Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 9 of 43 Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 26 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 03, 2017 8:16 pm

Вага

За вас февруари ќе биде месец во знак на семејството, со оглед на тоа дека потребно е да ги слушнете и нивните потреби. Внимавајте, на некои од нив сте им потребни, а вие не го забележувате тоа. Освен тоа, ова е месец кој ќе го паметите по убави случувања. Романтиката ќе биде во прв план, а ќе бидете привлечени од личност на која никогаш не сте ни помислиле, а која е во вашата близина. Севкупно, ова е месец полн со забава, дружење и флерт.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 03, 2017 8:16 pm

Шкорпија

Доколку сте во врска, февруари е месец во кој ќе се најдете на „мирна улица“. Нештата ќе бидат како што ви одговара и ќе уживате со саканата личност. Доколку сте слободни, време е тоа да се промени. Повеќе од било кога, ќе имате опција да сретнете личност со која ќе започнете убави и квалитетна врска и која мошне брзо ќе ве освои. Но, она што ќе ве звунува е вашата постојана потреба да се премислувате, претерано да размислувате и да одите со разумот. Пуштете срцето да ве води и ќе видите дали сте донеле добра одлука.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 03, 2017 8:16 pm

Стрелец

Љубовниот живот не ви беше во најдобра форма периодов и многу бевте незадоволни. Но, време за промени во вашиот живот. Како што покажуваат ѕвездите, ситуацијата сериозно се менува кај вас. Ве очекува интересен период, а нашиот совет е да се опуштите и да се препуштите на емоциите. Така ќе доживеете навистина убави работи.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 03, 2017 8:16 pm

Јарец

Месецот февруари е месец на љубовта кај вас, не само кај другите. Ќе уживате во вниманието и љубовта која ја добивате од партнерот/партнерката и затоа февруари ќе биде задоволувачки и мирен месец, како што секогаш посакувате. Без многу промени и случувања, ова ќе биде мирен и солиден месец, со што ќе бидете задоволни. Слободните Јарци не ги очекува промени во статусот на врската, па затоа наредниот период ќе уживате во флертот и дружењата.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 03, 2017 8:16 pm

Водолија

Доколку сте слободен претставник на овој знак, треба да знаете дека ве очекуваат промени. Прво ќе сакате авантури и кратки познанства во што сигурно ќе уживате, но потоа следи едно многу интересно познанство, што има можност да премине во фина и квалитетна врска. Немојте да се чудите ако тоа е со личност со која на почетокот сакавте само незадолжителен секс. Водете сметка за семејните односи, бидејќи можат да настанат проблеми поради некои помали ситници.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 03, 2017 8:17 pm

Риби

Наредниот период ве очекуваат несогласувања, бидејќи ќе ви изгледа како вашите желби и оние на партнерот да се малку различни. Сепак, важно е да научите да воспоставите баланс, за да функционира како што сакате. Пуштете времето да покаже дали тие разлики можат да се надминат и дали ќе успеете да прејдете преку нив. Слободните претставници на овој знак се подготвени за романса која наскоро и ќе им се оствари.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 04, 2017 1:03 am

nitu vo horoskopot nema " nadez " kako ni vo pesnata ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Фед 04, 2017 11:58 pm

seushte nema horoskop ,no ima pesnichka

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16525
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:53 am

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 06-12 ФЕВРУАРИ, 2017)

Овен

Mожеби оваа недела нема да ви биде добра како што ви беше претходната, но потрудете се да го извлечете најдоброто од неа. Малку рекреација и вежбање не е на одмет. Кога ќе имате слободно време, направете вкусна вечера и повикајте ги пријателите.

Среќен ден: Среда
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:54 am

Бик

Оваа недела е дефинитивно ваша недела. Искористете ја за да ги правите кои ги сакате и кои ве прават среќни. Доколку имате партнер, а сѐ уште не сте во врска, можеби оваа недела ќе одлучите го промените тоа и да го зацврсите вашиот однос. Здравјето во овој момент е добро, но не прескокнувајте ги рутинските прегледи.

Среќен ден: Понеделник
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:55 am

Близнаци

Заборавете на тврдоглавоста неделава, бидејќи таа само ви носи негативна енергија и лошо расположение. Наместо тоа, правете компромиси и забавувајте се. Вашиот среќен ден оваа недела е сабота, па очекувајте тогаш да се случи некој пресврт во вашиот љубовен живот.

Среќен ден: Сабота
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:55 am

Рак

Креативноста и иновативноста искористете ја за нешто ново. Покажете го талентот за пишување и можеби тоа е она што ќе ве исполни. Никогаш не е доцна за нова професија. Проблемите кои ги имате на работа, оставете ги на работа, во никој случај не носете ги дома, бидејќи така не само вие, туку и сите околу вас ќе бидат нервозни.

Среќен ден: Четврток
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:55 am

Лав

Поради финансиските проблеми на почетокот на оваа недела ќе се чувствувате депресивно, но затоа тука се вашите пријатели кои ќе се потрудат да ве расположат. Правете работи кои ви причинуваат задоволство, на пример отидете со партнерот во кино, малку промена добро ќе ви дојде и на двајцата.

Среќен ден: Недела
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:55 am

Девица

Оваа недела испланирајте некое кратко патување ос партнерот, кое дополнително ќе ви ја зацврсти вашата врска. Доколку не сте во врска на патувањето можете да отидете со пријатели и нема да зажалите. Во некои делови од неделата ќе се чувствувате како да сте осамени и тажни, но до крајот на неделата сѐ ќе биде во ред.

Среќен ден: Вторник
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:55 am

Вага

Обидете се повторно да се зближите со партнерот и зачинете ја врската. Тоа со сигурност ќе ви донесе добро расположение, како на вас така и на вашиот партнер. Можни се мали проблеми на работа со вашите колеги, но до крајот на оваа недела сѐ ќе се реши. Вежбaјте повеќе.

Среќен ден: Петок
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:56 am

Шкорпија

Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.

Среќен ден: Понеделник
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:56 am

Стрелец

Ведрината повторно ќе може да се види на вашето лице оваа недела. Тоа ќе се должи на неколку пријатни моменти кои ќе ви се случат. Ве очекува малку понапорна недела на професионално поле, но со добра желба, можете сѐ да постигнете. Четврток е вашиот среќен ден оваа недела.

Среќен ден: Четврток
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:56 am

Јарец

Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. Затоа, фатете се за работа и делувајте. Можна е мала расправија со партнерот, но со разговор сѐ може да се реши. Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето.

Среќен ден: Среда
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:56 am

Водолија

Ќе имате мал проблем со финансиите, но до крајот на неделата ќе го средите. Наместо да изглеувате и за шетате, останете во својот дом и уживајте во добар филм. Слободното време искористете го за некој што стварно заслужува. Одбегнуваје ги луѓето што ви створаат негативна енергија. Можни се болки во колената.

Среќен ден: Понеделник
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Фед 06, 2017 9:57 am

Риби

Неделата започнете ја дружејќи се со пријателите и разговарајќи за убавите моменти што сте ги имале во минатото. Во секоја работа што ќе ја започнете бидете горди на себе и завршувајте ја до крај, само така ќе можете да имате успех. Партнерот ќе се чувствува запоставено, затоа обрнете му малку повеќе внимание.

Среќен ден: Недела
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10, 2017 10:00 am

Ѕвездите ви ја откриваат најголемата тајна: Дали годинава ќе пронајдете љубов?

Најважното прашање за многумина кои се интересираат за хороскоп, е кога ќе пронајдат љубов. Ова не е нешто што треба да изненадува, затоа што многумина веруваат дека љубовта е нешто што се случува кога најмалку се очекува. Покрај сето останато, астрологијата ви го дава тоа посакувано чувство дека го држите под контрола љубовниот живот, а тоа е и доказ дека вашата романтична судбина е испишана во ѕвездите. За да имате мал увид во љубовниот живот, прочитајте ја оваа љубовна прогноза за 2017 година.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10, 2017 10:00 am

Овен

Оваа година првиот знак во зодијакот ќе биде понезависен од кога било порано. Личностите родени во овој знак нема да бидат премногу фокусирани на долгорочна љубов, туку на достигнување на своите цели. Постои еден исклучок од тоа, а станува збор за крајот на март. Тогаш личностите ќе го променат својот пристап кон врските, убавината и чувството на сензуалност. За Овните, кон крајот на март Венера ќе биде во знакот на Риба – мистичен и романтичен знак кај кој ништо не е како што изгледа. Ова малку ќе ги збрка Овните, па ќе бидат цел на заведување во текот на април.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10, 2017 10:00 am

Бик

Во март и април, Биковите ќе бидат принудени да се соочат со фактот дека одлуките кои ги донесуваат во врските, влијаат на иднината. Можеби ќе биде време повторно да ги процените своите врски, вклучувајќи ги и пријателствата. Личностите родени во знакот Бик ќе се чувствуваат како некој да им го извлекол тепихот од под нозете. Можеби ѕвездите не истакнуваат јасно доаѓање на љубов и нови врски, но сигурно е дека кој ќе остане со Бикот после пролетните авантури – таму и ќе се задржи.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10, 2017 10:00 am

Близнаци

Кога се во прашање врските, комплицираните Близнаци ќе имаат година полна со авантури. Овој знак во 2017 година или ќе развие важна врска или ќе учествува во долго додворување. За тоа е виновен Сатурн, кој со себе може да донесе некои работи што ќе ве тестираат и вас и луѓето околу вас. Ќе дојде до ултиматум: Раскинете или останете заедно. За среќа, кога Сатурн ќе го напушти вашето поле на врските на крајот на годината, ќе дојде до олеснување. Меѓутоа, имајте го предвид следново: Со оглед на тоа дека Меркур силно влијае на вас, во април избегнувајте значајни чекори во врска со романтиката.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10, 2017 10:01 am

Рак

Личностите родени во знакот Рак оваа година ќе имаат чувство како повторно да се родени, па ќе имаат сила да се соочат со сите љубовни проблеми кои ги измачуваат. Најдобар начин да го искористите ова е да бидете свесни за тоа што се случува, а и дека апликациите за запознавање не се за вас оваа година. Колку подобро ги анализирате претходните врски, толку повеќе ќе бидете спремни да продолжите понатаму. Поради проаѓањето на Плутон низ вашиот знак, вие ќе зрачите со привлечност и сексуалност, па на повидок се возбудливи состаноци. Можеби ќе запознаете посебна личност, само бидете сигурни пред да се впуштите во што било.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 9 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 9 of 43 Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 26 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот