Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 30 of 43 Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 36 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Апр 07 2018, 21:48

Неделен хороскоп 02.04 – 08.04.2018
ОВЕН
ЉУБОВ: Најверојатно ќе се чувствувате осамени или ќе сонувате на нова љубов. Опуштете се и влезете во тишина и медитација. Не очекувајте многу повеќе од она што го имате во моментов. Тоа е најдобриот начин да одржите цврсто статус кво.

РАБОТА: Околностите, луѓето и настаните ќе ви кажат повеќе дека треба да работите на вашиот професионален развој и стручното усовршување. Вие не сте перфекционист по природа, но ќе ги барате сите информации што би можеле да ви помогнат во тоа.

ЗДРАВЈЕ: Вистината е во тоа што Вие верувате.

БИК
ЉУБОВ: Оние кои што имаат семејство, најверојатно неделава ќе ја поминат со нив. Оние во парови ќе помине минлив турбулентен период каде што ќе треба да покажат многу толеранција и самоконтрола. Не влегувај во залудни дискусии.. Подобро стрпете се малку.

РАБОТА: Како што поминува неделата, ќе забележите дека станувате покреативни. Затоа ќе започнете да работите со повеќе задоволство. Вашите идеи ќе бидат добро прифатени од младите луѓе. Некои ќе добијат шанса нивните идеи да ги изведат или да ги презентираат пред публиката.

СОВЕТ: Бидете она што сте

БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Конечно ќе дојде до подобрување во врската, но се уште повремено ќе доаѓате во искушение за кавги. Наклонетоста ќе биде поголема, но брзината со која што ќе се растажите сеуште ќе биде тука. Затоа, контролирај се и верувај во подобро утре.

РАБОТА: Можностите за развој на кариера ќе бидат тесно поврзани со борбата и стресот. Од вас е да ги оцените силните страни и предностите на противниците и да реагирате реалистично и интелигентно. Важно е да заштедите на вашата сила.

СОВЕТ: После одморот вратете се на работа

РАК
ЉУБОВ: Можно е да Ви недостасува предизвик во вашиот приватен живот. Случувањата кои ги сакате ќе ги снема, затоа немојте да создавате вештачки ситуации. Така влегувате во стапица на илузијата. Прифатете го ова како краток момент и уживајте во ситниците.

РАБОТА: Пред Вас се денови кога најверојатно ќе имате можност да покажете колку сте добри и корисни во вашата работа. Тоа ќе биде добредојден предизвик што ќе го прифатите.
Многумина дури сега ќе сфатат дека имаат уште неколку таленти.

СОВЕТ: Припазете малку на Вашата желба за акција

ЛАВ
ЉУБОВ: Имате созреани идеи за тоа како да се забавувате и да заведете некоја личност за која ќе се грижите, така што ќе сторите се да го направите тоа. Веројатно ќе успеете, но ако прифатите компромис и не скокате на било каква провокација. Ќе има и други можности.

РАБОТА: Ништо не е случајно, па ни тоа дека вас ви се случуваат многу работи кои можат да ве збунат. Сепак, тоа не е толку лошо, затоа што полека ги преземате работите во свои раце. Тоа ќе оди постепено. Затоа, не брзајте, туку одете чекор по чекор. Почитувајте ги правилата за работа.

ЗДРАВЈЕ: Подоцна ќе дојде се на свое место.

ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Ведрина, позитивен дух, шарм и уживање во мали нешта – сите овие работи ќе го одбележат вашиот приватен живот овие денови. Затоа, не грижете многу за ситници, тие не се толку важни. Подобро уживајте во и со тоа што моментално го имате.

РАБОТА: Ќе има премногу желба и недоволна можност за нивното моментално достигнување. Вашите амбиции не се мали, но околностите ќе ве водат до потребната соработка со другите. Времето е добро за планирање на нови потези, но реализацијата може само малку да чека.

ЗДРАВЈЕ: Не бидете нетрпеливи.

ВАГА
ЉУБОВ: Ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално бидејќи драгата личност ќе биде отсутна. Копнежот ќе зајакне, а со него и чувството за осаменост. Некој мирот ќе го пронајдат со активирање на фантазијата и своите сонови.

РАБОТА: Шефовите би можеле да ја променат својата тактика и затегнат таму каде што најмалку очекувате. Ова вам тешко ќе ви падне. Сепак, морате да ги профатите она што се нуди да прилагодите се како најдобро што знаете. Имајте на ум дека покасно ќе биде подобро.

ЗДРАВЈЕ: Релаксацијата е императив.

СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Она што го замислуваш во љубов ќе биде посилно од реалноста, иако реалноста нема да биде лоша. Некои поради тоа ќе живеат во фантазија гледајќи љубовни филмови или сонувајќи на јаве. Ќе има и од оние кои ќе ја чувствуваат сета магија на платонската љубовна врска.

РАБОТА: Со леснотија ке решавате се на што ќе наидете во својата професионална работа. Вашата вродена сериозност овој пат ќе биде промешана со љубезност, па многумина ќе се изненадат како смело ја водите целата работа. Ќе успеете скоро во се.

ЗДРАВЈЕ: Идете таму каде што се чувствувате добро.

СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Полека влегувате во драматична фаза кога вашите љубовни прилики ќе ве изненадат. Ако веќе сте во врска може да дојде до обострано заведување. Понекогаш ќе претерувате, но ќе бидете задоволни.

РАБОТА: Ви се отвораат вратите на една соработка која финансиски ветува. Ќе бидете весели поради тоа. Проанализирајте ги сите можности и крените со добар план. Понекогаш ќе бидете збркани, но тоа е само пролазно. Проверувајте ги деталите.

ЗДРАВЈЕ: Верувајте во убаво утре без оглед на се.

ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна со некои далечни и егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе разменувате идеи за се, а тоа и двајцата ќе ве исполнува. Тие кои се сами ќе ја бараат личноста од соништата.

РАБОТА: Во деловните комуникации и контакти избегнувајте отворено покажување на емоции. Тоа е бидејќи некој може да ве доживее како непрофесионална личност, а вие не сте тоа. Внимателно проценете колку чувства треба да покажете.

СОВЕТ: Опуштете се

ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Добар развој на љубовиот и друштвениот живот ќе ве охрабри да продолжите понатаму. Многу од вас во својата врска ќе внесат свежина со заминување на некое интересно мест. Тие кои сеуште се сами, треба почесто да излегуваат од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓе.

РАБОТА: Не сте сигурни за своите идеи. Затоа барате нови примери. Некои едностаставно ќе почнат да имитираат личности од својата професија кои им се допаѓаат. Но треба да дојдете до себе и своите специфичности. Позанимавајте се своите цели.

СОВЕТ: Наполнете ги батериите со релаксација.

РИБИ
ЉУБОВ: Семејните предизвици ќе го окупираат вашето внимание во приватниот живот. Тие кои се во врска ќе балансираат меѓу партнерот и роднините, а со тоа односот со саканата личност малку ќе се влоши. Тие кои се сами ќе останат дома.

РАБОТА: Се повеќе ќе чувствувате работна атмосфера. Најверојатно ќе ги развеселувате другите кога ќе наидат на тешки минути. Некој ќе се жали дека има многу работа, а вие тоа лесно ќе го претворите во шала. Така ќе се поттикнете и себе си и колегите.

СОВЕТ: Недостатокот на енергија надоместете го со добар план.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Апр 28 2018, 11:00

Детален неделен хороскоп
Објавено: 28-04-2018, 09:09

ОВЕН
Работа: Ретроградните планети во Јарец укажуваат дека се соочувате со тешкотии на ова поле, но сега сфаќате дека вие сте единствените што може да си помогнат. Нова надеж.

Љубов: Со Месечината во Вага ќе научите дека може да постигнете успешна врска, само ако се адаптирате - тоа не значи дека треба да се смените комплетно, туку да најдете вистинска мера.

Здравје: Не им дозволувајте на постоечките тешкотии да се продлабочат, туку најдете време и сила да спречите, отколку да лечите, бидејќи може да си нанесете сериозни проблеми. Одмор

БИК

Работа: Ова е поволен период за почнување нови проекти, а за кои ќе треба добро да размислите и да одберете што е најдобро за вас. Можеби ќе треба да почекате на резултатите.

Љубов: Ретроградните планети во Јарец ви предизвикуваат одредена тага и тешкотија и за сега ќе треба да се помирите со дадената ситуација. Сепак, верувајте им на своите инстинкти.

Здравје: Обидете се да живеете со побавно темпо, кое и онака ви одговара - ова важи за следните три месеци, а за кое време ќе медитирате на своите идни планови. Релаксација и мир.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Со Полната Месечина на 30 мај, можно е да се соочите со неочекувани конфликти или информации, за кои ќе ви треба време да решите како ќе одговорите. Неправда.

Љубов: Со Венера во вашиот знак, комуникацијата добива на важност - кажете го тоа што го мислите и мислете го тоа што го кажувате. Барајте подлабоко значење во искажаните зборови.

Здравје: Доколку се соочувате со потреба за сериозен потфат, обидете се да дојдете до повеќе мислења, а информациите зачувајте ги за себе - не нужно мора да ги споделувате со сите. Мир.

РАК

Работа: Со транзитот на Месечината низ Стрелец, може да заклучите дека сте спремни за нов работен ангажман, особено ако сте незадоволни до сега. Можно е некој да ве искористува.

Љубов: Сега е крајно време да го спуштите гардот и отворено да проговорите што тоа не чини во вашата врска - се работи за недоверба или неверство? Соочување со реалноста. Промени.

Здравје: Ако чувствувате некакви симптоми, имајте во предвид дека тие се предизвикани единствено од преголем стрес. Појдете на лекар колку да ја смирите совеста и одмарајте доста.

ЛАВ

Работа: Сонцето во Бик ви отвора убави шанси да ги завршите почнатите проекти и тоа со голема помош однадвор. Сепак не ги раскажувајте своите импресии и имајте трпение и мир.

Љубов: Полната Месечина во Скорпија ги нагласува емоциите и најдобро ќе биде да не правите преголеми реакции. Поставете јасни граници кој до каде може да оди и бидете среќни.

Здравје: Можно е да ги потиснувате своите емоции, а што ќе му наштети на вашето здравје. Избирајте ги своите битки и избегувајте ги колку што може. Прошетка во парк, барем и за минута!

ДЕВИЦА

Работа: Без оглед со што работите, сега е многу важно да бидете фиксирани на целта и вредно и методично да си ја завршите работата. Малите грешки може да направат хаос - фокус!

Љубов: Ретроградните планети во Јарец укажуваат на одредена стагнација и досада во личните врски - разговарајте за тоа што им е потребно на саканите, но и вие изразете ги своите потреби.

Здравје: Сега треба да сте во добра кондиција, под услов добро да се храните, одмарате и рекреирате. Внесете додатоци во исхраната, минерали и витамини и спијте доволно. Одмор!

ВАГА

Работа: Оваа недела се соочувате со можна романса на работното место - ова не е нужно лошо, но се прашувате дали е добро да ги мешате задоволството со должностите? Воздржување!

Љубов: Работите се испреплетуваат и може да очекувате одолговлекување во љубовниот живот. Сепак размислувајте позитивно и дружете се со повеќе луѓе. Желби и надевања. Пауза.

Здравје: Најдете време да го сакате своето тело и да му пружите соодветна нега и грижа. Сега е многу важно да си ја вратите самодовербата и добросостојбата. Ако ви треба помош, побарајте.

СКОРПИЈА

Работа: Полната Месечина во вашиот знак ја потенцира вашата итност да го смените работното место или атмосфера - верувајте ѝ на интуицијата и разговарајте со некој околу ова.

Љубов: Се прашувате дали да ја завршите сегашната врска - размислете за ова подобро и подолго. Кога се соочуваме со предизвици, најтешкиот дел е да останеме и да ги решиме. Мир.

Здравје: Не им дозволувајте на емоциите да ви го комплицираат здравјето - центрирајте се себе си, своите ставови и така ќе ја вратите добрата кондиција. Имате моќ да господарите со мислите

СТРЕЛЕЦ

Работа: Со Венера во Близнаци некоја рационална колешка ве фрустрира - може да доживеете препреки и одолговлекувања кои не треба да ги сфаќате лично. Одмаздување.

Љубов: Доколку свекрвата ви се меша во врската, обидете се да ја направите сојузник, без оглед што чувствувате и мислите за неа. Можно незадоволство или неверство, но и доминација.

Здравје: Вашето здравје треба да е добро, а доколку имате потреба од консултација, можно е да наидете на женска личност која ќе ви помогне многу. Умереноста е лек за сѐ. Релаксација.

ЈАРЕЦ

Работа: Марс во вашиот знак укажува дека ќе се појавуваат нови можности на ова поле, а за кои ќе треба да бидете отворени. Спремете се и направете тактика за промени во кариерата.

Љубов: Сонцето во Бик ви носи нови шанси и надежи за иднината - сега сте инспирирани и храбри да истражувате на ова поле и вашата врска се издигнува на ново ниво на интимност.

Здравје: Ќе внимавате на главата, очите и забите, грижејќи се за себе добро и одговорно. Сега ќе сте во добра кондиција, а ако чекате резултати, тие би требало да се со позитивен исход.

ВОДОЛИЈА

Работа: Со Полната Месечина во Скорпија се соочувате со потреба за менување на тактиката или со избор за менување на работното место. Сега имате добри идеи за колективот.

Љубов: Венера во Близнаци и вие сте спремни да почнете нешто ново, а доколку сте во врска, нешто во неа ќе мора да престане. Не се двоумете да искажете што чувствувате - тоа менува сѐ!

Здравје: Сега конечно си признавате дека имате нездрави навики кои треба да се менуваат - грижете се добро за себе и така и останатите околу вас ќе се чувствуваат подобро. Рекреација.

РИБИ

Работа: Полната Месечина во Скорпија ќе ја зголеми нејаснотијата на ова поле - разговарајте со авторитетите за да ги разјасните потенцијалните дилеми. Бидете внимателни.

Љубов: Вашите емоции се нагласени и работите може брзо да се вжештат. Доколку е потребно, направете мала пауза и дајте си време за осаменост. Верувајте ѝ на својата интуиција - таа не греши!

Здравје: Вашите чувства се јасен показател што е сега најдобро да правите - ако не се согласувате со советите на својот доктор, побарајте друг специјалист. Верувајте си себеси. Мир.

Ирена Танчева

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Апр 28 2018, 22:23

МОЗАИК
ОВА СЕ ТРИТЕ НАЈСЕКСИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ – ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ?
On Апр 28, 2018

Сексапилот нема век на траење, а секој човек во себе има одредена доза која повеќе или помалку е изразена. Хороскопот ги класифицира следните три знаци како најпривлечни.

Шкорпија

Ако некогаш сте запознале Шкорпија, знаете дека има неодолива моќ на привлечност. Мистеријата со која се опкружени никого не остава рамнодушен, а најдобро од сè, тие се храбри, доверливи и многу заводливи.

Лав

Лавот ќе направи сè за вас, а вие ќе се чувствувате како да сте во центарот на светот. Сè што некој ќе направи, Лавот ќе го направи подобро. Лавот има најубава насмевка и неверојатно тело.

Рак

Раковите се освојуваат тешко, а уште потешко се преболуваат. Ќе ве привлече нешто на нив, а ќе засакате сè.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Апр 29 2018, 22:27

Пеколна хороскопска петорка: Еве зошто овие знаци никој не ги сака
Овие се петте најлоши знаци во хороскопот.

5. место – Јарец


Овие се петте најлоши знаци во хороскопот.

5. место – Јарец


Со Јарците е тешко да се комуницира. Тврдоглавост е нивното второ име. Јарцитe ретко кој ги третира со почит, така што нивниот социјален круг е секогаш ограничен. Тие не ја толерираат досадата, па затоа се опкружени со највредните пријатели. Ако одеднаш се заљубите во Јарец, вам ви е потребно многу трпение и издржливост.

4. место – Водолија


Водолиите – се многу специфични во комуникацијата. Тие го ценат само своето мислење. Тие лесно можат да обвинат некого и не сакаат да слушаат оправдувања. Водолиите имаат посебен ум, но често се окупирани со емоции.

3. место – Близнаци


Близнаците не можат мирно да седат на едно место, многу дрдорливи и каприциозни. Во критичните моменти носат “маска на рамнодушност”, или дури суровост и оставаат без поздрав. Мислењето на околината е празен звук за нив. Тие имаат свој свет на фантазија во главата. Близнаците се подмолни. Се чини дека добро ги познавате, но тие секогаш се способни да одиграат – Шах-мат.

2. место – Овен



Овните се многу импулсивни личности. Можат за 15 секунди да разбијат сѐ што изградиле со текот на годините, а тоа не се однесува само на развојните проекти, туку и на нивниот однос. Секогаш во право, и ако навистина се, тогаш мора да признаете дека се во право. Ова едноставно правило постои во нивните животи. Ако се заљубите во Овен, тогаш подгответе се за огнот што постојано ќе гори. Страста постојано ќе се готви.

1. место – Скорпија


Скорпиите спаѓаат во најголемите “зли луѓе” од зодијакот. Секогаш го добиваат она што го сакаат. За нив, ништо не е невозможно. Имаат многу суров однос кон светот, супер его и осветољубив карактер. За нив, луѓето се нивна сопственост, па ако сте во нивната мрежа, вие засекогаш сте во нивното ропство. Секаков вид на односи со претставници на овој хороскопски знак може да заврши со сериозни последици.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Вто Јун 12 2018, 01:22

Неделен хороскоп 11.06.2018 до 17.06.2018

Овен (21.03 – 20.04)



РАБОТА: Одлична недела за едукација и деловни патувања. Можеби ќе ви биде тешко да учите, но сфатете го тоа како шанса за напредок.

ЉУБОВ:Се чувствувате несигурно и запоставено, но никако да позборувате со партнерот за тоа.

ЗДРАВЈЕ: Можно е да ве измачува несоница.

Бик (21.04 – 21.05)



РАБОТА: Имате јасна цел и план како да ја остварите целта. Останете фокусирани на тоа и се ќе биде во најдобар ред.

ЉУБОВ: Ситуацијата во љубовта значително се поправа. Партнерот и вие се повеќе се зближувате.

ЗДРАВЈЕ: Добро, можни се главоболки.

Близнаци (22.05 – 22.06)



РАБОТА: Ве очекува мало затишјте на деловен и финансиски план. Одморете се и соберете сила за следните проекти.

ЉУБОВ: Доколку сте слободни и некое лице ви се допаѓа веќе подолго време оваа недела е вистинскиот момент за ваша реакција на таа тема.

ЗДРАВЈЕ: Чести промени на расположението.

Рак (22.06 – 22.07)



РАБОТА: Одлична недела за склопување на некој важен договор, финансиски инвестиции или унапредување на работата.

ЉУБОВ: Оние во врска ќе поминат низ период на проверка на партнерот, а слободните ќе имаат зголемени шанси за нови познанства.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со сонот, несоница, исцрпеност.

Лав (23.07 – 22.08)



РАБОТА: На почетокот на неделата ќе донесете една брзоплета и непромислена одлука. Тоа би можело скапо да ве чини.

ЉУБОВ: Ви недостасуваат страст и блискост. Сакате да бидете со некој, но никако да се случи нешто позначајно.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Девица (23.08 – 22.09)



РАБОТА: Можеби ќе морате да се прилагодите на бројните промени на деловен план. Искористете ја неделата да влезете во чекор со времето.

ЉУБОВ: Поради влијанието на Сатурн ве очекува враќање на емоциите од минатото. Ова ќе биде краток и минлив период.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со притисокот.

Вага (23.09 – 22.10)



РАБОТА: Ве очекува мал финансиски прилив во текот на оваа недела. Потрудете се да го искористите на вистинскиот начин.

ЉУБОВ: Доколку имате слободно време искористете го за патување со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Генерално, добро, не претерувајте со храната.

Шкорпија (23.10 – 21.11)



РАБОТА: Целата своја енергија ќе ја вложите во потпишување на некој многу важен документ. Без грижи се ќе помине во најдобар ред.

ЉУБОВ: Не сте сигурни во тоа што мисли и чувствува партнерот. Обидете се да прочитате меѓу редови.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за исхраната, намалете го внесот на масна храна.

Стрелец (22.11 – 21.12)



РАБОТА: Некои заостанати обврски ќе се појават пред вас. Во текот на оваа недела ќе биде потребно сите да ги завршите.

ЉУБОВ: Можни се недоразбирања со партнерот, но ништо што би го нарушило вашиот однос.

ЗДРАВЈЕ: Воведете поздрави навики во вашето секојдневие.

Јарец (22.12 – 20.01)



РАБОТА: Имате чувство дека колегите и надредените не ве доживуваат како сериозно и одговорно лице. Потрудете се да им покажете дека грешат.

ЉУБОВ: Не очајувајте што вашата врска не е најсветлата точка во вашиот живот, поправете ја работејќи на ситниците.

ЗДРАВЈЕ: Можни се промени на расположението, честа нервоза.

Водолија (21.01 – 19.02)



РАБОТА: Насочени сте на полето финансии. Тоа ви одзема голема енергија и внимание. Ќе добиете некоја одлична прилика.

ЉУБОВ: Вие сте позитивно лице кое привлекува големо внимание од спротивниот пол. Намалете ги малку критиките кон лицата кои ви се драги.

ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика.

Риби (20.02 – 20.03)



РАБОТА: Конечно ќе се ослободите од притисокот кој го чувствувавте во последно време. Започнете попозитивно да гледате на работите.

ЉУБОВ: Значителен чекор кон напред. Подобрување и освежување, уживајте во убавите моменти.

ЗДРАВЈЕ: Стрес и нервоза, размислете да започнете со јога или медитација.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Jул 02 2018, 19:38

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ЈУЛИ 2018)
Овен

Кариера и пари:

Во првиот дел од јули, Меркур и Венера ќе ви донесат многу нови шанси за позитивни промени. Ве чека профитабилен период, но и многу состаноци, дискусии и договори. Финансиски, ќе имате причина за оптимизам.

Здравје:

Накратко кажано, овој месец нема да има причина да се грижите за вашето здравје. Ова ќе биде период кој ќе ви донесе подобрување на здравјето и медицински решенија, доколку ви требаат.
Љубов:

Марс ги поминува последните денови во куќата на врските во овен. До 28ми јули, ќе имате можност да донесувате важни одлуки во врската, но тоа исто така може да предизвика и конфликти. Кон крајот на јули, Венера ќе влезе во куќата на љубовта, што значи деа вашиот љубовен живот значително ќе се подобри.

Совет: Организирајте фамилијарен ручек.

Бик

Бик

Kариера и пари:

Од професионален аспект, јули ќе биде доста ефективен, што значи дека ќе бидете зафатени скоро цело време. Со Венера и Меркур, кои ќе бидат во куќата на парите, првиот дел од јули ќе биде дарежлив: ќе добиете многу материјални привилегии како и луксузни подароци.

Здравје:

Крајот на јули ќе ви донесе олеснување: Марс ќе си замине од куќата на болести, па доколку сте имале здравствени проблеми во последниве 6 месеци, сега може да ги снема. До крајот на месецот препорачливо е внимавате на инфекции.

Љубов:

Во поголемиот дел од месецот, нема да чувствувате многу романтика. Дури во последната недела од јули, вашата сензуалност ќе се покачи, а со тоа и ќе се чувствувате посигурни. Исто така, ве очекуваат долги, приватни разговори со некоја личност со која сте биле во минатото, но сѐ уште немате сѐ расчистено.

Совет: Не трошете ги парите на работи кои се скапи, а бескорисни!

Близнаци

Близнаци

Кариера и пари:

Овој месец, Сонцето, Венера и Меркур ќе поминат низ вашата куќа на пари, а тоа значи дека ќе ви биде зголемен интересот за напредок. Во последната недела од јули ќе имате поголем приход од обично, но исто така ќе имате и ризик од поголеми трошоци.

Здравје:

Повторно ќе бидете во добра форма. Психолошката состојба ќе ви биде доста добра – Венера ќе ви донесе радосни моменти. А оптимизмот ќе ви биде на највисокото ниво, бидејќи Меркур ќе влезе во вашиот знак и ќе остане сѐ до август.

Љубов:

Венера, планетата на љубовта, првите две недели ќе биде лоцирана во Близнаци, па така љубовта лесно ќе го пронајде патот до вас. Доколку сакате да бидете среќни, треба само да го отворите срцето и да ги покажете вашите чувства. Овој месец најмногу ќе си одговарате со некој кој е во знакот на Лав.

Совет: Уживајте во сите задоволства кои ви ги нуди овој месец!

Рак

Рак

Кариера и пари:

Сонцето ќе помине низ куќата на кариерата, што значи дека ќе имате можност да ги истакнете вашите вештини. Ќе бидете амбициозни, а токму тоа е она што ви е потребно за поголем успех. Кога станува збор за парите, вашиот среќен период ќе започне од 16ти јули, бидејќи тогаш Јупитер ќе премине во Рак.

Здравје:

Ќе бидете во одлична форма и ќе чувствувате како стресот полека се намалува. Овој месец немате причина да се грижите за вашето здравје. Единствено полната месечина може малку да ве вознемири во периодот од 11ти до 12ти јули.

Љубов:

После едногодишниот престој на Јупитер во знакот на Рак, желбата за страст и авантура малку ќе ви се намали. Сензуалната Венера, ќе биде во знакот на Рак на 18ти јули. Оваа позиција на Венера ќе ви донесе хармонија и соработка со партнерот, а за оние кои не се во врска може да си ја обноват старата врска.

Совет: Направете промена во вашето секојдневие.



Лав

Кариера и пари:

Во првиот дел од јули, ќе ви недостига ентузијазам, но сепак, можно е да започнете нов проект со луѓе кои го делат вашето мислење. На 16ти јули, Јупитр ќе премине во Лав и ќе остане една година, а тоа значи дека значително ќе си ја подобрите финансиската состојба.

Здравје:

Првата недела од јули можно е да се чувствувате послаби и уморни. Нервниот систем исто така може да ви биде слаб. Избегнувајте стрес и одморајте се што повеќе.

Љубов:

Во текот на целиот месец ќе претпочитате вашата романса да ја држите во дискретност, отколку да ја покажете пред јавноста. Во последната недела од јули можно е некој ваш близок пријател да ви изјави љубов. На 16ти јули, Јупитер ќе премине во Лав, а тоа ќе ви донесе задоволство и успех во вашиот љубовен живот.

Совет: Направете го првиот чекор!

Девица

Девица

Кариера и пари:

Во првите две недели од овој месец, Сонцето ќе премине во Девица, а Венера која ќе донесе можности за нови соработки, ќе пристигне во вториот дел од месецот. Сѐ на сѐ, јули ќе биде одличен месец за да се експонирате и да ги покажете вашите способности на работното место. Финансиски, исто така состојбата е добра.

Здравје:

Вашата енергија ќе биде на највисокото ниво. Но, последната недела од јуни може да биде деликатна, па затоа избегнувајте стресни работи.

Љубов:

Овој месец ќе бидете навистина романтично расположени и ќе имате потреба од љубов, блискост и нежност. Вашата врска ќе биде подобра од кога било, а доколку не сте во врска, овој месец можете да започнете врска. Последните две недели од јули ќе ви бидат уште поуспешни на љубовно поле, а се чини дека ќе ги паметите уште долго.

Совет: Излегувајте што е можно повеќе и запознавајте нови луѓе.

Вага

Вага

Кариера и пари:

Добри вести, ова ќе биде период полн со успеси! Сонцето ќе биде во куќата на кариерата на 23 јули, додека Меркур и Венера ќе преминат во истата куќа помеѓу 19ти и 22ри јули. Доколку сакате да започнете некој нов проект, или пак да го промените работното место, овој месец е вистинското време за тоа. Финансиски, вториот дел од месецот ќе ви биде попрофитабилен отколку првиот дел.

Здравје:

Ќе бидете во добра форма во текот на целиот месец, а последните неколку дена од јули ќе чувствувате зголемена хармонија, мир и спокојство, што дополнително ќе ве разведри.

Љубов:

Во првите две недели од овој месец ќе бидете постојано во дилема, а тоа може да ви донесе стресни моменти. Ова исто така ќе биде важен месец за вашата врска, во кој ќе сфатите дали сте еден за друг со партнерот. Добрата вест е тоа дека на 28ми јули притисокот ќе се намали, а вашиот љубовен живот ќе стане похармоничен.

Совет: Покажете ги во јавност вашите таленти.

Шкорпија

Шкорпија

Кариера и пари:

Јули ќе биде месец на истражувања, студии или други интелектуални обврски. Јупитер ќе влезе во куќата на кариерата на 16ти јули, а со тоа ќе донесе многу успех на професионално поле. Првиот дел на јули ветува подобрување на финансиите.

Здравје:

Јули носи добри вести: Здравствените проблеми со кои се соочивте минатиот месец, полека ќе ги снемува. Ќе бидете многу подобро, но, морате да внимавате, вашето тело сѐ уште не е во најдобра форма.

Љубов:

Венера, планетата на љубовта, ќе биде на мистериозно место во вашата осма куќа во првите две недели од јули. Осмата куќа ќе ве стимулира да се истражите психички себеси и да се соочите со стравот од врски. На 19ти јули, Венера ќе премине во деветтата куќа, што значи дека ќе бидете расположени за сентиментални романтични патувања.

Совет: Бидете поамбиџиозни.
Стрелец

Kaриера и пари:

Првите две недели од јули ветуваат перспективен период на професионално поле. Можно е да добиете предлог за унапредување, или пак да склучите некој важен договор. Кога се работи за парите, овој месец нема место за грижа. Парите ќе го најдат патот до вас.

Здравје:

Можно е да почувствувате мала расеаност, но веќе до крајот на првата недела од јули повторно ќе се вратите во форма.

Љубов:

Венера ќе ви донесе малку сензуалност и романтично расположение со кое ќе креирате романтични моменти со партнерот. Првиот дел од месецот ќе биде одличен за пронаоѓање на личноста со која ќе сакате да го поминете остатокот од животот.

Совет: Проверете ја финансиската состојба пред да се решите да купите нешто.



Јарец

Јарец

Кариера и пари:

Добри вести! Јули ќе виде важен месец за договори, соработка и тимска работа. Ќе имате многу можности да ги докажете вашите вештини и знаења на работното место, па можеби и ќе добиете унапредување. На 16ту јули Јупитер ќе влезе во Јарец, а тоа значи дека кон крајот на месецот треба да очекувате екстра сума на пари.

Здравје:

На 1ви јули, Меркур ќе премине во куќата на болестите, па затоа можно е да напредне здравствениот проблем кој сте го имале.

Љубов:

Вашиот партнер претстојниот период ќе ви стане најважната личност, а доколку не сте во врска, можно е да започнете нешто со нова личност, но тоа кратко ќе трае. На 13ти јули, Меркур ќе премине во јарец, а со тоа ќе се засили романтичноста во вашата врска. А на 18ти јули Венера ќе влезе во јарец и ќе ви донесе разбирање и добар сентиментален живот.

Совет: Бидете креативни во вашата работа.

Водолија

Водолија

Кариера и пари:

Ова ќе биде еден одличен месец за да ги докажете вашите таленти! Првите две недели од јули ќе бидете полни со креативни идеи, организација и лидерски способности. Со Сонцето лоцирано во Водолија, ќе уживате авторитет на работното место. Финансиската состојба ќе ви се подобри кон крајот на месецот.

Здравје:

Во текот на целиот месец ќе водите грижа за вашата хигиена, а тоа е клучот на доброто здравје. За подобрување на вашата линија, почнете да вежбате.

Љубов:

Сѐ до 18ти јули Венера ќе биде лоцирана во Водолија, а со тоа ќе ја зголемите романтиката во врската. Ова е совршен период за да го истражите вашиот еротски потенцијал и да го подобрите приватниот живот. Последната недела од јули ќе ги израдува оние кои не се во врска.

Совет: Забавувајте се толку колку што работите.

Риби

Риби

Кариера и пари:

Овој месец повеќе ќе бидете расположени да одмор отколку за работа. Но, како и да е, обврските чекаат, па затоа препорачливо ви е да го завршите она што се бара од вас, па потоа да планирате нешто друго. На 16ти јули Јупитер ќе премине во Риби и ќе донесе оптимизам на финансиско ниво.

Здравје:

Ќе бидете во одлична форма, посевно во првите две недели од овој месец. Исто така, ќе имате и многу физичка енергија, па добро би ви било доколку ја искористите за танцување, спорт или некоја друга физичка активност.

Љубов:

Ве очекува многу романтичен месец. На 13ти јули, Меркур ќе влезе во Риби, а тоа ќе ве натера да направите промени во врската кои ќе се одразат позитивно на вас. Два дена подоцна, Венера ќе пристигне, а со себе ќе донесе страсни задоволства и бранови на сензуалност. Затоа, искористете ги деновите рационално и запознавајте нови луѓе.

Совет: Посветете повеќе време на партнерот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Jул 30 2018, 15:47

неделен хороскоп -од 30.7.до 5.8.2018 г

Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата – Девица и Лав
во Стил, Хороскоп 30/07/2018

Оваа недела планетата Венера продолжува да свети во знакот Девица, носејќи среќа во љубовта на сите земјени знаци, но и на водните знаци, со исклучок на Рибите. Успехот се насмевнува на огнените знаци, додека Биковите и Водолиите ќе имаат тешки моменти на работа. Во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите во периодот од 30 јули до 5 август, 2018.

Овен – Среќна месечина!

Пред Овновите е една извонредна недела, бакната од среќата. Месечината блеска во вашиот знак, особено во најсреќните денови – среда, четврток и петок. Искористете ги овие денови во кои треба да се појави шанса која не смеете да ја пропуштите, или пак, ќе имате средба која нема да можете лесно да ја заборавите. Во љубовта, внимавајте да не претерате со импулсивното однесување.

Бик – За среќа, тука е љубовта!

На Биковите им се насмевнува Венера која е подготвена да ви подари уште една недела полна со љубов и страст. Очекувајте тоа да кулминира винедов, кога ќе доживеете прекрасни емоции од страна на една посебна личност. На работното место пак, нема се да оди како што сакате: ќе се чувствувате запоставени од колегите, а можно е да бидете и казнети од претпоставените. Најдобри денови во неделата – понеделник и вторник.

Близнаци – Добри вести на работа

Изгледа дека вие и вашиот партнер имате различни погледи за вашата иднина и нема да биде лесно да се договорите. Венера е неповолна, па ако сакате да си го вратите спокојството, ќе мора привремено да заборавите на измазнување на сентименталните односи, а наместо тоа да се посветите на работата. На работното место ве чекаат одлични вести и супер резултати во деновите – среда, четврток и петок. Нервозни денови ќе бидат понеделник и вторник.

Рак-По заштита на планетата на љубовта

За Раковите неделава ќе започне фантастично, со два прекрасни дена полни со среќни околности – понеделник и вторник, кога Месечината ќе биде во убава поставеност. Сите ситуации кои до сега се чинеа комплицирани, мирно ќе се решат. Љубовта продолжува да биде главен протагонист во вашиот живот. Венера е во убава положба и подготвена да ви даде соништа, особено на крајот на неделата. Осамените конечно ќе најдат сродна душа.

Лав- Се што ќе посакате ќе ви се исполни

Централниот дел од неделата ќе биде полн со поволности за Лавовите и со убави изненадувања – среда, четврток и петок ќе бидат три дена полни со емоции, но и на работното место многу успешни. На работа, сега е време кога се што ќе посакате ќе ви се исполни. Меркур во одлична поставеност продолжува да ви прави успешни комуникации, затоа не ја губете од очи вашата цел, а небото за се друго ќе се погрижи во ваша полза.

Девица – Љубовта има главна улога

Оваа недела нема да ви започне со полн сјај, поточно понеделник и вторник ќе бидат прилично тешки денови, а вие ќе се чувствувате незадоволно, поради лошата поставеност на Месечината. Но следните денови ќе ја соберете енергијата, за до крајот на неделата навистина да блеснете. Викендот ви носи бројни задоволства. Љубовта ќе биде главен протагонист кога Венера ќе ви ја даде подршката, од средината на неделата, а осамените Девици нема веќе да бидат сами.

Вага – Месечина во опозиција

Планетите се на ваша страна, но, месечината е во опозиција и ќе ви донесе незадоволство особено во критичните денови – четврток и петок. Сепак, Меркур е тука да ви помогне да се справите на најдобар начин во секоја ситуација. Луѓето ќе бидат подготвени, исто така да ви помогнат, особено колегите на работното место. На крајот на неделата, за среќа, убаво ќе се релаксирате и ќе соберете нова позитивна енергија.

Шкоршија – Некоја тешкотија…

Оваа недела ќе ви започне со некаква тешкотија особено на работното место: Меркур е во неповолна позиција и ви создава пречки, а вам ќе ви изгледа толку комплицирана ситуацијата што ќе мислите дека нема излез. За среќа, во љубовта ситуацијата е сосема спротивна – ќе бидете презадоволни од партнерот, а можни се и убави договори за иднината. Во сабота и недела, Месечината е во опозиција, па внимавајте на нервозите. Подобро да отпатувате некаде за викенд.

Стрелец- Сомнеж и несигурност

Стрелците уживаа во пријатни мигови на емотивен план, а тоа се должеше на одличната позиција на планетата на љубовта, Венера. Но, сега Венера ви го заврте грбот и тоа веднаш ќе го почуствувате – ќе почнете да се прашувате дали партнерот е навистина тој што ви значи, вистинскиот. Сомнежи и несигурност ќе ве „јадат“ во текот на целата недела, но понеделник и вторник ќе бидат најтешки денови во кои подобро е да избегнувате билокаква дискусија. Кон крајот на неделата пак, очекувајте убави изненадувања на работното место.

Јарец – Да живее Венера!

Венера е на ваша страна и не е воопшто скромна со подароците кои ви ги дава. Кој пред некое време започнал врска или ја започнува во овој период, може да биде сигурен дека долго ќе трае. Најсреќни денови во неделата се понеделник и вторник, но исто и викендот ќе блескате од емоции. Осамените ќе сретнат личности кои ќе бидат посебни за нив. Нервозен ден може да биде среда или четврток.

Водолија – Меркур во опозиција

Ви изгледа дека периодот на блокади како да нема крај! За жал, опозицијата на Меркур продолжува и нема да ве остави мирни – на работен план, резултатите ќе доцнат, но добрата страна е што ќе имате куп време за да размислите што навистина сакате од работата. На љубовен план пак, посреќни денови ќе бидат четврток и петок, па искористете ги за дружење. Викендот, подобро избегнувајте дискусии со партнерот, за да не преминат во кавга.

Риби- Љубовни маки

Неделата ќе започне за вас со убава енергија, благодарение на конјукцијата на Месечината, во понеделник и вторник. Обидете се да се сконцентрирате на себе и да си поставите нови цели. Венера во опозиција ќе ви создаде нови проблеми на љубовно поле, но обидете се да гледате во позитивните точки. Не грижете се премногу – ако вашот партнер навистина ве сака, ќе остане со вас, и покрај тешкотиите со кои моментно се справувате.



_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Вто Jул 31 2018, 16:05

Каде, како, кој и со кого: Голем летен хороскоп
Секој хороскопски знак има различни сексуални желби во лето. Дознајте што сака вашиот партнер овие жешки денови, според хороскопскиот знак.

Овен



Кога се работи за забава, само две-три нови личности можат да бидат огромно освежување. Запознавањето на нови луѓе е возбудливо, а пријателите кои мислевте дека ги познавате добро, во присуство на нови луѓе ќе го истакнат тоа што го сокривале. Меѓу новите луѓе можеби се крие токму некој со кој ќе можете да ги остварите своите фантазии.

Бик



Излезете од својата зона на комфор и направете нешто што го сметате за забрането. Проверете некој во туш-кабина или забавувајте се со некој од друга вероисповед. Водете љубов со партнерот во хотелска соба и оставете отворена врата. Малите палавштини ќе ви го направат летото.

Близнаци



Одведете една посебна личност на танц. На тој начин ќе се поврзете со некој а и добро ќе се забавувате. Бидејќи вие сте со слободен дух, со танцот и вашиот партнер ќе се ослободи покрај вас. Не е важно како играте – вие имате дарба за шармирање. Или ако имате партнер, одведете го на танц и за време на танцот шепкајте му валкани работи на уво.

Рак



Изведете некој на класичен состанок. Пијте сок од сламка, прошетајте се во паркот одете во музеј. Или едноставно вечерајте покрај свеќи и гледајте филм. Нежниот Рак е сензуален Рак.

Лав



Не е важно како изгледате туку како се чувствувате. Неколку парчиња нова облека и фрлање на старите е се што треба да направите а да ја зајакнете својата самодоверба. А самодовербата ги привлекува луѓето.

Девица



Намалете го бројот на работни часови, тргнете на часови по танц или секој викенд патувајте некаде. Дозволете си себе си да се опоравите од тешката недела. Ако направите нешто ново, поголеми се шансите дека ќе запознаете и некој нов/а.

Вага



Купете еротски роман и читајте го на глас пред својот партнер додека се сончате на плажа. Двајцата ќе посакате веднаш нешто да направите, скриеното место на плажа уште повеќе ќе ви ја зголеми желбата.

Скорпија



Детално опишете ги своите фантазии и напишете како и што би сакале да изгледа. А потоа случајно оставете го ливчето на место кое вашиот партнер ќе го види, но не толку очигледно. После некое време, ќе почне да ви ги исполнува фантазиите.

Стрелец



Ако отскокнете од секојдневието, тоа ќе ви биде доволно за да бидете среќни. Дозволете цел авантуристички дух да се пробуди во вас. Впуштете се во некои нови активности и препуштете се на нови луѓе.

Јарец



Заборавете на работата и побегнете со партнерот на некое тивко место. Изнајмете куќа или соба во која ќе можете по цел ден да се излежувате и да шетате голи. Бидејќи само со саканата личност можете до таа мера да се опуштите, искористете ја осаменоста.

Водолија



Одете во некој забавен парк или на концерт. Сами ако сте сами, или со партнерот ако сте во врска. Заедничката забава најмногу ги зближува луѓето, па можно е во масата на луѓе на концерт да најдете некој кој бара исто што и вие.

Риби



Водата е терен на кој Рибите најдобро функционираат. Пробајте секс во вода со партнерот, прво на некој осамен мост, а кога ќе се извежбате и ако сакате опасност – можете да пробате и во присуство на други луѓе така што тие тоа да не го забележат.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Чет Aвг 02 2018, 02:34

Празничен хороскоп: Водолиите утре важно е да ги следат туѓите совети, рибите да се откажат од оваа работа

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Сре Aвг 08 2018, 00:59

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 08.08.2018


ОВЕН
Транзитот на месечината преку знакот Бик во опозиција со Марс во вашиот знак за Вас значи можност да се вратите некаде на голема врата. Ако сте млади донесете одлука која ќе биде од големо значење за Вашата кариера. Ќе мора да се одлучите помеѓу две подеднакво добри опции.

БИК
Финансиската ситуација може да ве изнервира затоа што не сте сигурни дали ќе се реализираат соработките со странците. Сепак, Месецот во Бик во опозиција со Марс во Стрелец бараат претпазливост кога станува збор за соработка со оган и воздушни знаци.

БЛИЗНАЦИ
Чекате некои настани кои би можеле да ви дадат нови можности кога станува збор за справување со странци. Вие умеете да соработувате со еден Овен или Вага која отсекогаш била кон вас добронамерна.

РАК
Се обидувате да бидете љубезна и корисна, но всушност сакате што побрзо да знаете на што сте. Деловниот партнер нема намерно да ве измами, но таа можеби нема да може да го одржи ветувањето, иако сакаше. Добро се сложувате со Девица. Јупитер ве поддржува од Скорпија.

ЛАВ
Вашиот знак спаѓа во оние кој можат да очекуваат најголема позитивна промена во врска со соработката со странци. Можете да се надевате на успех, особено ако сте по природа голем ентузијаст и ако имате подршка од една Вага или некој Стрелец, можно и Водолија.

ДЕВИЦА
Месечината во вашиот знак во опозиција со Марс ве прави спремни да влезете во работа која би можела да биде многу профитабилна. Немојте премногу да се доверувате на Водолија или Вага ако не сте направиле договор во врска со полетокот на новата работа.

ВАГА
Ова е еден од подобрите денови, поради транзитот на Марс кој може да донесе нови можности во работата со јавност. Немојте да носите одлуки во афект, под влијание на еден Лав, Бик, Вага или Рак. Трудете се да оставите впечаток на кооперативна личност.

СКОРПИЈА
Денес сте претприемачки настроени и се обидувате на сите да им дадете дознаење дека знаете што сакате и не дозволувате на никој да ви се меша во вашите одлуки. Имате можност да се сретнете со личност на која мислите и од која очекувате помош. Ќе добиете вести од Водолија или Лав

СТРЕЛЕЦ
Влезот на Марс во знакот на Стрелец и во опозиција со Месечината, ви носи можности за наоѓање на решенија за работа која може да ви донесе добри приходи. Не се нервирајте премногу ако не ви се јави некој.

ЈАРЕЦ
Денес станувате подготвени на некој да му направите услуга, а поможбата на Сонцето и Венера во знакот на Водолија ви дава впечаток дека некој се обидува да избегне извршување на обврските кои ги има кон вас. Ќе добиете вести од личност која живее во странство.

ВОДОЛИЈА
Вие верувате во можноста за обнова на деловните односи со некој кој е многу драг за вас и со кого лесно можете да се согласите за многу прашања, вклучувајќи и некој независен проект. Чувствувате потреба да ги земете работите во свои раце кога е во прашање соработка со некој Рак.

РИБИ
Транзитот на Марс, планета која има големо влијание врз вашиот натпреварувачки дух преку Стрелец ве прави малку нервозни, бидејќи влегува во вашето второ поле на работа, укажува на потребата да се направи прецизен план и стратегија кога станува збор за некои приватни бизниси.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Сре Aвг 08 2018, 01:14

zanimlivost povrzana so horoskopot

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Дали треба да вложите повеќе или помалку напор кога сакате да симнете некој килограм? Според вашиот хороскопски знак, дознајте дали сте меѓу оние кои може тоа да го направат лесно или ќе треба малку да се помачите:

Овен

Припадниците на овој знак диетата ја започнуваат со многу елан, но ако вагата не ги покаже брзо посакуваните резултати, спремни се да се откажат. Сакаат да се изгладуваат, но така само си прават јо-јо ефекти. Најдобро е во исхраната да внесат помали меѓу оброци кои немаат навика да ги практикуваат, а особено им помагаат грејпфрутот и зелениот чај. Бидејќи обожаваат слатки, не треба да се откажат од нив, за да не бидат нервозни, туку да се фокусираат на здрави слатки.

Бик

На припадниците на овој знак им е потребно повеќе време за воопшто да се одлучат за диета. Сепак, откако ќе соберат доволно волја, упорни се и слабеат бавно, но сигурно. Се препорачува да јадат повеќе јаболка, но и зачини како кари и чили кои ќе ги го забрзаат нивниот бавен метаболизам. Житариците, како и јогуртот, се одличен избор за појадок, а слатките треба да ги избегнуваат.

Близнаци

Близнаците се во состојба ништо да не јадат цел ден, а навечер да јадат три часа без престан. Тие, како и овните, би требало да практикуваат повеќе ужинки, а кафето да се заменат со чај. Многу е важно да јадат варива.

Рак

Припадниците на овој знак обично сакаат да готват и да јадат, па диетата тешко им паѓа. Склони се кон брза храна, која треба да се избегнува. Хронично им недостасуваат витамини во организамот, па треба да ги надоместат со овошје, особено јаболка, мандарини и портокали. Белиот леб не им одговара, но ако се решат на диета, најважно е да бидат истрајни во првите денови, особено кога се под стрес бидејќи често храната ја користат како утеха.

Лав

Лавовите сакаат добра храна и пијалоци, но ретко имаат проблеми со килограмите, бидејќи знаат да се контролираат. Тие знаат дека лесно килограмите „се лепат“ за нив, па се контролираат максимално. За среќа, тие се еден од знаците кои имаат брз метаболизам, па најчесто доволно е само да почнат со физичка активност. Совет плус е да конзумираат јаткасти плодови.

Девица

Девиците се многу дисциплинирани и ако ги предизвикате на слабеење, верувајте тоа ќе го постигнат брзо, па ако треба и ќе гладуваат. Особено им пречат месните преработки и јадењата кои се подготвени со маснотии, а одлично им годи домашно подготвената храна. Повеќе прошетки не се на одмет.

Вага

Припадниците на овој знак се едни од оние на кои диетите им паѓаат навистина тешко. Не сакаат ограничувања, тестирање на карактер или гладување. Така, кога се на диета знаат да потклекнат уште првиот ден, а најпаметно што може да направат е да почнат да вежбаат со пријателите, бидејќи тие ги тераат на акција. Во своето мени треба да воведат повеќе јогурт, риба, интегрален ориз и супа.

Скорпија

Скорпиите ретко се на диета, но ако тоа го направат одлично се придржуваат. Обично се многу предани на работата и на разни задачи, па прескокнуваат оброци во првиот дел од денот, што им е најголема грешка. Ако се одлучат на диета, задолжително треба да појадуваат, а останатите оброци да се состојат од поголеми количини на целер, брокула и житарици. Исто така одличен избор за нив е посното сирење.

Стрелец

Стрелците се знак кој ќе мора да се помачи малку за да намали во килограми. Тие тешко можат да одолеат на кекси, грицки кои останатите им ги нудат. За диетата да им биде успешна, важно е да внесуваат витамин Ц, лук и салати. Потешко ќе слабеат доколку истовремено не вежбаат, бидејќи нивните откажувања се премали за сами по себе да се забележат на вагата.

Јарец

Припадниците на овој знак се како Девиците, многу дисциплинирани. Сами си одредуваат период во кој може да се опуштат и малку да се здебелат, како и период на слабеење. За нив прашањето за идеална тежина пред се значи здравје, а најдобро е во својата исхрана да внесат супи од зеленчук, туна и свеж зеленчук. Може да си дозволат и нешто слатко, но повремено. Најголем непријател им се тестенините и калоричните сосови.

Водолија

Водолиите немаат проблеми со диетите, но има правила во исхраната кон кои треба да се придржуваат. Не сакаат планирање, купување намирници и комбинирање на храна, а најважно за нив е при изборот на храна да отфрлат сè што е калорично. Тоа особено се однесува на чипсови и алкохол во кој знаат многу да уживаат.

Риба

Рибите се склони кон прејадување и дебелеење, а најдобар начин да започнат диета е детоксикација со чаеви, зеленчук, овошје и чисто место. По седум дена чистење на организмот од токсини, пожелно е постепено и во мали количини да воведуваат јаглехидрати кои најмногу ги дебелеат. Диетите тешко им паѓаат, а најлесно им е кога имаат друштво во диетата и кога некој постојано ги охрабрува.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Сре Aвг 08 2018, 01:19

ushte edna zanimlivost shto ke ve interesira

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Written by готви.мк on 2016-05-05 in Повеќе
Астролозите наведуваат дека секој хороскопски знак има одредени навики на хранење, свој специфичен начин на приготвување на храната и преференции кон одреден тип на јадења.

Додека едни сметаат дека јадењата треба да бидат традиционални и приготвени по рецептите од нашето поднебје, други обожаваат да експериментираат со нови и егзотични специјалитети, a трети, пак, јадат сè што ќе им се постави на трпезата и не се многу пребирливи.

Дознајте каков е односот на претставниците на различните хороскопски знаци кон храната:



ОВЕН

Овните ја сакаат храната жешка, пикантна и брза. Тие немаат време за долги оброци, затоа што постојано се зафатени и растрчани на сите страни. Освен тоа, не сакаат залудно да си го губат времето, па имаат лоша навика да јадат многу брзо, од „на нога“ и недоволно ја џвакаат храната. Сакаат да ги споделуваат оброците, а мразат да јадат сами. Поради нивната динамичност препорачливо е да внесуваат храна богата со калории.

Огнената природа на овенот влијае при изборот на зачини – колку полути, толку повкусни. Па, ако не сте љубители на лутото, нивните јадења нема да го задоволат вашиот вкус. Овните имаат голем апетит и сакаат да експериментираат со храната. Лошото е што понекогаш не внимаваат што консумираат, па тоа може да биде причина за појава на здравствени проблеми.

Совет: Јадете ја храната бавно и избегнувајте алкохолни пијалаци.



БИК

Биковите се вистински гастрономи. За нив е карактеристично што имаат голем апетит и што знаат на посебен начин да го ценат сетилото за вкус и да уживаат во храната. Независно што јадат, го сакаат во големи количини и никогаш не штедат кога станува збор за квалитет. Само најдоброто може да ги задоволи максимално. Држењето диета е вистинско измачување за нив, а готвењето – вистинско задоволство. Од претставниците на овој знак може да научите многу нови рецепти и несекојдневни комбинации на вкусови. Најголем предизвик им е да се откажат од јадењето на слатка и чоколадна храна.

Родените во овој знак не сакаат да бидат вознемирувани додека јадат, бидејќи сакаат да се чувствуваат релаксирано и пријатно. Ако излегувате со претставник на знакот бик, веројатно ќе ве одведе во ресторан со богато мени и одлична храна. Доколку разговарате со бик за здрава исхрана, тој многу лесно ќе ве убеди дека не постои нездрава храна и дека сè е корисно за телото ако е приготвено на правилниот начин.

Совет: Не претерувајте со слатките. Обидете се да ги замените со благо овошје.



БЛИЗНАЦИ

Близнаците не се меѓу личностите кои страдаат од вишок на килограми, затоа што никогаш не ги празнат чиниите целосно. За нив е поважно да каснат малку и што побрзо, за да имаат повеќе време за добар разговор. Мразат да јадат сами, обожаваат друштво на трпезата. Ако сте на иста маса со претставник на близнаци, бидете сигурни дека во ниту еден момент нема да ви е здодевно – нивните зборови се хипнотизирачки.

Можеби јадењето не им е од омилените активности, но затоа пак готвењето им е особено привлечно. Кујната е местото каде знаат да ја покажат својата креативност, талентот за комбинирање на состојките и храброста за експериментирање. Дури и најголемите традиционалисти не можат да ѝ одолеат на храната приготвена од претставник на знакот близнаци. Разнообразната храна е задолжителна на нивното мени. Се смета дека близнаците најретко страдаат од заболувања предизвикани од консумација на нездрава храна.

Совет: Избегнувајте го внесувањето на големи количества алкохол и мрсна храна за да немате проблеми со стомакот.



РАК

Раковите се надалеку познати по нивните кулинарски вештини, па често меѓу нив има професионални готвачи, сопственици на ресторани, но и одлични домаќини кај кои секој би сакал да престојува. Ја обожаваат домашната храна, приготвена по рецептот на баба. Секогаш купуваат скапи, но квалитетни намирници и затоа на нивните специјалитети никој не може да им одолее.

Претставниците на знакот рак се склони да јадат брзо, дури и по малку агресивно и мразат да ја делат својата порција. Нивна лоша страна е што не се грижат за сопственото здравје и често се прејадуваат, особено кога се нервозни. Поради нивниот чувствителен стомак често треба да го контролираат својот огромен апетит. Од друга страна, пак, раковите се одлично друштво на трпезата. Тие секогаш инспирираат со приказните за своите специјалитети, рецепти, потеклото на храната итн.

Совет: Контролирајте го апетитот кога сте нервозни.



ЛАВ

Лавовите се љубители на скапата храна, приготвена од најквалитетни состојки. Ја користат секоја можност за оброк во луксузен ресторан, кој ќе придонесе да се чувствуваат како потомци на кралско семејство. Многу се дисциплинирани кога станува збор за исхраната и имаат изградено свои навики од кои не отстапуваат. Најчесто јадат брзо, но никогаш сами. Обожаваат кога трпезата е исполнета со познати лица и блиски личности, затоа што така се чувствуваат најпријатно.

Претставниците на овој знак не сакаат да готват, но кога го прават тоа, го прават од срце. Среќни се кога гледаат дека нивните специјалитети мамат насмевки на лицата на најблиските. Лавовите се склони кон болести на срцето, па треба да внимаваат на начинот на приготвување на храната, особено на месото од кое никогаш не се откажуваат.

Совет: Внесете повеќе овошје и зеленчук во вашата исхрана и намалете ги оброците кои вклучуваат месо.



ДЕВИЦА

Девиците имаат премногу чувствителен стомак, па препорачливо е да внимаваат што ставаат в уста. За среќа, тоа не е многу тешко за пребирливите девици за кои е карактеристичен рационалниот начин на хранење. Ако постои знак кој може да биде на диета без ниту еднаш да подлегне на искушението да мами, тоа сигурно е девицата. Бавниот метаболизам е уште еден проблем на девиците, па треба да внесуваат храна која лесно се вари.

Претставниците на овој знак прават волшепства во кујната. Не експериментираат со нови производи и зачини, но никој не може да им одолее на нивните вкусни јадења. Девиците по природа се многу штедливи, но не и кога станува збор за храна. Неодоливиот вкус им е поважен од цената. Мразат да фрлаат храна, дури и кога станува збор за остатоци, па мисијата да приготват Нешто од Ништо им е секогаш успешна.

Совет: Јадете лесна и здрава храна за да ги избегнете тегобите во стомакот.



ВАГА

Вагите се љубители на храната. Секој оброк за нив е празник, па не пропуштаат да каснат сè што им стои на располагање – салата, предјадење, главно јадење… ако си помисливте дека тоа е сè, се лажете. Невозможно е вагите да го пропуштат десертот. Речиси сите претставници на овој знак се зависни од чоколадо и благи работи, па побрзо би се откажале од главното јадење отколку од слаткото задоволство кое доаѓа на крајот од оброкот.

На вагите особено им е важен естетскиот изглед на храната и трпезата. Ако некогаш видите совршено декорирана маса, верувајте дека тоа е дело на вага. Имаат одлични дизајнерски способности и прават декорации кои го мамат погледот. Обожаватели се на доброто сортно вино, особено црвеното. Сакате да ги изненадите? Не се обидувајте да го сторите тоа со обични јадења како пица, омлет… Внимателно изберете отмен гурмански ресторан кој ќе го задоволи нивниот префинет вкус.

Совет: Не ја задоволувајте секогаш желбата за поткаснување чоколадо ако сакате да ја одржите добрата фигура.



ШКОРПИЈА

Претставниците на овој знак се љубители на калоричната храна, често огладнуваат и јадат кога ќе посакаат, па дури и во текот на ноќта. Празниот фрижидер лесно може да ги изнервира, а отсуството на зачини буквално ги вади од такт. Овие љубители на зачините се одлични готвачи токму поради нивната способност истите умешно да ги комбинираат. Ако некој хороскопски знак лесно би го заменил благото со похранлива варијанта, тоа сигурно би била шкорпијата.

Лошата страна од нивниот кулинарски карактер е што не знаат да се преправаат кога храната не е приготвена по нивен вкус. Тие без срам ќе ја остават чинијата полна. Шкорпиите имаат слабо и вито тело само поради тоа што го следат принципот сè или ништо, па кога ќе почувствуваат дека претерале и дека фармерките им стануваат тесни, веднаш започнуваат со рестрикции во исхраната.

Совет: Консумирањето на алкохол заменете го со внесување на поголеми количини вода и чаеви.



СТРЕЛЕЦ

Егзотични, нестандардни и зачинети јадења, колачи, торти – оваа храна преовладува на менито на стрелците. Љубопитни се, па редовно експериментираат и сакаат сè да пробаат. Често внесуваат и по неколку јадења истовремено, што им изгледа по малку чудно на другите луѓе. Исхраната на стрелците често оди од една крајност во друга. Во еден момент може да се однесуваат како да немаат видено храна и лакомо да ги празнат чиниите, додека во друг – може да гладуваат со денови.

Поради склоноста да се прејадуваат, препиваат и претеруваат со задоволствата, претставниците на овој знак често страдаат од дигестивни проблеми. Од прекумерна тежина ги заштитува само нивната желба за практикување најразлични физички активности.

Совет: Независно што јадете, не претерувајте количински.



ЈАРЕЦ

Јарците, познати во хороскопот како неуморни работници, секогаш наоѓаат време за добар оброк. За нив квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Особено важна им е атмосферата додека јадат – таа треба да биде релаксирана и мирна. Обожаваат да присуствуваат на семејни ручеци, а мразат кога некој им кажува што да прават. Тоа е и причината што ретко држат диети.

Претставниците на овој знак се големи традиционалисти и нивна опсесија се домашните јадења. Затоа, кога го избираат својот животен сопатник, не забораваат да го стават готвењето во листата на приоритетни критериуми. Обожаваат природна храна, а се ежат кога ќе дојдат во допир со егзотична храна. Иако не ги сакаат зачините, понекогаш знаат да претераат со солта.

Совет: Внимавајте кога ја солите храната. Солта може да биде вашиот најголем непријател.



ВОДОЛИЈА

Претставниците на овој знак се површни јадачи, воопшто не се себични кога станува збор за споделување на храната и најчесто се задоволуваат со нискокалорични оброци. Никогаш во нивните мисли не доминира храната, но знаат да уживаат во дегустација на сè што е ново, чудно, невообичаено. Меѓу претставниците на овој знак често можат да се најдат вегетаријанци поради нивната хумана природа. Дополнителна причина за нивната склоност кон вегетаријанството е што обожаваат зеленчук и овошје, па со задоволство би го замениле месото со една порција овошна, шопска, сезонска… салата.

Водолиите не се традиционалисти во кујната. Додека готват, а тоа ретко се случува, мразат слепо да ги следат рецептите, секогаш прават промени и им се препуштаат на креативноста и фантазијата. Особено им е важно поставувањето на трпезата – таа треба да е убаво и богато декорирана. Лошата страна на водолиите е што понекогаш претеруваат со кафето и со вечерното „поткаснување“.

Совет: Прескокнете го јадењето во доцните вечерни часови, а појадувајте обилно.



РИБИ

Рибите се љубители на традиционалната, веќе испробана храна и не сакаат да експериментираат. Тие се единствениот знак кој многу повеќе внимание посветува на изгледот, отколку на вкусот на храната. Не се лакоми, но го сакаат чувството кога имаат на дофат на рака нешто за поткаснување.

Претставниците на овој знак понекогаш повеќе го ценат доброто друштво на масата отколку оброкот кој им е во чинијата. За нив храната е повеќе потреба отколку задоволство. Лесно се приспособливи, па никогаш не прават проблеми што и колку ќе се јаде. Најнегативната карактеристика на рибите е што често знаат да претераат со алкохолот, а тоа влијае негативно врз нивното здравје.

Совет: Пијте повеќе вода и научете се да јадете побавно и со задоволство.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Aвг 13 2018, 15:19


Неделен хороскоп (13-ти до 19-ти август): Топ знаци на неделата – Близнаци и Лав


Оваа недела планетата Марс се враќа во знакот Јарец и носи сила и енергија за сите земјени знаци, но и на Шкорпиите и Рибите. Во љубовта, најсреќни ќе бидат Вагите, а по нив Близнаците и Водолиите. Љубовни проблеми пак, ќе имаат Овновите и Раковите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвиле ѕвездите за периодот од 13 до 19-ти август.

Овен – проблематични денови

Мора да имате многу трпение оваа недела, зашто пред вас се тензични денови. Венера во опозиција ќе ја направи комплицирана вашата љубов или врска, а лесно ќе биде да избувнувате во кавги со партнерот, особено во најпроблематичните денови – вторник и среда кога и Месечината ќе биде во опозиција! Обидете се да останете мирни колку што е можно, да не влегувате во дискусии барем до крајот на неделата. Убав ден ќе биде недела.

Бик – пречки на работното место

Оваа недела за вас ќе биде прилично тешка, освен ако не сте на годишен одмор! Четврток и петок, со Месечината во опозиција и неповолен Меркур, ќе направат да се чувствувате нервозно. На работното место ве чекаат пречки, односно цела недела ќе биде со безброј недоразбирања на деловен план. Искористете го најповолниот ден од неделата – понеделник, кога Месечината ќе биде убаво поставена и ќе ви даде поддршка на емотивно поле.

Близнаци – колку емоции!

Пред вас е една исклучителна недела! И планетата на љубовта, Венера, како и Меркур ви ја даваат целата поддршка, па ќе бидете обожавани во секое друштво и магнет за спортивниот пол. На работното место нема да недостигаат убави изненадувања, додека на емоционален план – многу силни емоции, особено во среќните денови – вторник и среда. Единствен проблематичен ден ќе биде недела, кога Месечината е во опозиција, па може да ве направи нервозни.

Рак – неповолен Марс

За жал, оваа недела, за вас нема да биде многу поволна. Марс ви го врти грбот и влегува во опозиција, што значи дека ќе се чувствувате без енергија, исцрпени и незадоволни. И Венера ве става на проба, правејќи тензии во вашата врска. Најдобри денови во неделата ќе бидат петок и сабота, а најлоши – вторник и среда. Обидете се во лошите денови да останете смирени и да не предизвикувате кавги ни со партнерот ни со колегите на работното место.

Лав – одлична недела!

За Лавовите оваа недела ќе биде во знакот на големо обновување на енергијата – Марс повеќе не е во опозиција и благодарение на тоа ќе почувствувате дека волјата и енергичноста ви се вратиле. Меркур во знакот продолжува да ви подарува интересни денови кои се полни со контакти и средби, но и задоволства на работното место, додека поволната Венера ќе ја фаворизира вашата врска и убавите односи со партнерот. Што повеќе би сакале? Најсреќни денови се вторник и среда.

Девица – среќна Месечина

Вашата недела ќе започне со еден прекрасен ден. Во понеделник Месечината ќе биде во конјукција со вашиот знак и ќе ви донесе голема среќа на емотивно поле. Среќни денови ќе бидат и четврток, петок и сабота. Планетата Марс исто така е многу поволно поставена и ќе ви донесе енергија и чувство на задоволство и исполнетост. И љубовниот живот оваа недела ќе ви блеска. Обидете се само да не го провоцирате партнерот во недела, бидејќи е прилично нервозен ден за вас.

Вага – силни емоции

Со Венера во знакот за вас ќе започне вистинско љубовно лето. Ќе бидете толку привлечни што како магнет ќе ги привлекувате претставниците на спортивниот пол. Доколку не сте во врска – сега ќе можете да избирате! Најсреќни денови во неделата ќе бидат вторник и среда, кога Месечината во вашиот знак ќе ви подари силни емоции. И Меркур е позитивен за вас, па ќе ви донесе убави вести на работното место, како и богат социјален живот. Забавувајте се!

Шкорпија – Марс се врати да ви се насмевне

Конечно, оваа недела Марс зазема убава позиција, што значи дека ќе ви се врати енергијата и желбата да направите нешто. Но, Меркур е неповолен и ќе ви прави проблеми на работното место, но и пречки во семејните односи. Сметајте на убавите денови – четврток, петок и сабота, кога Месечината ќе биде во конјукција и ќе ви подари силни емоции и многу среќа со која ќе ги надминете сите проблеми од минатото на емотивен план.

Стрелец – среќни средби

Освен понеделникот, кој ќе биде прилично нервозен ден за вас, сите други денови од неделата ќе бидат облеани со среќа! На ваша страна се и Венера и Меркур, па нема да ви недостигаат интересни средби, нови познанства и можности за нови врски. На работното место, исто така, работите се поволни, а може да очекувате и убави вести. Осамените Стрелци можат да сметаат на денот недела како најсреќен за започнување на убава емотивна приказна.

Јарец – добредојде Марс!

Марс ќе ве награди со голема енергија оваа недела, па ќе се чувствувате исполнети и полни со елан. И навистина ќе ви биде потребна оваа подршка од Марс, за полесно да ги надминете љубовните проблеми кои ги креира Венера, од својата неповолна поставеност. Најпроблематични денови на љубовно поле ќе бидат вторник и среда, кога навистина треба да внимавате што зборувате и правите! Викендот пак, ќе биде порелаксиран и подобар од работната недела.

Водолија – Да живее љубовта!

Оваа недела, за вас ќе биде цела во знакот на чувствата и љубовта – Венера е многу поволна и ви ја дава целата поддршка, па на љубовен план се ќе ви оди од рака. Осамените Водолии можат да сметаат на нова љубовна приказна. Денови со најсилни емоции ќе бидат вторник, среда и недела. И додека љубовта ви цвета, на работното место ќе се соочувате со пречки и проблеми, поради неповолниот Меркур. Особено нервозни денови на работа се четврток и петок, па внимавајте!

Риби – враќање на енергијата!

Конечно, добрата поставеност на Марс ќе направи да ви се врати енергијата, која толку ви недостигаше во изминатиот период кога се чувствувавте исцрпени, особено на љубовно поле. Врските кои преживеале, сега ќе можат да уживаат во убави моменти и да ја најдат слогата и разбирањето. Единствено понеделникот ќе биде потежок ден, зашто Месечината е во опозиција, па гледајте да не влегувате во дискусии, додека позитивни денови ќе бидат четврток, петок и сабота кога насмевката на лицето ќе ви се врати!



_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Aвг 20 2018, 22:39

Ова се двата најпаметни хороскопски знаци

Водолијата е интелектуално илјадници километри пред другите знаци. Тие сакаат сè што е ново и необично и многу брзо сè прифаќаат, сфаќаат и ставаат на друго, повисоко ниво.



Водолиите кон сè приоѓаат од научна гледна точка и во тоа е нивната предност. Добро размислуваат за сè и во повеќето случаи донесуваат исправна одлука.

Водолиите се личности кои се претставуваат на 2 начини : прво – како срамежливи и мирни, а од друга страна како ексцентрични и енергични. И во едната и другата ситуација, тие се длабоки мислители кои сакаат да им помагаат на другите луѓе. Тие се многу интелектуален знак со огромна независноста од која произлегува интуциија која е водена од логика, што не постои кај другите знаци. Водоолите се многу способни да ги гледаат двете страни на секоја ситуација што ги прави личности кои одлично ги решаваат проблемите.



Иако се многу прилагодливи кон енергијата која ги окружува, тие имаат длабока потреба одредено време да бидат сами и далеку од сите за да ја обноват својата енергија. Клучниот збор за родените во овој знак е фантазијата. Тие можат да видат многу можности онаму кадешто другите не забележуваат ништо.

Шкорпијата е многу паметен знак. Нив единствено ги кочат бројните комплекси што ги имаат, односно потребата да бидат секогаш најпаметни.



Не умеат да ја контролираат својата интелигенција, па често излегуваат пргави и напорни.

Ако некогаш сте биле во врска со Шкорпија тогаш знаете дека тие имаат неодолива моќ на привлечност. Доколку ве замислат како потенцијален партнер, сигурно ќе ве освојат и додека го сфатите нивниот план, веќе сте се вљубиле. Покрај силната привлечност, родените во овој знак се исклучително лојални пријатели, големи херои и се многу добри работници.



Доколку сакате да заведете Шкорпија, облечете се во црно, особено црна долна облека. Сакаат уметнички настроени луѓе, но сакаат и малку проблематични луѓе.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:48

Љубовен хороскоп за септември

Овен
Ако сте во врска:

Ќе уживате во забавни активности со саканата личност на почетокот на месецот. Можно е понатаму да има некои несогласувања бидејќи ќе бидете повеќе посветени на излегувања со пријатели, но двајцата избегнувајте љубоморни сцени и испади. Ќе успеете да најдете компромис околу финансиите, а на крајот на месецот ќе имате повеќе согласувања и ќе остварите заедничка цел.

Ако сте слободни:

Вашите обиди да започнете емотивна врска со личноста која подолго време ви се допаѓа може да завршат неуспешно. Ќе бидете нерасположени и ќе изгубите мотивација, но кон средината на месецот ќе запознаете личност полна со енергија и идеи кои ќе ви привлечат внимание. Ќе ги прифатите предизвиците и добро ќе се забавувате.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:48

Бик
Ако сте во врска:

Во првата декада месецот ќе ви донесе несогласувања и конфликти, а силните страсти и љубомората ќе имаат удел за немирот во врската. Кон средината на месецот неопходен е компромис за да се реши ситуацијата. Се очекува да ги подобрите односите со саканата личност, но ќе мора повнимателно да пристапувате кон остварувањето на заедничките планови.

Ако сте слободни:

Ќе доживеете многу успеси со посакуваната личност, а вашето флертување ќе доведе до неколку заеднички излегувања, па вратата за почеток на нова врска ќе ви биде отворена. Сепак, може да имате преголеми барања, желби и очекувања, а потоа ќе следат и првите критики. Најмногу несогласувања може да има во врска со погледот на животот и секојдневните навики, па вие одлучете како ќе продолжите.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:49

Близнаци
Ако сте во врска:

Ќе имате многу идеи како да се забавувате со саканата личност и како да ја зачините љубовната врска. Ќе сфатите дека сте се запоставиле и дека има многу за истражување и разговори кои не сте ги направиле. Исполнувањето на заедничките цели и планови, како и зачестените излегувања ќе направат повеќе да се зближите.

Ако сте слободни:

Ќе бидете расположени за забава и нема да бидете заинтересирани за сериозни врски. Ќе посакате авантури и врски кои се без обврски и површни. Единствено ќе ви недостасува личноста која ги дели таквите интереси со вас, а ќе запознаете повеќе потенцијални, па ќе треба да го направите вистинскиот избор.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:49

Рак
Ако сте во врска:

Очекувајте повеќе разговори на сериозни теми со саканата личност кои ќе ве водат кон решавање на она што е приоритетно на љубовно поле. Ќе внесете повеќе забава и страст во врската, а тоа ќе придонесе за стабилност на истата. Втората половина на месецот може да биде постресна и напорна и потешко ќе се договарате околу заедничките обврски.

Ако сте слободни:

Личноста која ви се допаѓа ќе се однесува незаинтересирано и ладно. Тоа на почетокот ќе ве растажи и ќе се откажете од обидувањето да ја придобиете, но набрзо ќе забележите дека некој на кого не сте му обрнувале внимание, срамежливо ќе ви се додворува. На почетокот ќе игнорирате, но подоцна ќе дадете шанса и ќе се изненадите позитивно.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:50

Лав
Ако сте во врска:

Во првата половина на септември ќе бидете во можност да разговарате со партнерот повеќе од вообичаено и да решите многу работи кои сте ги притискале во себе периодов. Повеќе ќе се ангажирате околу заедничките планови, излегувања и забава и ќе знаете како да преземете иницијатива. Во втората половина можни се несогласувања, но ќе успеете да ја надминете кризата со заеднички сили.

Ако сте слободни:

Искористете ја што подобро можноста која во текот на септември ви се пружа кога станува збор за влегување во емотивна врска. Тоа може да биде полн погодок и нешто што го чекате долго време. Ќе запознаете личност која е динамична, комуникативна, полна со иницијатива и практични идеи. За кратко време ќе почувствувате привлечност, па дајте сè од себе да успее.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:50

Девица
Ако сте во врска:

Бидете внимателни во првата декада на септември бидејќи партнерот може да се сомнева во вас без никаква основа. Доколку не го поправите однесувањето ќе оставате погрешен впечаток, па направете што можете за да нема недоразбирања. Постигнете компромис за да ги надминете несогласувањата, а во втората половина од месецот искреноста ќе има клучна улога, па ќе дојде до смирување на тензијата.

Ако сте слободни:

Личноста која ви се допаѓа не реагира така како што си замислувате со оглед на вашиот флерт. Наместо да ја промените тактиката, ќе се повлечете и ќе бидете подготвени да се откажете. Сепак, најдете начин да го надминете разочарувањето и да ја привлечете личноста и набрзо ќе успеете. Страста ќе биде силна и тоа најмногу ќе ве одржува, но бидејќи е тоа единственото што ве држи, може да ја прекинете врската.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:51

Вага
Ако сте во врска:

Првата половина на месецот ќе ви донесе зајакнување на страстите кои ќе предизвикаат конфликтни ситуации во односите со партнерот. Можно е да дојде до љубоморни сцени, па ќе ви биде неопходно повеќе дружење и забавување со цел да ја освежите врската и да ги надминете несогласувањата. Во втората половина работите ќе се одвиваат подинамично и вашите интереси ќе бидат изедначени.

Ако сте слободни:

Ќе се чувствувате разочарано од околината, а најмногу ќе ви пречи што во ваша близина нема да забележувате ниту една личност која би ве привлекла. Тешко наоѓате личности кои со вас ги делат интересите за тоа како треба да изгледа емоционална врска, а ќе ви недостасуваат добрите манири. Во втората половина може да дојде до промени што ќе ви донесат повеќе возбудливи авантури.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:51

Скорпија
Ако сте во врска:

Овој месец очекувајте подобрена комуникација со партнерот, заради што ќе почнете да планирате повеќе заеднички активности и да се дружите со заеднички пријатели. Избегнувајте посесивност и љубомора и впуштете се повеќе во интимни моменти кои ќе ве зближат. Кон средината на месецот можни се несогласувања, но немојте работите да ги заклучувате на своја рака без да имате издржани факти.

Ако сте слободни:

Забавата ќе ве привлекува многу повеќе од влегувањето во сериозна врска. Ќе имате шанса да влезете во авантура со личност со таков дух. На почетокот добро ќе се согласувате, но набрзо ќе откриете дека новиот партнер е премногу динамичен и немирен, дури и за вас. За кратко може да започнат повеќе несогласувања, па останете дали физичката привлечност е доволна за врска.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:52

Стрелец
Ако сте во врска:

Ве очекуваат повеќе заеднички активности во кои ќе уживате со партнерот во првата декада. Ќе имате идеи како да го уредувате заедничкиот простор за живот и ќе водите пријатни разговори на различни теми. Ќе ги подобрите заедничките финансии, но избегнувајте неискреност и криење некои факти што може да доведе до сериозни несогласувања.

Ако сте слободни:

Потребно ви е да се појави некој кој ќе знае како да ви ја крене енергијата и со кој ќе имате динамична врска, полна со заеднички активности и авантури. Потребни ви се патувања, излети, спортски активности во пар, како и разговор на разни теми. Сепак, вие ќе бидете склони кон личности кои се спротивни на ова, а на крајот на септември ќе имате шанса да запознаете некој со ваков профил.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:52

Јарец
Ако сте во врска:

Одлично би било месецов да го искористите за да изреализирате барем една заедничка цел која ја имате во договор со партнерот. Ќе имате погодни околности и ќе бидете мотивирани. Ќе ви годат заеднички излегување и забавата. Не дозволувајте работните обврски да ве одделат од него. Ќе имате внатрешен немир и ќе бидете емоционално затворени поради чувството дека врши преголем притисок врз вас.

Ако сте слободни:

Ќе имате неодолива желба за забава и работните обврски ќе ги ставите на второ место. Излегувањата со пријателите ќе ви овозможат да запознаете една прекрасна личност. Ќе има многу страст со неа, но може да заклучите дека нејзините ставови се премногу модерни за вас. Иако ќе сакате малку да паузирате од средбите, сепак ќе дојде личност која ќе ви го сврти умот со својата интелигенција.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:53

Водолија
Ако сте во врска:

Ќе се соочите со некои тешкотии во врската и ќе имате несогласувања со партнерот околу некои заеднички вложувања. Мора да ги избегнувате лагите во врската ако не сакате компликации. Вашата доверба ќе биде ставена на тест, но без оглед на пречките ќе успее да надвладее љубовта. Најважно е што двајцата сте мотивирани да ја одржите и зацврстите вашата заедница.

Ако сте слободни:

Некоја личност со својата привлечна надворешност ќе успее да ве маѓепса. Но, ќе се појави и трета личност која ќе ви предложи тајна врска. Наскоро ќе забележите дека околу вас ќе има многу интригантни ситуации, кои се закануваат да ви ја расипат репутацијата и ќе сфатите дека треба да се тргнете на страна од сè. Сепак, потоа ќе следува смирување на работите со личност која одамна ви се допаѓа.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 30 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 30 of 43 Previous  1 ... 16 ... 29, 30, 31 ... 36 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот