Zashtita na zhivotnite

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Вто Мар 24, 2015 9:51 am

Iako vo Makedonija imame zakon za blagosostojba na zhivotnite, kako i vo site drugi segmenti od zhivotot toj ne se pochituva tokmu od onie koi go donesoa...Za vlasta zakonite vo drzhavata ne vazhat...A partiskite vojnici koi gi vrabotuvaat, ako navodite na Anima mundi se tochni, se najobichni psihopati, koi zasluzhuvaat poseben tretman...

Анима Мунди: Повредени кучиња оставени да умрат, ветеринарот си работи приватно



Повредени кучиња во Вардариште се оставени да умрат додека ветеринарите задолжени за нивна грижа работат во приватните ординации, обвини Здружението за заштита на животните Анима Мунди.

Оттаму велат дека во саботата, за време на нивната посета на стационарот, пристигнало заловното комбе на Вардариште со повеќе заловени кучиња, меѓу кои (фрлено во комбето) лежело повредено и младо бездомно куче, кое страдало, тешко дишело и евидентно имало силни болки.

- На нашето барање итно да го прегледа ветеринар, т.е. да му укаже помош ветеринарно лице ангажирано во стационарот Вардариште, што е пропишано согласно законот, стана јасно дека дента воошто нема ветеринари, т.е. дека на кучето нема кој да му помогне. Истото ни го потврдија и шинтерите, дека ветеринар нема, или поточно како што самите велат, дека ветеринар нема никогаш во сабота и во недела. Немањето ветеринар во стационарот Вардариште е спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, кој пропишува дека доколку е неопходно кучињата треба и да се лекуваат, како и Правилникот за технички услови на прифатилишта. Стационарот Вардариште е обврзан да има 24-часовно дежурство со цел прием на итни случаи, согласно законските акти. Исто така ветеринарот е тој кој мора да биде присутен за време на приемот на животните, да ги прегледа и селектира за понатамошна постапка. Во меѓувреме, Ветеринарната болница која е ангажирана за работа во Вардариште непречено работеше во својата приватна ординација – отворена за странки и тоа токму од ветеринарот А. Т., кој е ветеринар кој обично работи во стацинарот - велат од Анима Мунди.

Нивниот тим побарал да го преземе повреденото куче од Вардариште со образложение дека страда, умира, а дека тие може да му помогнат, но дека жена вработена во стационарот не им дозволила.

- Свесна дека сме му единствена шанса, пред очи го остави да се мачи, да испушта душа, но не ни дозволи да го земеме и да му помогнеме. Прашуваме, може ли нормален човек да гледа нечија агонија и свесно оневозможи помош? Внимавајте, и тоа лице вработено во институција која постои за хуман третман на животните! По наше инсистирање и јавување на ветеринарна инспекција, кучето го однесоа во Ветеринарната болница каде без соодветен преглед и терапија беше вратено назад во стационар. Вчера дознавме дека кучето во стационарот е мртво - велат од Анима Мунди.

Анима Мунди бара итна постапка против стационарот Вардариште и најстрога санкција за Ветеринарната болница како правен субјект и физичкото лице А.Т. кое отсуствувало од работното место за време на прием на нови животни, со што го прекршиле законот по неколку основи, а по цена на животот на кучето. Бараат и да се отпушти веднаш, како што велат, „жената садист, вработена во стационарот“.

Анима Мунди вчера поднесе пријава против ветеринарите, болницата, вработената шинтерка и уште погласно бара Вардариште да се затвори.

http://plusinfo.mk/vest/19522/anima-mundi-povredeni-kucinja-ostaveni-da-umrat-veterinarot-si-raboti-privatno

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Вто Апр 07, 2015 5:02 pm

Редок вид мечка ја тепале бидејќи мислеле дека е вонземјанин

Примерокот на заштитениот вид на мечки, кој предизвика бура на социјалните мрежи и YouTube, е фатен во Борнеo. Иако видеото започна низа шпекулации дека станува збор за вонземјанин, научниците потврдија дека станува збор за женска сончева мечка, која заболела од ретка болест.

Зачувувачот на природата Никсон Роби вели дека мечката е добра и безбедна, но дека не знаат што и е.



"Ја нахранивме и напивме. Но, и понатау е без влакна и болна и мораме да откриеме за што станува збор", вели Роби.

Чудното животно го спасиле за прв пат работниците на плантажа во близина на селото Сибу на Борнеу, кон крајот на јануари. Бидејќи не биле сигурни за што станува збор работниците го избркале со стапови.

Видеото на YouTube собра скоро шест милиони прегледи, а на социјалните мрежи предизвика голем број на шпекулации дека станува збор за вонземски облик на живот



Меѓутоа, Роби истакнува дека тој и неговите колеги веднаш откако го виделе видеото знаеле дека станува збор за женка од заштитениот вид на сончева мечка која заболела и дека било важно што побрзо да ја пронајдат, да откријат што и е и да и пружат помош.

Сончевите мечки живеат во тропските џунгли на југоисточна Азија. Поради се поголемиот број на сечење на шумите, тие станаа загрозени.

Многу се умешни во качување на дрвја, поради што имаат издолжено тело и многу силни канџи.



Иако, како и сите други мечки, јадат се, најзначајно место во нивната исхрана завзема медот по што го имаат добиено и прекарот "медени мечиња", бидејќи го обожуваат и не ги мрзи да се искачат до тешко достапните кошници.

Не хибернираат, бидејќи во топлата клима има храна преку целата година. Не се територијални како другите видови на поголеми мечки, но можат да бидат многу опасни доколку некој ги испровоцира и почувствуваат дека се загрозени.



http://zazabava.com/ova-tazhno-sushtestvo-konechno-e-na-bezbedno

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by kiBik on Сре Апр 08, 2015 4:33 pm

Teo напиша:Редок вид мечка ја тепале бидејќи мислеле дека е вонземјанин

....
Taa ke da e nekoja mechka, koja go sretnala Reiterot niz gora pa se soblekla???? Twisted Evil
avatar
kiBik

Број на мислења : 2521
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пет Апр 10, 2015 8:56 am

Продолжуваат напорите за заштита на Балканскиот рис. Досега три единки се фатени и се следат преку ГПЦ. МЕД (македонско еколошко друштво) вложува големи напори за заштита на овој загрозен вид.

Рисовите Марко и Ристе добија друштво - Мартин (ФОТО)

Мартин е името на третиот рис, кој пред два дена Македонското еколошко друштво (МЕД) го залови на планината Стогово, Кичевско.

По Марко и Ристе, ова е трет рис што МЕД ќе го следи во рамките на проектот „Статус, екологија и окупираност на територијата на критично загрозениот балкански рис во Македонија и во Албанија“. За две и пол години ова е трет рис на кој му е ставен околувратник со ГПС-уред, со кој се следат движењата на рисовите. Првиот рис, Марко, беше заловен во Националниот парк Маврово (во март, 2010 година), а Ристе во март 2012 година на територијата Лопушник-Кичево.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пет Мај 22, 2015 2:08 pm

Анима Мунди: Трајановски го игнорира барањето за затворање на Вардариште



Анима Мунди соопштува дека повеќе од два месеци градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во целост го игнорирал нивното барање за средба на која здружението за заштита на животните сака да разговара за затворање на, како што велат, грозоморното место каде што масовно се убиваат бездомните кучиња, стационарот Вардариште.

- На 17 март годинава електронски доставивме допис до градоначалникот со две барања:

Да се затвори стационарот додека не запре убивањето на кучиња и не се создадат услови за целосна промена на концепцијата на неговото работење, и

Да се вклучат претставници на здруженијата за заштита на животни во управувањето на стационарот, се вели во соопштението.

Интернет-петицијата за затворање на Вардариште (http://www.thepetitionsite.com/966/392/511/stop-killing-dogs-in-skopje-shut-down-vardariste/) досега ја потпишаа 12.000 лица.

Анима Мунди на Трајановски му порачува дека неговиот однос е неодговорен, безобразен и срамен.

- Доколку вашиот иритантен однос продолжи, Вие секогаш ќе бидете поврзуван со суровоста што ја покажа овој град кон кучињата, зошто имате законски надлежности и можности да постапувате поинаку. Ваквиот однос прави Скопје да биде обележан како примитивен и насилен град, кон животните, природата, кон она што дише и кон сè што е живо.
Затворете го Вардариште, зошто вакво какво што е, претставува синоним на страдање и смрт и не го решава проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња, а троши народни пари. Затворете го зошто ни го срами градот. Затворете го зошто граѓаните го бараат тоа.
Во спротивно, најавуваме бројни други активности преку кои порано или подоцна ќе ја оствариме нашата цел. Ветуваме пред јавноста - ќе ги спасиме кучињата кои сè уште се живи, а веќе убиените во Вардариште нека одат на Вашата совест, се вели во обраќањето на Анима Мунди до градоначалникот Трајановски.

Иницијативата на Анима Мунди за затворање на Вардариште ја поддржуваат:

АНИМАЛИА – Здружение за заштита на животни, Охрид
ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ – Здружение за заштита на животни, Велес
МАЛИ ХЕРОИ – Здружение за заштита на животни, Битола
ANIMAL WORLD – Здружение за заштита на животни, Струга
ВТОРА ШАНСА – Здружение за заштита на животни, Кочани
Е.Д.Е.Н. – Здружение за заштита на животни и животна средина, Скопје
ФАУНА – Здружение за заштита на животни и животна средина, Струмица
СПАСИ ЖИВОТ - Здружение за заштита на животни, Штип
Macedonian Owl Trust – Здружение за заштита на бувовите на Македонија
ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РМ
МЕЃАШИ – Прва детска амбасада во светот
ЦИВИЛ – Центар за слобода
Center for Civic Initiative
АГРО-ВИНКА – Здружение на жени земјоделки, Виница
МЕСЕЧИНА – Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите, Гостивар
СТАР – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници
КОАЛИЦИЈА „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
ОРГАНИЗАЦИЈА ОРТ – Обука за одржлив развој
АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА – Здружение за унапредување на родовата еднаквост
БЕСТ -Борд на Европски Студенти по Технологија
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ – Регионална платформа за активизам
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ ОД СТРУМИЦА
СФЕРА МАКЕДОНИЈА
ARTISTIC ACCESSORIES “GOBLEN”
МЕТА.МК – Новинска агенција
ЗОРБА КОНСАЛТИНГ – Центар за применета психологија
ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА – Скопје
FRIK Cultural Initiatives development Formation

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Саб Мај 23, 2015 5:14 pm

Анима Мунди: Нема крај на самоволието на Вардариште!

Самоволите на шинтерската служба да заловуваат веќе третирани и обележани бездомни кучиња, и нивната агресивна природа што често резултира со конфликт со обичните граѓани кои се обидуваат да ги заштитат како да нема крај. Денешниот настан во општина Аеродром само ги потврдува нашите досегашни реакции на нивната насилна природа и кршењето на програмата Залови, Стерилизирај, Врати со заловувањето на веќе третирани миленици. Иако одредени медиуми се обидаа срамно да ја манипулираат јавноста со дезинформации дека шинтерите биле нападнати со шипки и со ножеви, во целост ќе ви ги пренесеме дел од нивните изјави со цел објективно да биде известена јавноста и да се прекинат грубите и вешти лаги од некои медиуми.

„Перо е најмирното куче што го знам. Јас се плашам од кучиња но не и од Перо. Има жолта лента на увото. На Перо гласот му го немам слушнато. Кротко куче (веројатно Златен ретривер) си игра со децата. Многу е умен. Си спие стално на исто место. Сите го сакаме. Не можам да се смирам од сцената. Станарите околу ги молеа шинтерите да не го земаат. Скоро сите излегоа на терасите. Кога избега сите аплаудиравме. Перо е повреден, избега целиот крварејќи од главата. Се надевам ќе се опорави, но мислам дека му треба ветеринарна помош.“ вели Јана Дуковска

„Тоа куче е обележано и секој ден добива храна и нега од жителите на Владимир Комаров. Нека ги прашаат шинтерите како им беше на жителите на зградата кога го слушаа Перо како цвичи и плаче додека го заловуваат. Срамота!“ вели Димитри Трајков

„Ме разбуди беспомошниот глас на нашето кутре Перо, веднаш искочив на тераса, но што да видам. Ми се откорна срцето, веднаш се симнав пред зградата, но човекот од Вардариште бесчуствително го тегнеше за да го протне во кафезот. Застанав до еден од тие луѓе од Вардариште и со солзи во очите го замолив да го остави, му кажав дека ние сите во соседството се грижиме го чуваме, го храниме тоа кутренце. Арогантно ме погледна но ништо не кажа. Цели 20 минути го малтретираа кучето, го раскрвареа. Но меѓу нашите соседи сепак постојат луѓе. Пекарот и уште неколку соседи најучтиво го замолија да го остават бидејќи е најмирното куче во нашето маало, но тие почнаа вулгарно да ги навредуваат. Сите беа на тераса, сите викаа Перо да биде ослободен. Одеднаш кога се свртев видов дека кафезот на Перо е отоворен и Перо е ослободен. Слушнав огроен аплауз. Се наежив.“ вели Рената Т.

Изреволтирани од ваквиот однос на градот и на шинтерската служба бараме:

1.Бараме да се прекине самоволно заловување на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња, што е практика која во моментов се применува, со која се прекршува утврдената Програма и се спроведува некоја интерна програма, договорена меѓу четири ѕида.

2. Бараме санкционирање на секој затекнат заловувач кој постапува спротивно од Програмата и заловува претходно веќе обележани кучиња, затоа што е индикативно дека тие кучиња веќе го поминале третманот кој го нуди Вардариште.

3. Бараме јасна дистинкција под поимите домашен миленик и колективен (локален) миленик, затоа што во градов има многу кучиња. Неприфатливо е да се ослободуваат и преживеат само оние кои ќе бидат вдомени како домашни миленици.

Во спротивно Анима Мунди ќе ги радикализираме нашите барања и ќе повикаме на масовен протест пред Вардариште и пред Град Скопје.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пон Aвг 03, 2015 6:19 pm

Drzhavata nema obucheni lugje...A na onie koi sakaat i mozhat da pomognat im se zakanuvaat so zakonski sankcii...Makedonija pod vlasta na pastirot...I zhivotnite na maki...

Лебед со клун заврзан со рибарски конец плови во Струга, никој не му помага (ФОТО)



Лебед со клун заврзан со рибарски конец и тапа бил забележан кај областа „Еврохотел“ во Струга, известува Здружението за заштита на животни „Анимал Ворлд“ од Струга и реагира што никој од надлежните кај кои граѓаните ја пријавиле состојбата на лебедот не презел ништо за да му помогне.  

- Единствено што не извести локален ветеринар е дека му било кажано дека ќе излезат луѓе на терен, но се уште нема никаква информација дали навистина нешто е преземено. Тоа не не чуди, знаејќи го фактот дека во нашата држава се уште нема стручни лица кои неговото заловување би го извршиле професионално и лебедот не би бил дополнително истрауматизиран. Што е уште потрагично, за друг случај на повреден лебед кое друштвото „Анималиа“ од Охрид се обиде да го залови за да му помогне, им беше кажано дека можат да бидат казнети затоа што се работи за заштитен вид. И во овој случај се среќаваме со опасноста лебедот дополнително да го истрауматизираме доколку се потрудиме да го заловиме и да му ја отстраниме јадицата. Крајно време е институциите во нашата држава да преземат мерки за овој редок вид кој го краси нашето езеро и со еден сеопфатен и стручен пристап да обезбедат негова заштита. Во спротивно, можеме да го очекуваме најлошото и оваа прекрасна птица да остане само спомен со кој сме се гордееле некогаш - велат од Здружението „Анимал Ворлд“ од Струга.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пон Aвг 17, 2015 5:41 pm

Surovo i nemilosrdno e makedocheto, koga treba da se izhivuva nad slabi i bespomoshni zhivotni...No, koga se vo prashanje negovite prava i vlasta, togash toa istoto makedonche e isplashenoto zhivotno...A vlasta po obichaj ostvaruva...Donese zakon za blagosostojba na zhivotnite koj nikoj ne go pochituva, a partiskite platenici koi treba da osiguraat sproveduvanje na istiot, se prezafateni so sluzhenje na partijata i lichno bogatenje...

Анима Мунди: Да се стави крај на суровост кон животните

Здружението за заштита на животни Анима Мунди “со огорченост и лутина” јавува за последните случаи “на суровост кон животните, настани кои покажуваат каква девијантност, социопатологија и насилство се толерира во Република Македонија”.

Здружението до медиумите испраќа вознемирувачки слики од ова насилство и повикува на притисок врз институциите за да му се стави крај:



“Во Велес младо и немоќно куче, мирно и преплашено, е врзано за екстремитетите и живо фрлено да умре во Вардар. Видете ги неговите фотографии. Некој психопат го врзал за нозете, фрлил и оставил полека да умре и да се мачи. Среќа, не му бил денот, го спасиле храбри и хумани луѓе Бијлана и Робертино од здружението за заштита на животни „Обезбеди Живот“ од Велес, кои го згрижија и му бараат дом.



Минатата седмица во Велес слаб изнемоштен, претоварен коњ испушти душа на велешкиот асвалт– последно нешто што почувствува беа тупаници да стане и продолжи. Не издржа, умре така, а неговото тело го фрлија во река, да скапува.



Вчера пеколна беше улицата за кутар коњ од Битола, кој падна, се бореше за воздух, на кој пена од устата му излегуваше од немоќта и болката, но мораше да стане.



Викендов ни пристигна и оваа монструозна фотографија, на живо теле ставено во гепек на возило со тетовска регистрација, врзано имобилизирано на начин да не може да се помрдне, избезумено од страв и болка. Регистрацијата на возилото е видлива и институциите може да постапат.



За Анима Мунди овие слики «се наша реалност, фотографии кои го дефинираат статусот и состојбата на животните во Македонија, но и нашата нечовечност, апатичност и отсуство на елементарна совест, свест во однос на животните!”

Здружението бара поддршка за својата борба и се прашува «зошто се казнуваат граѓани за неносење на пудлица на поводник, но ако се изживуваат врз животните, тогаш не се предмет на интерес на институциите!” и вели дека за овие појави ќе ги извести меѓународните организации:

“Информираме дека, од причина што не веруваме дека во Македонија, во однос на животните нешто ќе се промени без притисок, овие фотографии и ред други материјали кои ги располагаме ќе бидат доставени до сите меѓународни субјекти и институции во Европската Унија кои го сметаме за релевантни и веруваме дека можат да помогнат.”

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Kalinda on Чет Aвг 27, 2015 1:54 am


Тео напиша:Makedonija pod vlasta na pastirot...I zhivotnite na maki...


И за ова е крива власта ?

avatar
Kalinda

Број на мислења : 426
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пет Aвг 28, 2015 8:37 am

TOCHNO...Kriva e vlasta na chelo so pastirot...Zatoa shto gi suspendirashe zakonite, da ne vazhat za negovite partiski vojnici...Zatoa shto onie koi treba da gi sproveduvaat gi svede na partiski potrchkovci...Zatoa shto postavi nesposobni partiski poslushnici na kluchnite pozicii vo opshtestvoto...Nesposobni za bilo shto drugo, osven da gi izvrshuvaat partiskite zadachi...

Анима Мунди: Полицијата е известена, но не прави ништо да го спречи монструмот кој ги мачи коњите

Здружението за заштита на животни – Анима мунди, преку соопштение ја информираше јавноста дека „три пати е пријавуван монструмот кој бори кучиња, мачи и убива коњи, нема никаква реакција, иако е човек со име и презиме, позната локација на живеење“.
-Монструмот може да го добие тоа што го заслужува само доколку инсистираме на тоа јавно. Во прилог последната претставка, обид,  доколку е се уште жив, да се спаси коњот – велат од Анима Мунди:

Во прилог соопштение на Анима Мунди и поднесуваните претставки:

Полиција заштити психопат, садист, деликвент кои со денови измачува коњ, го изгладнува, чека да умре во дворот на OУ “Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, како потоа со него би нахранил кучиња чувани за борби, кои исти така ги чува во дворот на училиштето. Насилникот има уште еден коњ кому ќе му дојде редот после.

Иако граѓани реагирале, иако е обезбедено возило за транспорт на коњот и му е дадена инфузија по што се исправил, собрал малку сила; иако реагирала и новинарката Ј. Ивановска и лично отишла на самото место; иако е повикана полиција за да се одземе и спаси немоќното животно; иако нашиот адвокат разговараше со полицијата и ги информираше дека ова лице злоупотребува животни, учествува во борби со кучиња и во моментот но и претходно го крши кривичниот закон, полицијата го заштити оној кој овој коњ денес ќе го заколе, и кој егзистира пред нивни очи од борби со кучиња!

Криминалци, насилници, џган се штити во Македонија, наместо хуманоста – Македонија е последниот круг од пеколот за животните!

Се обраќаме јавно до градоначалникот Сокол Митровски да постапи, реагира, го спаси коњот и ни го предаде; се обраќаме на Агенција за храна и ветерина, директорот Зоран Поповски да веднаш постапат и ги спасат животните во OУ “Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” каде се случува хорор пред очи на граѓаните – иако согласно закон ваков садист требал да биде зад решетки одамна, полицијата не постапува, животните се мачат и убиваат и ниту еден нормален човек не може да стори ништо!



Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Kalinda on Пет Aвг 28, 2015 8:59 am

Непоправливи сте .
Бадијала ке ти пишувам ,
ти немаш капацитет да сватиш.
avatar
Kalinda

Број на мислења : 426
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пет Aвг 28, 2015 9:27 am

E pa shto da vi pravam...Takvi ste...Namesto vo vistinata veruvate vo pastirot...

Што точно се случуваше вчера и како психопатот кој мачи животни беше заштитен од полицијата

Типот, кој измачува коњи во училишни дворови, а за кои соседите кажуваат и дека ги коле и тоа го слушаат во вечерни часови, вчера, кога сфати дека коњот ќе му биде одземен за понатамошно лечење, бидејќи не е сопственик, почна да мафта со својот мобилен и да тврди дека е на директна линија со Груевски !?



Почна да вика дека него никој ништо не му може. Не смеело никој ни да му се јави, камоли да му се каже нешто. Неговите пајташи, кои се собраа да го штитат, 15-на, нападнаа физички и вербално активисти за права на животни. Полицијата за тоа не направи записник.

Туку, Груевски можеби не му ни крева телефон на овој ѓорчепетровски кретен, можеби не ни имаше навистина кретенот негов број, но самиот чин на мафтање и насилно потенцирање колку бил тој „јак“, ги принуди полицајците да се повлечат и да му дозволат да си го земе коњот. Во исто време им ѕвонеа телефоните, десет пати во една минута.
Поточно, на крај, најпријателски дури и го подучија да го тргне коњот од школски двор, за да не мора да му пишуваат пријава. Како стасавме до тоа „телефонот“ на Груевски да се наоѓа во сечиј мобилен, особено на најдолниот слој-шљамот ?

Како тоа телефонот на Груевски е алфа и омега со кој може да мафта секој кретен, секоја втора партиска будала во државава, како тоа стасавме Груевски да ја контролира секоја педа од Македонија, а правната држава да е суспендирана целосно во негова корист ? По објавата дека во училишниот двор на „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, има паднат коњ, изгладнет и изнемоштен, на терен се упатија активисти од „Анима Мунди“, со ветеринар и комбе, за преземање на коњот, бидејќи тој нема сопственик. Иако веднаш до школскиот двор има лице, кое се претставува како сопственик, но нема документ за такво нешто.

Во исто време, за измачувањето беа информирани и општински службеници од Ѓорче Петров, под чија капа е локалната станица и кои, проформа, повикаа полиција да изврши увид. Во самото училиште има камери, 24 часовен надзор, чуварска служба, прегладнувањето и мачењето на коњи трае со месеци, но и покрај тоа од Општина тврдеа дека никој ништо не видел, ни чул.

Никој никаде ништо не пријавил, освен соседите. А јавна тајна е дека овој нечовек коњи купува за ефтини пари, ги остава да умрат и потоа месото го дава за кучињата, кои се борат во улични борби со обложување. Во кои полицијата исто така е јавна тајна дека е замешана, исто како што е замешана во обложување со улични трки со мотори и возила по скопските улици. Груевски, кога стаса ти секоја будала во државава да се фали дека се знае со тебе и има твој мобилен, готов ти е угледот ! И изборите. Ама добро, ти тоа веќе го знаеш. Победил, не победил, ДУИ нема да коалицира со тебе.

Јорданка Ивановска -Јоци

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пет Aвг 28, 2015 5:30 pm

Prodolzhuva ludiloto na platenicite na Grujokio...Ovoj pat na meta Joci...Na ludacive mora da im se zastane na patot...Vreme e chesnite vo policijata da si ja rabotat rabotata za koja gi plakja makedonskiot narod...I da prestanat da se plashat...Na Grujoshesku i rezhimot denovite mu se odbroeni...

Закани по живот на новинарката Јорданка Ивановска откако ја обелодени сторијата за измачуваниот коњ

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која  ја обелодени  потресната приказна  за измачуваниот коњ во населбата Ѓорче Петров, добила закани по нејзиниот живот. Таа се огласи на својот ФБ,а веќе денес  многумина на Фејсбук ја прогласија и за херој на денот. Еве што вели  таа-“За 15 год.новинарска кариера сум добила секакви закани, ама никогаш закани по живот на мене и моја фамилија. Заканите,вечерва, од грујовите криминалци т.н. „мијалкови деца“,како што самите се фалат, биле изречени пред активисти за права на животни, полиција, новинари и така некако ми беа пренесени.
Кога биле запрашани да кажат име и презиме, од кого е “поздравот“, криминалците од Ѓорче кои се врзани со полиција за организирање на борби со кучиња, одбиле, со образложение- „па еве, од нас сите , 15 души“.



Океј, багро ѓорчепетровска ! Јаки сте ми вие мажи.
Тој што сериозно мисли нешто да прави, не се заканува пред новинари, капиш? И не раскажува намери.
Вие сте само едни обични пурјаци, кои веќе утре ќе бидат викнати на рибање, мавнати по муцките од Грујо, на кого му правите штета само со тоа што сте е родиле, камоли што уште живеете.



Видете, не ви се плашам. Јас дури не ни побарав помош од никого вечерва, бидејќи нема потреба. Иако забележав кој се се јави и ми понуди помош. Или барем ме праша дали нешто треба.
Со некои како вас и сама можам да се справам. Ќе си плукнам на новинарскава кариера ако дозволам некои  ко вас да си кажат нешто вакво јавно пред толку луѓе, а да си поминат туку-така. Друг пат ќе пазите на кого се заканувате!!.
Над поповите секогаш има владици.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by osa on Пет Aвг 28, 2015 5:59 pm

bravo za Jordanka ....kolku bi bilo ubavo da imame mnogu vakvi chesni novinari ....mnogu raboti ke ni bidat realno kazani .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11824
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Сре Сеп 23, 2015 11:13 am

ЕДЕН бара да се запре со жртвување на животни на празникот Курбан Бајрам



По повод „Eid-al-Adha“ (Курбан Бајрам), кој е најголемиот муслимански верски празник и денот кога илјадници животни ќе бидат свирепо жртвувани по улиците и пазарите низ Македонија во име на религијата, здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“, порачува дека е време религијата да еволуира, и крвопролевањето да запре.

- Живи овци, кози и крави со цврсто заврзани нозе, влечени по улица, тркалани во колички, преплашени и свесни се до моментот кога пред стотици насобрани луѓе ќе бидат убиени. Слики на дечиња кои плачат и ги кријат очињата пред ваквите грозоморни сцени. Време е религијата да еволуира. Да се тргнеме од застарени пагански практики кои немаат место во современиот свет, порачува „ЕДЕН“.

Оттаму укажуваат дека децата сведочат на премногу насилство, а време е да им се покаже мир и сочувство.

Како потсетување, соопштуваа од „ЕДЕН“, индискиот фестивал Гадимаи во Непал со традиција од 265 години - жртвување на повеќе од 500 илјади животни во еден ден пред портите на Гадимаи храмот оваа година донесе одлука да го запре крвопролевањето.

„Дојде време да го замениме убивањето и насилството со мирно обожување и славење“, изјави Рам Чандра Шах од Комитетот за развој на Гадимаи храмот.

„Одлучивме да ја запреме практиката на жртвување животни. Денес научив дека животните се многу слични со нас...чувствуваат болка исто како нас“, изјави пак Мотилал Прасад, секретар на Одборот на доверители на Гадимаи храмот.

Ве молиме овој Курбан Бајрам да го запрете крвопролевањето! НЕ за Курбан на Бајрам, е пораката која ја праќа здружението „ЕДЕН“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by reiter on Чет Сеп 24, 2015 12:13 pm

иако сме свесни дека волкот е крволочен и може да направи штета но постоат механизми за сузбивање или потрага и уништување на истите кои се организирани и да речам похумани во прогон и лишување од живот.Но ова е видео на без разумност и без човечност кон животните и како такви истите не може да се вбројат во луѓе ниту на најниската гранка од човечкиот развој.


http://a1on.mk/wordpress/archives/533038

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2405
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Вто Сеп 29, 2015 12:12 am

BRAVO ZA LUGJEVO...

Слушнал чуден звук кој доаѓаал од тротоарот - Кога ги отстранил тулите, следувало шок!

Пред неколку дена, човек со име „Вадим Рустам“ на Јут јуб објави ново видео, а не е ни чудно што тоа сега има речиси милион прегледи.

Овие работи не се гледаат секојдневно, секое објаснување е непотребно, морате да погледнете за да поверувате...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by reiter on Саб Окт 03, 2015 3:28 pm

стигнува и казната...
Кривична за насилникот што мачеше волк напиша:


Триесет и седум годишниот З.В. од селото Карбинци, е осомничен дека сторил кривично дело мачење животни. Тој пред околу три месеци пред продавница во Карбинци, на повреден волк, кој не бил способен да се движи, со грубо постапување и изложување на непотребни маки му нанел непотребни болки заради изживување и изложување на страдање. напиша:
http://24vesti.mk/krivichna-za-nasilnikot-shto-macheshe-volk

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2405
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Саб Окт 03, 2015 4:48 pm

Odlichno...Vreme e da se stavi kraj na nasilstvoto nad zhivotnite...A storitelite na tie dela da se sankcionraat...Zatoa shto toj koj e spremen za nasilstvo nad zhivotnote utre mozhe da se svrti kon lugjeto...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Нед Окт 04, 2015 8:23 am

Nitu volcite ne se bash takvi kako shto nashiot narod gi opishuva i zamisluva...

Видео: Волците го обожаваат овој фотограф!

Монти Слоан е фотограф кој е обожаван од глутница волци! Тие се мазат и го бакнуваат додека тој се обидува да ја улови фотографијата на денот од глутницата за својот веб сајт. Тие се однесуваат како со него како да се кучиња, погледнете.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by reiter on Нед Окт 04, 2015 8:40 am

може го чуваат(играат и вежбаат за да биде свеж Very Happy) за кога ќе снемат храна Very Happy ..нешто како жив фрижидер,секогаш свежа роба за јадење Very Happy ..


_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2405
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Нед Окт 04, 2015 8:41 am

Laughing Laughing Laughing

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пет Фед 19, 2016 6:07 pm

Анима мунди: Зошто се криела смртта на лавицата?

Зошто Зоолошката градина ја крие смртта на лавицата повеќе од еден месец, прашува Анима мунди.

„Зошто Зоолошката градина не ја информираше јавноста за оваа загуба, што се премолчува? Потсетуваме дека е ова едно во низата животни кои се мртви во исклучително сомнителни околности, а желбата да се премолчи овој случај (како сите минати случаи) дава за право да веруваме дека со животните се постапува нехумано, несоодветно, дека исклучително многу страдаат“, се наведува во реакцијата на Анима мунди.

Здружението ја повикува ЗОО Скопје веднаш да се произнесе за смртта на лавот и своите ставови ги поткрепи со докази.

„Ги повикуваме институциите на темелна истрага и затворање на ЗОО Скопје, а граѓаните на бојкот на овој и секој друг затвор за животни, кои трпат самотија, депресија, умираат од тага, страв и негрижа. Потенцираме, со секоја купена влезница вие поддржувате страдање, објективизација на живи битија, нивно искористување и профит, поддржувате интереси на некој друг додека животните се ставени во неприродни средини, обезвреднета е нивната природа и нивните потреби, оставени се да се мачат и умираат“, се додава во соопштението на Анима мунди.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Нед Мар 06, 2016 5:48 pm

Болно искрено писмо на еден шинтер: Свесни ли сте што му правите на вашето куче кога го оставате тука?

Она што овој човек секојдневно го гледа го допира срцето на секој што има можност да го види или барем да го слушне. Еден искрен работник во стационар ја споделува тажната приказна за милениците кои завршуваат таму.



„Мислам дека на нашето општество му треба повик за будење.

Како раководител на еден стационар ќе споделам со вас… еден поглед во внатрешноста, ако ми дозволите.

Како прво да се обратам на трговците со кучиња кои ги нудат во кутии по булеварите: треба барем еден ден да работите во стационар. Можеби откако ќе погледнете во жалните, изгубени погледи на тажните кучиња ќе го промените вашето мислење и нема да ги продавате на луѓе кои воопшто не ги познавате.

Токму тие кучиња може да завршат овде кај мене во стационарот, тогаш кога повеќе не се слатки мали кутриња.

Како би се чувствувале кога би знаеле дека постои 90% шанса токму тоа куче никогаш да не го напушти „боксот“ кога веќе еднаш ќе стигне тука? 50% од кучињата кои пристигнуваат овде или лутаат изгубени по улиците или се чистокрвни кучиња.

Ова се најчестите изговори кои ги слушам:

Се преселивме и не можеме да го земеме кучето со нас. Сериозно? Каде се селите и зошто не барате стан или куќа во која ќе можете и кучето да го донесете со вас да живее?“

Порасна повеќе одошто очекувавме. Што мислевте, колкав ќе биде германскиот овчар?

Немам повеќе време за животни. Сериозно? Работам од 10 до 12 часа и секогаш имам време за моите 6 кучиња.

Ми ја уништува целата градина. Хммм… Зошто не го чувате дома како член на семејството?

Потоа секогаш кажуваат: „Не сакаме да настојуваме да му барате дом затоа што знаеме дека брзо ќе биде вдомен. Знаете, добро куче е.

Најжално од се е тоа што твојот миленик нема да биде вдомен и знаеш колку е стресна ситуацијата за едно куче во стационарот?

Да ти објаснам:

Твојот миленик има краток рок да најде нов дом. Понекогаш малку подолго ако боксовите не се преполни и ако кучето остане здраво. Ако твојот миленик се разболи, со сигурност умира. Мачките доаѓаат тука на сигурна смрт.



Твојот миленик ќе биде затворен во еден мал бокс опкружен со лаежи и врисоци на останатите 50 до 100 миленици. Твојот миленик ќе плаче, ќе тагува и ќе чека на своето семејство кое го напуштило.

Ако твоето животно има доволно среќа и има доволно слободни работници може малку ќе се прошета.

Ако не, твојот миленик нема да добие никакво внимание, ќе јаде од чинија која се остава преку празниот дел од боксот и ќе добива еден туш за да се исчисти изметот од боксот. Ако твојот миленик е голем и припаѓа на листата на опасни кучиња, си го донел на сигурна смрт во истиот момент кога ќе тропнеш на вратата со него.

Едно такво куче ретко преживува во стационарот без разлика на тоа колку е „сладок“ или „трениран“. Ако твојот миленик не се вдоми за брзо време и стационарот е полн, ќе биде убиен.

Ако стационарот не е полн и твојот миленик е „атрактивен“ може уште малку да му се продолжи животот, но пак не за предолго. Поголемиот дел од кучињата се убиваат ако се агресивни, но и најмирното куче може да покаже такво однесување кога е затворено и не му се допаѓа околината.

Ако твојот миленик се зарази со Tracheobronchitis или некоја друга инфекција на дишните органи, моментално се убива затоа што нема средства за плаќање на терапијата.

А сега да ви кажам нешто во врска со еутаназијата за сите оние кои не знаат како изгледа да се убие потполно здраво животно.

Како прво сите кучиња со поводник се вадат од боксот. Мислат дека одат на шетање и весело мафтаат со опашот се додека не стигнат до еден „простор“. Таму закочува секое куче. Сум се уверил дека ја намирисуваат смртта и сите изгубени души кои таму морале да умрат. Чудно е, но тоа се случува со секое животно. Животот на твојот миленик завршува.



Сега се надевам дека ако стигна да го прочиташ целиот текст, очите ти се насолзија и сликата не ти излегува од глава.

Ја мразам својата работа и мразам што воопшто мора да постои и што ќе продолжи да постои, се додека не се промените. Илјадници кучиња секојдневно умираат по стационарите.

Се трудам секој ден да спасам барем еден живот, но стационарите се секој ден се пополни и пополни. Ве замолувам да не земете да одгледувате миленик ако не сте потполно сигурни дека можете да го чувате и не купувајте кучиња кога можете да спасите нечиј живот од стационар. Мразете ме ако сакате, но реалноста боли. Се надевам дека со ова писмо ќе го доправ вашето срце и вашите кучиња нема да завршуваат на улиците.

Би сакал некој да дојде кај мене во стационарот и да ми каже: „Го прочитав твоето писмо и сега сакам да вдомам куче“.

Тогаш ќе знам дека се исплатело.“

Извор – ЦрноБело

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Сре Aвг 24, 2016 12:03 pm

Секој убиец на животни е потенцијален убиец на луѓе

Грозоморните слики од општината Росоман на обесена трудна кучка, избодена со нож во стомакот, сериозно ги вознемири граѓаните кои во овa препознаа садистички чин кој во себе крие многу повеќе од изреволтиран потег на жител на кого куче му изело кокошка.



Она што уште повеќе вознемирува е изјавата на активистите од здружението „Гласот за животните“ кои тврдат дека откако отишле во полиција за да го пријават делото кое според Кривичниот закон предвидува затворска казна, полицајците не само што не сакале да извршат евидентирање на дело, туку го избркале пријавувачот.

Од СВР Велес за БИРН изјавија дека се врши внатрешна контрола за да се види дали навистина полициски службеник одбил да си ја врши работата.

„Постапуваме по случајот, и во врска со малтретирањето на животното, но и внатрешната контрола работи на тоа да се види однесувањето на полицискиот службеник навистина одбил да ја евидентира пријавата. Засега имаме првични сознанија за сторителот, а поради големиот интерес на јавноста за овој случај, наскоро ќе објавиме детали од истрагата“, вели Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Појавите на малтретирање, убивање и труење на животни станува сè почеста појава во земјава. Крв по улиците, обесени животни, расфрлани отрови покрај контејнери, но и во дворови од училишта и градинки станаа речиси секојдневна слика во многу градови.



„Македонија во меѓународната јавност веќе е позната како држава каде што овие појави се секојдневни, а не се санкционирани“, вели Наташа Кнежевиќ од здружението Анима Мунди.

За само една година, ова здружение има поднесено стотина претставки и кривични пријави до Агенцијата за храна и ветеринарство и до МВР. Постапено е само по неколку.

„Институциите кај нас не реагираат на ваквите појави самоиницијативно. Мора да им се врши притисок за да преземат некакви мерки. Среќа што кај граѓаните се развива свеста дека станува збор за девијантно насилство, па почнуваат да ги пријавуваат случаите и да нè алармираат“, велат од „Анима мунди“.

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, тврди дека речиси сите монструми познати во кривичното право имале историја со малтретирање животни.

„Отсуството на емпатија кон друго суштество и добивањето на задоволство од предизвикување болка на живо битие (садизам) се сериозни нарушувања кои треба сите да нè растревожат. Во развиените системи, покрај тоа што е казниво да се измачува животно, тоа е аларм за психо-патолошка состојба кај индивидуа. Потребата за доминација над друг не престанува, гладта да се повредува најчесто низ годините расте, така што голем процент од психопатите или сериските убијци имаат историја на повредување животни речиси како предвесник или како вежба за многу помонструозни дела. Кога тоа повеќе не ги задоволува нивните апетити, тие преоѓаат на човечки суштества над кои можат да доминираат, а тоа се најчесто ранливи категории на жени и деца“, вели Јошевска Анастасовска.



Според измените во Кривичниот законик, предвидена е затворска казна од една година доколку некој малтретира животно.

„Оваа казна ќе ја бараме и од сторителот што го обеси и го избоде со нож кучето во Росоман. Поблага казна од тоа не прифаќаме. Ова не е класично насилство, ова е девијација во која сторителот ужива во делото што го прави и оттаму тој претставува закана за целото општество“, смета Кнежевиќ.

Токму поради сите овие девијации, расфрлањето отрови (односно пестициди, кои се наоѓаат во слободна продажба во земјоделските апетки), сè помасовни се барањата за формирање полиција за животни во Македонија. На петицијата се потпишани повеќе од 11 илјади македонски граѓани, истата е доставена до Собранието, но оттаму нема одговор.

http://prizma.mk/sekoj-ubiets-na-zhivotni-e-potentsijalen-ubiets-na-luge/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот