ZORAN ZAEV

Страна 12 of 12 Previous  1, 2, 3 ... 10, 11, 12

Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пет Сеп 22, 2017 7:02 pm

E mnogu mi e kjeif koga chitam kako kvichite od toa shto Tramp vi go nachuka do daska a ne smeete da mu stanete od skut tuku samo mu prichinuvate pogolemo zadovolstvo koprcajki se...

_________________
NE GO BOJKOTIRAM TRENDAFIL NITU REFERENDUMOT
avatar
Teo

Број на мислења : 3409
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by OPOZICIONER on Пет Окт 13, 2017 11:34 pm

spored mene ,mnogu opshtini ke bidat sdsmovski ,ke se smeni vladeachkata struktura ,a pobednici na izborite ke bidat od SDSM

_________________
KONTRA BOJKOTIRAM
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 354
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by OPOZICIONER on Нед Окт 15, 2017 3:00 am

ostana ushte malku ,mene son ne me fati ,dali ke dojde zivotot vo site opshtini bash me interesira

_________________
KONTRA BOJKOTIRAM
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 354
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пон Дек 11, 2017 12:37 pm

Ja stavam kolumnava ovde od dve prichini...Milchin mu se obrakja direktno na Zaev...A imenuvaniot ako e pameten kje ja prochita nekolku pati...

Врати се дома, Заев, времето си лета!

Владимир Милчин ● во 15:50 09 декември 2017 ● Прочитано 24599


Наумив да исчекам со писмово да помине празников, но откако те видов седнат до поглаварот кој нема ништо заедничко со духовноста на Климент Охридски, побрзав да ти се обратам јавно пред да заминеш во некоја од престолнините во туѓина или на заедничка седница со некоја од комшиските влади.

Времето си лета, премиеру! Не е време за празнувања ниту за куртоазни и протоколарни визити кои резултираат главно со повторување на веќе познатото и кажаното. Намерните или ненамерните „гафови“ на функционерите на ЕУ во употребата на името Македонија не се доволна причина за еуфорија во земјичкава во која сè уште, иако некако зарипнато, одекнува паролата „Нема правда, нема мир!“. Членството во НАТО (веројатно во блиска иднина) и во ЕУ (веројатно во помалку блиска иднина), сè уште не се на дофат на рацете и не можат да бидат компензација за стравувањата дека паролата „Живот за сите“ ќе остане само парола.
Претпоставувам дека освен оние кои се платени да ја информираат јавноста за активностите на владата и за твоите активности, имаш и такви кои се платени да те информираат и за убавото и за грдото што се случува во земјичкава. А можеби се истите? Доколку се истите кои во неколку наврати беа фатени како ја дезинформираат јавноста, дотолку полошо. Како и да е, сè уште ме мачи дилемата дали твоето неизјаснување за забеганоста и аздисаноста на новоизбраните и новоименуваните функционери е резултат на неинформираност или на одбегнување да се соочиш со реалноста која од тебе бара решителни потези. Тие се единствениот начин граѓаните да здивнат од бремето на прашањето дали новата власт сепак не е како старата.

Знам дека пратениците и членовите на ДИК не се под ингеренција на премиерот. Но ти не си само премиер, ти си и претседател на СДСМ и лидер на владејачката коалиција и, како таков, одговорен си не само за конфликтите на интереси, клиентелизмот, непотизмот, расипништвото и разгаќеноста во јавната администрација, туку и за „братството по оружје“ на оние од СДСМ, ВМРО и ДУИ, кое излегува на виделина кога ќе бидат фатени со рацете во медот. Сложни калуѓери и во петок мрсат, нели? Не можам да се ослободам од чувството дека Бејли се појави во улога на „свиркач“ и поради твоето неизјаснување за себенаградувањето зад затворените врати на ДИК.

Итните реформски приоритети ниту се утврдени ниту се остваруваат на заеднички седници со владите на Бугарија, Србија, Албанија и Косово, туку на седници на твојата влада, премиеру. Итните реформски приоритети не се остваруваат ни со „експертизата“ на луѓето кои ги скроија законите што го овозможија владеењето на режимот против кој се боревме 10 години. Рецидивите од тој режим нема да ги отстранат неговите рецидивисти, луѓето за сите режими, од кои мнозина се создадени или растени во кадровските кујни на СДСМ. Неопходно е да се дистанцираш од нив пред да биде доцна. Неопходно е да не дозволиш министрите да ти ги шверцуваат во разни совети. Но, неопходно е и да ги заштитиш оние министри кои зад кулисите се изложени на притисокот од самопрогласените партиски комесари.

Се плашам дека те дезинформираат дека сите критички (не критизерски!) гласови, а ги има сè повеќе, се гласови само на некогашни соборци незадоволни поради тоа што извисиле во борбата за фотелји. Не ќе да е така, премиеру. Пред неколку дена своето разочарување од себенаградувањето во ДИК го објави Бранимир Јовановиќ, нововработен раководител во Министерството за финансии. Потоа се огласи Сашо Тасевски, в.д. директор на Драмски театар, протестирајќи против телефонски налози да изврши трансфер на актери. Способноста, а уште помалку талентот, особено во уметноста, не произлегуваат од партиските заслуги или невладиниот активизам. Пречекорувањето на ингеренциите и злоупотребита на функциите мора да бидат казнети, без оглед на партиските заслуги. Ми се чини дека е крајно време не само да потсетиш на владеењето на правото, туку и да ја казниш забеганоста која го ништи токму владеењето на правото.

Претпоставувам дека коалицијата со ДУИ не беше посакуван, туку неизбежен компромис кој разочара и многу наши сограѓани Албанци. Но, секој компромис, па и овој, подразбира отстапки од двете страни, а функционерите на ДУИ не даваат сигнали дека во коалицијата со СДСМ нема да се однесуваат како што се однесуваа во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Владата не може да има две политики, министерствата не можат да имаат по две политики, различни толку многу што се спротивни. Двојни стандарди не смее да има врз основа на етничката припадност на фунционерите, како што не смее да има ни врз основа на партиската припадност.
Не знам какви интереси се кријат во заткулисните игри поради кои Македонија нема министер за здравство. Но, знам дека пазарењето, заради партиски или етнички (патем биди речено, кај нас и едното и другото честопати претставува само параван за клиентелистички) интереси, го онеспособува здравството кое се тетерави толку што му се заканува клиничка смрт.

Врати се дома, премиеру, нештата не се одвиваат во посакуваната насока! Соочи се со секојдневието во кое граѓаните не ги препознаваат ветувањата. Дишат на шкрги во животната околина која не е загадена само од издувните гасови, туку и од фалсификуваните лекови, остануваат без здив не само поради недостигот на чист воздух, туку и поради недостигот на пристојност и морал кај избраните и именуваните функционери, поради нивното фарисејство, ароганцијата и ненаситноста. Сиромаштијата е тешко поднослива, но најнеподнослива е кога граѓаните знаат дека се плен на безобразно богати криминалци кои се кријат под скутот на власта и го чекаат денот кога ќе ја зграпчат за врат, ќе ја искомпромитираат и на крајот ќе ја згазат доколку во неа видат и такви кои се непоткупливи и отпорни на привилегиите.

Нема да должам, премиеру. Ми паѓа лошо од набројувањето на проблемите кои го чекаат вашето враќање дома. Колку повеќе го одложувате соочувањето со нив, толку поголеми и потешки ќе ви се видат. Сè уште не е доцна за враќањето на оној Заев кој ја разбуди надежта во Македонија!
avatar
Teo

Број на мислења : 3409
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 12 of 12 Previous  1, 2, 3 ... 10, 11, 12

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот