Zashtita na zhivotnite

Страна 2 of 3 Previous  1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Чет Aвг 25, 2016 9:23 pm

takvi u zatvor i da se3 fr;li klucot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пет Сеп 30, 2016 6:13 pm

Ushte edna izumrena vrsta na planetata Zemja...

Почина Тофи, планетата остана без уште една животинска врста



Во зоолошка градина во Атланта почина единствениот преостанат примерок од ретката врста на жаби „Ecnomiohyla rabborum“, со што светот остана посиромашен за една животинска врста. Последните неколју години изумреа повеќе стотици водоземци, а истата судбина поради загадување на околината и уништување на нивните природни живеалишта, им се заканува и на многу други врсти.

Жабата Тофи живееше во Панама од каде пред неколку години бил преселен во ботаничка градина која се наоѓа во рамките на зоолошката градина „Атланта“, заедно со уште неколку припадници на својата врста која беше откриена дури во 2005 година. За негова преселба било одлучено откако биолози, кои ја октриле таа врста на жаба, многу брзо откриле дека поради смртоносна болест која се проширила во нејзиното живеалиште, веќе се наоѓала на работ од смртта.

Експертите се надевале дека со проучување на Тофи и неговите роднини ќе успеат да пронајдат начин да го спречат изумирањето и да ја обноват оваа врста.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Вто Окт 04, 2016 6:34 pm

Eve kolku vo Makedonija dpmne-ofcite i nivnite ortaci vo kriminalot teroristite na Alji gi pochituvaat zakonite...

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ
Луѓе-монструми прават кучиња-монструми (1)


Борби со кучиња се одржуваат секој месец, низ цела Македонија. Голем бизнис, за кој сите знаат, и надлежни и ненадлежни, и борци за заштита на животните и државни агенции чија работа е тоа да го спречат, и полицајци и ветеринари - и никому ништо. Борби со кучиња и натаму се одржуваат секој месец, низ цела Македонија.



Двете кучиња ги внесуваат во рингот. До нив се нивните сопственици и еден судија за мечот. Од околу група на одбрани луѓе, гледачи и обложувачи во чии очи се гледа некое чудно задоволство за крвопролевање. Следува борба за живот или смрт. Кучињата се борат и буквално се распарчуваат едно со друго, а не ни пуштаат крик додека се касаат. Бесната публика ракоплеска и бодри. Кучињата се распарчуваат и сликата по борбата е неописливо страшна. Крв има на сите страни. Сега толпата го доби она по коешто дојде. Борачите на кучињата се ракуваат, публиката си разменува пари за меѓусебните обложувања, а долу на земја лежи крваво куче со расцепени усни, огромни и длабоки рани додека гордиот сопственик и „тренер“ ладнокрвно ги брои парите.

Вака изгледа само една од илегалните борби на кучиња кои се одржуваат неколку пати месечно на целата територија на Македонија. Овие борби се одржуваат на различни локации и секогаш оддалечени од градовите, во импровизирани рингови на ниви или дворови од викендички. На нив присуствуваат одреден одбран круг на луѓе за кои борачите на кучиња одобриле да присуствуваат, а заради безбедност, локацијата се дознава ден или два пред борбата.

Успеав да присуствувам затоа што мој школски другар, добро познат во бизнисот со борби, гарантираше за мене. „Девојче е, нема да снима и нема да објави имиња“, рече и ми дозволија да гледам. Искуството беше фрапантно.

По петнаесет минути возење, на самиот излез од Битола, на приватен имот со голем двор заграден со боцкава жица и мала куќичка, во најмизерни услови живееја околу 20 питбули. Во дворот имаше посебно изграден вдлабнат ринг за борба, па дури и столчиња за гледачите. Недалеку од рингот се наоѓаа питбулите. Дел од нив затворени во премали дрвени импровизирани боксови, а дел оставени да живеат надвор и само врзани за кратки синџири на дрво.



Организирана борба на кучиња во ринг

„Тука кучињата ги одгледуваме за борби. Ги тренираме уште од мали, ги селектираме најдобрите, а потоа се случува цел циклус на школување и во принцип е исто како во сите борбени вештини, бокс или кикбокс. Кој е надарен, тој преживува и оди понатаму“, ми објаснуваше Д.К. од Скопје, сопственик на четири питбула кои редовно ги носи по борби.

Кучињата, кои се одгледуваат за борби, најчесто живеат во лоши услови. Сопствениците ги прегладнуваат, ги тепаат, обидувајќи се да ги направат кучињата што поагресивни.

Според нив, злоставувањето прави кучињата полесно да се навикнат да поднесуваат болка и страдање за да можат подолго да издржат во рингот.

Целта ги оправдува средствата – тренинг на кучињата

Присутните ми раскажуваа како тренингот на кучињата е многу сложен и се споредува со тренинг на професионални спортисти. Ги тренираат на сила, кондиција и им ја развиваат агресивноста.

„Се обидуваме кучињата да ги направиме крволочни, ги дресираме да се борат од мали, да не се откажуваат, без разлика на раните и да сакаат да го убијат својот противник. Има и кучиња кои се во рингот само зашто газдата сака да бидат, а не се за во ринг, тие се родени губитници, немаат животна цел и не ги бива“, вели Т.К од Битола.

„Оваа пролет присуствував на борба на која кучињата се бореа до смрт, едно од кучињата го напаѓaше противникот, иако беше останато без една предна нога. На крај го уби и ја доби борбата, а потоа сопственикот го уби него. Кучето немаше нога и многу крвавеше, така беше најдобро. За моја среќа, тоа беше и кучето на кое и се опкладив. Имав добра возбуда и заработувачка од 1.600 евра“, кажува Марко К., близок пријател на сопствениците и добро познат обложувач во борбите на кучиња.

Кучињата ги тренираат како „професионални боксери“

Борачите на кучиња објаснуваат дека тренингот и дресурата на едно куче за да стане борач почнува уште од најрана возраст, уште кога кучето е бебе на 4 до 5 месеци. Играчки на кучето бебе најчесто се одрана кожа од друго животно за да се навикне да гризе, а кога кучето малку ќе порасне, го пуштаат да се бори со други животни послаби од него за да се развие инстинктот на убивање. Исто како боксерите, објаснуваат одгледувачите, кучињата најактивно се тренираат пред борба. Секојдневен тренинг 3 до 4 месеци, со пешачење, трчање на лента, висење на дрво, влечење со кола.

Кучињата ги дрогираат со спид и екстази и ги билдаат со стероиди

„Припремата за едно куче за борба со специјалната храна и употреба на стимулативни средства чини од 1.500 до 2.000 евра. Во подготовките на кучето се оди со филозофијата „целта ги оправдува средствата“. Значи, за да се постигне целта, т.е. победата во борбата, не се штеди ни на парите ниту на кучето“, раскажува Д.Ј. од Скопје, борач и одгледувач на кучиња за борби.

„Тренингот во принцип зависи од тоа по колку пари се обложуваме. Тренингот чини од 1.000 евра, па нагоре. Се користат и стероиди и суплементи, најдобра храна, гранули, ориз, сѐ што може на кучето да му даде подобар перформанс. Им се даваат и суплементи кои луѓето ги користат во бодибилдингот, како БЦ, глутамин, елкарнитин, амино киселини, креатин, сѐ што користат професионалните бодибилдери“.

Михајло Ристов, професорот по Анатомија на животни на Ветеринарниот факултет во Битола вели дека сопствениците им даваат на своите кучиња ветеринарни стероиди кои се употребуваат за добивање на прираст во тежина кај крупните животни и стероиди кои им се даваат на тркачките коњи на трките. Неретко се даваат и човечки стероиди, по од нив кучето има загарантирани проблеми со црниот дроб и срцето. Има и стероиди за кучиња, но се многу скапи и не се наоѓаат кај нас.

„Сум учествувал на борба на два питбула на амфетамин, борбата траеше скоро 3 саати, ако се на екстази или на спид, борбата дефинитивно трае подолго и е покрволочна за гледање. Дрогата ја ситниме и им ја даваме на кучињата пред борба во парче месо, но фер е двата сопственика претходно да се договорени за ваков вид борба“, вели Д.Ј.

Психотерапевтот Деспина Ристевска објаснува дека кучињата не се раѓаат такви, туку сопствениците низ нив ги проектираат сопствените настрани мотиви и производот е крволочно животно насочено единствено кон борба. Дискутабилно е и самото одгледување, бидејќи за да се создаде куче кое крволочно ќе се бори до смрт, тоа е растено со малтретирање, тепање, вежбање на издржливост без воопшто питомост.



Што вели законот и кои закони ги регулираат борбите?

Закони има, но не се спроведуваат. Измачувањето на животни е кривично дело, член 233 од Кривичен закон. Во Македонија се казнува парично и со шестмесечна затворска казна. А кога се организираат борби со кучиња, се нарушува и јавниот ред и мир од Законот за прекршоци на РМ.

„Борбите се забранети според Законот за заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ 113/07) и во него се предвидени прекршочни санкции за организаторите и учесниците. Доколку во тие борби кучињата се измачуваат или убиваат, тоа веќе влегува во доменот на Кривичниот закон на Македонија и претставуваат кривично дело за кое следува затворска казна од шест месеци, што според мене е премала казна“, вели Наталија Миленкова, адвокатка на здружението „Анима Мунди“.

Портпаролот на Основниот суд Скопје 1, Дејан Ристевски, на барањето на информации од јавен карактер кое го испративме, ни одговори дека во последните три години во Македонија судска завршница имаат три случаи по член 233 за измачување на животни, но ниту едно од нив не се однесува на борби со кучиња.

МВР во периодот од 2010 до 2015 година поднело една кривична пријава за „мачење на животни“ по член 233 од Кривичниот закон која се однесува на илегално организирани борби со кучиња и тоа во 2013 година во Охрид против сопственик на куче кој дозволил да учествува во борба со кучиња, нѐ извести Дејана Неделковиќ од МВР.

Во февруари годинава во селото Челопек во Тетово, полицијата затекнала борба со кучиња, откако некој телефонски им пријавил.

„Двајцата сопственици и организатори на борбата ќе се соочат со соодветни поднесоци за глоба согласно Законот за прекршоци на јавниот ред и мир што изнесува од петстотини до илјада евра. Во овој случај двете лица нема да одговараат кривично за измачување на животни“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според Законот за заштита на животните, Агенција за храна и ветеринарство треба да има активна комисија која по пријавите од здруженијата за заштита на животни или граѓаните, ќе оди и работи на терен. Во тричлената комисија треба да има и претставник на здружение на заштита на животните. Но, оваа комисија сѐ уште не е оформена. Од АХВ ни кажаа дека Законот за заштита е прилично нов и голем број од работите не се имплементирани во реалноста и голем дел од законите сѐ уште остануваат само пишани, а не се спроведуваат.

И покрај двомесечното обидување за каква било информација или интервју, во Агенцијата за храна и ветеринарство не беа заинтересирани за споделување на податоци за оваа проблематика. Пријавите ги прават или граѓани или здруженија за заштита на животни.

Здруженијата пак тврдат дека АХВ мора да даде одговор на поднесените претставки и пријави кои ги праќаат до нив, но дека АХВ досега не одговара на ниту една поврзана со борби на кучиња.

„Одговараат само на некои претставки кои се однесуваат општо за нарушување на благосостојба на животно (ништо поврзано со борби), најчесто каде има парична казна за плаќање и тоа придонесува само за пополнување на буџетот. На пријавите за борби со кучиња досега не одговориле, најчесто викаат дека одговори пратиле, но не стигнале до нас, поштарот ги изгубил, пратиле мејл, но го нема“, велат од здруженијата за заштита на животни.

Марија Хаџи Стојанова

(Продолжува)

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Сре Окт 05, 2016 11:06 am

Vtoriot del od napisot...

Ако сакаат, лесно е да се откријат борбите со кучиња, но не сакаат (2)

Здруженијата за заштита на животни немаат никаква поддршка од надлежните институции, Агенцијата за храна и ветеринарство и полицијата си ја префрлаат вината и обврските.

Здруженијата за заштита на животните кажуваат дека испраќаат слики, видеа, некогаш и име и презиме на лицата кои организираат, нивните постирани видеа на интернет на кои може јасно да се видат лицата на оние кои се учесници во борбите, но залудно.

„Годинава пријавивме борба на кучиња која се одржуваше во џамија. Случајно наш активист поминуваше оттаму и го виде тој ужас. Но по неколку минути, по нашиот повик некој ги извести, знаеја дека полиција ќе дојде, па си ги земаа кучињата и си отидоа. Полиција и лица од АХВ се појавија по половина час од пријавата, секако залудно“, објаснува Милан, активист на „Анима Мунди“.

Здруженијата за заштита на животните кажуваат дека проблемот е уште покомплексен затоа што насекаде низ државата се вмешани ветеринари, функционери, полициски припадници.

„Пред неколку години, борби со кучиња се организираа и на стадиони, секако со полициска заштита. Денес, иако тоа не го прават толку јавно, имаме сознанија за замешаност на полициски службеници, како и инспектори. На овие „натпревари“ често пати асистираат и припадниците на полицијата за да го чуваат редот или се дел од борбите, тоа е јавна тајна“, кажува Ивана Талевска од „Анима Мунди“.

Од полиција пак, целосно се оградуваат, кажувајќи дека ваквиот „спорт“ е казнив и нелегален и дека ако имаат какви било сознанија, од АХВ ќе дојдат на терен и ќе постапат согласно законот.

Ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, на својот ФБ профил објавува, поддржува и присуствува на организирани борби со кучиња.

Здруженијата за заштита на животни годинава во јануари испратија барање до Агенцијата за храна и ветеринарство со кое предлагаат разрешување на инспектор од АХВ кој наместо да ги заштитува животните и да ги гони оние кои ги злоставуваат, организира и присуствува на борби со кучиња. Слики и снимки од инспекторот имаше по цел интернет и веста ја споделија речиси сите македонски портали.



„Борачите на кучиња се свесни за целата ситуација, како и за неефикасната контрола на институциите, па договорите и борбите веќе не се ни обидуваат да ги сокријат. Ако сакаат, секако дека ќе откријат, но не им одговара тоа. Сѐ е јавна тајна“, тврди Слободан од Скопје.

Слободан (48), сопственик, одгледувач и борач на питбули, тврди дека присуствувал на два огромни јавни настани на борби со кучиња.

„Најјаките борби на кучиња кај нас беа во 90-тите години во салата на МЗТ Скопје каде имаше повеќе од 5.000 луѓе публика. Беше настан со влезници во кој македонското Министерство за внатрешни работи ги обезбедуваше борбите на кучиња. Од тоа постојат и снимки, сѐ. Најлегендарна борба во Скопје на која бев е Клеј против Булисон, реванш во салата во Автокоманда во која имаше 11.000 гледачи. Клеј го убива Булисон во ринг“, раскажува Слободан.

А.С. од Струга, одгледувач и борач на кучиња, пак, раскажува дека многу од сопствениците ги убиле своите кучиња бесни што потрошиле време и пари, а тие одбиле да се борат или изгубиле.

„Ако изгубиле или се многу оштетени, ги оставаме врзани за некое дрво или ако газдата е премногу гневен или ако кучето по пола година подготовки одбива да се бори, се случило да го убијат на лице место, да го обесат, па дури и да го искасапат со моторна пила или запалат со бензин“, раскажува А.С.

Од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ од Скопје кажуваат дека во Македонија има сериозен проблем, како и една цела развиена и добро организирана мрежа на борачи со кучиња и обложувачи.



„Борби има секојдневно, без оглед дали станува збор за професионално борење или аматерски. И покрај нашите обиди и јавни апели, можеме слободно да кажеме дека не е преземено буквално ништо во однос на ова прашање“, вели Ивана Талевска од „Анима Мунди“.

Борбите се договараат јавно и на Фејсбук, а заработувачката од добиена борба или обложување може да достигне и до 10.000 евра

На социјалните мрежи секојдневно кружат фотографии и снимки од борбите со кучиња. Луѓето, кои се занимаваат со овој крвав „спорт“, имаат свои посебни групи и профили на Фејсбук во кои постираат, се фалат или договараат следна борба, свои форуми на кои разменуваат искуства, па дури и цел регистар за питбули во кој се води евиденција колку победи има некое куче и им служи за да ги размножуваат кучињата со „најдобрата крв“ и кучињата со повеќе победи меѓу себе и да ги продаваат по високи цени.

„Во Битола, како и во сите спортови и во овој таканаречен крвав спорт на кучиња борци, постојат кучиња легенди кои во својот живот победиле во преку 30 борби и на своите газди им донеле доста голема заработувачка. Со мојот пријател имавме куче-женка питбул териер кое имаше посебен начин на борба и од преку 25 борби, немаше изгубено ниту една. По 5 години старост таа женка престанавме да ја пуштаме во борби и од неа ги добивме најдобрите кучиња борци. Таа остатокот од животот го помина како женка за приплод, односно за добивање на наследници борци“, вели Т.С. од Битола.

Овој суров „спорт“ со себе носи и заработки на големи суми на пари. Според борачите на кучиња, има борби и облози што достигнуваат и до 10.000 евра

Сопствениците немаат страв јавно да закажуваат борби

„Двајцата газди се кладат и се договараат за цената на борбата заедно со судијата. Опкладите се од 200, 500, 1.000, 10.000 евра зависи кои кучиња се борат и колку победи имаат. Публиката може да се клади колку сака, газдите не се вмешани кога некој се клади од страна. Но, на публика може да отиде и преку 20.000 евра. На пример на борба на која бевме претходниот месец, Турчин стави 8.000 евра“, раскажува Т.С.

Најголеми пари се вложуваат кога има повеќе борби и тоа се вика шоу. На овие настани се наплаќа и влезница. Се организираат и натпревари помеѓу градовите, па дури и како држава имаме активно учество во интернационалните борби кои се одржуваат во Србија и Косово еднаш годишно.

„Финалните шампионати во Скопје се организираат четири пати во годината, се собираат најдобрите борачи на кучиња од цела Македонија, а македонските борачи на кучиња се редовни учесници во меѓународните борби во бившите ЈУ држави. Србија е Тексас на Балканот, таму „паѓаат“ најголеми обложувања и има најмногу борби. Таму се одржуваат и борби на балканско ниво“, тврди Т.С. кој ги носел своите кучиња на борби во Србија.

Сопствениците и луѓето вмешани во овој крвав спорт објаснуваат дека борбите на кучиња имаат строги и однапред определени правила. На секој меч има организација и сѐ се договара однапред, се пишува договор во кој стои која да биде килажата на кучињата, колку луѓе ќе присуствуваат, кој е судија (за судија се зема искусен познавач и одгледувач на расата борбени кучиња што влегува во рингот. Во текот на борбата, сопствениците смеат да го бодрат сопственото куче само со зборови). Кога се одржува борбата, двајцата противници се внатре со кучињата во рингот и тие се викаат хендлери, односно водачи на кучето. „Во мечевите“, раскажуваат сопствениците,„хендлерот има многу важна улога зашто го тера кучето на борба“.

„Најчесто хендлерот е и тренер на кучето, а и газда на кучето, живее, спие, јаде, сѐ прави со кучето, он и кучето се едно. А има и луѓе кои работат да тренираат други кучиња и ги хендлуваат на борба“, раскажува Д.К. од Скопје.

„Пред да се внесат кучињата во рингот, се мерат на вага која ја носи судијата и мора да имаат одредена килажа која однапред сопствениците ја договориле, не смее кучето да пројде ниту 50 грама повеќе поради тоа што се губи капарот“, објаснува Д.К.

„Кога судијата ќе даде знак, борбата започнува и трае сѐ додека некој од газдите не ја предаде или како во боксерските мечеви кога кучињата немаат активна борба. Се брои до 10, тука кучињата се освежуваат, тоа се вика скреч. Се пушта кучето кое губи и е повеќе повредено и доколку тоа куче не тргне кон својот противник до 10 секунди, тоа значи дека ја губи борбата. Газдата може да ја прекине борбата кога гледа дека кучето губи или се мачи, но ги болат парите, се оди до крај“, раскажува С.Ј. (43) од Прилеп кој се занимава со борење на кучиња преку 15 години.

Д-р Панче Дамевски, професор по ветеринарна медицина вели дека најдобро нешто што може да му се случи на едно куче е ако преживее, да го остават на улица, затоа што во многу случаи сопствениците ги убиваат кучињата кои изгубиле за да ја избегнат лошата репутација дека имаат куче со лош квалитет за борба.

„Борбите многупати завршуваат со големи последици по двете кучиња. Кучињата се парчосани со отворени рани по целото тело кои подоцна тешко заздравуваат и по неколку месеци. Поразените кучиња често умираат од губење големо количество крв, како и од дехидрација или инфекција неколку саати, а понекогаш и недели по борбата. Кучињата борци најчесто се борат до смрт ако газдите не го спречат тоа. Многу пати спречувањето е премногу доцна“, вели Дамевски, кој е и претседател на Кинолошкиот сојуз во Македонија.

За повредите на кучето по борба многу често се повикуваат ветеринари. Стевче Ристевски, ветеринарен лекар од Битола, вели дека се случило во неговата ординација да донесат куче по борба за да го спасува.

„Не го пријавив случајот затоа што не сакав да имам проблеми. Тоа се најчесто лица со криминално поведение. Ми беше страв, ќе знаат кој ги пријавил“, вели Ристевски, кој ни објасни дека најчесто сопствениците не признаваат од каде се повредите на нивното куче.

Ристевски вели дека можеби треба да се преземе нешто околу промена на законот според кој ветеринарите немаат законска обврска да пријават до АХВ или полиција дека примиле злоставувано животно.

Од здруженијата за заштита на животни велат пак, дека е јавна тајна дека ветеринари да помагаат во санирање на повредите за поголеми суми пари. „Со тоа што земаат пари и молчат, се дел од криминалот“, вели Цветанка, основач на здружението „Мали херои“ Битола.

Здруженијата за заштита на животни, вкупно шест во Македонија, кажуваат дека активно работат на терен, но очајно им треба помош, како од активисти, така и од надлежните.

„Секојдневно добиваме пријави за борби од граѓани кои се исплашени да пријават во полиција и сакаат да останат анонимни, секојдневно наоѓаме напуштени кучиња кои очигледно изгубиле борба, или граѓани ни јавуваат за врзани измачувани животни“.

Среќна приказна: Спасениот питбул Шила ги руши сите стереотипи за питбулите!

Ивана од „Анима Мунди“ во кратко видео интервју ни ја раскажа приказната за спасениот питбул Шила.

„На официјалната страна на „Анима Мунди“ објавив слика од Шила од нејзината состојба пред и потоа, во порака ме исконтактира нејзиниот сопственик кој ми раскажуваше како и колку ја борел, ми праќаше дури и слики и на крај ми бараше пари ако сакам да ја задржам“, ни дообјасни Ивана. Таа сите докази ги собрала и пратила претставка до Агенцијата за храна и ветеринарство, но досега и после шест месеци нема никаков одговор.

„Годишно ми се случува само јас да спасам кучиња како нејзе 20 до 30“, вели Ивана.

„Сопствениците на овие кучиња ќе ви речат дека нивните кучиња уживаат во тоа, и дека се создадени да се борат. Тоа не е вистина, за жал, тие ја развиле агресивноста кај овие кучиња. Шила е питбул кој докажува дека секое куче може да биде прекрасен миленик, му треба само добро воспитување и љубов“, раскажува активистката на „Анима Мунди“.

Расите кои се користат за борби со кучиња се американскиот питбул, стафорд, кангал и новодојдените азијатски раси во Македонија, а неретко ги користат и шарпланинците.

Марија Хаџи Стојанова

Историја за питбулите



До далечната 1066-та година, во Англија питбулите ги користеле за борби со бикови, ги ставале во арена со бик и се обложувале колку долго едно куче ќе остане и дали ќе го собори бикот. Оттука потекнува и нивното име, што во превод значи пит– арена и бул–бик. Во почетокот на 1986 година, преку 50 држави изгласаа посебен закон за забрана за питбулите.

Денес питбулот не е признаена раса, не е во европскиот регистар на расни кучиња, не се оценува и не се дозволува неговото учество на изложби. Во повеќето европски држави питбулот е забранет за одгледување и чување како миленик, но во нашата држава нема таква забрана.

Мислењето на стручњаците околу агресивноста на расата питбул териер е поделено. Дел од ветеринарите, кинолозите и професорите сметаат дека питбулите се раса поагресивна од останатите, а дел сметаат дека се мирољубиви кучиња кои неправедно стекнале лоша репутација поради злоупотреба од лоши луѓе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Чет Окт 13, 2016 11:01 pm

Takvi psihopati ne smeat da se ostavat na sloboda...Kolku se opasni za zhivotnite, isto tolku se opasni za lugjeto...

„Анима Мунди“: Триесетгодишен маж силувал куче на кејот кај Керамидница

Од таму велат дека полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил силувачот на кучето.



Лице на возраст од 25- 30 години  минатата недела среде бел ден, од страната на Керамидница мачело и силувалп куче на кеј, а по монструозното изживување врз кучето, влегло во едно од куќарките од таа страна на Вардар, информира „Анима Мунди“. Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил силувачот на кучето.

„Шокирани сме што се се случува во Македонија и што се е се толерира во нашето општество! Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега! Бесни сме што полицијата , иако им е пријавено нема доволен интерес или механизми да влезе и изврши претрес, вештачење, го приведе монструмот кој мачи и силува без око да му трепне што некој го видел, викал, го пријавил! Инсистираме да веднаш биде спроведена истрага и да овој психопат не излезе од затвор! Адвокатскиот тим на Анима Мунди контактира со сведоците и бараме најстрога казна и правда за злоставуваното куче“, соопшти „Анима Мунди“.

Од здружението за заштита на животни потсетуваат на примерот во Кочани, кога силувач на кучиња беше 10 пати пријавен од локалното население, здруженијата за заштита на животни за мачење/силување/убивање кучиња http://www.vesti.mk/read/news/2956719/1035524/foto-18-monstrum-od-kochani-maltretira-i-ubiva-kuchinja.

Тој сега е повторно на слобода и без каква било контрола, повторно слободно шета, собира кучиња, ги носи на напуштени локации за потоа да на животните им се губи секоја трага, а на местото остануваат искористени кондоми или мрши!

„Луѓе не контактираат во континуитет за тоа лице, распаметени од страв што меѓу нив слободно шета таков насилник. Тоа лице и таквите како него се опасност која демне и само чека погоден миг за нова жртва. Им може ли некој нешто на ваквите лица, кои слободно и без каков било надзор имаат отворени можности да продолжат да силуваат? Ги повикуваме итно Министерството за внатрешни работи, АХВ, општинските власти, да ги вложат сите напори за да овие болни умови бидат казнети и сместени таму каде што им е местото, во затвор и бараме комплетно следење на таквите во иднина“, се наведува во соопштението на „Анима Мунди“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пет Окт 14, 2016 1:16 pm

Неоправдана е неинтервенцијата на полицијата такви луге навистина се опасни и за граганите а застрашува тоа што се се случува среде бел ден и пред очите на јавноста па оттаму надлежните мораат да преземат поригорозни мерки и поефикасно да реагираат на вакви социјално неприфатливи екстремни пројави на психоза.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Саб Окт 15, 2016 1:38 pm

N..............

Постот е избришан. Уште еден ваков и одиш на бања.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Пон Окт 17, 2016 11:30 am

И што добил сега откога ја убил? Некаква статисфакција или што го натерало да убие болно животно?

Убиена саканата мечка која одеше на две нозе ВИДЕО

Црната мечка која ги освои срцата на илјадници луѓе, кога ја здогледаа во околината на Њу Џерси како оди на две нозе, ја уби ловец со лак и стрела.

Црната мечка која ги освои срцата на илјадници луѓе, кога ја здогледаа во околината на Њу Џерси како оди на две нозе, ја уби ловец со лак и стрела.

Страницата на Фејсбук посветена на Педала, како што од милост ја нарекоа, бидејќи поради повредата на предните нозе одеше на задните нозе, ги објавила наводите на сведоците дека саканата црна мечка е убиена.

Сведоците коишто престојувале во станицата наменета за следење и заштита на мечките, наводно го виделе телото на мечката и го слушнале ловецот како се фали дека ја убил.

„Ловецот којшто сакаше да ја убие веќе три години конечно го имаше тоа задоволство да ја убие со стрела, фалејќи се со тоа во станицата“, пишува на Фејсбук.

Службата за заштита на риби и диви животни потврдила дека во нивната станица е донесена црна мечка, но не можеле да потврдат дали станува збор за Педала.

- Постојат фотографии од мечката со повредени нозе која е донесена во станицата - потврдил Боб Консодин, портпарол на службата.

Лиса Роуз-Рублак, која ја направила страницата на Фејсбук, собрала повеќе од 22.000 долари со цел да ја преселат Педала во засолниште во државата Њујорк.



http://plusinfo.mk/vest/89650/ubiena-sakanata-mecka-koja-odeshe-na-dve-noze-video

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Гостин on Саб Окт 22, 2016 12:32 pm

Како ние навистина се однесуваме кон животните и нашата средина.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Пон Дек 05, 2016 12:56 pm

„Анима Мунди“ упати 13 барања до партиите - Да се затворат зоолошките градини!

Во пресрет на парламетарните избори, Здружението за заштита на животните Анима Мунди, заедно со останатите македонски здруженија за заштита на животните информираат дека се засегнати од стратегиите, ставот и програмите со кои партиите ќе ги третираат животните со цел конечно подобрување на нивната состојба, заштита и благосостојбa

Здруженијата за заштита на животни упатија неколку барања до сите политички партии и кандидати за претстојните парламентарни избори.

1. УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ, во поглед на животните користени за експериментирање, фармските животни, како и да се донесе забрана за ритуалното колење.

2. Унапредување на Законот за заштита и благосостојба на животните во однос на третманот на бездомните животни и ВОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКА ЗАБРАНА ЗА ЕУТАНАЗИЈА (освен на неизлечливо болни единки), затоа што непостоењето на децидна забрана дава можност за произволност, нехуманост и масовно усмртување што во Република Македонија се испостави како практика. За решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомните кучиња ќе се применува исклучиво стратегијата на масовна стерилизација (во светот позната како залови – стерилизирај – врати) заедно со низа други мерки кои подразбираат одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите.

3. ПОЗИТИВНА НАЦИОНАЛНА КАМПАЊА ВО СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ И НИВНО ИНВОЛВИРАЊЕ ВО УПРАВУВАЊЕТО И РАБОТЕЊЕТО НА СТАЦИОНАРИТЕ ЗА ЖИВОТНИ ВО РМ.

4. Континуирани Програми за промоција на концептот на одговорно сопствеништво, важноста од стерилизација, вакцинација, идентификација и регистрација на домашните миленици. Со ова ќе се превенира неконтролираното раѓање на нови единки и ќе се намали бројот на кучиња и мачки кои сопствениците ги произведуваат односно неконтролирано ги размножуваат, а од кои најголем дел завршуваат на улица, а потоа се убиваат како мерка за запирање на нивната прекубројност.
Согласно со европските најуспешни практики ПРЕДЛАГАМЕ: оданочување на оние кои продаваат миленици и кои неконтролирано ги размножуваат, оданочување на сопствениците кои купиле миленик и го чуваат некастриран/нестерилизиран, а ослободување од данок за оние кои ќе вдомат миленик затоа што помагаат во заедницата да се намали бројноста на бездомни животни и привилегии за сите кои ги стерилизираат сопствените миленици. Собраните средства од оданочувањето на невдомените неојаловени миленици да бидат наменети за заштита, лекување, стерилизација/кастрација на бездомни животни и субвенционирање на кастрации/стерилизации за сопствениците кои ќе вдомат бездомно животно.

5. Во рамки на Законот за заштита и благосостојба на животните бараме да се даде можност за оформување/авторизирање на посебна служба, т.н. СЛУЖБА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ која би се занимавала со едукација на населението, потоа превенција, евиденција, санкција за злоставување, занемарување и напуштање на животните. Со оглед на постоечката состојба, под покровителство на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се овозможи авторизирање на ваква СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА СЛУЖБА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР (Здруженијата за заштита на животни) кои имаат адекватни човечки ресурси, постојат, успешно и во континуитет дејствуваат и се пасионирани да дејствуваат и понатаму во овој домен, исто така добро го познават законот, и се испоставило дека само тие вршат истраги на случаи на насилство врз животните и истото го пријавуваат.

6. Бараме најстрого ДА СЕ ОГРАНИЧИ И КОНТРОЛИРА СЛОБОДНА ПРОДАЖБА НА ВИСОКОТОКСИЧНИ МАТЕРИИ , кои се злоупотребуваат за труење на животни и со чија примена силно се загрозува и безбедноста на граѓаните.

7. Бараме да се адаптираат/изградат АДЕКВАТНИ ПАРКОВИ ЗА ШЕТАЊЕ НА МИЛЕНИЦИ и дружење на граѓаните, љубители на животни.

8. Да се овозможи простор за пог­ре­бу­ва­ње до­маш­ни ми­ле­ни­чици и на тој начин да бидат помогнати сите оние граѓани кои го загубиле својот миленик.

9. Бараме конечно ДА БИДЕ НАДМИНАТ ПРОБЛЕМОТ СО ЗЛОУПОТРЕБА И СУРОВОСТ ВРЗ КОЊИТЕ ВО УРБАНИ СРЕДИНИ преку спроведување на повеќе чекори: одземање на оние коњи кои ќе се проценат како изнемоштени, стари, болни, повредени и нивно сместување во наменски живеалишта (прва фаза) и одземање и сместување на сите останати коњи (втора фаза) со обесштетување на лицата кои го користеле коњот како превозно средство со соодветни превозни средства, кои ќе одговараат за непречено движење во градот и ќе го помогнат/унапредат нивното живеење и нивната работа во селектирањето на отпадот.

10. Унапредување на СПРОВЕДУВАЊЕТО на член 233 (Мачење животни) од Кривичниот законик на РМ. Задолжително е да стане практика сторителите на кривични дела кои резултирале со мачење и/или убиство и/или каква било друга форма на злоупотреба на животно да бидат соодветно казнети.

11. Во време кога во глобални рамки е ставен фокусот врз важноста од зачувување на екосистемите, водата за пиење, обработливата почва и генерално природните ресурси и уникатните природни богатства со кои располага секое национално подрачје, бараме промени во аграрната политика на Р. Македонија, односно, запирање на субвенционирањето а со тоа и поттикнувањето на сточарството и индустриското фармство, а во интерес на поттикнување и СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ЕКОЛОШКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО и ПРОИЗВОДСТВО НА РАСТИТЕЛНИ КУЛТУРИ. Сточарството е екстремен загадувач на околината и неодржлива производствена гранка.

12 Ловот да биде препознаен како бескрупулозна форма на насилство врз животните, но и насилство и узурпација на природата, човекот, екосистемот во целост. Од ловот не страдаат само животните. Ловот го негува култот кон оружјето и дава директна можност насилството врз животните директно да ескалира врз луѓето. Конечно, бројни научни истражувања психолошки, социолошки студии потврдуваат дека индивидуи на кои им претставува задоволство да убијат друго живо битие, се потенцијални насилници и кон луѓето. Такви примери се потврдени и во Република Македонија. Од тие причини бараме најстроги САНКЦИИ ЗА КРИВОЛОВ, ЗАБРАНА ЗА ЛОВ ВО НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ, КАКО И ЗАБРАНА ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВИ ЛОВИШТА во РМ.

13. БАРАМЕ ДА СЕ ЗАПОЧНЕ ПРОЦЕС НА ЗАТВОРАЊЕ НА ЗООЛОШКИТЕ ГРАДИНИ, затоа што се непрофитабилни, скапи, несоодветни и неповолни, декадентни и неетички, како за едукација така и за забава.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Вто Дек 27, 2016 4:56 pm

Ushte eden vid zhivotni se soochuva so ischeznuvanje...

ГЕПАРДИТЕ СЕ ПРЕД ИЗУМИРАЊЕ



Истражувањето покажало дека во дивина останале само 7.100 од овие најбрзи цицачи на светот, пишува во вторник ББЦ.

Гепардите се загрозени бидејќи живеат надвор од заштитените подрачја и сѐ почесто доаѓаат во контакт со луѓето.

Стручњаците, заради тоа, барат што поскоро од категоријата ранливи да бидат префрлени во категоријата загрозени животински врсти.

Според студијата, повеќе од половина од преостанатите гепарди живеат во шест држави во Африка. Овие животни практично се истребени во Азија, со само педесетина живи примероци во Иран.

Бидејќи се движат на големи подрачја, нивните живеалишта ги надминуваат границите на заштитените подрачја. Се проценува дека 77 отсто од нивниот хабитат е надвор од националните паркови и резервати.

Резултат на тоа е животните исклучително да патат, бидејќи фармерите ја претвораат дивината во обработливо тло, а пленот на овие месојади е во пад заради ловот заради прехрана на луѓето.

„нашата студија покажува дека големи подрачја кои им се потребни на гепардите за нормален живот, во комбинација со редица ризици со кои инаку се соочени животните во дивина, значи дека гепардите се соочени со изумирање многу повеќе од она што претходно се мислеше“, рече сара Дурант од Зоолошкото друштво од Лондон.

Уште еден голем проблем е илегалното криумчарење на млади од гепард, посебно барани во земјите од Персискиот залив.

Цената на црниот пазар достига и до 10.000 долари, а последните 10 години од Африка се прошверцувани 1.200 млади гепарди, од кои 85 отсто угинале по пат, пишува ББЦ.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Нед Јан 22, 2017 7:41 pm

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ МУ ОСТАНУВААТ НА БАЛКАНСКИОТ РИС



Најновите генетски истражувањa докажуваат дека балканскиот рис навистина се разликува од останатите подвидови во Европа и дека треба да се смета за посебен подвид. Според Меѓународниот кодекс за зоолошка номенклатура сега рисот се води по своето првично име: балкански рис

КИРИЛ ПРЖО


Територијата и популацијата на балканскиот рис во Македонија се намалуваат, иако тој е под целосна законска заштита, а единствената област за негова репродукција е Маврово. Најголемата опасност за рисот е уништувањето на неговите живеалишта со дозволување да се лози и да градат ски-центри и хидро-енергетски инсталации во националните паркови. Во Македонија постои национален акционен план за заштита на балканскиот рис, но тој не е усвоен од ресорните министерства. Единствено неколку граѓански организации ја спроведуваат програмата за негова заштита.

Во Европа постојат 228 видови цицачи, од кои 15 проценти, односно еден од шест видови се загрозени. Еден од нив, балканскиот рис, живее кај нас. Него, како посебен подвид за прв пат го има опишано бугарскиот зоолог Иван Буреш во 1941 година и му го дава името - балкански рис (Lynx lynx balcanicus). Подоцна, српскиот мамолог Џорџе Мириќ по долгогодишнo истражување ќе ја потврди посебноста на балканскиот подвид, но му дава ново систематско име - Lynx lynx martinoi. Но, најновите генетски истражувањa докажуваат дека балканскиот рис навистина се разликува од останатите подвидови во Европа и дека треба да се смета за посебен подвид. Според Меѓународниот кодекс за зоолошка номенклатура сега рисот се води по своето првично име: балкански рис.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Нед Јан 22, 2017 7:41 pm

Како дел од истражување, тимот на Македонското еколошко друштво (МЕД), во 2008 година првпат фотографираше рис во Македонија преку методот на фото замки, со што се потврди повеќедецениската дилема околу неговото постоење. Подоцна, во 2010 година тимот на МЕД, првпат, за научни цели залови жив рис мажјак кој го доби името Марко. Оттогаш, преку методот на ловни кутии се заловени 4 мажјаци (Марко, Спасе, Мартин, Дeки IV), и тоа сите во рамките на Националниот парк Маврово.

Според Црвената листа на Меѓународната заедница за заштита на природата, балканскиот рис влегува во категоријата на критично загрозен вид (Critically Endangered CR). Во оваа категорија спаѓаат видови кај кои бројот на возразни репродуктивни единки во природата е помал од 50. Вкупната популација на балканскиот рис се движи околу 27-52 независни адултни и субадултни единки што значи дека, бројот на возрасни и најважно, репродуктивни единки е околу 20-39. Територијата на која опстојува балканскиот рис е поделена во две целини со што и популацијата е поделена. Едната во Македонија (Националниот Парк Маврово), а другата во Албанија и Црна Гора. Балканскиот рис живее на планински терени, во дабови, букови, зимзелени или мешани шуми. Преку ден може да се сретне на голи карпести области. Во летниот период ги посетува и високопланинските пасишта. Се храни со срни, диви кози, диви зајаци и со други помали цицачи. Во почетокот на 1990-тите со Пан-европската проценка на експерти од регионот е утврдено дека и територијата и популацијата на рисот се во намалување.

Последните проценки на Програмата за заштита на балканскиот рис во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора укажуваат на делумна стабилизација на популацијата и територијата која таа ја опфаќа. Она што е исклучително важно е дека единствената позната област за репродукција на балканскиот рис е Националниот парк Маврово и неговата околина во Македонија.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Нед Јан 22, 2017 7:41 pm

Балканскиот рис не е само национална гордост

Рисот како предатор има екосистемска улога на биоконтролор, односно ја регулира популацијата на другите помали цицачи. Дури, рисот може да има контрола и врз ширење на болести помеѓу дивите животни. Пример за тоа е иберискиот рис кој хранејќи се со дивиот зајак ја спречил паразитската болест која овие зајаци ја пренесувале низ Европа. И, најважно, рисот претставува чадор вид, односно неговата состојба ја дава сликата за состојбата на екосистемот, популацијата и состојбата на популациите на неговите пленови, состојбата на шумата итн. Според истражувањето објавено во BioScience освен екосистемски улоги, присуството на предатори во екосистемите го менува и ставот на човекот. Поради постоењето на инстинктивен страв кај човекот, се јавува стравопочит кон предаторите, а со тоа и почит кон екосистемот. Во истражувањето на Ke?i E. et al. 2007 спроведено помеѓу жителите на планинските региони каде живее рисот, наведено е дека луѓето и домашната стока не трпат никакви повреди и штети од рисот, споредено со волкот или кафената мечка. Овие резултати укажуваат на тоа дека населението би можело да се вклучи во негова заштита.

Балканскиот рис би можел да помогне и при заштита на други важни биолошки подрачја. Истражувањето на Schwaderer G. et al, 2008 утврдува дека балканскиот рис како заштитен и загрозен вид може да влијае врз одлуките за прогласување нови заштитени подрачја доколку неговото присуство се потврди во тие предели. Ова, во случајот со Македонија би значело прогласување нови заштитени подрачја во делот на Шар Планина и Јабланица.

avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Нед Јан 22, 2017 7:42 pm

Заканата за исчезнување е секојдневие за балканскиот рис

Најголемите закани со кои се соочува балканскиот рис се: малата популација, намалувањето на изворите за исхрана (животни за лов), уништувањето на живеалиштата и криволовството. Фактот дека популацијата е составена од 20-39 единки сам по себе претставува опасност за исчезнување на балканскиот рис. Ловот на рисот во Македонија според Законот за ловство е ставен под трајна забрана. Сепак, криволовството постои и тоа негативно делува врз рисот на два начина: директно - преку загуба на единки и индиректно - преку нерегулиран лов на пленот со кој тој се храни. Според Ivanov et al.,2008 присуството на срната, дивата коза и дивиот зајак се клучни за опстанокот на балкансиот рис на територијата на Македонија и Албанија.

Најголемата опасност за рисот е уништувањето на живеалиштата, но голема улога врз популацијата имаат и туристичките и рекреационите активности. Дозволувањето на лов и градењето ски-центри во националните паркови можат да станат најголемите вознемирувачи на дивиот свет, особено на рисот. Според Melovski et al. 2012 регулирањето на ловот како и прогласувањето нови заштитени подрачја позитивно би влијаело врз состојбата на популацијата на балканскиот рис. Информациите од терен упатуваат на индикации дека поради крзното, уловените рисови се продаваат во Грција. Крзно од рис е еднаш забележано во Македонија, но транспорт до друга држава не е потврден. И покрај законската заштита, за жал, препарирани рисови што се користат како декорација може да се сретнат низ селата во западна Македонија и во Албанија.

Најавите за изградба на нови хидро-енергетски инсталации во 2015 година во рамките на Националниот парк Маврово беа директна закана за опстанокот на балканскиот рис. Тоа иницираше петиција против изградбата, која ја поддржаа 100.000 граѓани и 119 научници, за Европската банка за обнова и развој да ги повлече планираните средства за фининасирање на проектите во овој регион.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Нед Јан 22, 2017 7:42 pm

Ништо не е готово

Балканскиот рис е под целосна законска заштита и во Македонија и во земјите каде се наоѓа. Но, за да имаме успешна заштита, според анализата на Breitenmoser U. Et al., 2008 мора да се воспостави т.н. заштитарски триаголник. Тоа значи дека, за заштита на балканскиот рис не е доволно само да се спроведуваат истражувања, туку е потребен комплексен систем во кој ќе бидат вклучени три компоненти: Владата и владините институции, експертската јавност и граѓаните кои се директно поврзани со проблематиката (сточари, ловци, шумари). Во Македонија постои национален акционен план за заштита на балканскиот рис, но тој не е усвоен од ресорните министерства. Акциониот план за целното подрачје во Националниот парк Маврово е одобрен во 2015 година, но се уште целосно не е имплементиран. Група организации, на чело со Македонското еколошко друштво се единствените институции кои работат на заштита и закрепнување на балканскиот рис и ја спроведуваат програмата за негова заштита. Ниту една друга државна институција не покажала посебен интерес кон рисот. Дел од државните институции симболично го прогласија рисот за маскота на македонската фудбалска репрезентација и го аплицираа ликот на рисот на брош на новата гардиска униформа на АРМ. Но со тоа не се заштитува балканскиот рис. Досега државните институции, особено ресорните, остануваат неми, па дури и игнорантни во врска со опасностите кон рисот, особено поврзано со предлогот за изградба на нови хидроцентрали во Маврово.

За заштитита на балканскиот рис потребно е целосно спроведување на предвидените акциски планови, зголемување на едукацијата кај локалното население, особено кај децата, како и подобра соработка помеѓу невладините организации, стручниот сектор и државните институции. Научниците, биолозите и експертите прават сее' што можат да ја заштитат оваа дива мачка. На ред се властите. Потребна е соработка и посветеност, за да не ни се случи рисот да остане само во нашите сеќавања и на монетата со апоен од 5 денари.

avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Нед Јан 22, 2017 9:30 pm

Бранко Вигњевиќ од Белград се шетал покрај Земунскиот кеј која здогледал куче кое беспомошно трчало по мразот. Кучето во еден момент се оддалечило од брегот, а потоа паднало во Дунав.

Неколку храбри луѓе со помош на јаже тргнале да го спасат кучето. Еден од спаусувачите влегол во водата и успеал да го дофати кучето и да го извади надвор од водата.

Откако кучето Медо било спасено, другите спасувачи му помогнале на нивниот другар Тоза да излезе на брегот.

Бранко сето тоа го фотографирал и го објавил на Фејсбук.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Нед Јан 22, 2017 9:32 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Сре Фед 01, 2017 5:59 pm

Кога надлежните покажуваат немоќ на сцена стапуваат трујачите на животни

Пред триесеттина години ги убиваа со огнено оружје во ловџиски хајки низ охридските улици, денес, во 2017 година, бездомните кучиња, кои во најголем дел се последица на човековата негрижа, се убиваат со растурање отров. Се е исто само методот е различен, коментираат загрижени граѓани. Последниот случај е од синоќа во населбата Лескајца во близина на основното училиште и градинката. Несовесен граѓанин истурил отров онаму каде секојдневно поминуваат стотина дечиња. Во тешки маки угинаа неколку бездомни кучиња. Во опасност се бројни миленици, но и луѓето.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Сре Фед 01, 2017 5:59 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Сре Фед 01, 2017 6:00 pm

Надлежните и натаму го игнорираат проблемот со бездомните животни (во најголем дел кучиња), кои во последно време се намножија во повеќе охридски населби, што ги вознемири граѓаните, дотолку повеќе што низ истите улици секојдневно поминуваат децата за на училиште следени од гладни животни. Опасноста ни најмалку не смее да се игнорира, напротив, но убивањето е крајно нехумано решение, реагираат граѓани. Но има и поинакви мислења изнесени на социјаните мрежи каде граѓани бараат итно да се реши проблемот со бездомните кучиња плашејќи се за нивната безбедност. Некои отворено повикуваат дека бездомните кучиња мора да се „решат“ и дека подобро е да настрадаат тие, отколку нивните деца.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Сре Фед 01, 2017 6:00 pm

Ваквото размислување е неприфатливо за љубителите на животни и здруженијата за нивна заштита. Тие укажуваат дека проблемот е во нефункционалниот систем и непочитувањето на законот за благосостојба на животните. Во градот не постои соодветно прифатилиште за згрижување на бездомни животни, иако законот ги обврзува општините на тоа. Дополнителен проблем се неодговорните граѓани кои по извесен период ги напуштаат своите миленици и ги оставаат на улица. Истото се случува и доколку нивниот миленик се спари со „непосакуван партнер“. Таков случај деновиве регистрира здружението за заштита на животни „Анималиа“. Седум мали кутриња се пронајдени од граѓанин оставени во картонска кутија. Дел се вдомени, дел привремено згрижени. Здружението апелира до граѓаните за помош и згрижување на напуштените кутриња, како и за помош во храна и млеко која им е неопходна да опстанат.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Сре Фед 01, 2017 6:00 pm

avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Teo on Сре Фед 01, 2017 6:00 pm

Проблем со бездомните животни има во секоја македонска општина, што само ја потврдува констатацијата дека и во овој случај законите во државата важат само на хартија и се применуваат селективно, како и дека свеста и кај институциите и кај граѓаните по ова прашање е на исклучително ниско ниво, коментираат љубителите на животни. Посочуваат дека во развиените земји кон кои се стреми нашето општество постои строга контрола на сопствениците на животни, но и грижа за бездомните животни, што во крајна мера е во функција на безбедноста на граѓаните. И додека таму проблемите се решаваат, кај нас се се' сведува на апели и препукувања на социјалните мрежи за проблемот со бездомните кучиња и нивниот третман, но никој не сноси одговорност. А кога институциите ќе затаат, на сила стапува законот на посилниот. Колку „цивилизирано“.

Г.Момироски
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zashtita na zhivotnite

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 3 Previous  1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот