некој начин ќе се обидат да ја избалансираат врската со партнерот. Но треба да очекувате онолку колку што сте спремни да дадете. Слободните претставници ги очекува интересен предизвик.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:02

Близнаци

Ќе бидете почуствителни од обично. Односите со околината ви се отежнати. Премногу сте горди за да прозборите за вашите проблеми и не сакате да се соочите со работниот неуспех. Сепак секоја ситуација делува корисно. Ослободете се од погрешни навики и прифатете ги зборовите од другите како добар патоказ за понатаму. Премногу темпераментно делувате во ситуациите за кои вашата околина или сакана личност има поинакво гледање и решение.

Едноставно како да не ќе можете да престигните да посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете повеќе внимателни во односот, а ако повеќе време не сте задоволни од врската, ставете точка и расчистете. Слободните ги очекува љубов на прв поглед која ќе ви донесе убави моменти.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:03

Рак

Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Воздржете се, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат дополнителни финансиски средства.

Ако сте во сериозна врска, овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:03

Лав

Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да му се посветите на професионалните барања. Многу е важно со кој влегувате во работа. Одбирајте ги деловните партнери и соработници. Занимавањето со креативна работа и правилното користење на енергијата, ќе ви донесе конкретни резултати. Ве очекуваат финансиски потешкотии кои успешно ќе ги разрешите.

Многу ќе ве нрвира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода. Родените во третата декада ќе имате убаво љубовно доживување и продлабочување на односите во постоечката врска.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:03

Девица

Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни стази и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не му се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но бидете претпазливи во секој момент. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до финансиски загуби.

Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Поттикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:03

Вага

Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството со кое оди, бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес, било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности.

Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во втората декада особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени сметки.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:04

Скорпија

Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Ќе се соочите со некакви тешкотиии и ќе биде потребно да се согласите на некаков компромис.

Во љубовната врска во која се наоѓате владее слична состојба. Па размислете и одлучете што сакате и што очекувате од вашиот партнер, а истото важи и за оние кои се во брак. Слободните претставници на овој знак ќе ги загрижува тоа што се сами.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:04

Стрелец

Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста.

Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти, туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе бидат повеќе отворени за дружење и нови контакти.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:04

Јарец

Премногу се оптроварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги нарушите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате непотребни проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите деловни акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Не се двоумете, туку веднаш изберете некој од колегите кој може да ви помогне и разработете ја работата по етапи. Само на таков начин очекувајте дека ќе имате успех. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат.

Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:04

Водолија

Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат од деловна природа, вашата приватна сфера ќе трпи. Искористете го моментот бидејќи само со одлучна акција ќе го решите порблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Растргнати сте помеѓу желбите и можностите. Ќе успеете да го реализирате тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате така лесно.

Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни, приликите за нова врска се поволни, но внимавајте на вашето однесување.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Нед Дек 24 2017, 20:05

Риби

Потрудете се да го намалите отпорот од околината. Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба. Подгответе се за нови и возбудливи настани кои ќе ги има доста. Немојте да барате помош од страна, бидејќи таа може да биде недобронамерна или некритична.

И приватните односи ќе ви бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.

http://galama.club/2017/12/kako-ke-vi-zavrshi-godinata-nedelen-horoskop-25-31-dekemvri-2017/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Јан 15 2018, 01:51

Дневен хороскоп (15.01.2018) Понеделник

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите се поправаат. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни кои ќе ги крунисаат со брак. Среќата ви се насмевнува. Вашата концентрација е лоша.

Бик (21.04 – 21.05)

Успевате да ја вратите загубената самодоверба. Опуштете се и работете го тоа што ви одговара и никако не се исцрпувајте преку мера. На партнерот секогаш гарантирајте му добар провод, добро ќе се чувствувате. Во голема мера сте виновни за нарушеното здравје.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Напнатоста може да ви ја оневозможи шансата да влезете во нови деловни предизвици. Премногу сте недоверливи. Љубовта ви е во моментов во втор план, го занемарувате партнерот. Немате волја било што да промените кога станува збор за здравјето.

Рак (22.06 – 22.07)

Ефикасноста и интелигенцијата се ваши квалитети кои ќе бидат забележани од некоја личност која е многу важна за вашата кариера. Ве очекува добар период. Една препрека на љубовен план ќе ви ги поремети плановите. Можни се проблеми со тироидната жлезда.

Лав (23.07 – 22.08)

Свесни сте за својата интелигенција и се однесувате супериорно. Понекогаш е потребно малку да се опуштите. Во односот со партнерот ќе дојде до мали проблеми, контролирајте ја својата импулсивност и неоснованата љубомора. Не успевате да се одморите.

Девица (23.08 – 22.09)

Имате голема поддршка од пријателите за да го реализирате замисленото. Опуштете се, отворете се и ослободете се од внатрешните кочници на недоверба и уживајте во она што ви го нуди животот. Потребен ви е подолг сон.

Вага (23.09 – 22.10)

Не очекувате подобрување на некоја ситуација која ве загрижува и поради тоа лошо се чувствувате. Финансиите стагнираат. Можен е конфликт со претпоставениот. Со ароганцијата ќе предизвикате ладење на одностите со партнерот. Можни се осцилации на крвниот притисок.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Поседувате апсолутна подготвеност но и поддршка да се соочите со сите потешкотии. Бидете мудри и одржувајте ја љубовта која ви се нуди, бидејќи ќе ви донесе голема среќа во иднина. Можни се проблеми со грбот и зглобовите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Успевате на не баш лесен начин да откриете каде се крие проблемот. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве маѓепса со својот интелект, образование, а особено со невообичаениот начин на живот. Здравјето е добро, ве одржува добрата кондиција.

Јарец (22.12 – 20.01)

Преземете одговорност за се што ви се нуди. Подобро е да почекате поповолен момент за било што ново. Се повлекувате во својот свет, го занемарувате партнерот. Проблеми со органите за варење, променете го начинот на исхрана.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не сакате на никого да му се правдате за своите постапки. Избегувајте ги кавгите со партнерот, дури и ако мислите дека сте во право, бидејќи само ќе изгубите време и ќе се оптеретите беспотребно. Избегнувајте масна храна.

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку ја послушате својата интуиција ќе успеете да започнете со некоја нова и добра работа. Вашиот емотивен живот ќе биде многу возбудлив, полн со љубов, страсти, предизвици, романтика, љубомора. Чувајте се од промаја, можна е мигрена.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:40

Љубовен хороскоп за месец март

Скорпиите ги очекува романса на работното место, а Јарците се расположени за експерименти… Пронајдете го вашиот знак во продолжение и дознајте што ве очекува во љубовниот живот во текот на месец март.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:40

Овен
Првата недела од март ќе биде прилично безживотна на љубовен план, па најдобро е да не планирате ништо романтично. Но вашата среќа ќе почне да расте од 8-ми март и секој нареден ден. Венера, планетата на љубовта и хармонијата, а за вас и владетел на врските, влегува во вашиот знак. Ова ветува среќа во љубовта, добро разбирање помеѓу паровите и поволни околности за флертување, вљубување и забава. Последната декада од месецот може да ви донесе големо задоволство бидејќи на 2-ти март сонцето, владетелот на куќата на страстите и сексуалноста, влегува во вашиот знак.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:41

Бик
Биковите може да очекуваат голема среќа која ќе трае до ноември благодарение на Јупитер. Но немојте премногу да сонувате. Марс, владетелот на вашата куќа на паровите, ќе се движи помеѓу Јарец и Водолија. Овој циклус ќе трае до ноември и ќе донесе период на анализа, процеси, премислување, компликации и неочекувани постапки. Првото влијание на Марс ќе се покаже во втората половина на месецот. Може да биде суптилно, па затоа е најдобро внимателно да размислувате за сите ситуации. До тогаш уживајте во првата половина од месецот која може да ви донесе многу задоволство и љубов.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:41

Близнаци
Во првиот дел од март Марс ќе се движи низ куќата на паровите и ќе станете навистина активни во љубовниот живот. Подготвени сте да преземете иницијатива, да делувате и да донесете одлука. Понекогаш ќе брзате или ќе имате променливо расположение. Што и да се случи, Марс ќе ја зачини ситуацијата. Овој месец е поволен за љубов, забава, уживање во пар и за постигнување заеднички цели со партнерот.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:41

Рак
Сериозно ќе го сфатите љубовниот живот. Овде спаѓаат обврските, а можеби и ќе поминувате низ тежок период. Работите ќе ви станат појасни во втората половина од месецот, кога енергичниот Марс ќе влезе во вашата куќа на паровите. Од друга страна, можете да сметате и на позитивните ефекти на Јупитер што ги исполнуваат куќите, љубовта и сексуалноста со среќа, како и на позитивните ефекти од Венера, планетата на љубовта. Со други зборови, иако ќе има компликации, проблемите може да се решат и ќе ви оди добро.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:41

Лав
Со Марс во куќата на љубовта и сексуалноста, во текот на првата половина на март очекувајте романтика. Ќе имате желба за освојување па може да се најдете во страсна авантура но без ризик од опасни последици. Во првите две декади на месецот, повеќе во втората, сонцето ќе ви донесе среќа и задоволство. Март ќе биде возбудлив месец и ќе имате чувство како да сте во рајот. Но тоа повеќе се однесува на самата љубов отколку на бракот или долгите врски. Овде ќе имате помалку среќа.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:42

Девица
Првите две декади од март се ветувачки – сонцето е во вашата куќа на паровите. Во љубовниот живот може да ви донесе задоволство, да ви помогне во разговорите, средбите, патувањата и во остварувањето на заедничките интелектуални цели. Венера, планетата на љубовта минува низ вашата осма куќа, а ова кажува за заеднички интереси во врска со парите или истражувањето на вашиот однос. Сексуалноста и страста минуваат низ динамичен период во втората половина од месецот.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:42

Вага
Март ќе ви донесе многу емотивни отворања и потреба да ги споделите чувствата и мислите со саканата личност. Во последната декада од месецот Венера и Меркур ќе му се придружат на сонцето и ќе бидете умерени со партнерот. Желбата за зближување ќе биде уште посилна. Може да дојде до некоја промена, а расположението ќе стане посериозно или нервозно по 17-ти март.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:42

Скорпија
Март е романтичен месец. Во првите две декади сонцето ќе минува низ куќата на љубовта и сексуалноста и ќе ја зголеми страста. Очекувајте среќа во љубовта, флертување, вљубување и афери. Првата недела ќе биде одлична бидејќи Венера ќе се наоѓа во куќата на љубовта. Изгледа ќе постои и поврзаност помеѓу вашиот љубовен и професионален живот. Тоа може да резултира со вљубување во колега или некоја друга личност од работното место.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:42

Стрелец
Во првиот дел од март, присуството на Марс во вашиот знак ќе ги разгори страстите и ќе ве тера да одговарате и на најмалата провокација. На почетокот на втората недела, Венера, планетата на љубовта, и Меркур, владетелот на куќата на паровите, се наоѓаат во вашата куќа на љубовта и сексуалноста. Ова значи дека март е дарежлив месец и има голем потенцијал за вашиот љубовен живот. Ова е месец полн со случувања и доживувања. Сега можете да ја искусите новата љубов или да разгорите некоја стара. Во вториот дел од месецот може да настанат некои компликации.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:42

Јарец
Венера е во друштво на Меркур во текот на март. Оваа комбинација носи освежување, романтично расположение и апетит за флертување и експерименти. Во некои случаи ова може да биде знак за емотивна нерамнотежа. Ќе ве привлекува партнер кој е зборлив и снаодлив. Комуникацијата и менталната компатибилност имаат важна улога во изборот на партнерот, како и во позитивниот напредок на врската. Можно е да пронајдете љубов на некое патување или пак да тргнете на патување поради љубов. Паровите кои се во подолги врски ќе е согласуваат добро и ќе си обрнуваат повеќе внимание еден на друг.
Teo
Teo

Број на мислења : 5091
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 28 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 28 of 43 Previous  1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 35 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот