Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 10 of 43 Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 26 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10 2017, 10:01

Лав

Лавовите ќе ги преиспитуваат своите односи повеќе отколку кога и да било порано. Морате да се запрашате зошто влегувате во некои врски и што сакате да добиете од нив. Сатурн ќе биде во фазата на врските и ќе ве тера да размислувате додека не ја научите лекцијата. На 10-ти февруари и 21-ви август поради помрачувањето на месечината и сонцето, ќе доживеете промени во начинот на размислување за самите себе и за тоа како си пристапувате. Тогаш бидете внимателни со врските и не донесувајте некои важни одлуки. Препорачливо е во тоа време да се посветите на самите себе.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10 2017, 10:01

Девица

Овој знак ќе има можност да го промени начинот на размислување и комуникација и тоа кон подобро! Колку повеќе се фокусирате на тоа која приказна сакате да ја кажете, во толку подобра позиција ќе се најдете. Што се однесува до важните датуми, тука може да се издвои 26-ти февруари, кога ќе се случи помрачување во полето на љубовта на Девицата. Ова може да значи две работи: Дека ќе поработите на проблематичните работи од вашите претходни врски или дека ќе запознаете некој кој ќе направи да се чувствувате прекрасно. Сепак, внимавајте одредено време и уверете се дека таа личност навистина е онаква каква што е.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10 2017, 10:01

Вага

Јупитер, планетата на богатството и растот, ќе биде во знакот на Вага до октомври. Овој знак до крајот на годината ќе биде повеќе фокусиран на својата кариера, отколку на љубовта. Искористете го мудро овој период, сите очи ќе бидат упатени кон вас! Сепак, пролетта е тука за малку да ги растури работите. Ѕвездите советуваат во март повторно да размислите за врските кои моментално сте ги започнале, а особено да обрнете внимание на тоа како тие влијаат на вашата секојдневна рутина. Доколку Вагата се впушти во врска и го изгуби својот идентитет, тоа ќе биде многу очигледно, особено во овој период. Фокусирајте се на личниот развој за да се чувствувате прекрасно во текот на целата година.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10 2017, 10:01

Скорпија

И Скорпиите во април ќе бидат принудени да ја согледаат својата врска со други очи. Овде не се мисли на тоа да се појават сомнежи за врската, туку да смислите некој подобар начин за комуницирање внатре во неа. Ќе бидете фокусирани на истражувањето и на грижата за самите себе оваа година, благодарение на Плутон кој е во полето на комуникацијата и Јупитер кој е во полето на соништата и фантазиите. Вие ќе го измените својот внатрешен монолог и личната приказна, а најверојатно ќе пронајдете и ново хоби. На крајот на годината, после неколку месеци поминати во потрага по себе и својот идентитет, можен е почеток на некоја значајна врска.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10 2017, 10:02

Стрелец

Морате да станете поодговорни за себе и за она што се случува околу вас. Можеби тоа нема да ви се допаѓа, но морате да ги разграничите своите односи и тоа колку време дозволувате тие да им одземаат на другите луѓе. Меѓутоа, кога ќе го направите ова, ќе бидете наградени. Со други зборови, ако успеете во текот на годината да преживеете фокусирајќи се на себе, наместо на врските, вие ќе бидете уште понеодоливи. Има големи шанси оваа година да доживеете љубов, хармонија, а најверојатно и сексуално будење!
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10 2017, 10:02

Јарец

За амбициозните личности родени во знакот Јарец, работите брзо ќе се менуваат. Вие ќе морате сериозно да се потрудите за да одвоите време за негување на вашата врска. Доколку сте во врска со некој кој не се снаоѓа добро со вашите правци на промена, таа личност можеби нема да одговара на вашиот амбициозен живот. Не врзувајте се за луѓе кои ве влечат надолу. Иако мислите не ви се фокусирани на врската, сепак, сексот може да ви послужи како средство за ослободување од фрустрации. Моќта е привлечна, а вие имате постигнато многу. Можеби ќе ви биде тешко да одржувате сериозна врска со сето она што во моментот ви се случува, но кога ќе завршите, ќе бидете многу горди на тоа.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10 2017, 10:02

Водолија

Нивната владејачка планета е Уран, што значи дека овој знак е еден од оние кои се движат во свој ритам. Така, вие ќе барате партнер кој може да ја дели вашата страсна борба за остварување на соништата, за авантура и забава. Во почетокот на август ќе се случи кулминација на вашата независност. Вие ќе се почувствувате силни и како вистински да сте се промениле себеси и својот пристап кон врските. Вие имате своја идеја за тоа што сакате од партнерот и ќе научите да барате нешто, а притоа да не чувствувате вина поради тоа што тоа не се совпаѓа со очекувањето од страна на општеството.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Фед 10 2017, 10:02

Риби

За почеток, на Рибите сѐ им се врти околу љубовта кон нив самите. Препорачливо е да се фокусирате на својата духовитост и креативност и да се впуштите во остварување на своите проекти. Ова е сјаен начин да ја надминете вашата срамежливост, но и да запознаете луѓе слични на себе. Движете се во кругови кои ви се познати и кои ви одговараат. Соларното помрачување кај Рибите е на 26-ти февруари, што исто така значи дека би требало да се фокусирате на себе.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:03

Хороскопот открива: Кои се најсреќните денови во 2017 година за вашиот знак?

Доколку верувате во хороскоп, тогаш знаете дека ѕвездите имаат вмешано прсти во вашата иднина и имаат некакво влијание на вашето расположение и среќа. Овој пат тие предвидуваат кои ќе бидат најсреќните денови во 2017 година за вашиот хороскопски знак. Во продолжение дознајте кои денови треба да ги искористите до максимум годинава…
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:04

Овен

Ќе успеете да ги надминете сте неволји и храбро ќе се соочите со сите предизвици. Ве очекуваат многу возбудливи моменти во љубовта. Оваа година некоои луѓе ќе ви станат многу важни и ќе се трудите да им угодите, бидејќи нивната насмевка и задоволство ќе бидат вашата најголема награда. Ќе бидете дарежливи и како магнет ќе ги привлекувате луѓето во ваша близина. Со леснотија ќе остварувате нови познанства кои ќе ви го направат животот побогат.

Најсреќни периоди

Од 03. 02. до 03.03. Постои голема веројатноста да се заљубите силно и страсно, да остварите финансиски добивки и да уживате во вниманието и комплиментите кои ќе ги добивате од сите страни.

Од 28.04. до 06.06. Венера ќе биде во вашиот знак и освен што ќе ви донесе среќа во љубовта, ова е период кога ќе можете да го примените вашето знаење и работни способности.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:04

Бик

Оваа година ќе направите големи животни чекори. Секое излегување од вашата удобна зона ќе го сметате за победа над стравот и личните несигурности. Во текот на есента ќе доживеете голема промена поради позитивни случувања во вашиот љубовен живот.

Најсреќни периоди

Од 06.06 до 04.07. Подароците, пофалбите и вниманието што ќе ги добивате од вашите најблиски, вербата во сопствените способности и чувството дека сте сакани, ќе ви ги разубават овие денови.

Од 07.11 до 22.11. Промените ќе ви го подобрат животот. Ќе доживеете многу среќни моменти со партнерот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:04

Близнаци

Вашиот оптимизам ќе биде во постојан пораст. Ќе уживате во излегувањата и ќе остварите некои нови пријателства. Ќе добиете чувство дека конечно ви тргнало во животот што ќе ја избрише горчината предизвикана од лошите искуства во минатото. Ова е вашата среќна година. Живејте со полни гради и верувајте во успехот!

Најсреќни периоди

Од 06.06 до 20.06. Ова ќе биде плоден период за да се докажете на професионален план и да ги усовршите вашите вештини. Новите работните места ќе ги зголемат вашите месечни примања.

Од 06.07 до 30.07. Венера ќе биде во вашиот знак и ќе ја нагласи вашата привлечност, спонтаност и ќе ви помогне во остварувањето на љубовните и професионалните планови.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:04

Рак

Ако нешто може да ве направи среќни, тоа е љубовта, чувството дека сте сакани и дека сакате без страв од болка и загуба. Ќе доживеете интимни моменти со личност која долго ја познавате и со која го делите сето она што го имате. Конечно ќе почнете да уживате во некои животни настани што толку долго сте ги чекале. На осамените ќе им се насмевне среќата во љубовта, а упорните можат да добијат награда на игрите на среќа.

Најсреќни периоди

Од 31.07 до 25.08. Ова ќе биде возбудлив период за вас, бидејќи ќе сфатите дека животот е полн со неочекувани изненадувања.

Од 09.12 до 31.12. Срцето ќе ви чука посилно од страст и љубов, а пеперутките ќе се разлетаат во вашиот стомак. Ве очекуваат големи успеси, така што верувајте во себе!
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:05

Лав

Многу неочекувани средби, пораки и повици во доцните ноќни часови, кратки патувања и излети во природа се само некои од случувањата што во текот на оваа година ќе го забрзаат чукањето на вашето срце. Ќе наоѓате задоволство во долгите прошетки, читањето, образованието и соработката со блиските пријатели. Оваа година конечно можете да ги усовршите вашите комуникативни вештини и да почнете да учите странски јазик. За да почувствувате вистинска среќа потребно е да бидете активни, да не се плашите од промени и да покажете подготвеност за преземање иницијатива.

Најсреќни периоди

Од 06.07 до 24.07. Меркур ќе владее со вашиот знак и ќе ве поттикне на поголема активност на професионален план, ќе ви пружи можност за поголема заработка и ќе ви ја зголеми самодовербата.

Од 28.08 до 09.09. Ќе привлекувате како магнет. Спротивниот пол ќе сака да биде во ваша близина, а најмногу ќе уживате во друштвото на една посебна личност.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:05

Девица

Во текот на оваа година ќе добиете можност да го победите вашиот перфекционизам. Ако се потрудите околу остварувањето на вашите цели, очекувајте одлична финансиска сотојба во есенските месеци. Што се однесува до љубовта, ќе престанете да копнеете по она што го немате и ќе најдете внатрешен мир. Во вториот дел од годината ќе запознаете нова личност која ќе ве воодушеви. Конечно сте подготвени да заборавите на минатото и да тргнете кон нови животни победи.

Најсреќни периоди

Од 13.01 до 31.01. Ќе се опуштите и ќе уживате во друштвото на вашите сакани. Вашиот друштвен живот ќе ви донесе многу возбудливи настани и случувања.

Од 19.09 до 06.10. Сингл Девиците ќе добијат можност за нова љубовна врска. Страста ќе биде посилна од разумот. Немојте да се исплашите од губењето на контролата, туку уживајте!
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:05

Вага

Среќата ќе биде вашиот надобар пријател и верен сојузник во исполнувањето на вашите долгогодишни желби. Бидете упорни, активни и обидете се да ги остварите вашите цели. Ве очекуваат признанија, награди и можности кои не смеете да ги пропуштите. Вашата волшебна насмевка ќе им биде привлечна на сите луѓе кои ќе се најдат во ваша близина. Ќе остварите нови познанства, ќе патувате во странство и ќе започнете нов проект. Возможно е и да стапите во брак, да станете родители или да започнете нова врска. Ве очекува година полна со големи остварувања!

Најсреќни периоди

Од 04.02 до 16.02. Вашата искра ќе биде запалена. Многу ќе се „загреете“ поради една личност која ќе ви ја подигне животната енергија.

Од 14.10 до 06.11. Ќе бидете опкружени со убавини и свесни за сопствената привлечност, со леснотија ќе ги остварувате вашите цели. Ќе бидете сигурни во љубовта на вашиот сакан или сакана.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:06

Скорпија

Ќе се спознаете себеси и ќе решите некои проблеми од минатото. Секогаш кога ќе помислите дека сте изгубиле нешто или сте доживеале пораз, околностите неочекувано ќе се променат и ќе се свртат во ваша корист. Успехот е неизбежен. Конечно ќе ја пронајдете вашата среќа.

Најсреќни периоди

Од 17.10 до 04.11. Меркур ќе владее со вашиот знак и ќе ви овозможи професионален напредок.

Од 09.12 до 31.12. Ќе бидете многу активни а тоа ќе ви донесе нови професионални и љубовни победи.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:06

Стрелец

Животот понекогаш знае да биде тежок, но вашиот вроден оптимизам и волја за живот нема да ви дозволат да потклекнете пред предизвиците. Задоволство ќе пронаоѓате во друштво на пријателите и луѓето со кои делите исти интереси. Ако се вклучите во некоја организација, зближете се со луѓето од кои можете да научите нешто. Некои личности ќе си заминат од вашиот живот и дозволете го тоа. Така ќе направите место за нови можносто кои ќе ви обезбедат добивка на сите полиња.

Најсреќни периоди

Од 01.02 до 10.02. Венера и Марс ќе го разгорат вашиот љубовен жар и ќе ве одведат во прегратките на личноста која ќе ве маѓепса со нејзината сила и неверојатна енергија.

Од 01.12 до 24.12. Еден посебен човек ќе го пронајде патот до вашето срце. Ќе доживеете голема среќа во љубовта.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:06

Јарец

За вас среќа претставува остварувањето на целите. Не се занесувате со бајки и илузии, ја гледате реалноста право во очи и задоволство пронаоѓате во професионалните успеси, семејната хармонија и дружбата со неколкуте луѓе во кои имате целосна доверба. Оваа година ќе ја намалите контролата и ќе влезете во некои неизвесни и по малку ризични љубовни и професионални подвизи. Ќе се изненадите самите себе, а она што ќе го постигнете ќе ги надмине сите ваши очекувања.

Најсреќни периоди

Од 01.01 до 27.01. Ова е многу значаен период за вас и вашиот личен напредок. Зближувањето со една личност од вашето минато ќе ве направи многу среќни.

Од 14.12 до 31.12. Ќе бидете многу мирни, силни и храбри во остварувањето на вашите цели. Ќе имате голема поддршка од вашите блиски и луѓето кои веруваат во вас.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:06

Водолија

Честите патувања и новите познанства со луѓето кои живеат подалеку, ќе ви ги прошират хоризонтите и ќе ви покажат дека ништо не е невозможно. Ова е вашата среќна година и затоа треба да го искористите сиот нејзин потенцијал. Соберете храброст да побарате работа во странство, инвестирајте во вашето знаење и дозволете им на луѓето кои се сосема поразлични од вас да влезат во вашиот живот. Ќе сфатите дека среќата не се крие само во материјалните нешта, туку и во духовната промена која ќе ве одведе до вистинската слобода. Истражувајте, учете и преиспитајте ги вашите ставови.

Најсреќни периоди

Од 12.02 до 28.02. За вас само небото е граница. Уверливи сте, самоуверени и многу конкретни во она што сакате да го постигнете. Успехот чука на вашата врата, отворете ја!

Од 01.10 до 17.10. Конечно ќе можете да ги соберете плодовите од сиот труд што некогаш го имате вложено. Прославете го вашиот успех!
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 10:07

Риби

Очекувајте позитивни промени на финансиски план. Вашата интуиција ќе биде изострена што ќе ја зголеми вашата креативност. Занимавајте се со музика, филм, танц, фотографија или некој друг вид уметност за да ја пронајдете вистинската среќа. Ќе доживеете неверојатна трансформација. Во втората половина од годината ќе се ослободите од товарот и конечно ќе можете да земете воздух.

Најсреќни периоди

Од 12.01 до 31.01. Сега ќе можете да се изборите за подобри работни и љубовни позиции. Ќе бидете горди на себе што конечно сте успеале по сите потешкотии.

Од 01.02 до 10.02. Ќе бидете продуктивни, свесни за сопствените вредности и со голема леснотија ќе ги остварувате зацртаните цели. Среќата ќе ве следи и на финансиски план.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 23:09

ВИКЕНД ХОРОСКОП (11 – 12 ФЕВРУАРИ, 2017)

Овен

Не се чувствувате најдобро. Иако се обидувате нормално да функционирате, тешко ви поаѓа од рака, зашто сте притиснати од многу деловни и приватни проблеми. На работа не се случува ништо значајно, но, за чудо, тоа не ве вознемирува ни најмалку.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 23:09

Бик

Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците…
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 23:09

Близнаци

Активни сте, а тоа е одличен лек за незадоволството. Ако ви е за утеха, ни околината не се чувствува најдобро. Ќе забележите деловен успех, финансиска добивка, среќа на лотарија, а со оглед на тоа дека состојбата е минлива – треба да ја искористите до максимум.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пет Фед 10 2017, 23:09

Рак

Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 10 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 10 of 43 Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 26 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот