ГРУЕВСКИ НА РАСПИТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ
Страна 1 of 1
ГРУЕВСКИ НА РАСПИТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ
ГРУЕВСКИ ДЕНЕСКА НА РАСПИТ ВО СЈО ОСОМНИЧЕН ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, АМА БЕЗ НИКОЛА ДОДЕВСКИ
Никола Додевски, адвокат на осомничениот експремиер Никола Груевски во сите истраги што ги води СЈО против него како и во судскиот процес за шамарите за градоначалникот Андреј Жерновски, за големиот случај „Талир“ за перење пари во ВМРО-ДПМНЕ нема да може да му биде адвокат на лидерот на партијата.Поранешниот премиер и неговиот адвокат по распитот за случајот „ТНТ“ на 10 јуни, 2016. (Фото: СДК.МК)
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска околу пладне треба да дојде во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) каде што продолжува распитот на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени во случајот „Талир“, за перење пари при финансирање на партијата, јавува агенцијата Мета.
Адвокатот Никола Додевски, кој е бранител на повеќето осомничени во случаите што ги води СЈО е сведок во случајот „Талир“. Ова значи дека тој нема да може да ги застапува осомничените во овој случај, па ни лидерот на партијата Никола Груевски.
Покрај Груевски, кој е првоосомничен во случајот, од СЈО покани им се испратени и исказ треба да дадат и пратеникот Илија Димовски, Кирил Божиновски и Мартин Протогер, кои се дел од 11-те осомничени за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
Во петокот, минатата недела, во СЈО на распит беа генералниот секретар на партијата и поранешен технички премиер, Емил Димитриев, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Тројцата по излегувањето од просториите на СЈО изјавија дека не дале исказ, туку побарале увид во доказите и веднаш штом ги добијат ќе се произнесат по кривичните дела за кои ги товари СЈО.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Similar topics
» ПЕРЕЊЕ МОЗОЦИ
» ЉУПЧО ЗЛАТЕВ НА РАСПИТ ....
» ОЛИВЕР СПАСОВСКИ НА РАСПИТ
» ФИЛИП ПЕТРОВСКИ НА РАСПИТ ВО ОЈО
» Никола Груевски
» ЉУПЧО ЗЛАТЕВ НА РАСПИТ ....
» ОЛИВЕР СПАСОВСКИ НА РАСПИТ
» ФИЛИП ПЕТРОВСКИ НА РАСПИТ ВО ОЈО
» Никола Груевски
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот