Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

+2
nino
SHARENI
6 posters

Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by SHARENI Пон Апр 09 2018, 22:44

ГЕОРГИЕВСКИ: Кога можевме да ја спасиме Македонија дремевте и работевте против единствените кои се бореа!

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски на неговата фејсбук фан страна му одговори на говорникот пред парламентот кој праша каде е Љубчо сега?
Еве што му напиша Георгиевски:

Еден говорник пред парламентот праша: Каде е сега Љубчо?
Буквално баш во тој момент шетав со пријатели и бев негде околу споменикот на Александар.
А ти непознат патриоту кај беше ти кога Љубчо се бореше за Македонија? Потсети се какви трици тогаш си ручал и колку многу си верувал дека тоа е наместена војна. Ако побараш внимателно ќе најдеш дека уште пред петнаест години сум ги предвидел денешните настани.
Кога можевме да ја спасиме Македонија дремевте и работевте против единствените кои се бореа.
И така патриоту битката што ја водите многу одамна е изгубена. А многу од тие што денес сте пред парламентот дадовте придонес во тој пораз.

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Ljubco Georgievski пред околу еден месец Еден говорник пред парламентот праша: Каде е сега Љубчо? Буквално баш во тој момент шетав со пријатели и бев негде околу споменикот на Александар. А ти непознат патриоту кај беше ти кога Љубчо се бореше за Македонија? Потсети се какви трици тогаш си ручал и колку многу си верувал дека тоа е наместена војна. Ако побараш внимателно ќе најдеш дека уште пред петнаест години сум ги предвидел денешните настани. Кога можевме да ја спасиме Македонија дремевте и работевте против единствените кои се бореа. И така патриоту битката што ја водите многу одамна е изгубена. А многу од тие што денес сте пред парламентот дадовте придонес во тој пораз
Ljubco Georgievski
пред околу еден месец
Еден говорник пред парламентот праша: Каде е сега Љубчо?
Буквално баш во тој момент шетав со пријатели и бев негде околу споменикот на Александар.
А ти непознат патриоту кај беше ти кога Љубчо се бореше за Македонија? Потсети се какви трици тогаш си ручал и колку многу си верувал дека тоа е наместена војна. Ако побараш внимателно ќе најдеш дека уште пред петнаест години сум ги предвидел денешните настани.
Кога можевме да ја спасиме Македонија дремевте и работевте против единствените кои се бореа.
И така патриоту битката што ја водите многу одамна е изгубена. А многу од тие што денес сте пред парламентот дадовте придонес во тој пораз.
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by nino Вто Апр 10 2018, 11:52

nesalam e via neli

nino

Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by osa Пет Aвг 17 2018, 16:52

Георгиевски со критика од Бугарија: Измислувате проблеми со Македонија
Бугарија во последно време спроведува наполно непринципиелна политика кон Македонија. Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, кој самиот за себе вели дека три децении се обидува во Македонија да внесе дух на нов приод спрема бугарската политика, денеска во колумна за бугарската агенција БГНЕС упати сериозна критика кон официјална Софија дека измислува проблеми кои што порано не постоеле ни во најекстремните бугарски кругови.

Георгиевски притоа ги споменува измислениот проблем на Бугарија со името Северна Македонија дека ги загрозувало бугарските национални интереси, потоа проблематизирањето на МПЦ, односото кон Иванов на неговата последна посета на Софија, изјавите на бугарските историчари.

„А врвот го достигна изживувањето со премиерот Зоран Заев. На почетокот се замислив во што е неговата грешка?! Илинденското востание било македонско?! Потоа уследи, небаре координиран масакр од највисоките бугарски политичари и од голем број колумнисти и новинари. Значи ли тоа, скапи комшии, дека имаме нова забрана за употреба, овој пат на придавката македонски? Имаме ли нови проблеми кои што никогаш досега не постоеле, дури ни во бугарската историографија?“, напиша Георгиевски.

Тој во директно обраќање ја прашува бугарската страна дали допрва треба да се објаснуваме дека сѐ што се случило на територијата на Македонија може и се подразбира да се нарече македонско. Георгиевски им порачува да ги отворат сопствени историографии каде на илјадници места ќе најдат употреба на описната придавка „македонски“. Тој побара од бугарската страна да не ја става Македонија во нејзините внатрешни дневни политички пресметки.

За Георгиевски, парадоксот да биде поголем, тоа се случува кога премиер на Македонија е прагматичен политичар кој сака да биде пријател со Бугарија и прави огромни храбри чекори во таа насока, кој што со леснотија го потпиша Договорот за пријателство со Бугарија за што освне што трпи силни критики од јавноста, има отпор за тоа и во сопствената партија и огромна опозиција во ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе ве потсетам, во премиерот Заев имате прагматичен пријател. Немојте да дозволите толку лесно да ја изгубите неговата наклонетост, затоа што можеби во моментот е единствениот политичар подготвен да се извини за нешто што не згрешил. Ако тој падне, да се појави втор таков ќе чекате две-три децении!“, напиша Георгиевски.

Поранешниот македонски премиер на проблематизирањето на Бугарија на името Република Северна Македонија порача дека националистите можат да ја употребат Северна во иредентистички цели, исто како и Вардарска или Горна, но најмногу ако името остане Република Македонија.

Во контекст на барањето на МПЦ, БПЦ да ја признае за мајка црква тој изразува жалење што мнозинството во Бугарија не разбрало колку храбар чин направи МПЦ.

Тој упати критика и за затворената врата на Борисов за Иванов за време на посетата на Софија, што го оценува не како личен однос кон политичар, туку како однос спрема институцијата претседател на соседна држава.

Во текстот посветен на македоснко-бугарските односи Георгиевски ги критикува и позициите на бугарските историчари, особено на Ангел Димитров, претседател на бугарската комисија за историја, кои гарантираат дека комисијата за заедничка историја бргу ќе пропадне, така што тешко ќе се случи зближување на историите на двете земји.

Тамара Грнчароска


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by osa Пет Aвг 17 2018, 16:53

eden i edinstven .....najchesen od osamostojuvanjeto na drzavata ...sledbenik mu e Zaev

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by трендафил Пет Aвг 17 2018, 17:24

Прво не би се согласил дека битката е загубено. Сирија, на пример, беше во многу полоша ситуација од нас, па нема да ја загуби војната иако на почеток губеше многу битки. Кај нас по доброволното заминување од власт на Никола Груевски сега веројатно се очекува и сами да се укинеме како нација, затоа што меѓународната банда (заедница) така посакала.
Ајде да прашам нешто што од тоа што е изградено од возобнувањето на македонската држава посетуваат странските туристи. Нели се тоа објектите изградени во времето кога премиери беа Георгиевски и Груевски. Има ли нешто изградено во времето на СДСМ што е посетено од туристи?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by TRAJCHE Пет Aвг 17 2018, 17:35

Eve ja kolumnata na Ljubco, pisana e za bgnes, ja prenesuva plus info.

Нова криза во македонско-бугарското пријателство

Приближно три децении се обидувам во Македонија да внесам дух на нов приод спрема бугарската политика, но и да иницирам ново читање на македонската историја за нашите релации со бугарскиот народ. Во овие дваесет и осум години моите критики најчесто биле насочени кон македонските митологии, лаги или историски фатаморгани. Во таа смисла, можам да се повикам на мојот личен придонес кај одреден дел од македонските граѓани да се смени свеста да почнат без предрасуди и предубедувања да ги гледаат нашите бугарски соседи.

Затоа, сега си земам за право да извршам една сериозна критика на дејствителната бугарска политика спрема Република Македонија. Имено, сведок сум на спроведување на една наполно непринципиелна политика, пласирана во последно време од нашите пријатели од источната страна. За парадоксот да биде поголем, тоа се случува кога за премиер на Република Македонија доаѓа еден прагматичен политичар, човек кој што со леснотија го потпиша договорот за пријателство со Република Бугарија, кој што постојано дава благонаклонети изјави, дека сака да биде пријател со Бугарија, правејќи огромни храбри чекори во таа насока; и покрај тоа што внатре во сопствената партија има голем отпор за ваквата негова политика; и покрај тоа што има огромна опозиција во името на силната ВМРО-ДПМНЕ, која што не престанува да го повикува за „склучениот штетен договор со Бугарија“; и покрај тоа што е изложен на критика за потпишаниот договор од историчари, новинари и разни независни интелектуалци.

Настани како на филмска лента

А да не заборавиме дека македонските социјалдемократи го етаблираа антибугаризмот во Македонија. И токму така, во моментот кога во нашиот западен сосед го имате најдобриот премиер кој има разбирање и иницијатива работите со Бугарија да се унапредуваат, сведоци сме на една крајна ароганција, дрскост, демонстрирање на тотално непознавање на внатрешните состојби во Македонија и на длабоко поткопување на позициите на својот пријател.

Настаните се движат, небаре на филмска лента. Најпрвин, се измисли проблемот со името Северна Македонија. Тоа било име кое ги загрозувало бугарските национални интереси?! Да не заборавиме дека името Северна, Македонците не го ставаат со восторг, туку доаѓа по три децении тешки преговори со Грците. А, кога станува нужно да го менуваме името на државата, потребно е да се зачува бар одредено достоинство, аналогно на слични применети примери во меѓународната политика. Се согласувам дека некакви крајни националисти можат да го злоупотребат префиксот „Северна“ во иредeнтистички цели, но истиот третман може да го добие и името Горна или Вардарска Македонија, а најмногу ако воопшто не се промени, ами си остане Република Македонија.

Впрочем, дека е така најубедливо ми потврдуваат ставовите на самите Грци, кои што во името Република Македонија го гледаат најголемиот иредентизам. Да не заборавиме дека Република Бугарија прва го призна името Македонија на нашата држава, но да не ги заобиколиме и бугарските политичари кои што три децении молчат за грчкото монополизирање на истото име. Со каква ли леснотија бугарската политика допушти да се зацврсти монополот врз името Македонија во интерес на грчката кауза. Зар во 19-ти и почеток на 20-ти век Бугарија не се бореше со Грција за приматот на наследството на името Македонија?!

Нечуена грубост

Потоа се појави проблемот со Македонската православна црква. Жал ми е што кај нашиот источен сосед мнозинството не разбра колку храбар чин направи Македонската православна црква, иницирајќи Бугарската православна црква да ја признае за мајка црква. Таа идеја доби поддржувачи, но се појавија и многу цинични и саркастични анализи. Коментарите кои што ги проследив „нека се распушти како црква и да се претопи во БПЦ“ само сведочат колку малку се познаваат состојбите во Македонија.

Потоа се случи еден несимпатичен чин при посетата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов (чиј што перманентен критичар сум веќе десет години). И покрај тоа што беше пристигнат на покана на Република Бугарија, наиде на грубо затворена врата во кабинетот на премиерот, со образложение за некакви внатрешни македонски состојби. За ваква грубост подолго време немам чуено во меѓународната дипломатија. Треба да се биде свесен дека тоа не е само личен чин спрема некаков политичар, туку и однос спрема институцијата претседател на соседна држава.

Понатаму, бевме сведоци на неколку изјави на мојот личен пријател Ангел Димитров, кој што со своите начелни позиции, исто така гарантира дека комисијата за заедничка историја бргу ќе пропадне, така што тешко ќе се случи зближување на нашите истории.

Измислени проблеми

А врвот го достигна изживувањето со премиерот Зоран Заев. На почетокот се замислив во што е неговата грешка?! Илинденското востание било македонско?! Потоа уследи, небаре координиран масакр од највисоките бугарски политичари и од голем број колумнисти и новинари. Значи ли тоа, скапи комшии, дека имаме нова забрана за употреба, овој пат на придавката македонски? Имаме ли нови проблеми кои што никогаш досега не постоеле, дури ни во бугарската историографија?

Сега кога почнуваме да зборуваме за суштинско приближување, некој измислува проблеми кои што не постоеле ни во најекстремните бугарски кругови. Зар допрва треба да се објаснуваме дека сѐ што се случило на територијата на Македонија може и се подразбира да се нарече македонско. Зар тракиските споменици на територијата на Бугарија не се бугарски?

Но, проблемот не е само во географската определба, тој содржи и суштинска димензија. Ако илинденското востание е дигнато од организација која се нарекува македонска, ако крајната цел е автономија на Македонија, зар не можеме да го наречеме македонско? Впрочем, ако Илинденското востание не беше македонско, зошто во триесеттите години на дваесеттиот век, бугарската комунистичка партија ја притисна Коминтерната да ја признае македонската нација што беше нивна политика скоро три децении. Ако Илинденското востание не беше македонско, денеска ќе постоеше ли воопшто самостојна и независна Македонија со целосна поткрепа на нејзините граѓани?

Во 1900-та година еден наш заеднички писател Војдан Чернодрински роден во Македонија, а живеел и починал во Софија ја напишал драмата „Македонска крвава свадба“. Во новото издание, како ќе биде посоодветно да го ставиме насловот, само „крвава свадба“ или „бугарска крвава свадба“. Истиот автор во 1904-та година има напишано и драма „Македонско востание“.

Придавката „македонски“ е неспорна

Забранувајќи ни ја придавката „македонски“, значи ли дека веќе ни охридското или тиквешкото востание нама да ги нарекуваме македонски? А што правиме со македонско-одринското ополчение? Што ќе правиме со единаесеттата македонска дивизија? Што ќе правиме со македонската имиграција во Америка, како што ја нарекуваа и Ванчо Михајлов, ама и Ѓорѓи Пирински? Како ќе го крстиме „македонскиот научен институт“ и неговиот весник „Македонски преглед“? Како ќе се справиме со „македонските братства“ што постоеле во секој град во Бугарија?

Скапи пријатели, во вашите дневни политички пресметки меѓу власта и опозицијата, непринципиелно ја изложивте Македонија. Отворете ги вашите сопствени историографии и ќе наидете на илјадници места дека описната придавка „македонски“ е употребувана. Конечно, пак ќе ве потсетам, во премиерот Заев имате прагматичен пријател. Немојте да дозволите толку лесно да ја изгубите неговата наклонетост, затоа што можеби во моментот е единствениот политичар подготвен да се извини за нешто што не згрешил. Ако тој падне, да се појави втор таков ќе чекате две-три децении!

И на крајот, оставете ги историските декларации на страна, ами погледнете дека на граничниот премин Делчево–Благоевград има постојан застој, а за викендите и празниците луѓето чекаат и по неколку часа. Бидејќи тесното грло е исклучително од вашата страна, одделете од буџетот 50 илјади евра да трасирате уште една лента, за да можат граѓаните непречено да патуваат и да комуницираат.

(Текстот е објавен на бугарската агенција БГНЕС. Опремата на текстот е редакциска)
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by трендафил Пет Aвг 17 2018, 17:44

На повеќе форуми порано, пред Заев да почне да ја руши државата, сум пишувал дека Бугарија би требало да ни биде најблиска земја, затоа што мели сме единствените од словенската група на јазици што нема падежи, но дека тоа што Бугарите не ни ги признаваат идентитетот не оддалечува едни од други. По црпнувањето од септичка јама во Муртино на нашиот сегашен премиер, очигледно апетитите на соседите пораснаа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by PRVOBOREC Пет Aвг 17 2018, 17:55

Порасна само апетитот за рубљи на руските платеници од Бугарија кои се обидуваат да им помогнат на платениците на Путин во Македонија со цел да се саботира влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by трендафил Саб Aвг 18 2018, 21:10

А што со платениците на Сорос и цицачи на донации од повеќе амбасади во Македонија и нивниот апетит за долари и евра?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by PRVOBOREC Саб Aвг 18 2018, 21:48

Ако има било што незаконско кај тие што ги нарекуваш платеници на Сорос и цицаци на донации немам ништо против да одговараат. Не прочитав дека се залагаш за истото кога тоа се однесува на руските платеници во Македонија.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by трендафил Нед Aвг 19 2018, 15:05

Затоа што и ако ги има ги има малку, а и не верувам дека ќе стапат во коалиција со ВМРО, Левица или некоја друга македонска партија и со самото тоа нема да дојдат на власт. Се надевам дека идната власт нема да биде со прифаќање на разни отпадоци и платеници, какови што имаме сега, односно дека ќе има само една цел, регенерација на Македонија по ослободувањето.
Патем да прашам и која би била улогата на Македонија во НАТО ако успеете да ни го смените името. Да бидеме ли слуги на меѓународната банда во спроведување на нејзините империјалистички цели. ИСИЛ ли ќе ни биде сојузник во Сирија, на пример. Не знам што имаш против Русија. Дали тоа што го победи фашизмот порано или што го победува ИСИЛ сега?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by osa Нед Aвг 19 2018, 15:24

interesno trendafile ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by osa Нед Aвг 19 2018, 16:53

odamna nema makedonci ...postoea dodeka postoeshe Jugoslavija i toa vo sklop na taa republika ...po zgasnuvanjeto na jugoslavija pochna da postoi BJRM (bivsha - poraneshna Jugoslovenska republika makedonija ) ...sega posle tolku godini IMAME MOZNOST blagodarenie na ovaa vlada i premierot Zoran Zaev da postoime navistina samostojni .....samo so geogravskata odrednica "severna" ...ke priznaete podobro "severna" otkolku PORANESHNA ....

_________________

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by трендафил Нед Aвг 19 2018, 17:09

Тоа што во НАТО и ЕУ врхушката е слепа или фашистички расположена кон Македонија, не значи дека не постоиме. Уште помалку дека такви идиоти ќе ги водат овие организации. Кога нормални луѓе ќе дојдат на чело во овие земји, НАТО веројатно ќе престане да постои, а ЕУ нема да дозволи изживување од некои земји врз новите членки. И Квислинг мислел дека и прави добро на Норвешка, а сега неговото име е синоним за предавник. Не знам за што ќе биде синоним Заев во иднина, но сигурно е дека нема да биде за нешто добро. Патем и поранешна југословенска и северна ни се „подарок“ од СДСМ, па во моментов сите Македонци сакаат не сакаат не може да гласаат за оваа партија. Се разбира дека Северните Македонци го мислат спротивното и не го оспорувам вашето право за самоопределување, за разлика од вас што сакате да ми наметнете промена на идентитетот. Доколку со гласовите на Албанците и Ромите евентуално успеете да обезбедите мнозинство на референдумот, во што не верувам, не значи дека во Македонија има повеќе Северни Македонци од обичните Македонци, без додавка.
Не сум психијатар, но по моето лаичко мислење само екстремно ментално пореметен човек може да бара од еден народ и држава да си го смени името. А секогаш избегнувам луѓе што ги сметам за ментално болни.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by PRVOBOREC Нед Aвг 19 2018, 20:11

Бидејки не си псијатар како што самиот пишуваш, ќе дозволиш да веруме дека милионите гласачи на земјите членки на НАТО и ЕУ знаат подобро од тебе да си изберат нормални водачи. Е сега ако стотици милиони тврдат дека нивните водачи се нормални а шака антички го тврди спротивното, што мислиш кој нема допир со реалноста.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by трендафил Нед Aвг 19 2018, 22:42

Не сум антички туку сегашен Македонец. Не северен. Дали сме шака или повеќе ќе видиме на референдумот за кој мислам дека нема да помине иако Албанците, Косоварите и Ромите ќе бидат на ваша страна.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by PRVOBOREC Нед Aвг 19 2018, 23:53

ШТО?!?!?! Се откажуваш од Ацета Големиот?!?!?! Инаку шака сте, вашите анкети тоа го докажуваат.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by трендафил Пон Aвг 20 2018, 17:13

Има доволно луѓе што ги бојкотираат сите гласања до сега. На последните локални избори гласаа 59,51% од гласачите, што значи дека бојкотираа 41,49%. Најголема излезност имаше на изборите во 2016 година, кога гласаа 66,79% од гласачите, но и тогаш 33,21% бојкотираа. Да беше референдум во прашање фалеа само уште 17,79% за референдумот да не биде успешен.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 20 2018, 17:44

Весела математика, ако ти само теши се до 30 септември.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА Empty Re: ЕДЕН Е ЉУБЧО И ТОЧКА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот