Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 26 of 43 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 34 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Ное 12 2017, 17:08

Јарец

Обидете се да ги завршите вашите важни обврски до средина на неделата. Како што ќе минува неделата, така вашата енергија ќе опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно.

Среќен ден: Четврток
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Ное 12 2017, 17:09

Водолија

Енергетското ниво ви е стабилно, но вие сте неразумни, непредвидливи и не сте склони на анализирање на логиката на настаните. Вашата самодоверба моментално се граничи со суетата и поради тоа можете да претрпите финансиска загуба.

Среќен ден: Недела
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Нед Ное 12 2017, 17:10

Риби

Оваа недела ќе ви помине во знакот на љубовта. Покажете му на партнерот колку ви е важен дел од вашиот живот. Кон крајот на неделата ве очекува пријатно изненадување од некој пријател. Внимавајте на вашето однесување на работното место, не сте омилени меѓу соработниците.

Среќен ден: Сабота
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:05

Еве за викендов од мене, доста се жалеше. ХОРОСКОП - Page 26 Happy-smiley21

ВИКЕНД ХОРОСКОП (25 – 26 НОЕМВРИ, 2017)

ОВЕН
Ќе се најдете во друштво на непознати луѓе, но одлично ќе се вклопите. Вашата страст ќе ви помогне да го освоите вниманието, иако нема многу да се трудите да го постигнете тоа. Не се обидувајте да контролирате сѐ што се случува околу вас. Овие два дена препуштете ѝ се на забавата. Внимавајте, некоја Скорпија која постојано ви нуди совети, нема добри намери.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:08

Бик

Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој Бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:08

Близнаци

Понекогаш треба да делувате брзо и одлучно без премногу тактизирање. Со саканата личност уживајте во работите кои ви се заеднички. Потпрете се на интуицијата. Посветете внимание на различните информации кои ги добивате за да можете коректно да ги завршите работните задачи. Внимавајте на однесувањето со колегите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:08

Рак

Викендов ќе бидете многу неодлучни. Предолгото размислување нема да ви помогне. Бидете поодлучни и дејствувајте веднаш. Нема да ви биде лесно да си одделите енергија за проблемите на другите луѓе, но ќе бидете принудени да го направите тоа. Сочувствувајте со ваш колега или пријател и дајте му пријателски совет. Не мора да глумите преголема загриженост, едноставно бидете отворени за разговор.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:09

Лав

Постојано ќе среќавате личности кои ќе ви испраќаат збунувачки сигнали. Но, вие најдобро е да стоите блиску до стабилни личности кои избегнуваат игри и за кои знаете дека немаат скриени намери. Не останувајте зачудени ако луѓето се однесуваат необично. Тие ќе направат се за да се истакнат и да застанат во центарот на вниманието.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:09

Девица

Немате време за губење, ве чекаат важни одлуки и успеси. Се повлекувате во сопствениот свет, го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени. Уживајте во тоа што ви се нудат, не се оптоварувајте со хипотетички прашања. Обрнете внимание на вашите соработници, тие ви сугериираат нешто што за вас е доста корисно.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:09

Вага

Викендов ќе бидете прилично нервозни. Напнатоста во вас ќе предизвика конфликти и проблеми, а неодлучноста ќе биде вашиот најголем проблем. Ќе се обидувате на секаков начин да го направите вистинскиот чекор. Но, прво смирете се а потоа концентрирајте се на извршување на обврските. Некоја Водолија ќе ви понуди помош, прифатете ја и заблагодарете и се.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:09

Скорпија

Oва е викенд кога треба да им бидете благодарни и да ги цените луѓето околу вас, а не да ги критикувате. Организирајте нешто убаво за оние кои ги сакате и кои често ве поткрепуваат, а некогаш ве критикуваат со цел да го избегнете правењето на грешки. Соработниците, колегите и шефовите се разочарани од вашата негативност, обидете се да го промените тоа.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:09

Стрелец

Дејствувате како молња за да го остварите максимумот. Некоја ситуација бара поголемо штедење од ваша страна. Ќе бидете задоволни, но само ако се свртите кон решавање на работите за кои сте одговорни. Ви годи осаменоста и уживате. Имате можност да осварите некоја нова соработка, внимателно со инвестирањата во непознати нешта.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:10

Јарец

Немате премногу време за размислување. Со Вагите и Близнаците постигнувате прилично добра соработка. Ненадејните случувања ве вадат од колосек, и покрај тоа што ви ги изгледаат интересни. Еден Бик се труди да ви излезе во пресрет. Внимавајте на финансиите, трошите премногу.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:10

Водолија

Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете викендот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Ное 24 2017, 20:10

Риби

Секогаш сте се потпирале на други луѓе за да се чувствувате посигурни, било да се работи за ваш пријател, роднина или друга блиска личност. Време е да си го покачите нивото на самоувереност и да станете посамостојни. Шетајте со гордо крената глава. Способни сте да постигнете многу повеќе отколку што си мислите.

http://srekja.mk/vikend-horoskop-25-26-noemvri-2017/3/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Delta Нед Ное 26 2017, 11:30

samo uste mentalnata institucija da ti se pogodi.,/./,
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:31

Месечен хороскоп – ДЕКЕМВРИ, 2017
• Петок, 01 Декември 2017
Нè очекува возбудлив и финансиски успешен крај на годината. Небесните тела се подредуваат така што ќе ги истакнуваат нашите најдобри карактеристики.

Венера ќе нè потсети на убавината на спонтаноста и ќе ни подари многу романтични моменти кои засекогаш ќе ни се врежат во срцата.

Единствен негативен настан е ретроградното движење на Меркур, планетата на комуникацијата, од 3 до 23 декември. Тоа значи дека можно е да дојде до одложувања на патувања, губење на документи или важни електронски податоци, како и зачестени расправии поради недоразбирања. Совет: Правете копии од важните документи, проверувајте ги резервациите и аранжманите и бидете потрпеливи.

Најсреќни овој месец недискутабилно ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ, но и ЈАРЦИТЕ ќе добијат фантастична најава за прекрасниот период кој им претстои.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:34

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Декември, 2017
Љубов
Возбуда, динамика, непредвидливи постапки... Последниот месец од годината ќе ви ја зголеми желбата за забавување и експериментирање. Романтиката нема да ве привлекува, ќе ѝ дадете предност на спонтаноста, а авантурите нема да изостанат.

На 1 декември Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во стрелец, вашата 9-та куќа на авантурите, патувањата и оптимизмот. Ќе гледате на животот само од посветлата страна, а токму поради тоа ќе бидете најпожелна личност во секое друштво. Хуморот ќе ви помогне да се зближите со лица кои често ставаат пред себе непробоен штит.

Монотонијата нема да има место во вашата врска. Со партнерот ќе бидете решени да внесете возбуда и неуморно ќе планирате забавни и романтични активности. Многумина ќе ви позавидат, бидејќи отстрана ќе изгледате како заљубени и авантуристички настроени гулапчиња. Копнежот по нови дози адреналин ќе ве однесе на места кои досега не ги имате посетено. Патување е зацртано во новогодишните планови на многу овни.

Овните со статус сингл до крајот на годината ќе уживаат во својата слобода и умислено ќе ги оттурнуваат од себе повеќето потенцијалните партнери. Најмногу ќе ве привлекуваат лица кои ви контрираат. Ќе се уверите дека честопати спротивностите се привлекуваат.

Од 9 декември, па до крајот на годината, Марс ќе патува низ вашиот сектор на интимноста и интензивните емоции. Физичката блискост со партнерот ќе ви биде особено важна. Значително ќе ја покачите температурната во спалната соба. Сепак, имајте на ум дека Марс носи и силни емоции, па можно е да се соочите со проблемот наречен љубомора.

Ќе заведувате дури и кога нема да се трудите да привлекувате.

На 18 декември младата месечина ќе настапи во вашиот сектор на патувањата и авантурите. Голема е веројатноста да се заљубите во странец или личност која „не е ваш тип“. Некои овни ќе отпатуваат далеку од местото на живеење.

На 25 декември Венера ќе премине во вашиот сектор на долгорочното планирање. Големи се шансите токму за време на празничниот период да се израдувате на свршувачка или нова врска која брзо ќе прерасне во силен љубовен сојуз.

Пари и работа
Овни, за вас нема пауза, нели? Во последниов месец од годината активно ќе работите за полнење на вашиот паричник, а најубавото е што вашите напори нема да бидат залудни.

На 3 декември ќе настапи полна месечина во вашиот сектор на комуникацијата, па ве очекува разговор кој ќе има огромно влијание врз вашата кариера.

Младата месечина на 18 декември ќе ве поттикне посмело да ризикувате со пари или деловни стратегии.

На 21 декември Сонцето ќе влезе во вашиот сектор на претприемништвото и експанзијата. Ќе соберете храброст за да ги направите финалните чекори за започнување на сопствен бизнис, или ако имате своја фирма, сега ќе се насочите кон проширување.

Здравје
Небесните тела ќе го акцентираат вашиот сектор на авантурите и патувањата. Колку што е можно почесто поминувајте повеќе време на отворен простор. Прошетките во парк или природа ќе ве преродуваат.

Екстремно добра вест е што наскоро (на 9 јануари) Уран ќе го прекине ретроградното движење во вашиот знак. Ќе се исполните со позитивна енергија и со леснотија ќе ги бркате песимистичките мисли од вашата глава. Ќе ве обземе внатрешен мир, па ќе се радувате на одлично психичко здравје

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:38

БИК (20. IV – 20. V)

Декември, 2017
Љубов
Декември крие многу изненадувања за вас, па подгответе се за еуфоричен крај на годината.

На 1 декември Венера ќе премине во стрелец, а таму ќе патуваат и Меркур и Сонцето. Ќе го држите својот љубовен живот подалеку од љубопитните погледи. Нема да споделувате многу за себе и за партнерот и ќе ги претпочитате интимните средби пред излегувањата во големи друштва. Експериментирањето во спалната соба ќе ве усреќува.

Иако ќе бидете експерти во љубовните игри, тоа не значи дека нема да посакувате сериозен партнер со кого ќе го прославите доаѓањето на новата година. Благодарение на Марс, кој од 9 декември па до крајот на годината ќе престојува во вашиот сектор на сериозните врски, ќе ги задржувате погледот само на личностите кои ви нудат повеќе од обична авантура.

Во врска сте? Марс со сигурност ќе ви подари мигови за паметење, но поради интимната природа, тие ќе останат засекогаш само помеѓу вас и партнерот.

Додека Меркур ќе се движи ретроградно (3-23 декември) големи се шансите да се соочите со недоверба во врската. Не им придавајте преголемо значење на сомнежите, бидејќи големи се шансите да се плод на вашата фантазија. Во текот на овие 20 дена, можно е да е во вашиот живот да се врати поранешен партнер.

Младата месечина на 18 декември ќе ве поттикне да бидете поотворени и да му го олесните патот до вашето срце на лице кое упорно се обидува да допре до вас.

Сонцето до 21 декември ќе патува во вашата интимна 8-ма куќа, па не се изненадувајте ако во првите три недели од месецов копнеете по средби насамо со саканиот. Ќе ги користите тие моменти за да ги исчистите недоразбирањата од вашата врска. Некои сингл бикови ќе ја зголемат својата мистериозност, а тоа ќе им ја зголеми привлечноста.

Пари и работа
Декември ќе го започнете силно и амбициозно, но потоа ќе стивне вашата желба за работа, што е логично со оглед на тоа дека се наближуваат празници. Во првите 9 дена ќе бидете супер продуктивни. Марс ќе се движи низ вашиот сектор на организираноста, па нема да пропуштате ниту еден од зададените рокови. Вашата ефективност ќе биде наградена.

На 3 декември полната месечина ќе настапи во близнаци, вашиот сектор на работата и парите. Можно е неочекувано да добиете значителна парична сума.

Во периодот од 3 до 23 декември, Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи ретроградно, што значи дека треба повеќе да внимавате на безбедноста поврзана со технологијата. Користете силни лозинки и не споделувајте лични податоци било каде. Ова не е поволен период за потпишување на договори и преговарање.

Ако планирате да го проширите својот бизнис, почекајте до 21 декември. Тогаш Сонцето ќе премине во вашата 9-та куќа на експанзијата и претприемништвото. За вас нема да има граници.

Во последните неколку дена од годината, близок пријател или колега ќе ви ги отвори очите за мошне лукративен проект. Не заборавајте да му се заблагодарите.

Здравје
Сонцето и неколку планети ќе патуваат низ стрелец, вашиот сектор на детоксикацијата. Насочете се кон чаеви и сезонски зеленчуци и овошни плодови. Колку полесна храна консумирате, толку подобро ќе се чувствувате. Доколку постите, со леснотија ќе ги прифатите рестрикциите во исхраната.

Најголема желба за целосно да го прочистите вашето тело ќе чувствувате на 18 декември, кога и младата месечина ќе го осветли стрелец. Ревитализирани ќе ја дочекате 2018 година

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:39

ЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Декември, 2017
Љубов
Романтиката се вгнездува во вашето секојдневие, а љубовните стрели итаат кон вас, па ќе биде невозможно да останете рамнодушни на љубовните искушенија.

На 3 декември многу погледи ќе бидат насочени кон вас, бидејќи полната месечина ќе настапи во вашиот знак. Некои близнаци ќе спојат усни со личност со која започнале да флертуваат уште пред шест месеци. Во врска сте? Ќе го свртите фокусот на партнерот кон вашите желби и потреби. Ќе се чувствувате моќно кога некој ви удоволува и ве разгалува.

Венера, планетата на љубовта и убавината, во текот на целиот месец ќе патува низ вашиот сектор на врските и обврзувањето. Што и да правите, ќе сакате партнерот да е до вас. Ќе создадете нераскинлив љубовен сојуз. Ако не сте во врска, ќе почувствувате силна желба да се ослободите од статусот сингл. Добрата вест е што ќе имате многу шанси за да ја пронајдете идеалната личност во чија прегратка ќе се топлите во претстојните студени денови.

Ќе ве интересираат само личност со кои можете да се замислите во иднина. Ако сте во нестабилна врска, сега ќе соберете смелост за да ставите крај. Ќе бидете многу пребирливи кога се работи за изборот на нов партнер. Не ги снижувајте критериумите.

Близнаците кои се во долготрајна врска или брак, ќе почувствуваат ренесанса на љубовен план. Хармоничните односи со саканиот ќе бидат причина за среќата која ќе биде испишана на вашето лице секојдневно.

Среќен ден за вас на љубовен план е 18 декември. Тогаш настапува млада месечина во стрелец, вашиот сектор на сериозните партнерства и зближувањето. Покажувајте ја својата душа ако сакате да ѕирнете во туѓа. За многу близнаци овој ден ќе значи почеток на ново љубовно поглавје со среќен крај.

На 25 декември романтичната Венера ќе започне да патува низ вашиот сектор на интимноста. Ќе прегрнете силно личност која е до вас, бидејќи ќе бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор на љубовен план. Венера ќе ви донесе и физичко и емотивно зближување, па ќе имате страстен крај на годината и жежок почеток на следната. Гарантирани се многу бакнежи и интимни средби зад затворени врати.

Пари и работа
Ќе ја користите секоја минута на работа за да се осигурате дека ви претстои блескава финансиска иднина.

Полната месечина на 3 декември ќе настапи во вашиот знак, поттикнувајќи ве да работите самостојно со цел поголема заработка.

Ќе преземате многу иницијативи на работното место и со тоа ќе привлечете многу пофалби. Сепак, нема да ви биде важна само вербална стимулација, ќе сакате да бидете стимулирани и парично. Смело побарајте го она што знаете дека ви припаѓа и нема да останете со празни раце.

Под влијание на Сатурн, во последните 11 дена од месецов ќе бидете екстремно внимателни при потпишување на договори. Читајте по неколкупати пред да го ставите вашиот потпис.

Не се плашете да седнете на преговарачка маса на 21 декември. Дипломатски ќе извлекувате повеќе и повеќе од другата страна, па во секој случај ќе бидете задоволни.

Здравје
Очекувајте енергичен крај на годината. Марс од 9 декември ќе патува низ вашиот сектор на здравјето и фитнесот, па ќе бидете супер фокусирани на здрава исхрана и редовна физичка активност. Марс ќе ви подари огромни дози на енергија, па никогаш нема да се жалите дека сте поспани и неволни за динамично живеење.

Можно е да се соочите со зачестени главоболки или болки во зглобовите.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:41

РАК (21. VI – 22. VII)

Декември, 2017
Љубов
Ќе знаете што точно сакате и нема да се задоволувате со ништо помалку. Приближувањето на крајот на годината ќе ве поттикне да бидете посмели во исполнувањето на своите желби.

На 1 декември романтичната Венера ќе влезе во вашиот сектор на аналитичкото размислување. Ќе го анализирате секој детаљ од однесувањето на саканиот и често ќе го критикувате. За раковите кои не се во врска новата дестинација на Венера значи дека ќе бидат попребирливи при изборот на нов партнер.

На 9 декември Марс ќе влезе во шкорпија, вашиот сектор на романсата, флертувањето и гламурот. Привлекувањето обожаватели ќе стане ваше секојдневие. Апсолутно нема да можете да се пожалите дека ви недостига внимание од спротивниот пол и ќе гледате на љубовта поавантуристички.

Во врска сте? Љубовните игри зад затворени врати ќе ве усреќуваат и вас и партнерот. Физичката блискост ќе ви помогне полесно да ги надминувате недоразбирањата, па во последниот месец од годината, ќе се сведат до минимум љубовните расправии.

На 21 декември Сонцето ќе ја напушти вашата организирана куќа и ќе влезе во вашата куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Празниците навистина ќе бидат искористени за зближување и уживање со луѓето кои најмногу ги сакате.

Откако на 25 декември и Венера ќе се всели во вашата куќа на силните врските, романсата ќе стане ваше секојдневие. Огромни се шансите да ве изненади свршенички прстен или разговор за основање на семејство за време на празничната сезона. За некои ракови, веселбите ќе донесат и почеток на врска која ќе им го растрепери срцето и телото.

Пари и работа
Без изговори, ќе работите со полна пареа. Нема да ги одложувате обврските од денес за утре, нема да ја занемарувате важноста на ситниците и нема да го губите трпението кога сте принудени да се занимавате со здодевна документација. Додека одредени колеги и соработници ќе се обидуваат да ги заобиколуваат доделените задачи, вие ќе преземате сè повеќе врз свој грб. Нескротливата амбициозност ќе ви се исплати од финансиски аспект.

На 9 декември Марс ќе премине во вашиот сектор на креативноста, па за секој проблем ќе имате нестандардно решение. Најатрактивните бизнис идеи ќе бидат родени од вашиот ум.

Од 3 до 23 декември Меркур ќе се движи ретроградно, што значи дека сите критики ќе ги сфаќате премногу лично. Не си ставајте сè при срце, понекогаш забелешките кои ги слушате на работното место не се упатени само на ваша адреса.

Здравје
Уште на првиот ден од декември Венера ќе влезе во вашиот сектор на здравјето и фитнесот, па решително ќе ѝ кажете „не“ на нездравата храна и ќе се насочите кон полесни оброци. Телото ќе ви биде благодарно.

Ќе се радувате што ќе ги избегнете сезонските настинки и грипот. Сонцето и неколку планети ќе патуваат низ вашиот сектор на здравјето и фитнесот, прогнозирајќи ви стабилна здравствена состојба.

Обрнете им внимание на вашите соништа. Честите лоши соништа се сигнал дека треба незабавно да најдете брзо и ефикасно решение за справување со стресот.

До 20 декември строгиот Сатурн ќе престојува во вашиот сектор на здравјето и фитнесот. Тој на потешкиот начин ќе ве научи колку е важна здравата исхрана и редовната физичка активност. Можно е да се соочите со мал здравствен проблем кој ќе ве мотивира да бидете попребирливи со храната и попосветени на негувањето на телото – внатрешно и надворешно.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:42

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Декември, 2017
Љубов
Надвор ќе станува сè поладно и поладно, но вие недискутабилно ќе станувате сè пожешки и пожешки. Небесните тела на почетокот на декември ќе патуваат низ стрелец, вашиот сектор на романсата и флертувањето, претворајќи ве во фатална заводничка.

На 1 декември Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе влезе во стрелец, вашиот сектор на романсата, гламурот и флертувањето. Ќе ја разгорите страста во врската и ќе уживате во вниманието кое ќе го добивате од саканиот. Срамежливоста ќе биде минато за вас, бидејќи ќе го заведувате партнерот без воздржување и смело ќе му откраднувате бакнежи. Многу лавови ќе скокнат во нечија прегратка, бидејќи нема да се среќни со статусот сингл.

Полната месечина на 3 декември ќе настапи во вашиот сектор на пријателството. Големи се шансите да споите усни со лице кое извесно време се врткало во вашиот круг на пријатели или да започнете врска со личност со која сте се запознале благодарение на ваш пријател.

Заедно со Венера, и Сонцето ќе се движи во вашиот романтичен сектор, па очекувајте многу комплименти и љубовни изјави. Нема да биде тајна дека многумина се обидуваат да се пробијат до вашето срце. Сепак, за танго се потребни двајца, зарем не?

Во периодот од 3 до 23 декември, Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на романсата. Ретроградните движења нè враќаат кон минатото, па големи се шансите во вашиот живот да се врати ваш бивши.

Младата месечина на 18 декември ќе настапи во вашиот сектор на романсата. Има веројатност токму тогаш да ги поставите темелите на силна и страсна врска.

Пари и работа
Ваша најсилна страна на почетокот на декември ќе биде креативноста. Доколку на работното место можете да го искористите напливот на нови идеи, ќе стигнете до успех за каков што копнеевте подолго време. Лавовите кои се занимаваат со уметност ќе бидат особено наградени.

Од 9 декември, амбициозниот Марс ќе патува низ вашиот сектор на домот и семејството, па ќе ве мачи стрес поврзан со балансирањето на работата и личниот живот.

Младата месечина на 18 декември може да ви донесе парична сума за која сте сметале дека никогаш нема да заврши во вашите раце.

На 20 декември Сатурн ќе премине во вашиот сектор на организираноста и ќе ве потсети колку е важно да бидете точни, перфекционисти и да не пробивате рокови. Сатурн на долгорочен план ќе ве обликува како професионалци.

Здравје
Ќе се чувствувате многу оптимистички и тоа ќе бидете причината што ќе лебдите низ деновите со леснотија. Планетите се здружуваат за да ви подарат незаборавни денови исполнети со безгрижност, па бидете сигурни дека не ве очекуваат непријатни изненадувања во однос на здравјето.

Во втората половина од месецот, повеќе планети и Сонцето ќе патуваат низ вашиот сектор на здравјето, па ќе бидете попребирливи со храната и ќе практикувате поинтензивни тренинзи.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:43

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

Декември, 2017
Љубов
Ќе ја завршите година со љубовни спомени какви што посакувате. Во текот декември ќе бидете наградени со магнетска привлечност и умерено ќе го истакнувате својот сексапил, што нема да остане незабележано од спротивниот пол.

На 1 декември Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во стрелец, вашиот сектор на домот и семејството. Девиците кои се во брак ќе се радуваат на хармонија под семејниот покрив. Во следниот период ќе станете домаќин на многу незаборавни приватни забави.

Од 9 декември, па до крајот на годината, Марс ќе патува низ шкорпија, вашиот сектор на комуникацијата. Ќе упатувате флертувачки погледи само кон лица кои ќе ве стимулираат интелектуално и ќе умеат да ве заинтересираат со динамични разговори и дискусии. Многу девици ќе се зближат со одредена личност онлајн.

Во врска сте? Под влијание на Марс нема да ја занемарувате важноста на сексот за здрава и успешна врска. Жешките игри ќе ве фрлат во љубовен занес.

Апсолутно сè ќе си дојде на свое место токму пред да започнат празниците, па ќе ги дочекате насмеани до уво до уво. На 21 декември Сонцето преминува во вашата страсна 5-та куќа, што значи да се подготвите за љубовни искушенија и изненадувања кои ќе ве лансираат на седмо небо.

Некои девици ќе му се израдуваат на позитивниот тест за бременост, па ќе има за што да наздравуваат во деновите кои им претстојат.

Пари и работа
Нема ништо поважно за професионален напредок од ширењето на мрежата од контакти, а вие многу добро го знаете тоа. Амбициозниот Марс ќе патува низ шкорпија, вашиот сектор на комуникацијата и локалните настани, па ќе го користите секој културен или забавен настан, или пак, предновогодишните забави, за да стапите во контакт со што повеќе лица. Верувајте, тоа нема да биде залудно!

Претпочитајте ја соработката со жени. Сонцето и неколку планети ќе патуваат низ стрелец, создавајќи совршени услови за бизнис партнерство со припаднички на понежниот пол.

Полната месечина на 3 декември ќе настапи во близнаци, вашата куќа на кариерата. Бизнис потег кој сте го направиле пред шест месеци, сега ќе даде плод. Аплауз!

Бидејќи во периодот 3-23 декември Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на семејството, мора да бидете повнимателни ако имате семеен бизнис. Можни се недоразбирања и расправии.

Здравје
Во периодот до 21 декември ќе бидете почувствителни и најдобро ќе се чувствувате во својот дом. Дистанцирањето од бучни личности кои обожаваат да драматизираат ќе ви го сведе стресот до минимум и ќе ви го подобри емоционалното здравје.

Под влијание на Сонцето и Венера, грижата за себе ќе ви биде приоритет. Во овој период ќе направите превентивен лекарски преглед кој сте го одложувале подолго време.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:44

ВАГА (23. IX – 22. X)

Декември, 2017
Љубов
Подготвени? Старт... Влезете со насмевка во трката низ последниот месец од годината.

Декември започнува со влегувањето на романтичната Венера во стрелец, вашиот сектор на комуникацијата. Ќе освојувате со зборови, па размрдајте ги усните. Вашиот интелект ќе дојде до израз и ќе ви донесе обожаватели.

Во врска сте? Долгите, длабоки разговори ќе имаат моќ да ве зближат со саканиот како ништо друго.

Марс на 9 декември ќе влезе во шкорпија, вашиот сектор на стабилноста и сензуалноста, поттикнувајќи ве да ја негувате врската со саканиот. Не сте во врска? Под влијание на Марс ќе претпочитате лица кои многу добро знаат што сакаат во животот. Ќе ги избегнувате личностите кои живеат од денес за утре. Сепак, имајте на ум дека Марс носи и стрес, кај вас конкретно во секторот на парите, па можни се расправии поврзани со финансии.

Сонцето до 21 декември ќе ве поттикнува цврсто да ги фатите љубовните проблеми и да ги искорените целосно од вашиот живот, а тоа ќе ве исполни со оптимизам.

Ќе сретнете лице кое веднаш ќе ве освои за време на настан во вашето место на живеење, најверојатно околу 18 декември. Тогаш настапува млада месечина во вашата локална 3-та куќа. Стрелајте со љубовни зборови, а не само со погледи околу овој датум. Никој нема да биде имун на вашиот нежен глас.

Предупредување: Од 3 до 23 декември Меркур ќе се движи ретроградно, што значи дека е голем ризикот од недоразбирања и кавги (можеби за бивши партнери). Бидете посмирени.

Пари и работа
Во текот на последниот месец од годината, вие посветено ќе ги чкртате работните задачи една по една од долгиот список. Енергичниот Марс од 9 декември ќе патува во шкорпија, вашата 2-ра куќа на работата и парите, па нема да ви пречи да жртвувате дел од своето време за да ги искористите новите можности за дополнителна заработка.

Во периодот од 3 до 23 декември треба да бидете екстремно внимателни што зборувате на работното место. Меркур ќе се движи ретроградно, што значи дека има ризик да кажете нешто што ќе ви го наруши имиџот.

Одлично време за проекти, поврзување и создавање нови деловни контакти е 18 декември. Младата месечина, која ќе настапи тогаш во вашата 3-та куќа на комуникацијата, ги поттикнува новите почетоци, проекти и соработки. Ова е плодороден период за сите кои работат во областа на продажбите или маркетингот.

На 21 декември Сонцето ќе започне едномесечно патување низ вашата куќа на жените и семејството. Претпочитајте ја соработката со жени и добро размислете дали можеби сега не е најдобар момент за лансирање на семеен бизнис.

Здравје
Во декември не очекувајте негативна промена на здравствената состојба. Сепак, доколку се соочите со мали здравствени проблеми како настинка, главоболка или дигестивни проблеми, ќе се ослоните на народната медицина, кажувајќи им категорично „не“ на апчињата.

На 9 декември Марс ќе влезе во вашата 2-ра куќа на секојдневните навики. Марс мотивира, па ќе ве поттикне да елиминирате некои лоши навики, како пушење, неактивност, недоволен сон или лоша исхрана.

Најважните жени во вашиот живот (сестра, мајка, ќерка, блиска пријателка) ќе имаат големо влијание врз вашето емоционално здравје во последната седмица од месецов поради престојот на Сонцето во јарец.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 03 2017, 22:45

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Декември, 2017
Љубов
Се прашувате какво ќе биде финалето на 2017 година? Се разбира дека ќе биде незаборавно и возбудливо. Да, можеби нема да доживеете многу романтични мигови, но планетите ќе ве поттикнат да бидете активни на многу други полиња.

Можно е да ја запознаете следната голема љубов преку ваши познаници или пак да се развие платонска љубов помеѓу вас и ваш пријател.

Ќе има привлечна аура околу вас. Марс од 9 декември па до крајот на годината ќе престојува во вашиот знак, давајќи ви привлечност која никој нема да може да ја игнорира. Не се изненадувајте што ќе добивате комплименти дури и од лица од кои најмалку очекувате позитивни коментари. Вие понекогаш знаете да бидете многу срамежливи и да бегате од центарот на вниманието, но сега ќе ви годи што ќе бидете набљудувани под лупа.

Желбата за дружење ќе ве носи од една средба на друга, од еден забавен или културен настан кон друг. Сонцето и неколку планети ќе патуваат низ вашиот сектор на комуникацијата и локалните настани. Не ги прескокнувајте концертите, изложбите и театарските претстави, бидејќи на настаните од ваков тип ќе запознавате личности со кои ќе обожавате да водите бескрајни разговори.

Копнеете по страсни бакнежи, неочекувани прегратки и диви интимни средби во спалната? Во последната седмица од годинава ќе почувствувате љубовен занес кој ќе ве однесе на седмо небо.

Пари и работа
Нема пауза! Вие ќе бидете максимално вредни до последниот ден од годината. Сонцето и неколку планети ќе патуваат низ стрелец, вашиот сектор на работата и парите, давајќи ви ја потребната мотивација да останете ултра продуктивни на работното место.

Амбициозниот Марс од 9 декември па до крајот на месецот ќе престојува во вашиот знак. Наближувањето на крајот на годината за вас воопшто нема да значи одмор и опуштање. Напротив, со сите сили ќе се борите да реализирате планови кои ги имавте зацртано. Некои шкорпии ќе ги завршуваат плановите за започнување на сопствен бизнис.

Младата месечина на 18 декември ќе настапи во стрелец, вашата куќа на парите и работата, зголемувајќи ги шансите да добиете покачување на платата, понуда за нова работа или понуда за учество во проект кој предвидува голема заработка.

На 21 декември Сонцето ќе започне да патува низ јарец, вашиот сектор на комуникацијата. Ќе имате огромна моќ за убедување, не пропуштајте да ја искористите. Барајте и ќе добиете.

Здравје
Во декември, небесните тела ќе го осветлат стрелец, вашиот сектор на секојдневните навики, па ќе воведете неколку нови навики кои веднаш ќе покажат позитивен ефект врз нивото на енергија и расположението. Време е за промени за кои телото ќе ви биде благодарно.

На 9 декември Марс ќе влезе во вашиот знак, каде ќе остане до крајот на годината. Ќе се радувате на огромна енергија, но ќе мора и да научите да ја трошите за да избегнете несоница и вознемиреност. Бидете физички поактивни.

Под влијание на Марс, ќе ја отфрлите самокритичноста, што значително ќе го подобри вашето емоционално здравје.

Совет: Бидете поумерени со кофеинот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 26 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 26 of 43 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 34 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот