Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 29 of 43 Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 36 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:43

Водолија
Март ви носи значајни средби и патувања кои може да се важни за вашиот љубовен живот. Може да се роди некоја врска како резултат на размена на впечатоци и идеи. Затоа што Меркур ќе биде во близина на Венера, овој период е значаен за вашиот љубовен живот. Менталната стимулација ќе ви биде како афродизијак и очекувајте незаборавни чувства. Од друга страна пак, поради сонцето, материјалните интереси исто така може да имаат влијание на врските.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Вто Фед 27 2018, 18:43

Риби
Првата недела од март е добра за љубов. Венера и Меркур ќе се наоѓаат во вашиот знак. Нема комбинација која може да ви донесе повеќе среќа, задоволство и хармонија во врската. Близината на Венера е добра за Меркур до крајот на месецот. Ќе го задржите чувството на задоволство во љубовниот живот, но по 7-ми март романтичната атмосфера ќе исчезне. Ова ќе направи место за нешто друго – љубовниот живот ќе се испреплети со материјалниот, а можеби и со професионалните интереси.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Вто Фед 27 2018, 19:35

leleeee so ubo ste se setile.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:41

I jas se setiv.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 05 – 11 МАРТ, 2018)

Овен

На добар пат сте некои несогласувања да ги надминете. Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сé онака како што ви изгледа. Се наоѓате под влијание кое носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Ако веќе подолг период сте осамени, не прифаќајте додворување од партнер кој кај вас не предизвикува нежни чувства, туку напротив е полн со конзервативни ставови и е строг. Подобро е и понатаму да бидете сами, отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези.

Среќен ден: Сабота
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:42

Бик

Во одреден облик, ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен љубовник, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот самиот да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание.

Среќен ден: Среда
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:42

Близнаци

Ако сте природно лесно прилагодливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви се разотиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. А доколку успеете да се „спасите“ од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе.

Среќен ден: Четврток
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:42

Рак

Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден за вас нов начин, кој што ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она кое што го имате испуштено. Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и оневозможите за нешто ново, што можеби ќе ве пробуди од внатрешните страдања.

Среќен ден: Понеделник
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:43

Лав

Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но Марс се уште се наоѓа во вашето поле на парите, па се уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки.

Среќен ден: Петок
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:43

Девица

Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето на убав подарок или пак истата личност ќе ви овозможи надминување на финансиски проблеми, доколку имате такви. Добивањето на вработување, значително би ви ја подобрило финансиската состојба. Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот.

Среќен ден: Недела
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:43

Вага

Комплетно сте насочени кон пронаоѓање на што повеќе начини на заработка. Ќе доживеете враќање на нешто кое во еден период многу ви значело. Но ќе треба добро да размислите, затоа што многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како ќе размислувате за љубовта, партнерот, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сé зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себе си кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска.

Среќен ден: Вторник
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:43

Скорпија

Присутни се некои потешкотии кои сепак ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро испланираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а истото и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. Потребно е многу труд и повеќе работа, доколку сакате да си ги подобрите односите со партнерот и да дојде до одредено помирување.

Среќен ден: Среда
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:44

Стрелец

Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања.

Среќен ден: Сабота
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:44

Јарец

Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка од Венера која се наоѓа во вашето соѕвездие. Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасно сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас. Вашиот брак или врска се во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат преку договор и разговор.

Среќен ден: Понеделник
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:44

Водолија

Цела среќа што остварувањата, исто како и грижите доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови кои веќе некое време ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени.

Среќен ден: Петок
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Мар 04 2018, 18:44

Риби

Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здржување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој кој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат.

Среќен ден: Недела
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Мар 04 2018, 23:45

zavrshuva denot ,no interesen mi e horoskopot....


Дневен хороскоп за недела (04.03.2018)
04/03/2018 астро, ЗАБАВА


Овен
Ќе просперирате само доколку се слушате себе си. Планирате некои нови активности, кои ви причинуваат задоволство. Никако немојте да влегувате во расправии со партнерот бидејќи врската би можела да се заврши.

Бик
Сакате на лесен начин да дојдете до целта, а тоа не ви оди од рака. Ќе имате прилика да го покажете свето знаење и ќе направите нешто што од вас не се очекувало, а сето тоа ќе биде плус за вас. Ве очекуваат мали несогласувања во односот со партнерот.

Близнаци
И сами сте свесни дека мора да го промените работното место. Партнерските односи ќе бидат стабилни и под ваша контрола. Осамените припадници на овој знак ги очекува интересно познанство.

Рак
Чувајте се од злобните јазици и луѓето кои сакаат да ја искористат вашата наклонетост и добрина. Не е добро за вас да се впуштате во нови бизниси. Потребно е малку повеќе време да му се посветите на партнерот.

Лав
Немојте прекумерно да ги трошите парите, не сте свесни за ситуациите кои можат да се случат. Во љубовта не се исклучени ниту авантурите, ниту тајните врски, но чувајте се од можни последици.

Девица
Во моментов можете да се потпрете на поддршката на блиските пријатели. Можете да дојдете во ситуација да имате сериозен разговор со партнерот, па бидејќи вие ќе бидете во право, ќе успеете ситуацијата да ја завртите во ваша корист.

Терезија
Конечно ви се укажува прилика да ја работите работата која ќе ви овозможи добра заработка и пристојни работни услови. Во односот со партнерот ќе дојде до зајакнување на емоциите па ќе ви биде убаво и пријатно.

Скорпија
Немојте да започнувате ништо што ви е важно, бидејќи е можна измама од некое лице. Работете ја својата работа и не и обрнувајте внимание на околината. Во љубовта имате максимално разбирање за партнерот, па така повторно ќе го поддржите во тешките моменти.

Стрелец
Можеби ќе бидете разочарани од колегите со кои имавте најблизок контакт и максимална доверба. Љубовната ситуација ќе биде доста добра, а осамените ќе имаат некоја нова понуда која може да прерасне во нешто сериозно.

Јарец
Стабилната деловна ситуација би можела да ви овозможи да ја добиете потребната сила и енергија да тргнете напред во нови деловни победи. На љубовен план може да дојде до заладување, бидејќи партнерот не поминува заедничко време со вас.

Водолија
Новите деловни задачи ви се тешки, но за среќа тоа нема лошо да се одрази на вас во овој момент. Парнерот пријатно ќе ве изнанеади, па тој поволен однос ќе трае подолго време.

Риби
Полни сте со тешкотии на работа, но сепак ќе бидете задоволни. Ќе успеете да покриете некои важни трошоци. Љубовната ситуација полека се поправа, поради што ќе ви биде особено драго. Искористите го големото количество на позитивна енергија.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Мар 10 2018, 14:06


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Мар 11 2018, 21:49

Неделен хороскоп (11.03-18.03): Нов период за Бикот, Близнаците да внимаваат на повреди…

Овен

Работа: За многу претставници на овој знак ова е значаен период бидејќи оваа недела ќе бидат ангажирани на професионален план. Поволни контакти со личности кои се на важна позиција. Периодот не е поволен за некои поголеми финансиски ризици.

Љубов: Ни кога е во прашање љубовта, ситуацијата не е баш стабилна. Напротив, помрачувањето на Сонцето симболизира љубомора, посесивност и непријатни дијалози со партнерот. Ќе се случи заладување на односите, внимавајте!

Здравје: Мало опаѓање на имунитетот.



Бик

Работа: Како „дете“ на Венера ќе го дочекате навлегувањето на оваа планета во хедонизмот, парите и уживање, па во најдобра ситуација ќе бидат Биковите кои се занимаваат со мода, уметност, медиуми или приватен бизнис. Ова претставува почеток на нов период, па затоа подгответе се.

Љубов: Навистина возбудлив период за време на оваа недела, бидејќи можете да дојдете до искушение да бидете во врска со некој кој не е слободен, особено ако станува збор за Шкорпија или Рак. Секој вид на флерт на работа или влегувањето во нова врска може да биде прилично напорно.

Здравје: Мала настинка.



Близнаци

Работа: Не би можело да се речи дека навлегувате во одличен период, освен ако не сте навистина посветени на работата. Спремни сте да се посветите целосно на нов проект, но затоа пак и вашите очекувања се на високо ниво. Доколку се занимавате со уметност или работите во медиуми кон крајот на оваа недела можете да оечкувате интересни понуди од личности родени во знакот на Риби.

Љубов: Периодот е возбудлив за оние претставници на овој знак кои мечтаат за страствена авантура или кои се во врска со некоја личност од која се навистина фасцинирани. За време на овој период ќе успеете да се прилагодите на потребите на еден Овен или Шкорпија. Близнаците кои се во брак најдобро ќе остварат комуникација со партнерот само доколку не разговарат за работата.

Здравје: Внимавајте од повреди.



Рак

Работа: За претставниците на овој знак почетокот на неделата е навистина поволен. За време на овој период жените ќе бидат поуспешни без разлика на нивната професија. Во финансиски поглед немојте да ризикувате.

Љубов: Романса на работното место донесува проблеми и затоа добро внимавајте што и на кого му зборувате, на кого му се доверувате, особено ако ваша симпатија е шеф кој не е слободен. Дамите Ракови ќе бидат и тоа како изложени на предизвици. Овен, Шкорпија, Јарец и Риби се повеќе од интересни личности за вас.

Здравје: Можни се повреди при спортување.



Лав

Работа: Првите седум дена се релативно поволни, но за време на полната Месечина во Бик ќе имате разговори со прилично тврдоглави соработници. И покрај тоа нивното друштво ќе ви одговара бидејќи ќе ви се укаже можност за нова работа.

Љубов: Помрачувањето на Сонцето може лошо да се одрази на оние кои се на почеток на врската, но и на Лавовите кои се во подолга врска или брак. Оваа појава во која доминира Месечината, а со самото тоа и жените, ќе се случи во вашата астролошка куќа така што овој период нема да биде погоден за никакви договори, преселување, понуди за брак итн.

Здравје: Проблеми со коленото или зглобовите.



Девица

Работа: Периодот на транзицијата на Сонцето преку Шкорпија е навистина поголем за сите припадници на овој знак. Имате поддршка од една Водолија или Овен што навистина ќе ве зачуди, бидејќи не се тоа знаци на кои можете да се потпрете. Потрудете се во првата недела од овој период да го дадете максимумот во работата со која се занимавате. Веројатно ќе бидете во можност да обновите соработка.

Љубов:Во овој период љубовниот живот може да биде малку стресен, доколку не сте спремни да прифатите флерт со личност која подолго време сака да ве освои. Транзицијата на Марс преку Стрелец донесува доста тензија во семејството, па така оние кои се слободни ги очекува навистина интересна средба.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

Вага

Работа: Венера, владетелот на вашиот знак, планетата на хедонизмот, естетиката, парите и уметноста е навлезена во Вага. Токму затоа вие се решавате за потполно нов режим во вашиот живот. Би било добро овој период да не започнувате никаков приватен бизнис, особено не со Лав или Рак.

Љубов: Чувствувате голема привлечност кон Овен или Стрелец, а доколку се работи за познанство кое не трае долго или за личност која не сте сигурни дека е слободна, добро размислете дали вреди да вложувате многу надеж во продолжување на врската.

Здравје: Опаѓање на имунитетот.



Шкорпија

Работа: Транзицијата на Сонцето преку вашиот знак донесува засилени амбиции и потреба да се ангажирате на сите полиња. Секој вид на договор во партнерскиот однос со Бик, ќе биде неповолен за вас. Првите денови од неделата носат можност за средба со некој кој ќе ви понуди добри услови за соработка, а можно е и зголемување на приходите.

Љубов: Во овој период љубовниот живот може да биде прилично комплициран, а ќе бидете во ситуација да се покажете во најдобро светло пред некој кој ви е многу значаен во животот, но ќе морате да останете доследни на дадените ветувања. За оние кои се во врска, многу пријатни мигови им престојат во оваа недела..

Здравје: Контролирајте ги бубрезите.



Стрелец

Работа: Со Марс, планетата на страстите, ентузијазмот и авантуристичкиот дух, Стрелецот оваа недела ќе биде знак кој жари и пали. Ќе постигнувате големи успеси, а ќе имате и средба со личност која ви вети работа, а се работи за странец или личност која работи на некој институт. После среда ќе добиете повик да се сретнете со некого и најверојатно ќе договорите работа која ќе ви договара.

Љубов: Ситуацијата во љубовта може да биде одлична доколку сте во врска во која и двата сте задоволни со вашата професија. Заедничките работни ангажмани не донесуваат многу среќа. Ви претстојат патувања во странство и можност за флерт. Стрелците кои се во долга врска не би требало да планираат брак овој период бидејќи ќе имаат одредени компликации.

Здравје: Можна е мала настинка.




Јарец

Работа: Еден од најбурните периоди кој нема да можете да го контролирате. Околу вас се врткаат многу шпиони, го следат вашиот чекор и се обидуваат да ве уверат во нивната лојалност. Но, вие внимавате а во тоа ви помага позицијата на Марс во Стрелец, па интуитивно знаете кој ви е наклонет, а кој не.

Љубов: Љубовниот живот е се само не извор на среќа, посебно не за Јарци кои многу бараат и очекуваат. Со навлегувањето на Венера, планетата на љубовта во знакот на Вага се јавуваат можности за флерт или почеток на авантура со личност која ја познавате од работа.

Здравје: Помала инфекција.



Водолија

Работа: Транзицијата на Сонцето пред Шкорпија претставува транзиција на планетата на енергичност и оптимизам преку вашето астролошко поле на кериерата. Во среда и четврток ќе имате непријатен разоговр со некој кој е на повисоко ниво на работа, но немојте да одговарате на провокациите.

Љубов: Ве очекува големо незадоволство на полето на љубовта. Ќе бидете жртва на трачеви, но во нив ќе има и некоја вистина. Доколку сте слободни, ќе имате можност да запознаете личност чие вистинско лице ќе го откриете многу подоцна.

Здравје: Лесна кашлица.




Риби

Работа: Претставниците на овој знак ќе бидат навистина успешни во остварувањето на целта која ја зацртале. Потребно е да воспоставите ред во средината во која работите, затоа што нема да дозволите да работите во такви ужасни услови.

Љубов: Не постои ништо што би можело да ве спречи во остварувањето на вашите соништа кога станува збор за љубовта. Доколку сакате да бидете сами и слободни, тоа е ваш избор, но доколку имате намера да влезете во брак, кажете му на партнерот за вашата идеја.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Вто Мар 20 2018, 23:30

Еве зошто “Овните” се најдобрите луѓе!
Доколку секогаш за партнери или пријатели избирате погрешни луѓе, тогаш време е да погледнете во ѕвездите.
„Овните“ ја одржуваат чистата енергија на животот, страствени се и силни. Кога еднаш ќе ги запознаете повеќе никогаш нема да сакате да се одалечите од нив.

Еве 10 причини зошто во вашиот живот би требало да запознаете барем еден „Овен“:

1. Тие се авантуристи
Само повикајте Овен и тој ќе ви предложи нешто ново, откачено и абантуристичко. Овните и авантурата секогаш одат заедно, тие се способни од една обична семејна прослава да направат луда забава.

2. Зрачат со позитивна енергија
Овните по природа се позитивни души.Таквата енергија им помага со леснотија да поминат низ најтешките животни ситуации, а кога нешто не испадне по планот најчесто се окривуваат самите себе.

3. Оптимисти се
Поголемиот број на Овни знае како да избалансира помеѓу охрабрувачкиот и претераниот оптимизам. Таа нивна способност многу му помага на пријателот кога му е потребна подршка и трошка надеж во најлошите ситуации.

4. Верни се
Овните никогаш нема да го изневерат пријателот или да ја откријат неговата тајна. Тие се многу верни па затоа во нивно друшто никогаш не оговарајте пријатели, затоа што тоа нема добро да заврши.

5. Искрени се
Овните никогаш не лажат, од едноставна причина – затоа што незнаат како! Единствено не ја говорат вистината во ситуација кога не сакаат да одбијат друга личност, затоа што знаат дека можно е да ја повредат.

6. Независни се
Тие се целосно независни и знаат да се грижат за себе. Никогаш нема да побараат помош од вас, дури и во неопходни ситуации.

7. Сакаат еднаквост
Овните подразбираат дека нивните љубовници и пријатели кон нив ќе се однесуваат подеднакво како и тие спрема нив.

8. Великодушни се
Овните се претпазливи со парите што ги прави добри штедачи. Подобро се чувствуваат кога подаруваат поклон, отколку кога примаат. Овните никогаш не размислуваат на парите кога треба да ги потрошат за нивните сакани, но кога треба нешто да купат за семе, два пати размислуваат.

9. Амбициозни се
Земајќи го во предвид дека Овните секогаш тежнеат кон повеќе, нивниот интузиазам може да стане заразен. Тие секогаш одат напред и секогаш мораат да се движат.

10. Овните се комбинација од горенаведените особини
Кога ќе ги измешате овие сите особини ќе сватите дека Овенот е пријател за цел живот. Еднаш кога Овенот „ќе ви влезе под кожа“, таму ќе остане за секогаш.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Вто Мар 20 2018, 23:31

ХОРОСКОП 21 МАРТ (СРЕДА)
Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес...
Овен (21.03-20.04)
Околината ќе ви биде наклонета, но вие имате премногу животно искуство за да се отворите пред неа. На некои работи ќе гледате со недоверба. Можни се излегувања во друштво и популарност во кругот на вашите познати. Ако сте во врска потврда за својата верност и верноста на партнерот ќе барате во сексот и ќе ви биде потреба повеќе нежност од обично. Здравје: просечно- внимавајте во сообрајќајот.

Бик (21.04 – 21.05)
Поголем дел енергија ќе ви донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Ќе ви биде овозможено да користите било каква погодност туѓи пари, кредит и сл. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации. Почитувајте ги предпоставените и не влегувајте во непотребни расправии. Здравје: чуствително размислете за начинот на прехрана.

Близнаци (21.05 – 22.06)
Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување на недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна ситуација. Во љубовта можеби малку ќе се одалечите од партнерот или ќе се исплашите да не бидете повредени. Слободните многу ќе внимаваат да не се изгорат. Здравје: солидно.

Рак (22.06 – 22.07)
Слободните ќе уживаат во моменталниот стил на живеење – многу средби, разговори, новини, озборувања. Можно е многу успешно кратко патување. Во сериозните врски доаѓа до заладување или затегнување на односите. Заборавете накратко на обврските и бидете пак млади и заљубени. Многу ќе бидете приврзани кон родителите и роднините. Здраствената состојба ви е одлична.

Лав (23.07 – 22.08)
Сакате сигурна и исплатлива работа без ризик. Многу сте заинтересирани за пари и ќе ве интересира кој колку троши, и колку може да се заработи. Постои можност да склопување на многу исплатливи договори. Ако сте ученик или невработни ќе посакувате повеќе самостојност во однос на другите. Емотивнио сте нестабилни и со задоволство би се впуштиле во авантура.

Девица (23.08 – 22.09)
Со некои финансиски акции ќе се обидте да ги решите зголемените семејни или стамбени проблеми. Во љубовта сепак многу малку може да се купи со пари. Подсетувањето на реалниот живот и тешкотиите на другите ќе ви помогне да ги ставите работите во подобра перспектива. Намалете ја љубомората и не ги малтретирајте другите непотребно. Најмногу ќе ви одговараат флертови и излегување во друштво. Здравје: добро.

Вага (23.09 – 22.10)
Во љубовните односи треба да бидете внимателни и со резерва. Вие го сакате најдоброто, но некој не ве цени доволно. Со вашето однесување ќе се обидете да ја докажете сопствената верност, но сеуште со задоволство се жртувате за другите и заборавате на себе. Друштвени сте, но емоциите ги држите под клуч, и најважното ќе се случува далеку од очите на јавноста. Здравје: многу добро.

Скорпија (23.10-21.11)
Може да ви се случи ненамерно да прекршите нечие срце. Нема да бидете премногу сентиментални и немате време за нежност, но располагате со нова сексуална привлечност и сила. Привидно зафатени со ,,важни работи,, чуствувате немир па потајно се надевате и фантазирате. Понекогаш силата е во признавањето на човечките слабости. Пријателската љубов ќе ви го исполни денот.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Само оние кои добро ве познаваат можат со вас да излезат на крај. Полни со планови но помалку во грижа од желба да успеете истовремено ќе бидете ранливи и чуствителни на забелешките од другите. Интензивно ќе се дружите со партнерот, но постои можност од мало разочарување. Сериозните врски се во криза, бидејќи прилично сте затворени и љубоморни. Слободните претставници би можеле да се заљубат во недостапна или забранета личност.

Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекуваат нови возбудувања можеби поврзани со некакво патување. Контактите со странство ви се позитивни Ќе се двоумите околу покажувањата на чуствата и минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики. Во сериозните врски бидете помалку себични и прифатете ја партнеровата иницијатива за нови искуства и експеримент.

Водолија (21.01 – 19.02)
Во целост ќе се опуштите и ќе заборавите на вашите основни обврски. Со вашето однесување давате впечаток на личност, која е целосно незаинтересирана за се околу себе. Морате да признаете дека сте претерале. Почнете да се подготувувате за секојдневието, зошто вашите пријатели и соработници наскоро нема да имаат доволно трпение и разбирање за сите постапки и однесувања. Здравје: нервоза.

Риби (20.02 – 20.03)
Некоја многу важна случка ќе поткрене коренити промени во вашиот однос спрема некоја личност. Ќе отворите некои ненапишани поглавја, некои ќе доживеат нова љубов, а други пак ќе се решат за родитлество или зајакнување на постојната врска и сл. Некој можеби ќе стане траен извор на вашата среќа. Потикнати ќе бидат и сите облици на воздржување, заеднички живот и работа која ќе ја збогати вашата приватна и јавна сфера. Пронајдете хармонија.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Чет Мар 29 2018, 00:47

ХОРОСКОП 29 МАРТ (ЧЕТВРТОК)
Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес...
Овен (21.03-20.04)
Исполнети сте со оптимизам и елан за работа. Ќе имате нови шанси за некое патување или нови пријателства, а ако сте слободни можеби и некој од нив ќе ве заинтересира , а оние кои се во врска можеби ќе си дозволат флерт. Овој ден ќе биде незаборавен особено за оние Овнови од втората декада. Здравје: одлично сепак не заборавајте да се контролирате во јадењето.

Бик (21.04 – 21.05)
Денес за работите кои ви се секојдневица ќе имате мали потешкотии. Меѓутоа нема да бидат пречка во реализирањето на проектите. Многу од вас ќе мора да прифатат промени кои можат да бидат напорни. Најважно е да проанализирате ситуацијата бидејќи вистинските прилики често не се она што се замислува. Настојувајте да ги препознаете, не ја губете силата во нешто што е веќе исцрпено.

Близнаци (21.05 – 22.06)
Се е мирно, но вие не сте задоволни, зошто не е се онака како што би скакле вие. Изненадувањата кои ќе ви ги подготват пријателите или можеби вашиот партнер ќе ви го поправи расположението. Поради емотивната нестабилност ќе бидете нервозни, па би требало да бидете повнимателни за да не му наштетите на љубовната врска. Посветете си време лично за себе, направете нешто ново со својот изглед или обновете ја гаредеробата.

Рак (22.06 – 22.07)
Искористете ја интуицијата и креативноста на вистински начин доколку сакате да бидете задоволни. Во спротивно ќе си мислите дека убави работи му се случуваат само на другите. Уживајте во општествениот живот и не ја отфрлувајте љубовта од себе. Некој колега се обидува да ве заведи. Зошто да не флертувате? Нема што да изгубите. Здрајето одлично ве служи.

Лав (23.07 – 22.08)
Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои највероватно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се подобруваат. Над сето тоа ќе бидете немирни , незадоволни и склони кон расправи, но околината ќе биде толерантна спрема вашите провокации.

Девица (23.08 – 22.09)
Пред вас е исклучително креативен и успешен ден во секој поглед. Особено ќе ве израдува некоја материјална добивка која не сте ја очекувале. Бидејќи претерувате со работата и во неа вложувате многу сила, кон крајот на денот можна е напнатост. Ќе се ослободите од неа доколку се сетите на саканото суштество и пријателите. Здраствената состојба е нестабилна-можни се воспаленија.

Вага (23.09 – 22.10)
Се обидувате да се дистанцирате од се што бара ваше мислење, а што може да ве доведе во судир со околината. Дали вреди поради тоа да се карате со вашите пријатели и да го раскинувате пријателството. Бидејќи ништо не постигнувате туку само се нервирате, одбирајте неутрални теми за разговор. Имате време и за дружење -особено љубовни. Ви одговара оној астролошки знак кој момнетално се врти околу вас.

Скорпија (23.10-21.11)
Малите расправии со претпоставените нема да бидат причина за лошото расположение кое ќе ве прати во текот на денот. Вистинската причина е на друго место и тоа највероватно во љубовта. Односите со партнерот ги заладивте и тоа по ваша вина. Извинете се и обидете се да ја поправите грешката што сте ја направиле. Здравјето, солидно иако можно е да имате мали проблеми со забите или грлото.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Стрелеците од првата декада ќе имаат неочекуван пресврт на работен план. На почеток на тоа ќе гледате со недоверба и резерва бидејќи не ќе сакате никакви промени. Сепак најбрзо ќе видите дека има поволни услови за тоа. Финансиската ситуација е одлична. Некои од вас ги очекуваат помали здраствени проблеми кои нема да ви дозволат во целост да се посветите на своите обврски. Обратете се кај вашиот лекар.

Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе бидете доста јаки и способни да се справите со денешните проблеми кои ве очекуваат на работното место. Ќе се обидувате набрзина и без многу размислување да го остварите тоа што сте го наумиле без многу обзир кон другите. Во контактите со соработниците бидете тактични и трпеливи. Некои од вас ќе се соочат со вложување во домот кое во моментото е неопходно. Не го оставајте тоа за подоцна, трошоците можат да се зголемат.

Водолија (21.01 – 19.02)
Нема да имате причина за незадоволство, недоверба и стравови. Пред вас е бурен ден во кој можете да ги реализирате повеќето желби, како на работа така и на љубовен план. Особено слободните претставници ќе имаат среќа во љубовта, па затоа бидете подготвени за почеток на една љубовна врска. Оние кои имаат партнер ќе бидат опсипени со комплименти и нежност, а тоа ќе знаат да го возвратат на најдобар можен начин.

Риби (20.02 – 20.03)
Со фантазијата воопшто немате проблеми. Таа навистина е бујна, но никако да тргнете во акција и нешто од тоа што постојаноо ви се врти во главата да почнете да реализирате. Многу мал број припадници на знакот ќе реализираат нешто минимално. Останатите ќе мораат уште долго да го преиспитуваат сопственото однесување и да побарааат одговор. Не заборавајте на вашиот партнер. Му треба внимание.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Мар 31 2018, 13:16

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 31.03.2018

Овен

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците.

Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

Бик

Околината ве повредува. Тоа е причина за крајниот негативен став, кој овие денови ве обзема.

Доколку се дистанцирате, постои шанса да го ублажите незадоволството. Материјалната загуба негативно ви влијае на мотивацијата. Чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците.

Близнаци

Сѐ е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Стрелците, кои единствено во ваше друштво не се незгодни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања.

Бидејќи се уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.

Рак

Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување.

Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.

Лав

Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате.

Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.

Девица

Имате некои недоразбирања со самите себе. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања.

Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

Вага

Идеален ден за се што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата.

Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Без оглед на успехот, треба да се биде реален во проценката, подготвен и правилно да се однесувате.

Скорпија

Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни.

Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата. Очекувате среќна вест во врска со нешто што ви значи, најверојатно ќе ја добиете.

Стрелец

Денешниов ден ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате.

Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

Јарец

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден.

Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

Водолија

Обидете се да работите повеќе, некако во последно време се обидувате да се извлечете од работата.

Секојдневните бесмислени разговори ви стануваат здодевни. Затоа, кога разговарате со пријателите, изберете посериозни теми. Денес обидете се да пронајдете инспирација во туѓите зборови и не се плашете да се спротивставите.

Риби

Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат.

На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Апр 02 2018, 17:36

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (03 АПРИЛ, 2018)
Апр 02, 2018Среќа На Денот, Хороскоп


Овен

Во првата половина од денот ќе се чувствувате уморно бидејќи изминатава недела константно бевте под стрес. Затоа, втората половина од денот посветете си ја на себе. Пријатна квечерина, кафе и книга е примамлива идеја, зарем не?

Бик

На работа ви претстојат значајни промени, веројатно на подобро, посебно ако се занимавате со приватен бизнис. Доколку ви се допаѓа личноста со кој подолго време се дружите, ќе морате да бидете поупорни во освојувањето. Некој многу сака да ве импресионира.

Близнаци

Сте прекинале неодамна со партнерот? Не очајувајте, бидејќи уште денес ќе имате шанса да ја обновите вашата љубов. Но, добро размислете што навистина сакате, бидејќи наскоро ќе добиете понуда за состанок од една личност која ќе почне да ви се допаѓа.

Рак

Не двоумете се, соберете храброст и јавете ѝ се на личноста на која мислевте изминатиов период. Поканете ја на кафе и видете што ќе ви каже. Ако оди сѐ според планот, тогаш збогувајте се со сингл периодот.

Лав

Ова е вашиот ден на љубовта. Ѕвездите велат дека Венера има подготвено неколку изненадувања за вас. Вие само средете се, облечете високи потпетици и освојте го светот! Другото препуштете ѝ го на планетата на љубовта која решила да ви ги зачини работите во љубовниот живот.

Девица

Гледајте се почесто со пријателите и забавувајте се повеќе. Што се однесува на љубовно поле, почнете да преземате иницијатива. Работите нема да ви да паднат од небо ако само чекате. А оние кои се во врска, крајно време е да почнат да размислуваат како повторно да внесат живот во врската.

Вага

Време е за промени. Искористете ја вашата креативност и направете промени во својот дом, но и во својот живот. Имајте за сѐ цврст став и со тоа ќе имате цврст успех на љубовен план и професионален план.

Шкорпија

Крајно време е да престанете да се грижите да обврските и да почнете да размислувате малку позитивно. Не е крај на светот ако неколку недели по ред не ви се случува нешто за пофалба. Земете ги работите во свои раце. Поканете ја на состанок личноста која ви се допаѓа.

Стрелец

Ќе ви се случуваат чудни работи во текот на денот и може да се почувствувате некомуникативно. Но не грижете се, секој има таков период. Вашиот внатрешен шарм ќе ви донесе многу бенефиции на работа.

Јарец

Денес, едноставно не е ваш ден. Ќе се чувствувате уморно и депресивно, а луѓето околу вас постојано ќе ви одат на нерви. Не очајувајте, на секој му се случува да има напорен ден. Направете кратка прошетка, или пак гледајте интересен филм, тоа ќе ви го подобри расположението.

Водолија

Запаметете го добро овој ден, бидејќи ќе бидете среќни во секој момент. Венера ќе ви донесе насмевка на лицето, оптимизам и желба за уживање. Токму тој оптимизам кој ќе ве обземе, ќе направи да имате големи успеси и на професионално и финансиско поле.

Риби

Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвика голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Вто Апр 03 2018, 00:13

i horoskopot ne me "saka" ,nishto ne mi pogoduva......

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Апр 07 2018, 21:37

Дневен хороскоп за 7 Април (Сабота)

ОВЕН

Повремена импулсивност и нервоза во односот со блиските. Подобро да избегнете некои непријатни ситуации и да не започнувате расправија. Мислите дека го давате својот максимум во односот со саканата личност, но другата страна секогаш наоѓа замерки и ве критикува.
БИК
Ако сте мислеле дека сте пропуштиле некоја прилика, денес може пријатно да бидете изненадени со пресврт на целата ситуација. Можно е да го остварите тоа што сте го планирале. Иако сте малку нервозни, се обидувате во односот со саканата личност да останете коректни и прилагодливи.

БЛИЗНАЦИ

Денес до вас доаѓа една неочекувана понуда, а тешко дека ќе имате време за неа подолго да размислите. Обидете се да ја испробате својата среќа, следете ја својата интуиција. Ве оптоваруваат некои детали во вашата љубовна врска, но моментално несакате да “кревате паника” околу тоа.

РАК

Во текот на денот ќе имате нешто полош контакт со блиските, па ако сте имале намера да побарате некоја услуга или да разговарате за некои работи, сепак можеби треба да ги одложите. Можна е промена на плановите во последен момент и можно е да се сретнете со пријателите, но не и со партнерот/ката.

ЛАВ

Ќе мора целосно да ги измените сите планови за денешниот ден, но тоа незначи дека ќе загубите. Некои работи се поприоритетни и на нив треба да посветите повеќе време. Очекувајте повремено напнат ден. Саканата личност ја испланирала вашата средба, но ќе мора да направите некои измени.

ДЕВИЦА

Ова е ден кој е одличен за преговори, договори и силна комуникација со сите со кои сте во контакт. Обидете се да не бидете премногу наметливи кон некои личности. Можно е познанство со личност која во првиот момент ќе рабуди интересирање кај вас.

ВАГА

Некои промени или новост во постоечките аранжмани можат накратко да ја нарушат вашата замисла и планови за денес. Ќе ви треба време да се вклопите. Со саканата личност тешко остварувате договор, и поради нејзиниот, но и поради вашиот недостаток на време.

СКОРПИЈА

Бес, неочекувани настани – во секој случај – голема количина настани во деловниот сегмент. И покрај силното темпо, добро ги исполнувате и остварувате вашите планирани цели. Дури и денес нема да можете да остварите задоволителен контакт со некој близок, но вие сте одлични со пријателите.

СТРЕЛЕЦ

Мислевте дека нема да можете да остварите еден бизнис договор, и ќе бидете пријатно изненадени кога другата страна повторно ќе ве контактира денес. Можете брзо да направите одлична работа. Новиот познаник ќе ви го разубави овој ден. Постои голема можност за флертување, дури и за авантури.

ЈАРЕЦ

Одличен ден за многу побрзо да ги решите проблематичните деловни обврски. Некои нови ситуации повремено се појавуваат, но ќе можете да ги завршите во движење. Нагласена неодлучност за започнување на некои прашања со некој близок.

ВОДОЛИЈА

Многу работи започнаа во деловниот сегмент на подобро и буквално преку ноќ. Ќе добиете некои извонредни важни информации кои ќе ви донесат добро расположение. Големи можности за нови познаници, преку деловниот сегмент. Вие сте активни и подготвени да флертувате.

РИБИ

Јако нагласен деловен сегмент во исто време делува како поттик за вас, но исто така предизвикува нервоза. Голем дел од ова ќе се случи денес непредвидливо, но во исто време ќе можете да добиете нови познаници и можности за договор. Саканата личност ве изненадува со своето однесување.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 29 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 29 of 43 Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30 ... 36 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот