Zashtita na zhivotnite

Страна 4 of 4 Previous  1, 2, 3, 4

Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Саб Дек 16, 2017 5:36 pm

Stigna i potvrdata...Sega na red e policijata i Oliver Spasovski so ogled deka se raboti za poraneshen nivni vraboten...

Ротвајлерот од Вардариште сепак нема да биде усмртен

Како што пишуваат граѓаните на социјалните мрежи не е точна информацијата дека 9 месечната женка ротвајлер  која беше фатена од шинтерската служба ќе биде успиена.



-Точно е дека 9 месечнава ротвајлерка се нашла на погрешно место и време и е заловена од шинтерската служба! Точно е дека таа не е напаѓачот, бидејќи воопшто не е агресивна, туку напротив е мирна и мила, се вели во постот на Фејсбук.

Како што вели граѓанинот по завршувањето  на задолжителниот кандидат до 25 декември и ветеринарните прегледи и вакцинации, таа ќе биде даде на вдомување. Како што вели тој веќе се знае и вдомувачот.

-Во стационарот има уште една постара женка од истата раса која утре ќе биде вдомена кај некој од 40-те кандидат, пишува во постот.

avatar
Teo

Број на мислења : 3369
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Чет Фед 01, 2018 7:31 pm

Popularniot Deki napolni shest godini...

ФОТО: Рисот Деки наполни шест години

Mакедонското еколошко друштво (МЕД) во соопштение до јавноста со гордост објавува дека годинава рисот Деки ќе наполни 6 години. МЕД веќе петта година го следи овој шумски убавец што првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година.



„На првата фотографија осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад својата мајка во Националниот парк Маврово. Од февруари до јуни 2015 година движењето на овој рис го следевме и со помош на ГПС-ремче околу вратот. Така успеавме да утврдиме дека Деки е своевиден рекордер во однос на неговата индивидуална територија, која зафаќа 888 квадратни километри и двојно ја надминува онаа на неговите соседи, рисовите Мартин и Марко. На фотографиите е Деки како тинејџер (лево) и како возрасен рис (десно)“, наведуваат од Македонското еколошко друштво.

Истражувањата за балканскиот рис Македонско еколошко друштво ги спроведува 12 години во рамките на Програмата за закрепнување на балканскиот рис на територијата на западна Македонија.

http://www.libertas.mk/foto-risot-deki-napolni-shest-godini/
avatar
Teo

Број на мислења : 3369
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 4 Previous  1, 2, 3, 4

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот