ХА ХА ХА ..ИНТЕРЕСНО
Страна 1 of 1
ХА ХА ХА ..ИНТЕРЕСНО
Шутрак
Во македонскиот дигитален речник, едно од значењата на поимот „шутрак“ е несмасен човек. Го имам слушнато и во Чешка. Со истото значење.
Човек кој се сопнува на рамно, кој се лизга на суво, кој се валка на чисто, или кој со невешти движења превртува чинии и чаши на саглам астал. Во поширока смисла на значењето на зборот, јас под „шутрак“ подразбирам шутрак. Токму така. Недоквакан, глупав, манипулативен, самозамислен итроман, прост, недоделкан и примитивен лик.
Ете, тоа е „шутрак“ според моите критериуми, градени врз основа на сите можни скопски значења и суб-значења на зборот. Или да поедноставам, шутракот е сељак, ама во пежоративно значење на пежоративот – сељак.
Ако би се обидела да го преведам според поимните фразеологии во мојот замислен свет на феномените и нивните контракултурни значења, зборот „шутрак“ го доживувам нешто како најсељачки сељак. Како умислена и самозамислена интелектуална јавна персона, од чиј секој изговорен збор излегува негација на неговата проектирана претстава за самиот себе. Така и го применувам поимот „шутрак“, особено кога во моето окружување гледам сурати кои ми продаваат „мадиња за бубрези“ и со полно срце и раширени очи, очекуваат да ги проголтам нивните будалаштини, глупости и апсурди. Едноставно не ми се верува дека тоа е возможно!
Никола Груевски во улога на ординарен шутрак, кој само пред еден месец водеше шовинистичка кампања против Заев, обвинувајќи го за федерализација, за тајни отстапки кон Албанците, за воведување двојазичност, за продажба на државата, за пректот „Албанизација на Македонија“, мртов ладен, без око да му трепне, во второто непотпишано продолжение од интервјуто на неговиот магазин Република, излезе со став дека токму неговата партија најмногу придонела за унапредување на правата и за исполнување на барањата на Албанците во Македонија. Веројатно сакајќи да му се додворува на Ахмети и да го амортизира впечатокот за себе како хардкор националист, истиот тој Шутрак (зборуваме за конкретно лице м.з.), сега детално, педантно и минуциозно ги набројува сите отстапки на неговата влада во корист на ДУИ: Донесување закон за употреба на албанскиот јазик, поддршка на Тетовскиот, како и на универзитетот „Мајка Тереза“, донесување Закон за правична застапеност на Албанците во администрацијата, амнестирање на борците на ОНА, урамнотежемна распрелба на буџетот според етничкиот состав на општините и така натаму. Додуша, заборави да спомене дека во мандатот на неговата влада беа укинати и пензиите за бранителите и тоа на барање на ДУИ, ама нејсе, тоа и не е приоритет за мубетов.
Погоре набројаното и цитираното е извадок од второто продолжение од таканареченото „мега интервју“ за вмровскиот магазин Република објавено на четврти јануари 2017 година, во кое Никола Груевски се обидува да се претстави спротивно на неговата кампања. Ајде да поедноставам, водеше албанофобска кампања, а сега се ободува да се прикаже како албанофил. И тоа во временска дистанца од само 20-тина дена. Па нели е премногу, нели е претерано, нели е шутрачки сето ова?
И сега што да помислат верните поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, кои носеа икони на митинзите на Груевски и пееја песни за „Шиптари во гасни комори“ или „Нека разберат клетите Шиптари“? Кој е тука предавникот на македонските историски, национални и етнички интереси? Заев кој имал средба во Цирих со албанската дијаспора или Груевски кој им ги исполнил сите барања на ДУИ? Заев кој наводно договорил федерализација на Македонија и воведување двојзичност или Груевски кој 10 години наназад рамномерно го распоредува буџетот според етничка обоеност на општините и го донел Законот за употреба на јазиците?
Другари и другарки, дами и господа, браќа и сестри, кој меѓу нас не е нормален? Морам јавно да го поставам ова прашање, бидејќи пред нас на отворена сцена се случува еден бизарен политички стриптиз, до граници на политичка порнографија, во кој царот шета гол, а нé убедува дека е облечен во бунда од мечка. Позајмена од верниот коалиционер.
Мене, на пример, сосема ми е јасно дека на Никола Груевски му истекукува песочниот часовник на владеењето и дека се фаќа за последната сламка надеж дека ќе формира влада со ДУИ. Кристално ми е разбирливо дека човекот има неодолива потреба да седне на заедничка маса со Ахмети и да испреговара парламентарно мнозинство. И сосема шутрачки смета дека со едно обично интервју сите работи ќе бидат заборавени, како на пример, хистеричните изблици на Влатко Ѓорчев или повикот на „долги ножеви“ на Божиновска. Или, ај да бидеме најконкретни, со партискиот проглас од 17 декември кој лично го прочита самиот Груевски, а во кој децидно стои: „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови и било какви околности“.
Мислам дека соодветно ви ја исцртав сликата за еден политички пад во слободен простор, за еден лик се сопнува на рамно и се лизга на суво, за едно шутрачиште од невидени размери. Ако веќе не е влезена во некој прирачник за млади и амбициозни политичари, нека посветка пораката: Секој неук и алчен политичар завршува како шутрак!
Гордана Попсимонова

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот