ИНТЕРЕСНО
Страна 1 of 1
ИНТЕРЕСНО
Шекеринска: Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството
Човекот што ја нападна заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, беше меѓу првите во толпата која минатиот четврток влезе во Собранието и ги нападна пратениците од мнозинството. Кога Шекеринска се обиде да избега од напаѓачите и да излезе од прес центарот на Собранието, тој силно ја повлече за косата.
Според полициски извори, човекот е под истрага и е издаден налог за негово приведување. Сепак, пет дена по немилите настани во Законодавниот дом, тој слободно се прошета пред Собранието и тоа пред очите на полицијата.
Нашата екипа успеа да го сними. Тој вели дека не се чувствува виновен, напротив тврди дека се обидел да ја одбрани Шекеринска, иако снимките го зборуваат за спротивното.
„Дали е вистина како што напишаа некои портали, дека…?
Не, јас немам деца, немам ниту едно дете!
Немате деца? Не!
Зошто некои портали напишаа дека во 2001 година сте го изгубиле синот и затоа сега сте реагирале вака?
Јас не реагирав, само ја оттргнав. Тој што беше близу до неа, ми рече, жена е, пуштете ја.
И јас се повлеков и ја тргнав неа на другата страна, за да ги избегне проблемите таму.
Немавте намера да ја повредите?
Ако имав таква намера, ќе ја влечев уште повеќе.
Дали ќе и се извините?
Зошто да и се извинам? Затоа што ја тргнав од гужвата!“, рече напаѓачот на Шекеринска.
Радмила Шекеринска се уште носи ортопедско помагало на вратот. Таа вели дека повредите ги добила во намерен напад, а не како што тврди лицето, во обид да биде заштитена. Шекеринска порачува дека сторителите нема да ја избегнат казната.
Од Основното Јавно Обвинителство не можат да го откријат идентитетот на лицата кои се под истрага. Полициски извори, за ТВ21 велат дека МВР трага по напаѓачот кој е снимен како учествува во толпата и кој извршил кривично дело. Но, напаѓачот, облечен во истата кошула, денеска е забележан како мирно поминува покрај полицајците.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот