Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НЕОПНАТА КРАВА (многу јака колумна што заслужува цела тема)

2 posters

Go down

НЕОПНАТА КРАВА (многу јака колумна што заслужува цела тема) Empty НЕОПНАТА КРАВА (многу јака колумна што заслужува цела тема)

Пишување by osa Саб Мај 27 2017, 12:39

НЕОПНАТА КРАВА
Ве молам да уживаме во претставата

1 Пратеникот не ја опнал кравата. И така некако би требало да заврши приказната за тоа што ѝ се случи на Македонија на 27 април. Со вакво обвинителство и со вакво судство не може да се очекува истерување правда и откривање што точно се случи во Собранието на 27 април.

Две и пол години нè убедуваа дека тоа што го слушаме во бомбите не сме го чуле. Сега ни раскажуваат дека и тоа што сме го виделе на безбедносните камери – не сме го виделе. Пратеникот Крсто Мукоски не ја отворил вратата за насилниците, туку избезумено шетал низ холот, барал која врата води до тоалетот дека му се одело по нужда. Пратеничката Жаклина Пешевска се гушкаше со некој близок роднина со кого одамна не се има видено. Толку му била желбата да ја види, па морал вратата од Собранието да ја турне за да дојде до неа. Пратеникот Љубен Арнаудов, инаку угледен охридски лекар, барал врата за да се спаси. И додека мислел кој ходник да го фати за бегање, му текнало на вицот кога некој молзел крава, а таа постојано го клоцала канчето со млеко па морал да ѝ ги врзе нозете. Ама кравата многу мрдала, па морал да ѝ го врзе опашот со ременот од панталоните. И така, панталоните му паднале, жена му го нашла со турнати панталони до кравата, а тој се оправдал: Тоа што го гледаш не е така како што изгледа.

Е баш е смешно. А како изгледа кога ќе се открие дека на 27 април, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ помагале насилници да влезат во Собранието за да се пресметаат со пратениците од парламентарното мнозинство? Како изгледа кога на снимките ќе се препознаат припадници на МВР, на УБК, на разузнавањето, на АРМ кои ги насочуваат насилниците да одат кон салата каде што „да сакале да го убијат Заев, ќе го убиеле“? И како изгледа кога на сите овие припадници на државни служби што учествувале во претепување на пратениците на мнозинството како капак ќе се појави и српски шпион?

При тоа, овие снимки не се ни сечени, ни лепени ни монтирани. Оригинал се од безбедносните камери. Кои што припадниците на УБК се обиделе да ги украдат и да ги уништат.

Значи, да повториме. Во вицот за кравата се замешале пратеници што им помагаат на насилници да претепаат нивни колеги, потоа полицајци, војници, домашни разузнавачи и странски шпиони. А лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на безбедно во странство чека „народот“ да си ги смири емоциите, за тој да се врати дома како победник. На веќе избришани снимки од тајната полиција за да не се дознае кој кого сакал да убие.

Па, ние на 27 април сме имале обид за државен удар. Ама со вакво обвинителство и со вакво судство, епилогот се гледа во следниот дијалог меѓу судијката и обвинетите за учество во толпа: „Ти се каеш? Се каам. Дали ќе го повториш делото? Не. Седи, условна казна!“

Зоран Заев и Зијадин Села можат да бидат спокојни. Следните шест месеци овие учесници во толпа нема да се обидат да ги убијат. Во Собрание.

2 Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и техничката министерка за култура Елизабета Канческа -Милевска не ја пуштиле да ја отвара вратата на Собранието затоа што имала друга работа. Да ја отвара Македонската филхармонија. Па, кога на отварањето ја прашаа дали се познава со човекот со фантомка со кого се гушкаше при нападот на Собранието на 27 април, таа одговори: „Ајде ве молам, имаме сега еден убав настан“. Божем настанот од 27 април не ѝ бил убав, кога насилници ѝ бацуваа рака.

Имала таа настан организиран со наши пари. Заедно со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ си направија партиска журка со отварањето на Филхармонијата. Па, уште и се навредија оти новинарите со прашања им ја расипувале журката.

Таа Филхармонија е направена со наши пари. Со пари што сме им ги довериле и на Груевски и на Канческа Милеска да ги менаџираат. И тие кажале дека со наши 6 милиони евра ќе направат филхармонија. А потрошиле 39 милиони евра. И сега, ние треба да се чувствуваме виновни кога ќе прашаме: Каде се парите? Каде се нашите пари. Па министерката ќе нè искара оти сме ѝ ја расипувале партиската забава. Затоа што потрошила шест пати повеќе, од нашите пари. И затоа што, покрај за парите, сме прашале и за нивниот морален кредибилитет. Оти, прво ги слушавме на телефони што договараат, а сега ги видовме и на камера како се гушкаат со насилници што тргнале да убиваат пратеници.

Ама, како што би рекол Груевски – Ве молам, да уживаме во претставата.

3 Е па, ај да уживаме во претставата. И да не прашуваме. Да уживаме во приказната што ВМРО-ДПМНЕ ни ја раскажува дека лидерот нешто ни дава. И ние треба да сме среќни. А ни дава со наши пари. А чувме и колку зема при тоа. („Да не е многу?“)

Оти, Груевски и неговите најблиски соработници точно знаат што може да очекуваат од  оваа јавност. Да не го прашуваат. Да им биде непријатно. Божем да не се симнуваат на негово ниво. Да го игнорираат. И да му се потсмеваат на Фејсбук и на Твитер. И точно знаат дека никој нема да протестира ако тој закасни на концерт, дека никој нема да се побуни додека неговата партиска елита му аплаудира, дека никој нема да ја исвирка техничката министерка Канческа додека држи говор…

Ајде, ве молам, да уживаме во музиката.

И на крај, Симон Трпчески и музичарите од филхармонијата се криви. И Ашкенази, зашто не знаел каде доаѓа и кому свири. Затоа што, ние сме една кукавичка и мрзлива јавност. Полесно ни е да се лутиме и да им се чудиме „како не им е срам“, отколку да им се спротивставиме. Ќе седиме дотерани до крвници и осомничени за тежок криминал и ќе се правиме фини во име на уметноста.

Не. Не треба нам да ни биде незгодно. Ним треба да им биде незгодно. Не сме ние натрпаници на нивната партиска журка. Тие се натрапници во нашата куќа. Оти Филхармонијата е наша куќа. Ние сме ја платиле за да се изгради.

4 СЈО со последната истрага „Талир“, поврзана со перење на речиси 5 милиони евра на раководството на ВМРО-ДПМНЕ,  објави дека на секои 12 секунди се уплаќани уплатници пополнувани со ист ракопис од име на членови на пратијата на партиската сметка. Во 2013 и во 2015 година уплатите на членовите на партијата дневно изнесувале 30.000 евра.

Тие дневно за партијата по 30.000 евра од уста одвојувале. А ние со 100 денари плус ДДВ праќавме пораки за лекување на тешко болни деца.

Ама, ве молам, да уживаме во претставата.

http://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/neopnata-krava/


Последната промена е направена од osa на Саб Мај 27 2017, 18:00. Мислењето е променето 2 пати.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НЕОПНАТА КРАВА (многу јака колумна што заслужува цела тема) Empty Re: НЕОПНАТА КРАВА (многу јака колумна што заслужува цела тема)

Пишување by defo Саб Мај 27 2017, 16:26

Браво, кој и да е авторот, му се поклонувам до земја царе.....

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот