Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПАРИТЕ кои ги крадеа ДПМНЕОВЦИТЕ од граганите ,почнаа да излегуваат на виделина

2 posters

Go down

ПАРИТЕ кои ги крадеа  ДПМНЕОВЦИТЕ од граганите ,почнаа да излегуваат на виделина Empty ПАРИТЕ кои ги крадеа ДПМНЕОВЦИТЕ од граганите ,почнаа да излегуваат на виделина

Пишување by osa Пет Јун 23 2017, 23:09

Царовска: Во Министерство се делеле високи хонорари заедно со платите

Во Министерството за труд и социјала се делеле високи хонорари на вработени кои парите ги добивале паралелно со платите. Станува збор за вработени раководители на сектори, државни советници, луѓе од кабинетот на екс министерот Диме Спасов. Висината на нивните хонорари ја утврдувал екс министерот Спасов. Министерката Мила Царовска за НОВА обелодени дека станува збор за нестручни луѓе кои биле ставани во комисии кои одлучувале за суштински прашања како што е посвојувањето на деца, на пример.
Не може во комисија за посвојување да биде мојата шефица на кабинет, на пример или некој што нема допирна точка со општествени науки. Во ова Министерство не се градело, туку се рушело во изминатите 11 години. Таму има државни советници кои не ја разбираат проблематика. Освен платата некои вработени во администрацијата добивале хонорари од разни проекти, комисии, а парите ги добивале паралелно со платата. Тоа е недозволиво, администарцијата треба да работи за плата. Дополнителните хонорари може да бидат искористени за услуги кои тоа Министерство ги нуди и ако ги сумираме цените, може да отвориме и некој сервис. Како пример, само едно лице за четири месеци ангажман во таква комисија земало сума од 235 000 денари“, изјави за НОВА министерката Царовска.

Станува збор за буџетски средства, како и пари добиени од проекти од меѓународната заедница

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ПАРИТЕ кои ги крадеа  ДПМНЕОВЦИТЕ од граганите ,почнаа да излегуваат на виделина Empty Re: ПАРИТЕ кои ги крадеа ДПМНЕОВЦИТЕ од граганите ,почнаа да излегуваат на виделина

Пишување by nino Пет Јун 23 2017, 23:35

Е ова се бара од оваа влада. Да објават колку пари земале сите оние нестручни лица, вработени од ДРПНЕ.
За колку го оштетиле буџетот со прекумерени вработувања на неспособни лица, лепачи на плаката и собирачи на гласови.
И да се објават сите приватни сметки од островите кои се полнети со народни пари.

nino

Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот